You are on page 1of 15

Мајанска цивилизација

Маите се централноамериканска цивилизација, значајни по целосно развиениот


пишан јазик од пред-колумбискиот период, но и според нивната архитектура,
уметност, математичките и астрономските системи. Оваа цивилизација своите
почетоци го забележала во пред-класичниот период (2000 п.н.е. до 250), додека пак
врвот на својот развиток Маите го забележале за време на класичниот период (од 250
до 900 година) и продолжил во пост-класичниот период па сè до доаѓањето на
Шпанците во Америка. Во својот најголем подем, областа каде живееле била најгусто
населена област во светот во тоа време.
Маите споделуваат голем број на заеднички особености со останатите
централноамерикански цивилизации поради високиот степен на соработка помеѓу
народите. Календарот, писмото и епиграфијата не потекнуваат од Маите, но тие ги
развиле потполно. Територијата на Маите се протегала од Хондурас, Ел Салвадор,
Гватемала па сè до централно Мексико. Маите како народ никогаш не исчезнале, ниту
за време на класичниот период ниту пак со доаѓањето на Шпанците во Америка. Денес,
Маите и нивните наследници сочинуваат значителен процент од населението во
нивниот регион, Ел Салвадор, Мексико, Хондурас и Гватемала. Голем број на мајански
јазици и денес се зборуваат.

Територија
Мајанската цивилизација се протегала на територија која често се нарекува
„мајанска територија“ и таа ги опфаќа јужните делови на Мексико (сојузните држави
Чијапас, Табаско, Јукатан, Кинтана Ро и Кампече), Гватемала, Белиз, Ел Салвадор и
западен Хондурас.
Територијата опфаќа различен вид на релјеф, од планинските предели на Сиера
Мадре до рамниците на Јукатан. Климата во овој регион варира и најчесто има урагани
и тропски бури од околните океани и мориња.
Мајанската територија е подделена на три зони: јужни мајански планински
предели, јужни или централни мајански рамничарски предели и северни мајански
рамничарски предели. Јужните мајански планински предели се наоѓаат во Гватемала,
јужните рамничарски предели се северно од планинските предели во мексиканските
држава Кампече и Кинтана Ро, Белиз, Гватемала и Ел Салвадор. Северните
рамничарски предели се наоѓаат во државата Јукатан во Мексико. 1

1
Coe D., Michael (1999). The Maya (изд. 6.). New York: Dante Reed. стр. 31. ISBN 0-500-28066-5.
Историја
Предкласичен период
Мајанската територија била населене во 10 век п.н.е. Скорешни откритија во
Белиз забележале мајанско населено место кое датирало до 2600 п.н.е. 2 Сепак,
пошироко е прифатена тезата дека маите ги населиле тие простори во 1800 година
п.н.е. во регионот Соконуско. Овој период познат како ран предкласичен период е
својствен по појавата на грнчарството3.
Важни мајански градови во јужните рамничарски предели се Накбе, Ел
Мирадор, Кивал и Сан Бартоло. Покрај овие, градовите Изапа, Такалик и Чокола во
600 п.н.е. биле главните производители на какао. Првиот мајански натпис датира од
овој период. поточно од 250 п.н.е.4
Помеѓу научната јавност постои несогласување околу прашањето до каде се
протегале физичките, а до каде културните граници на Маите. Во натписите од овој
период се забележува заемно влијание помеѓу Маите и околните антички
цивилизации5.

Класичен период
Класичниот период (од 250 до 900 година) е период на голем развој на
мајанската цивилизација, висок степен на урбанизација, градење на споменици и
натписи и ова е период на значаен интелектуален и уметнички развој, особено во
јужните предели на мајанската територија 6. Тие го развиле земјоделството и се развиле
повеќе независни градови-држави. Такви значајни градови-држави биле Тикал,
Паленке, Копан и Калакмул, но исто така опстојувале и некои помали како на пример
Дос Пилас, Уашактун, Алтун Ха и Бонампак. Северните предели не се многу познати
за денешната наука како јужните, но сепак тука се откриени значајните Ошкинток,
Чунчукмил и Ушмал.
Најзначајните спомениви се скалестите пирамиди. Тие биле градени во
религиозните центри заедно со палатите на владетелот на кралството. Палатата во
Канкиен е најголема, иако огромното археолошко наоѓалиште нема пирамида. Покрај
палатите и пирамидите, знчајни се изгравираните камени плочи наречени стели или на
мајански тетун, на кои се пишувал текст со мајанско писмо со различна тематика 7.
Мајанската цивилизација учествувала долг период во трговијата во Средна
Америка и општела со околните цивилизации: Теотивакан, запотечка цивилизација и
останати околни цивилизации, како од Средна Америка така и од Карибите. Исто така,

2
http://www.nature.com/nature/journal/v260/n5552/abs/260579a0.html
http://ambergriscaye.com/pages/mayan/mayasites.html
3
Coe D., Michael (2002). The Maya (изд. 6.). Thames & Hudson. стр. 47.
4
HISTORY OF WRITING and RELIGION
5
Coe D., Michael (2002). The Maya (изд. 6.). Thames & Hudson. стр. 63–64.
6
Coe, Michael D. (2002). The Maya (изд. 6.). Thames & Hudson. стр. 81.
7
„Maya Art Return“. Посетено на 2006-12-25.
археолозите пронашле злато од Панама во Чичен Ица8. Маите тргувале во какао, сол,
морски школки и жад.

Падот на Маите
Поради сè уште непознати причини, мајанските градови од јужните предели
пропаднале во 8 век и 9 век и накратко биле комплетно напуштени. Падот бил
проследен и со значително намаление на создавање на мајански натписи. Иако сè уште
нема општоприфатлива теорија за причините и падот на Маите, денешните историчари
и научници имаат создадено повеќе теории за овој феномен и се делат во две групи:
еколошки и нееколошки причини.
Нееколошките теории за падот на Маите се подделени на неколку
поткатегориим како на примнер, пренаселеност, странски напад, револт на населението
и пад на клучните трговски патишта. Еколошките хипотези за падот на Маите се делат
на еколошки катастрофи, зарази и климатски промени. Како и да е, има докази дека
Маите се соочувале со потешкотии во земјоделството, а особено имале проблеми со
ловот9. Некои научници излагаат со понови теории за 200 годишна суша во тој регион
што резултирала со колапс на Мајанската цивилизација 10. Теориите за сушата се
засноваат на истражувања на почвата околу копнените водени површини и испитување
на почвата воопшто11.

Пост-класичен период
За време на пост-класичниот период (од 10 век до ран 16 век), развојот на
северните градски центри продолжил и се одликува со зголемување на различноста во
општествата и надворешни културни влијанија. Мајанските градови во Јукатан
продолжиле со својот развој уште неколку векови после големиот пад на јужните
предели и меѓу главните градови биле: Чичен Ица, Ушмал, Еѕна и Коба. По падот на
владеачките династии во Чичен и Ишмал, Мајапан владеел со целиот Јукатан сè до
револтот во 1450 година. Подоцна, ова кралство се намалило и опстојувало како град-
држава сè до шпанската колонизација на Јукатан.
Маите од Ица, Ковох и Јалаин од Централен Петен го преживеале падот на
класичниот период и до 1250 година се обединиле и создале градови-држави. Ица
Маите како свој центар го имале Тајасал или познат како Нох Петен. Тој владеел со
територијата околу езерото Петен. Ковох Маите за свој главен град го имале Киче и е
познат по најголемиот извор на мајанска митологија, Попол Вух. Покрај овие,
позначајни кралства биле оние на Мамите, Какчикелците, Чахомаците и Чухците12.

Колонијален период
Кратко после неколку мали експедиции, Шпанците започнале воени походи за
освојување на териториите на Маите и основале колонија на територијата на Маите во

8
Види Coggins (1992).
9
University of Florida study: Maya politics likely played role in ancient large-game decline, Nov. 2007
10
Gill, R. (2000). The Great Maya Droughts. Albuquerque: University of New Mexico Press. ISBN 0826321941.
11
Hodell, David A.; Curtis, Jason H.; Brenner, Mark (1995). „Possible role of climate in the collapse of Classic
Maya civilization“. Nature. 375 (6530): 391–394. doi:10.1038/375391a0.
12
Love 2007, p.305. Sharer 2006, pp.621, 625.
Јукатан и во Гватемала. Оваа кампања наречена Шпанска колонизација на Јукатан била
тешка задача за шпанските конкистадори и им требало околу 170 години за да
воспостават комплетна шпанска контрола на таа територија.
За разлика од Ацтеките и Инките, Маите немале еден единствен политички
центар, што би овозможило Шпанците со еден напад да ја освојат цела територија.
Наместо тоа, Шпанците биле приморани да ги освојуваат секој град-држава
поединечно. Повеќето од колонизаторите биле мотивирани од идејата дека ќе
пронајдат големо богатство во освоените градови како на пример злато и сребро, но
сепак мајанските предели биле сиромашни. Но тоа не влијаело демотивирачки, туку
Шпанците се заинтересирале за освојување на другите империи во Перу и Мексико.
Шпанската црква и шпанските власти ги уништиле мајанските записи и со тоа за
секогаш го уништиле знаењето на Маите. За среќа зачувани се три книги од
класичниот мајански период13. Последните мајански кралства Тајасал и Закпетен биле
освојувани и ослободувани сè до 17 век кога подоцна биле засекогаш уништени во
1697.

Мајанска уметност
Според голем број на реномирани научници и уметници, уметноста на Маите е
најсофистицираната и најубавата уметност од сите антични култури од „Новиот Свет“.
Резбите и цртежите од Паленке и статуите од Копан се најдобрите дела од уметноста
на Маите бидејќи има голема прецизност при претставувањето на човековите фигури.
Од сликарството има многу малку останато, воглавно сликање на керамика бидејќи
само тоа опстоило низ вековите. својствена сина боја е зачувана до ден денес поради
хемиските состојки на бојата и е наречена мајанска сина боја. Користењето на бојата
било присутно до 16 век кога техниката е загубена за денешната наука.

Архитектура
Како една од уникатните стари архитектури, мајанската архитектура се
развивала и опстојувала повеќе илјадници години. Најпознатите својствено мајански
градби се скалестите пирамиди од пред-класичниот мајански период и порано. Покрај
нив има и археолошки наоѓалишта во пештери кои биле или се важни за Маите. Такви
пештери се Холха, Нах Тунич, Канделарија и Пештерата на вештерката. Некои од
старите пештери се користат и денес од Маите во Чијапас, Мексико.
Меѓу научниците кружи теорија дека пирамидите биле обновувани секои
педесет и две години во согласност со мајанскиот календар. Сепак ова било доста
обичен феномен зошто старите градби побарувале обнова. Познати се пирамидите од
Тикал, Јашха и Чичен Ица.

Урбанистички план
Како што мајанската цивилизација се протегала на различни релјефски предели,
така урбанистичкиот план на градовите бил минимален. При градењето на градовите,
Маите тежнееле да го создадат градот во склоп со природата и природните ресурси.
13
"The Ancient Maya", Robert J. Sharer, Loa P. Traxler Contributor Loa P. Traxler, p126, Stanford University
Press, 2006, ISBN 0-8047-4817-9
Така на пример некои градови се изградени на рамни варовнички платоа (Јукатан),
додека другите биле градени на ридови и импресивни височини.
Класичниот мајански период може полесно да се опише како простор на големи
споменици и патеки. Големите плоштади биле центри за собирање на луѓето и тука бил
фокусот на урбанистичкиот план, додека околниот предел бил на некој начин на втор
план. Во доцниот пост-класичен мајански период градовите биле како тврдини, со
безбедносни структури и со големи плоштади.
Како што градовите растеле поголеми, Маите ги правеле градовите во
кардинален правец. Така, градовите се граделе покрај извори на вода или сеноти и
главните плоштади биле поврзани со сакбеи.
Во срцето на големите мајански градови биле големите централни плоштади
опколени со најважните владини и религиозни објекти како на пример кралската
палата, пирамидата и средноамерикански стадиони. Бидејќи Маите обрнувале големо
внимание на природата и религијата, тие ги граделе пирамидите во склопс со
тогашното сфаќање на орбитата и останатите небески тела.

Градежен материјал
Една од најзначајните и најимпресивните аспекти за мајанската цивилизација е
тоа што тие граделе без некои денешни познати техники и начини на градба. Така тие
немале животни за пренос на градежниот материјал, метални алатки и колични, па така
изработката на сите конструкции побарувала голема човечка моќ и енергија. Сите
канеми блокови кои ги користеле Маите при изработката биле црпени од локални
околни каменоломи. Најчесто се користел варовникот, кој бил лесен за изработка дури
и со камени алатки. Покрај готовиот варовник, Маите правеле и материјал кој е сличен
со денешниот цимент, но направен од дробен варовник. Покрај варовникот Маите
користеле и дрво за градење на обични куќи за живеење.

Значајни градби
Церемонијлните платформи биле платформи од варовник со височина помалку
од четири метри и служеле за јавни церемонии од религиозен или општествен
карактер. На нив имало цомпантил, место каде се ставала отсечената глава на жртвата
жртвувана за време на религиозен обред.
Палатите биле големи и често доста декорирани градби. Најчесто се граделе во
близина на центарот на градот. Палата со многу простории и спратови, денес се
именува како акропол. Сепак, палатите биле едноспратни и имале помалав број на
соби.
Е-групите се специфични структури кои можат да се најдат во сите центри на
мајанската империја. Овие биле поставено во согласност со специфични астрономски
настани и се мисли дека служеле како обзерватории.
Пирамиди и храмови. Најчесто најзначајните религиозни храмови на Маите се
наоѓале на врвот од скалестите пирамиди, за кои се верувало дека се најблиску до
небото.
Обзерватории. Маите биле големи астрономи и љубители на астрономијата. Тие
имаат забележано карти за вселенските објекти, најмногу обрнато внимание на
Месечината и Венера.
Стадиони. Како дел од начинот на живот, стадионите за нивната ритуално-
спортска игра биле градени насекаде на просторот на мајанската империја. Тие биле
обиколено од две страни со скалести трибини кои воделе до церемонијални платформи
или мали храмови.

Писмо и писменост
Мајанско писмо
Мајанското писмо, често наречено мајански хиероглифи, било писмо
комбинирано од фонтски букви и логограми. Најчесто писмото се класифицира како
логограмско или логослоговно писмо во кое слоговите играат значајна улога при
пишување. Тоа е единствено писмо од пред колонизацијата кое целосно го претставува
зборуваниот јазик. Писмото има над илјада различни глифи или симболи, иако некои
се варијации од одреден знак. Не повеќе од 500 знаци биле во употреба, од 200 имаат
фонтска или слоговна вредност.
Најраните мајански натписи датираат од периодот од 200 п.н.е. до 300 п.н.е. Ова
писмо за свои корени ги зема некои веќе постоечни писма од тој регион. Покрај ова
писмо, има и варијација на мајанското писмо кое се нарекува епи-олмекско писмо или
пост-олмекско писмо за кои научниците мислат дека е преодна варијанта од
олмекското кон мајанското писмо. Со текот на времето Маите развиле доста сложено и
напредно писмо, можеби најсложеното и најусовршеното писмо од сите американски
писма.
Уште од своето оформување, Мајанското писмо било во употреба сè до
доаѓањето на европските колонизатори. Иако поголем број мајански градови
пропаднале или биле напуштени, користењето и учењето на писмото продолжило и
понатака. Шпанците забележале дека и по нивното доаѓање имало луѓе што го читале
писмото, но поради незаинтересираност, писмото западнало во заборав сè до неговото
дешифрирање.
Денес има околу 10.000 зачувани мајански текстови, најмногу од нив се
напишани на камени споменици, стели и керамика. Маите исто така пишувале
текстови на материјал сличен на хартија изработена од дрво (смокви) 14. Овој вид на
хартија познат под името аматл е лесно препознатлив по тоа што се чувал превиткан на
неколку еднакви страни за да се создаде кодекс кој може да се пишува од двете страни.
По шпанската колонизација на Маите, Шпанците наредиле да се уништат сите
хартиени кодекси. Само три кодекси преживеале од тој терор и тие се: мадридски
кодекс, париски кодекс и дрезденски кодекс. Неколку страници преживеале од
четвртиот гролиерски кодекс.

Алатки за пишување

14
Miller and Taube (1993, p.131)
Иако археолошките докази не даваат јасни информации за алатките за
пишување, сепак Маите пишувањето го правеле со четки со влакна од животни.
Кодексите биле пишувани со црно мастило и со црвени назначени делови, што ја
потврдува ацтечката изрека за Маите „земја на црното и црвеното“.

Писари и писменост
Писарите имале важна улога во мајанските судови. Мајанската уметност често
ги опишувала владетелите како писари со што назначувале дека тие знаат да читаат и
пишуваат.

Математика
Како и останатите средноамерикански цивилизации Маите користеле основни
20 броеви и 5 нумерични системи. Маите, и останатите околни цивилизации, во пред-
класичниот период го развиле поимот за 0 во 36 п.н.е. Според археолошките докази,
Маите оперирале до стотици и милиони, додека датите се толку големи што зафаќаат
два реда текст. Тоа им овозможило да создадат прецизен астрономски календар.
Маите ја мереле должината на сончевата година со голем степен на прецизност.
Тие не користеле фигура за да ја претстават должината во календарот, но сепак
календарите биле составено од 365 денови.
Покрај тоа што калнедарот е многу прецизен и е речиси ист со денешниот
календар, прецизноста на мерењето на селарната година со денешните календари е за
малку попрецизен од мајанскиот.

Астрономија
Маите се единствената цивилизација од пред ерата на телескопите кои имале
големо познавање за маглината Орион. Ова го потврдуваат приказните од мајанскиот
фолклор. Голем број на мајански градови се сместени според плејади и ѕвездата Ета
Змеј.
Маите биле посебно заинтересирани за зенијалните патеки, односно феномен
кога сонцето поминува директно над луѓето. Дрезденскиот кодекс содржи повеќе
феномоени забележани од Маите и според анализите на кодексот планетата Венера бил
најважниот астрономски објект на Маите после сонцето.

Религија
Како и Ацтеките и Инките кои владееле покасно, Маите верувале во циклична
природа на времето. Ритуалите и церемониите биле во тесна врска со земјени и
вселенски циклуси ки ги набљудувале и анализирале. Мајанските свештеници имале
задача да ги протолкуваат овие феномени и давале предвидувања на иднината и на
минатото. Тие исто така одлучувале за организирање на одреден настан според небото.
Маите принесувале и човечко жртвување. Во некои мајански ритуали луѓето
биле убивани со откорнување на срцето и го принесувале како дар кон боговите. Ова е
опишано во мајанските кодекси. Најчесто деца биле принесувани како жртви затоа што
се мислело дека тие се најчисти15.
Поголем дел од мајанската религиозна традиција денес не е сосема разбрана од
научниците, но се знае дека Маите верувале дека космосот е создаден од три дела:
подземје, небо и земја.
Мајанското подземје, Шибалба, може да се посети преку пештери и се мислело
дека тоа подземје било под доминација на старите богови на смртта. Сонцето (Кинич
Ахау) и Ицамна биле богови на небото. Ноќта се сметала за прозорец каде се
појавуваат сите натприродни феномени.
Мајанските богови не се остро одделени како на пример словенските или
римските богови. Тие немале строго одредена улога и време на чествување, туку сè
зависело од циклусот на времето.
Во центарот на мајанското верување се наоѓа животното тркало на пченската.
Филозофијата се заснова на тоа дека мајанскиот бог на пченката е централна
религиозна фигура.
Маите верувале дека ако се знае минатото, тоа доведува до разбирање на
цикличните влијанија кои ја содаваат сегашноста, а со познавањето на сегашноста се
разбира и иднината.

Земјоделство
Античките Маи имале различни усовршени методи за производство на храна.
Порано се верувало дека привремените посеви овозможувале храна на Маите, но денес
според археолошките докази се утврдило дека Маите има големи посеви, терасни
посеви, шумски градини и дивечот биле главните методи за производство на храна во
империјата. Некои од овие методи и денес се во употреба .

Откривање на мајанските археолошки наоѓалишта


Шпанските колонизатори имале слабо познавање за надворешниот Нов Свет, и
голем број од старите мајански градови биле непознати за нив. Во 1893 година
американскиот писател и патописец Џон Лојд Стефанс ги посетил Копан, Паленке и
останатите поголеми и позначајни стари мајански градови. Нивните записи за
мајанските градови побудиле интерес кај светската јавност
Поголемиот дел од старите мајански градови биле обраснати од џунглата и тоа
било природно сокривање на самите структури. За да ги откријат старите градови,
научниците користеле сателитски снимки. Најдобриот начин за таквото откривање е со
техниката на инфрацрвен спектар, односно варовничките структури и околното
земјиште даваат црвенкасто-кафеава боја на снимките. Меѓу позначајните мајански
градови се: Паленке, Чичен Ица, Копан, Тикал и други.

Цивилизација на Инките
15
„Evidence May Back Human Sacrifice Claims“. Live Science. Посетено на 2007-06-06.
Инките, односно цивилизацијата на Инките започнува да постои како мала
група во регионот околу градот Куско, каде легендарниот Сапа Инка, Манко Капак го
создал Кралството Куско во 1200 година. Под водство на наследниците на Манко
Капак, државата на Инките се зголемила и ги приклучила околните андски заедници.
Во 1442 година Инките започнале да ги прошируваат границите на својата држава под
водство на Сапа Инка Пачакути. Тој ја основал Царството на Инките или Тавантинсују
(Tawantinsuyu), која прераснала во најголемо царство во Америка до периодот на
европската колонизација16.
Царството било поделено за време на граѓанската војна, кога веќе навлегле
шпанските сили на тлото на Јужна Америка и тоа било период на политичка криза во
Тавантинсују. Имено, за време на оваа војна се спротиставиле браќата Хуаскар и
Атахуалпа, членови на кралското семејство кои се сметале за легални наследници за
престолот. Во 1533 година, шпанскиот колонизатор Франциско Пизаро ја искористил
оваа ситуација и освоил голем дел од територијата на Инките 17. Во наредните години,
колонизаторите ја освоиле скоро целата територија на Инките. Царството на Инките
било сосема уништена со основањето на Поткралството Перу во 1542. Покасно следело
ослободително движење на Инките кое завршило со неуспех во 1573 година. Денес,
културата и традицијата на Инките ја продолжуваат Кечуанците и Ајмарите кои
живеат во Перу, Боливија и Еквадор.

Историја
Според митот, цивилизацијата на Инките започнала со Манко Капак, кој носел
златен предмет наречен тапак-јаури. Инките биле обучени да изградат храм во чест на
богот на Сонцето на местото каде се закачил предметот на земјата, за да го слават
нивниот небесен татко. После долг пат, вклучително и патување низ подземјето,
Инките дошле до Куско каде го изградиле храмот. За време на патувањето, еден од
браќата на Манко, во некои извори сестра, бил/а претворен/а во камен хуака. Според
друга легенда, наместо Инките да дојдат од подземјето односно пештера, пристигнале
преку вода односно езерото Титикака.
Во античкото време, синот на Виракоча, Манко Капак живеел во Пакари-Тампу
денес познат како Пакаритамбо, оддалечено 25 километри јужно од Куско. Тој и
неговите браќа Ајар Анка, Ајар Качи и Ајар Учу и неговите сестри Мама Окљо, Мама
Хуанко, Мама Рауа и Мама Кура живееле во близина на Куско во Пакари-Тампу. Со
обединување на овие луѓе тие изјавиле дека ќе ги освојат сите племиња од долината
Куско. Според други преданија, младиот Манко ги убил своите браќа и станал првиот
владетел на Инките.

Обединување и проширување
Инките започнале како племе дел од килке културала во областа околу Куско во
12 век. Под водство на Манко Капак тие го создале градот-држава Куско или на
кечуански јазик Qosqo.

16
Civilizations in America
17
The Conquest of the Inca Empire
Во 1438 година под водство на Сапа Инка Пачакути голем дел од јужно Перу
било освоено. Куско бил повторно изграден како главен град на нововоздигнатото
царство. Царството било познато како Тавантинсују била од федерален тип составена
од централна власт со кралот како шеф на државата. Покрај него имало четири
покраински водачи: Чинчасују на северозапад, Антисују на североисток, Контисују на
југозапад и Коласују на југоисток. Исто така, се верува дека кралот го изградил Мачу
Пикчу.
Еден од начините на државното функционирање било испраќање шпиони во
региони кои биле планирани да бидат освоени од страна на Пачакути. Тие тогаш би
дале извештаи за политичката организираност на областа, воената моќ и богатството.
Сапа Инка тогаш испраќал пораки до водачите на шпионираните земји каде би ги
искажал придобивките и причините за спојување со царството. Тој понудувал
подароци и скапоцени предмети како текстил и ветувал дека сите жители на таа земја
ќе живеат богат живот. Повеќето од ваквите случаи завршиле со позитивен одговор.
Кралските семејства на веќе споените територии биле испраќани во Куско за да се
образуваат за функционирањето на општеството на Инките и биле повторно враќани да
управуваат со своте матични држави. Понатака врските се продлабочувале преку
соработка или брак помеѓу кралските семејства.
Традиционално за Инките било синот на Императорот да ја предводи армијата.
Синот на Пачакути, Тупак Инка го освоил северниот дел од Империјата во 1463 година
и станал Сапа Инка после смртта на неговиот татко во 1471 година. Неговиот најголем
успех од областа на освојувањето нови територии било Кралството Чимор,
единствениот соперник на Инките на брегот на Тихиот Океан во Јужна Америка.
Империјата се проширила на север на територијата на денешен Еквадор и Колумбија и
синот на Тупак Инка, Хуајна Капак ја проширил територијата на југ. Во врвот на својот
успех, Империјата се протегала од на териториите на денешни Еквадор, Перу,
Боливија, Чиле и мали делови на Аргентина и Колумбија.
Империјата била дом на различни култури и јазици. Компонентите на
Империјата не биле сите подеднакво лојални на Сапа Инка и сите култури не биле
целосно интегрирани. Така на пример, народот Чиму користеле пари за трговија,
додека Инките на целата територија економијата и трговијата ја вршеле преку размена
на стока. Дел од Чачапоја народот не ги прифаќале Инките на пријатен начин, што
резултирало со одбивање азил на тој народ за време на нападите од Шпанија. Покасно
биле освоени од шпанските окупатори.

Шпанска колонизација
Шпанските освојувачи предводени од Франциско Писаро започнале
истражување од југот на Панама и стигнале до портите на Империјата во 1526 година.
За нив било јасно дека пристигнале до богата земја и со голем потенцијал. После уште
една екпедиција во 1529 година, Пизаро се вратил во Шпанија и добил кралско
одобрување за освојување на Империјата, каде подоцна станал поткрал.
За времето кога Шпанците се вратиле во Перу во 1532 година, веќе имало војна
во полн ек помеѓу Хуаскар и неговиот полубрат Атахуалпа. Ова и уште неколку
помали бунтови значително ја ослабеле Империјата.
Франциско Писаро немал голема воена моќ. Со само 180 луѓе и 27 коњ, тој
често употребувал дипломатија за да избегне напад од Инките кој би завршил со пораз
на Пизаро. Првата битка била Битката на Пуна, денес во Еквадор кога шпанските
војсководци ги победиле војниците од Пуна. Тогаш, Писаро го основал градот Пиура
во јули 1532 година. Хернандо де Сото бил испратен да ја проучи внатрешноста на
копното и се вратил со покана за средба со Атахуалпа, кој пак го поразил својот
полубрат и се стационирал во Кахамарка со армија од 80.000 војници.
Пизаро се сретнал со Сапа Инка. За време на преговорите, Пизаро побарал од
него да се преобрати во христијанството. Тогаш Атахуалпа ја фрлил Библијата на земја
што за Шпанците значело војна. Набргу. Шпанците ја нападнале Империјата и го
заробиле Атахуалпа. За да го ослободат, тој понудил злато колку што берела собата во
која бил заробен и уште толку сребро. Иако Инките го исполниле ова, Пизаро одбил да
го ослободи. За време на заробувањето на Атахуалпа, Хуаскар бил убиен. Шпанците ја
искористиле таа ситуација и го оптужиле Атахуалпа дека тој го убил својот полубрат и
го усмртиле во август 1533. По таквите настани, Шпанците го назначиле Манко Инка
Јупанки за крал, Тој соработувал со Шпанците, додека шпанските освојувачи се бореле
против отпорот во северниот дел од Империјата. Меѓувреме, пријател на Пизаро по
име Диего де Алмагро се обидел да го назначи Куско за свој град, но Јупанки ја
искористил оваа ситуација и тој го заобиколил градот. Набрзо Куско повторно бил под
шпанска контрола. Тогаш Манка Инка се повлекол во планините во Вилкабамба каде
владеел уште 36 години. Во 1572 година, последниот крал на Инките, Тупак Амару,
бил заробен и убиен и со тоа шпанските окупатори завладееле со Империјата.

Политички систем
Империјата на Инките била поделена на четири секции познати како тахуантин-
сују или „земјата на четирите секции“, каде секоја била управувана од гувернер или
управител наречен апукуна, кој пак бил под директен наѕор на Сапа Инка. Куско бил
центар на Империјата од каде Сапа Инка владеел. Според усмената традиција на
Инките, Империјата била раководена од 14 Сапа Инки или кралеви. Најраните кралеви
се локалните владетели на Куско или најверојатно митски личности.
Терминот ајлу се однесува на група староседелски народ на Јужна Америка и
често се преведува како клан18. Терминот означува крвно поврзана група луѓе кои
функционираат како единствена економска и социјална единица. Всушност,
империјата функционирала како голема група на неколку кланови, кои поседуваат
поседи и ресури како лами и вода. Успехот на ваквиот систем на функционирање го
обезбедил земјоделството. Но, сепак групите можеле да се поделат на неколку или да
се споат различни групи поради економски и социјални интереси.
Покрај регуларните освојувања и групирања на неколку кланови, поединечен
ајлу може да остане недопрен дури и после распад на голема група кланови или
империја во која бил дел. Ова било како резултат на добрата финансиска положба на
кланот. Со здружувањето на моќта на клановите се формирала управувачка класа со
голема политичка и социјална моќ.

18
Beuchat, Henri. as cited in: Bram, Joseph. An Analysis of Inca Militarism
Ајлуите биле засновани во Куско, главниот град на империјата кој бил поделен
на Ханан-Куско или Горно Куско и Хурин-Куско или Долно Куско. Оваа поделба која
била честа појава за андските народи често наречена како двојна поделба. Двата дела
формирале посебни традиции и обичаи, но и посебни воени единици кои сепак
работале заедно кога се работи за прослави и свечености. Двојната поделба била често
на религиска и симболичка база, без значајни економски последици. 19 Кога умирал
водачот, неговиот наследник ја имал политичката моќ, додека другите машки роднини
на владетелот ги имале во посед економските ресурси.

Религија
Инките важеле за народ кој при освојувањето на нови територии и држави
прифаќале делови од новите култури, претопени и адаптирани кон своите верувања и
традиции. Исто така, Инките тежнееле да ја направат својата религија надмоќна над
другите и својата религија ја подигнале на државно ниво. Во рамките на инкиското
општество, кралот, Сапа Инка, се сметал за син на Инти, богот на сонцето. Пред и
после значајна битка или значаен настан, Инките принесувале дарови кон боговите,
неретко и човечки жртви. Често се одржувале фестивали и прослави за одреден бог и
негово чествување. Инти Рајми, фестивал за сонцето, се одржувал девет ноќи кога
Сапа Инка обезбедувал Акхачича, односно пиво од пченка.

Образование
Инките развиле систем на броење и сметање со помош на алатка наречена
квипу. Сите информации прикажани на квипуто имале бројчени податоци, но сепак
денес не е познато како ги пренесувале забележаните симболи во броеви. Сепак, некои
научници денес веруваат дека овој систем на бележење податоци функционира исто
како писмото за запишувањето на зборуваниот јазик.
Покрај квипу, Инките во голем дел се наслонувале на пренос на податоци по
орален пат и така ја зачувале својата култура. Образованието на Инките е поделено на
две категории, образование за професија и образование за благородниците.

Уметност и архитектура
Архитектура
Архитектурата на Инките била најзначаен сегмент од уметноста на Инките каде
на грнчаријата и текстилот се прикажувале мотиви кои биле врвот на нивната
архитектура и уметност. Главен пример за уметноста на Инките е главниот град Куско.
Познатото наоѓалиште Мачу Пикчу бил изграден од инженерите на Инките. Инките
создавале камени храмови без користење на малтер и сепак камењата се сложувале
одлично без простор да се вметни ни нож меѓу нив. Камењата биле делкани за да се
сложат еден со друг.
Инките имале одличен патен систем кој се состоел од два главни патишта како
што е опишано од страна на Сиеза де Леон: „Инките изградиле два пата со должина од

19
Bram, Joseph. An Analysis of Inca Militarism. University of Washington Press. Seattle and London. 1996
државата Кралскиот пат бил долг 3.250 милји и се протегал по планините, додека
крајбрежниот пат бил долг 2.520 милји.“20

Керамика, накит и текстил


Скоро сите златни и сребрени предмети од Инките биле стопени од европските
окупатори. Керамиката била насликана со различни мотиви, вклучувајќи птици,
бранови и геометриски фигури. Најпознати керамички предмети на Инките се
шишињата од Куско или наречени и како арибалос. 21 Голем број од овие парчиња се
изложени во Археолошкиот музеј Ларко во Лима, Перу и во националниот музеј за
археологија. Облеката на Инките исто така била доста важна бидејќи таа го означувала
социјалниот статус на поединецот. Исто така, облеката се користела и за изработка на
мостови.22

Земјоделство
Инките живееле во планински предели, места кои не биле одлични за
градинарство. за да го решат тој проблем, Инките стрмните предели ги претворале во
тераси во вид на скалила за да овозможат рамни места за сеење. Исто така, Инките
имале развиен систем на наводнување. Тие одгледувале пченка, квиноа, тикви, домати,
кикирики, пиперки, лубеници, памук и компири. Иако сите земјоделски култури се
важни, главниот извор на храна бил компирот, за раљзлика од Маите и Ацтеките каде
пченката била главен извор на храна.
Инките се првите луѓе кои користеле суво замрзнување на храната за
складирање. Тие ги оставале компирите надвор, потоа наутро ги цеделе за да ја извадат
водата од нив и ги оставале на сонце да се сушат. Овој процес би се повторувал три до
четири пати сè додека сувите компири биле подготвени за складирање. Тогаш
компирите се нарекувале чуњо.23

Војска
Структура
Секој маж кој бил спсобен за воена служба и кој бил под управа на Инките бил
моболизиран за привремен воен поход или за долготрајна воена служба. Војската на
Инките имала строга дисциплина и извршувала казнувања и погубувања за тие војници
кои злоставувале цивили. Офицерите на војската биле составени од две класи:
високиот ранг на офицери биле членови на владеачката каста, додека долната класа на
офицери биле лица кои командувале со најмалку 50 војници и кои биле Инки, а чинот
офицер им бил даван од офицерите од повисока класа.24

Воена опрема и војување


20
Gard Carolyn; Dig.; Peterborough: Nov/Dec 2005. Vol. 7, Iss. 9; page 12, 2 pages
21
Berrin, Katherine & Larco Museum. The Spirit of Ancient Peru:Treasures from the Museo Arqueológico
Rafael Larco Herrera. New York:Thames and Hudson,
22
Mann, Charles. 1491: New Revelations of the Americas Before Columbus. Vintage. стр. 93. ISBN
1400032059.
23
Weatherford, J. McIver (1988). Indian givers: how the Indians of the Americas transformed the world. New
York: Fawcett Columbine. стр. 63. ISBN 0-449-90496-2.
24
Garcilaso de la Vega. The First Part of the Royal Commentaries of the Yncas. London. 1869-1871
Инките користеле оружје за борби со останатите околни цивилизации. Инките
биле најсилна нација во тој регион во тоа време, бидејќи тие можее да променат
обичен селанец или фармер во војник спремен за војна. Ова се должело најмногу
поради фактот што секој Инка маж морал да земе учество во најмалку една војна и така
се подготвувало населението за идните битки.
Како дел од воедната опрема на Иките биле и тапаните и трубите кои се свиреле
на почетокот на секоја битна. Еден војник на Инките имал:
-шлемови направени од дрво или кожа,
-округли штитови направени од палма и памук,
-памучни наметки и метални плочки на градите и рамениците,
-опрема за заштита од стрели.
Покрај горенапоменатата опрема, војниците оперирале со следните оружја:
-бронзени или коскени копја,
-боздогани,
-дрвени мечеви со две рачки и со остри рабови,
-камења
-камени или бакарни секири
-бола
Патниот систем кој бил развиен во државата им овозможувал брзо движење низ
Империјата. Покрај патиштата биле градени засолништа наречени тамбо, кои биле
одделени едно од друго околу еден ден пешачење. Во овие засолништа војниците се
одмарале, прехранувале и потоа продолжувале со задачите. Така на пример, еден курир
носел порака од едно тамбо до друго, каде во второто тамбо има друг курир и тој ја
зема пораката и ја носи до следното тамбо.

Научно истражување на универзитетот Јејл


Според информациите од универзитетот Јејл, колекцијата артефакти од Мачу
Пикчу во универзитетот биле пронајдени од страна на Хирман Бингам за време на
историската перуанска експедиција во 1912 година. Тогаш, Мачу Пикчу не било
доволно познато археолошко место, и Перуанскиот цивилен код од 1852 година
дозволил ако се пронјадат артефакти, ископувачите да ги зачуваат за себе.
Претседателскиот декрет ја задолжил експедицијата на Биргам и ѝ дозволил да ги
однесе артефактите во споменатиот универзитет, а при тоа Перу го задржало правото
да ги поврати артфекатите кои се уникатни или дупликати. 25

25
History of Machu Picchu Collections at Yale; http://opa.yale.edu/opa/mpi/History-of-Machu-Picchu-
Collections.pdf
Користена литература:
1. https://www.nature.com/articles/260579a0
2. https://ambergriscaye.com/pages/mayan/mayasites.html
3. https://legacy.cs.indiana.edu/~port/teach/relg/writing.history.html
4. https://archive.archaeology.org/9901/newsbriefs/maya.html
5. https://news.ufl.edu/2007/11/08/mayan-game/
6. https://www.nature.com/articles/375391a0
7. https://www.livescience.com/1594-early-europeans-practiced-human-
sacrifice.html
8. https://www.livescience.com/1594-early-europeans-practiced-human-
sacrifice.html
9.

You might also like