You are on page 1of 14

ПРEДИСТОРИЈА

ОПШТО ЗА ПРЕДИСТОРИЈАТА

Она што во науката се вика предисторија, го зафаќа долгиот временски период пред
појавата на писмото; нашите сознанија за неа сè уште се недоволни, особено кога се
работи за постарите предисториски епохи. Сепак, утврдена е извесна човечка култура,
која има свој еволутивен развој, кој е сè поинтезивен со доближувањето до историс-
ката епоха. Овој развој одел бавно и нерамномерно во различни делови на светот, па
оттука не дошло насекаде и до истоврмено пронаоѓање на металите и писмото. Затоа,
предисторијата временски се дефинира во периоди, кои, кај различни народи и
култури, честопати хронолошки не се поклопуваат.

Во науката поделбата на предисториското време е утврдена со неколку основни


временски периоди кои имаат и своја интерна, подетална поделба. За проучување на
архитектурата од времето на предисторијата, доволно е ограничувањето на основната
хронолошка поделба, дефинирана со следниве периоди:

Камено доба: Постаро камено доба-палеолит


(до околу 10 000 год.пред н.е.)

Средно камено доба-мезолит


(од околу 10 000-5 000 год.пред н.е.)

Младо камено доба-неолит


(од околу 5 000-2 000 год.пред н.е.)

Доба на метали: Бронзено доба


(околу 2 000-800 год.пред.н.е.)

Железно доба
(од 800 год.пред.н.е.)

Со оваа поделба не е опфатен еден мошне долг врменски период од каменото доба-
еолитот (хронолошки пред палеолитот), бидејќи трагите на човечката дејност во оваа
врменска фаза не се сметаат за значајни.

ПАЛЕОЛИТ

Во постарите периоди на каменото доба, палеолитот и мезолитот, човекот живее


номадски како ловец на дивеч и сè уште не пројавува градителска дејност. Поради
постојаната мобилност тој и не можел да мисли на градење на вештачко засолниште,
туку ползува природни засолништа, најчесто пештери.

И покрај тоа што од ова време не постојат траги од архитектура, постоела извесна
цивилизација (наречена „цивилизација на ловците на северниот елен"), која зад себе
оставила најстари до сега пронајдени уметнички творби и тоа во доменот на
сликарството, релјефот и ситната пластика. Овие реализации имаат високи уметнички

1
вредности, што од своја страна укажува дека им претходеле илјадници години бавен
развој, за нас сосема непознат. Во таа смисла најзначајни уметнички творби се
сликите на животни, кои се најдени по камените ѕидови во пештерите. Најпознатите од
нив се наоѓаат во Шпанија (Алтамира) и во југозападна Франција (Ласко). Високи
уметнички вредности од овој период, има и ситната пластика изработена од коска, рог
од елен или од камен, честопати со истенчено чувство за форма и движење.
Најубавите примероци потекнуваат од Франција.

Први слободни скулптури, изработени од камен и коска, се голи женски фигури. Бидеј-
ќи во ликот на жената се изразува принцип а не определена особа, некои нејзини атри-
бути се особено потенцирани (гради, колкови). Станува збор за принципот на плоднос-
та преку која се остварува продолжение на човековиот вид, па женската фигура е
само симбол.Таква е познатата Венера од Вилендорф (Австрија) и Венера од Вестони-
це (Чехословачка). Примерите на вакви женски скулптури во палеолитот се ретки, но
затоа ќе станат редовна појава подоцна, во периодот на неолитот.

Пронајдени се и низа утилитарни предмети, кои предисторискиот човек ги употребувал


во секојдневниот живот, за лов и одбрана. Изарботени се од поцврст камен, поретко од
коска. Тоа се различни секири, копја, делови од стрели, длета и сл. Честопати, тие
предмети се украсувани, а одејќи кон поновите епохи, сè повеќе се усовршуваат. За
одбележување е дека човекот од ова време сè уште не знае да изработува садови, но
веќе го ползува огнот. Нема религија, но верува во магиски обреди. Во групите владее
родовскиот поредок и патријархатот.

НЕОЛИТ

Периодот на неолитот, за предисторискиот човек означува квалитативен скок во


развојот. Тоа е период кога повеќе не живее исклучиво од ловот, туку започнува да ја
обработува земјата и да припитомува и одгледува домашни животни, а со тоа и трајно
да населува одредени области. Знае да изработува садови од глина и груби ткаенини
за облека. Во овој период, во кој организацијата е сè уште родовска, жената има
главна улога бидејќи таа го продолжува родот, се грижи за домот, се занимава со
грнчарство, ги произведува сите садови за домаќинството, но и оние за култните
обреди, ткае и го облекува семејството, се грижи за домашните животни и произведува
храна од нивните продукти и т.н .Затоа овој период се нарекува матријархат.

Во почетокот на неолитот сè уште се живее во пештерите, но подоцна човекот за прв


пат пројавува и градителска дејност. Токму тогаш ќе се појават први објекти кои ги соз-
дала човечката рака, а што претставува и појдовна точка во развојот на архитектурата.
Од неолитот, човекот оставил неколку видови на архитектонски објекти и тие, општо
земено, можат да се групираат во следниве категории:

-објекти за живеење,

- гробници

-култни објекти

2
Тешко е да се утврди хронологијата на нивното градење, бидејќи се појавуваат во
различни врменски периоди и на едно многу широко географско подрачје. Меѓутоа,
може да се констатира дека тие објекти се слични по својата содржина и форма во
сите подрачја на прастариот свет.

Кај уметничките творби од овој период главно се среќаваат творби во доменот на сло-
бодна скулптура, ситна пластика и релјеф. Сега во темите доминира женската фигура,
интерпретирана со нагласок на атрибутите на плодноста, слично како и во првите дела
од палеолитот. Основната разлика и карактеристика во однос на делата од палеолитот
лежи во тоа што претходната натуралистичка содржина најчесто е заменета со шема-
тизирање на формите и нивно приближувње до апстрактното, а присутна е и симбо-
ликата.

ДОБА НА МЕТАЛИ

Во времето кога човекот започнал да обработува метали, направен е голем чекор


напред и овој настан означува мошне важна пресвртница во неговиот развиток.
Бакарот е првиот метал што човекот го користи и од него изработува алатки, оружје,
садови, накит и други предмети. Техниката на лиењето на бронзата е нов настан во
развојниот пат на човековите сознанија, а употребата на племенити метали, како што
се сребро и злато, исто така е присутна. Употребата на метали има свој непосреден
одраз и врз развојот на архитектурата, со оглед на тоа дека металниот алат овозможил
нова, квалитетна обработка на градежните материјали и конструкцијата.Пронаоѓањето
на железото го означува започнувањето на едно ново време-железното доба. Како
нов материјал, за прв пат се употребува во Египет и Месопотамија. Со оглед на фактот
дека во почетокот било мошне ретко и скапоцено, неговата примена е ограничена.

Во уметноста од ова време, преовладува геометрискиот орнамент, но пред крајот


постои враќање кон фигуративниот стил. Покрај алатки и оружје, се изработуваат и
украсуваат садови од керамика и метал, накит, ситна пластика и слободни скулптури
со помали димензии.

Крајот на епохата на метали, временски означува и крај на предисториското време.


Понатаму се следат цивилизации кои егзистираат во т.н. историско време, кога е от-
криено писмото со помош на кое луѓето ги бележеле настаните и времето кога тие се
случиле (војни, кралеви и други значајни личности, религија, книжевност и сл.), па
науката настаните и реалноста на тие епохи може хронолошки и временски сосема
јасно да ги следи и детерминира.

3
АРХИТЕКТУРАТА ВО НЕОЛИТОТ

ГРАДЕЖЕН МАТЕРИЈАЛ И КОНСТРУКЦИЈА

Градежниот материјал што го употребува неолитскиот човек е мошне ограничен и се


сведува на дрво, камен и земја, што укажува на тоа дека објектите се градат од оној
материјал што е достапен и во непосредна близина на неговото живеалиште.

Дрвото и земјата му служат на неолитскиот човек за градење на земуници и колиби,


односно за објектите за живеење, а со камен главно гради гробници и култни објекти.

Дрвото е користено на следниот начин – од стеблата и подебелите гранки изведувани


се примарните носиви конструктивни елементи за зидовите и кровот (столбови, греди,
косници, рогови), додека потенките гранки и прачки служат за изведба на плет кој се
поставува помеѓу примарните елементи, се фиксира и на тој начин се претвора во
ѕидна обвивка. Врз плетот се мачка кал или глина од двете страни со што се претвора
во вистински зид кој е непропуслив на ветер и влага. Можно е и завршно покривање на
зидовите и кровот со облепување од надворешната страна со кора од дрвените стебла
или со снопови од слама во кој случај не се употребува плетот од гранки.

Камен – со оглед на можностите што ги даваат алатките од овој период, најчесто се


користат големи, необработени камени блокови. Предисторискиот човек не го познава
начинот на нивното поврзување со малтер или други врзни сретства. Градбата се
изведува само со налегнување на камењата еден врз друг. Пред крајот на неолитот,
пред се благодарение на усовршениот алат, се појавува кршениот камен како
градежен материјал. Вадењето на камени блокови, транспортот и нивното вградување
во објектите, реализирано е со голем број на работна сила и со примитивно користење
на коси рампи и дрвени греди. Токму заради ваквите скромни можности за градење, и
денес сме восхитени од градежни потфати и обидот да се совладаат големите
технички проблеми.

Ќерпич- пред крајот на предисториското време во примена е и ќерпичот, кој служел за


градење на куќи , особено во источните зони на Средоземјето и Средниот Исток.

Во предисториската епоха поставени се темелите на двата основни типа


конструктивни системи:

-тектонски,во кој јасно се разликуваат елементите кои носат од оне кои се носени
/столбови и зидови кои носат и греди кои се носени/

-стереотомски, во кој носивото и носеното постепено преоѓаат едно во друго што


е случај кај засведените простори.

Имено, во овој период постојат првите обиди за покривање на простор со скалесто ис-
пуштање на камени плочи во вид на свод. (слика 1 и 2) Со ваквиот начин на градење
(кога носивите ѕидови постапно преоѓаат во заоблената форма на сводот) се оформу-
ва тн. стереотомски простор.

4
(1) Стереотомска концепција на просторот: предисторискиот долмен во Њу-Гранж (Англија)
(2) Долмен прекриен со сводеста конструкција од камени плочи.

Конструкции на шипови
Конструкцијата со фундирање на дрвени колови, односно шипови е мошне примитивна
и за неа, до некаде, може да се сознае од остатоците на тн. „езерски населби", однос-
но соеници. Населбата претставува голем број на куќи од дрво, изградени на простра-
ни дрвени платформи како заеднички под за населбата. Платформите се состојат од
систем од дрвени хоризонтални греди наредени една до друга, а од долната страна
потфатени со други греди поставени на одредено меѓусебно растојание но во обратен
правец. Овие лежат на вертикални колови фундирани на езерското дно, под вода. (5)

АРХИТЕКТОНСКИ СПОМЕНИЦИ

Во доменот на реализирани објекти, во неолитот се издвојуваат следните типови:

објекти за живеење, гробници и култни објекти.

ОБЈЕКТИ ЗА ЖИВЕЕЊЕ

Наједноставни објекти по содржина и конструктивниот состав, што праисторискиот чо-


век ги градел како засолништа, секако се земуниците (земјанки) и колибите. Со
голема сигурност може да се направи паралела помеѓу нив и сѐ уште присутните
примитивни живеалишта на некои племиња во зафрлените и сиромашни краеви на
светот, во смисла на применетиот градежен материјал и конструкција, и покрај тоа што
ги делат илјадници години временска дистанца.

Според употребениот градежен материјал, неолитските куќи може да се катего-


ризираат како куќи од земја – земуници (земјанки), куќи од дрво - колиби и соеници на
вода, куќи од камен - буњи или трули и на крајот, во подоцнежниот период градени се
зидани куќи од ќерпич.

КУЌИ ОД ЗЕМЈА

Земуниците може да бидат подземни односно целосно вкопани во земја, полувкопани


и надземни. Разликите помеѓу нив не произлегуваат само од степенот на вкопаност
туку и од разликите во нивната конструкција.

Заедничко за сите три типа земуници е нивната стандардизирана форма во основата -


најчесто кружна или правоаголна, како и доминантниот градежен материјал од кој се
изведени-земјата (од каде го добиле и името).

5
Вкопаната земуница е спуштена под земја околу три метра така што човекот може да
стои сосема исправен во неа. Нејзиниот кров е хоризонтален и е на ниво на околниот
терен. Тој се состои од хоризонтално и густо наредени балвани или дебели колови врз
кои е нанесуван дебел слој од набиена земја и како завршница најгоре се поставуваат
гранки, така што земуницата главно останува невидлива во околината. (3)

(3) Предисториски земуници: -полувкопана,


со кружна основa, покриена со колиба
(цртеж горе);
Вкопана, со правоаголна основа, покриена
со балвани и набој од земја (цртеж долу)

Внатрешниот простор е едноделен. Во центарот на оваа единствена одаја се наоѓало


огниште. Пристапот во неа е преку рампа и еден влез. За одведување на димот, често-
пати од горната страна бил оставен отвор. Во подоцнежните епохи на неолитот ода-
јата била поделена на два дела-кујна со огништето и просторија за спиење.

Полувкопаната земуница претставува посовршен тип на живеалиште. Таа е малку


вкопана во земјата со што е обезбеден минимум топлински губиток во зоната на дви-
жење, додека горниот дел е всушност кров во форма на конус конструктивно изведен
од дрвени колови кои меѓусебно се поврзани со плет од гранки и гранчиња. Однадвор,
оваа кровна конструкција е покриена со бусени или снопови од слама или гранки врз
кои како завршница се поставувала и кора од дрво како заштита од дожд и снег. Од
внатре, кровната конструкција е облепена со дебел слој од кал со што се избегнувале
поголеми топлински губитоци. (слика 3, цртеж горе)

Организацијата на внатрешниот простор, пристапот и одведувањето на чадот и во овој


случај се исти како кај вкопаната земуница. Понекаде пристапот може да е во вид на
подолг пристапен ходник со сопствен кров на две или една вода кој конструктивно е
изведен на исти начин како кај живеалиштето. Остатоци на вакви објекти за живеење
пронајдени се во Западна Европа, во Скандинавија и на Балканот.

Надземни земуници – воопшто не се вкопани. Градени се исклучиво со набиена зем-


ја, како зидовите така и кровот, кој добива своевидна поткуполна форма. Притоа сите
овие конструктивни делови се многу дебели. Организацијата и содржините се исти
6
како во претходните типови, додека формата на основата најчесто е кружна или
потковичеста.

КУЌИ ОД ДРВО

Наједноставен и најчест тип на куќи од дрво се колибите.

Градени се во разновидни форми, најчесто кружни, со оглед на едноставната постапка


при градењето. (слика 4) Таа постапка е идентична со погоре опишаната за
надземниот дел кај полувкопаните земуници. Иста е и организацијата на просторот и
содржините.

(4) Конструкција

Соеници – во време кога климата во Европа била нешто потопла од денешната,


покрај бреговите на езерата и реките, градени се цели населби на колови, т.н.
„соеници". Во 1853 год. пронајдени се остатоци на таквите езерски населби на
швајцарските езера. (слика 5)

(5) Езерска населба со дрвени куќи


изградени врз платформа на колови

Сите куќи од една соеничка населба биле изградени врз пространа дрвена платфор-
ма изведена од балвани врз кои бил нанесен дебел слој од набиена земја или глина.
Платформата била обрабувана со ограда. Пристапот кон платформата со дрвени куќи,
бил преку мостови, кои некогаш се подвижни, поради безбедноста на луѓето од непри-

7
јателот и ѕверките. Платформата лежи на систем од густо наредени шипови (колци),
длабоко набиени под вода односна во езерското или речно дно.

Формата на соеничките населби, односно на платформите секогаш била правоаголна.


Подеднакво, и основите на поединечните куќи врз неа биле правоаголни со една или
две простории (една со огниште, а другата за спиење). Куќите биле градени од дрвени
греди, хоризонтално положени и на преклоп за изведба на зидовите, додека кровот
бил од коси рогови. Зидовите можеле да бидат од столбови поврзани со плетер врз кој
од двете страни се облепувал дебел слој од кал. Двоводниот кров имал покривач од
слама или шиндра.

Помеѓу овие куќи-колиби имало еден вид на тесни улички. На одредено растојание во
нив, а во подот на платформата биле оставани дупки-отвори, преку кои се слегувало
во чуновите во водата.

Покрај овој основен тип на соеничка населба постојат уште неколку типови на соенич-
ки населби:

-Тера маре - која е градена на брег од езеро, река и сл. По изградбата на објектите, се
копал канал околу населбата и во него се пуштала вода од езерото или реката, со што
населбата се претворала во недостапен остров. Кај овие населби не се изведува плат-
форма-куќите се градени директно на почва;

-Краног - соеничка населба подигната на вештачки остров кој настанувал со насипува-


ње на камења помеѓу вертикалните шипови претходно набиени во водата.Врз него се
градени куќите;

-Сплавици - за кои само се претпоставува дека постоеле. Тие биле подвижни населби
подигнати на сплавови.

Остатоци на ваквите населби се најдени во Германија, Франција, Италија, Австрија и


Балканот.

КУЌИ ОД КАМЕН

Во пределите кои биле богати со камен се граделе куќи од камен. Се користел кршен
камен кој се редел еден преку друг без употреба на врзно сретство. Просторот се пок-
ривал стереотомски, односно со постепено испуштање на слоевите камења со што се
формирал засведен кров. За заштита од врнежи врз сводот се положувале камени
плочи на преклоп.

Во основата, овие куќи се кружни, елипсовидни или со заокружени агли, а поретко пра-
воаголни, што е последица од типот на градежниот материјал и начинот на градење.
Во средината на единствениот поткуполен простор се наоѓало огниште. Над него, во
темето на кровот се оставал отвор за одвод на чадот. Прозорци не постоеле, се
влегувало само преку една врата-отвор оставен при зидањето.

8
Вакви камени колиби се градат до денес на одредени простори и носат различно име-
буња во Далмација, трули во Јужна Италија, нураги на Сардинија и сл.

Во Кирокитија на Кипар, пронајдени се остатоци од неолитска населба со кружни куќи,


изградени од камен, куполесто завршени во горниот дел. Издигнатата дрвена плат-
форма за спиење, за прв пат во архитектурата навестува појава на катност во
објектите. (слика 6)

(6) Кирокитија (Кипар): неолитска населба со кружни куќи, изградени од камен

ЗИДАНИ КУЌИ ОД ЌЕРПИЧ

Од неолитскиот период, во Хасуна во Ирак, констатирана е градба на куќи од блокови


земја сушени на сонце. (слика 8) Во неолитската населба Хацилар во југозапдна Ана-
долија (Турција), постојат остатоци од куќи за живеење изградени во погуста структура
и со побогата содржина. Ова кажува и за постоење на човечки заедници, што впрочем
е и една од карактеристиките на неолитскиот период. (слика 9,10 и 11)

(8) Селска куќа во Хасуна (Ирак), наликува на неолитски градби од овој регион
(9) Мала населба Хацилар II (Турција) потекнува од 5 000 години п.н.е

9
(10) Реконструкција на една куќа од населбата Хацилар II
(11) Основа на Хацилар VI со неколку куќи од подоцнежен неолит

Праисторискиот човек изработувал и урни во форма на куќи за живеење. Особено се


интересни оние од бронзениот период, кои претставуваат прави макети на куќи, а врз
основа на кои е можно да се добие јасна слика за изгледот на куќите од овој преиод.
(слика 12)

(12) Урни изработени во форми на куќи за живеење (бронзено доба)

ГРОБНИЦИ

Архитектонската дејност на предисторискиот човек во вистинска смисла отпочнува со


градбата на гробници, бидејќи куќите за живеење според своите карактеристики имаат
само техничко утилитарен карактер без било каков елемент за уметничка или естетска
надградба.
Има повеќе видови на гробници, а сите ги карактеризира градба во камен и стремеж
да се создаде впечаток на монументалност преку нивната димензија. Со употребата
на огромни монолитни камени блокови за столбови и греди со кои ќе се оформи одре-
ден простор, изразена е тенденцијата за вечно траење на градбата, до бесконечноста
односно многу повеќе од должината на човековиот живот. Оваа појава е тесно поврза-
на со тоа што во ова време човекот за прв пат зазема јасен став кон смртта – дефини-
ран како култ кон мртвите.

10
Постојат и мали гробници, наречени “цисти ”, со сандачеста форма, но за архитектон-
ските сознанија од поголемо значење се големите монументални гробници градени од
големи камени блокови необработен камен, наречени со општ назив “мегалити” (грчки:
голем камен). Тоа се тектонски компонирани архитектонски простори, кои подразбира-
ат стриктна поделба на конструктивните елементи што носат – столбови или ѕидови и
елементи што се носени – хоризонтални греди. ( слика 13).

(13) Тектонски компониран архитектонски простор: столбови и греди (предисториски долмен)

ДОЛМЕНИ И ПОКРИЕНИ АЛЕИ

Најпознати објекти од овој вид се тн.“долмени“ (келтски: камена маса). Составени се


од големи, вертикално поставени камени блокови.Од горната страна покриени се исто
така со големи камени греди( слика 14). Вака дефинирани тие затвораат помал или
поголем простор. Најмалиот долмен се состои од два вертикални камени блока и еден
хоризонтален поставен преку нив.Со мултипликација на оваа основна форма се
добивале различни концепти на основа и простор.Така во основа долмените имаат
кружна , правоаголна или некоја посложена форма, а пристапот во нив е преку покус
или подолг покриен ходник (слика 15).

(14) Праисториска гробница – долмен (Локмаријакер , Франција)


(15) Неколку типови неолитски гробници: долмени од Франција и Англија

11
Издолжената форма на гробница во вид на ходник , се вика “покриена алеја “ . Во
двата типа гробници кои понекогаш може да се споени се вршело сохранување на
мртвите. Не е ретко овие гробници да се затрупувале со насип од земја. Долмените и
покриените алеи распостранети се на мошне широко географско подрачје – во Европа,
Северна Африка, на Блискиот и Средниот Исток итн. Меѓутоа, најбогатите локалитети
со овие објекти се наоѓаат во Западна и Северна Европа.

ТУМУЛУСИ

Една честа форма на праисториски гробници се т.н. “тумулуси“. Всушност, тоа се гроб-
ници од камен, покриени со дебел слој земја во вид на плитка купа. Понекогаш можат
да имаат големи димензии. Тие имаат кружна форма. Во долниот дел се изведени од
вертикално наредени камени блокови. Врз нив се поставувани хоризонтални блокови
или дебели плочи кои постепено се испуштани се до составот во темето, со што се
формира еден вид зашилена купола. Има случаи кога долниот дел од вертикални
камени блокови изостанува. Врз вака конструираниот простор се насипува многу дебел
слој од земја, со што тумулусот добива изглед на вештачко брдо.

Поретко се среќаваат гробници во карпа, што се должи на слабиот алат со кој распо-
лагал предисторискиот човек.

КУЛТНИ ОБЈЕКТИ

Импресивен впечаток оставаат и објектите со култна намена. Наједноставни од нив се


“менхирите“. Тие се мошне распостранети во Европа и всушности претставуваат груби
камени блокови, вертикално поставени и делумно вкопани во земја. Тие можат да би-
дат високи и до 20 м. ( слика 16).

(16) Менхири – вертикално поставени камени монолити со големи димензии

Несомнено е дека имаат некоја култна улога, без оглед дали симболизираат ликови на
божества или починати. Од подоцнешниот период на неолитот познати се фигурални
менхири, кои персонифицираат човечки лик, кој најчесто се сведува на шема, дури и на
симбол.Архитектурата на култните објекти се развива по еден грандиозен подреден
систем. Во Франција , покрај Карнак се издигаат 1169 големи, необработени менхири.
Некои од нив се тешки и по 400 тони. Поставени се во единаесет редици, долги преку
12
еден километар и завршуваат со полукружно формиран простор. Тука се наоѓало
средиштето на некој, денес веќе непознат, култ. Оваа голема праисториска
реализација е наречена “камена алеја“. ( слика 17)

Се смета дека менхирите се претходници на обелисците во египетската архитектура.

(17) „Камена Алеја“ во Карнак (Франција) потекнува од неолитска епоха

Друга форма на мегалитски култен објект претставува светилиште - “кромлех“. Тоа е


тектонска конструкција од вертикално поставени камени блокови во круг, кои имаат
колосални димензии, од горната страна премостени со хоризонтални камени греди,
така што целата композиција потсетува на кружна колонада. Кромлеси постојат во
неколку европски земји, а секако најимпресивен е кромлехот во Стонхенџ, покрај
Солсбери во Англија (слика 18). Потекнува од пред крајот на неолитскиот период и
составен е од тн. “трилити“ (два вертикални и еден хоризонтален камен од горната
страна) . Во средината на објектот поставен е олтарски камен. Од него, низ обрачот на
колосалната колонада, во правец северо-исток, се протега култниот пат. Според
одредени научници на 21 јуни наутро, по овој правец, сончевите зраци паѓаат на
олтарскиот камен. По се изгледа, дека овој објект служел за изведба на култот на
сонцето.

(18) Гигантска кружна колонада – кромлех во Стонхенџ (Англија) од неолитската епоха

13
ЗАКЛУЧОК

Од сето досега изнесено за архитектонската дејност на предисторискиот човек ,


може да се констаритра дека тој поседувал градителски дух, оставајќи зад себе
траги на повеќе видови објекти, особено од поновите периоди на предисториската
епоха. Дефинирани со архетипска концепција на просторот, овие објекти , можеби,
секогаш немаат забележителни естетски вредности, но тоа не се должи толку на
недостигот на творечки потенцијал на градителот, колку на ограничените
можности во техничката постапка. Архитектонската дејност на предисторис-
киот човек претставува придонес во развитокот на архитектурата воопшто, а
одделно во оформувањето на просторот и совладувањето на елементарните
конструктивни проблеми што ќе биде прифатено веќе во архитектурата на една
од првите историски цивилизации, египетската

14

You might also like