You are on page 1of 9

ПРАИСТОРИЈА НА

МАКЕДОНИЈА
ПРАИСТОРИЈА ПРЕТСТАВУВА ВРЕМЕНСКИ ПЕРИОД ОД НАЈСТАРИТЕ РЕГИСТРИРАНИ
МАТЕРИЈАЛНИ ОСТАТОЦИ, ОДНОСНО КУЛТУРИ, ДО ПОЈАВАТА НА ПРВИТЕ ПИШАНИ
ДОКУМЕНТИ. ВРЕМЕНСКАТА ПОДЕЛБА НА ПРАИСТОРИЈАТА АРХЕОЛОЗИТЕ ЈА ИЗВРШИЛЕ ВРЗ
ОСНОВА НА ПРОУЧУВАЊЕТО НА МАТЕРИЈАЛНАТА КУЛТУРА (ОРУЖЈЕ, ОРУДИЕ, СТАНБЕНИ
ОБЈЕКТИ, КЕРАМИКАТА И НАКИТОТ). ТАА ГИ ОПФАЌА ПАЛЕОЛИТОТ, МЕЗОЛИТОТ, НЕОЛИТОТ,
ЕНЕОЛИТОТ, БРОНЗЕНОТО И ЖЕЛЕЗНОТО ВРЕМЕ.
• На територија на Македонија е евидентиран активен живот уште од најраните
етапи на човековата праисторија. Климата, геоморфологијата и другите
природни фактори на целата територија на Македонија предусловиле
организирано живеење и создавање различни култури, чија еволуција се
одвивала континуирано од првите земјоделски заедници до крајот на железното
време. Археолошко-антрополошките истражувања на артефактите од првите
населби во Македонија претставуваат базични сознанија без кои не може да се
објаснат потеклото на подоцнежните популации ниту, пак, историско-
културните влијанија и движења.
• Територијата на Македонија се наоѓа во средиштето на балканските природни сообраќајници и ги
поврзува двете големи културни сфери: егејската и анадолската, како жаришта на најстарите
земјоделско-сточарски заедници, со внатрешниот дел на Балканот и со Средна Европа. Посебна
улога во тој поглед имаат природните патишта по должината на речните долини; долината на
Вардар, која се надоврзува на долината на Морава, овозможува контакти помеѓу егејскиот свет и
Панонија, а Струмешница, преку долниот тек на Струма, ги поврзува југоисточна Тракија со
предниот дел на Мала Азија, додека долината на Дрим со јужното јадранско крајбрежје. Големо
влијание имаат и патиштата на планинските превои на масивите околу Охридско-преспанскиот
регион, кои го поврзуваат овој регион со културите во Албанија, и Малешевските и Осоговските
Планини кои, пак, ја поврзуваат Македонија со средниот тек на Струма и со централна Бугарија.
• Палеонтолошките истражувања ги откриваат податоците за животот во
палеолитот и мезолитот, посебно во Пелагонија, во околина6 та на Велес, во
пештерата Макаровец во кањонот на реката Бабуна и во Штипскиот регион, каде
што се откриени материјални наоди на првите оружја и орудија од коска и од
камен (орудија од камен во облик на клин на човекот-ловец; во гробниот наод во
Штипско, пронајден е скелет на човек, чија старост се датира околу 9.000 г. пред
н.е.). Артефактите од мезолитскиот период (меѓу 10.000 и 5.000 г. пред н.е.) –
секири, чекани, кремени ножиња, камења за точење, чукала, авани, игли, коскени
и рогови длета сведочат за првите земјоделскосточ арски заедници.
• Картата на археолошките наоѓалишта покажува постоење на околу 160
неолитски наоѓалишта (во периодот од околу 5.300 – 3.200 г. пред н.е.),
главно населби сместени во плодните полиња, по речните долини и на
планинските подножја на Пелагониската, Скопската, Кумановската,
Струмичката, Радовишката и Полошката Котлина, како и во Овчеполско-
брегалничкиот регион и во Охридскиот басен.
МАКЕДОНИЈА ВО СРЕДНИОТ ВЕК

• Македонскиот народ почнува да се оформува како посебен етникум уште во раното


средновековие од два носечки столба: античкото домородно македонско население
(Тракијци, Илири, Стари Грци, антички Македонци, и др.), и од Словените, со
нивна фузија во еден етнос[се бара извор]. Еден од најстарите историски извори за
македонските Словени е „Животот на Св. Димитрија Солунски“ од 6-от век, каде
македонските словенски племиња се прикажани како имаат свои кнежевства,
потчинети на византискиот цар и своја локална самоуправа на чело со жупани. Од
истиот извор дознаваме и кои се најголемите словенски племиња - Берзити,
Вајонити, Драговити, Ринхини, Сагудати, Смолјани и Струмјани.
• Балканските војни во 1912 и во 1913 година претставуваат исход на национално-
ослободителната борба што македонскиот народ ја води во втората половина на XIX и во
почетокот на XX век. Илинденското востание од 1903 година претставуваше врв на таа борба.

• Најголемите надежи на македонскиот народ биле свртени кон Бугарија. Егзархиската црква, а
потоа Врховниот македонски комитет (ВМК), односно врховистите во текот на Илинденското
востание успешно ја извршиле таа задача, па македонскиот народ најмногу верувал и очекувал
од Софија. Поради тоа бугарската пропаганда наоѓала плодна почва и многу длабоко ја
всадувала бугарштината кај македонскиот народ. Непосредно пред Балканските војни во свеста
на Македонците главно била присутна бугарската доминација.

You might also like