You are on page 1of 12

Мексико

Мексико
O Мексико, официјално Обединети Мексикански Држави е федеративна уставна република во Северна Америка.
Државата на север граничи со САД, на југ и на запад излегува на Тихиот Океан, на југоистокот се граничи со
Гватемала, Белиз и Карипското Море, а на истокот излегува на Мексиканскиот Залив. Мексико се простира на
површина од 2 ми км2 со што е 5 држава по големина во Америка според вкупната површина и 14-тата
најголема независна нација во светот. Со популација од 111 мил граѓани го зазема 11-тото место според
густината на населението во светот а тоа ја прави и најпопуларна Хиспанофонска држава. Мексико е
федерација составена од 31 сојузна држава и еден федерален округ — престолнината Град Мексико. Во
Преткокумбовска Мезоамерика многу од тамошните култури прераснале во напредни цивилизации како што
се: Олмеците, Толтеците, Теотиваканите, Запотеците, Маите и Ацтеките пред нивниот контакт со Европејците.
Во 1521 година, Шпанија ја освоила и ја колонизирала територијата во Теночтитлан, којашто била сметана за
Поткралство Нова Шпанија. Подоцна, истата територија била преименувана во Мексико веднаш по
признавањето на независноста во 1821. Периодот по прогласувањето на независноста бил карактеризиран со
економска нестабилност, Мексиканско-американската војна, Обединетите Држави отстапиле дел од
територијата на Мексико, потоа со, Граѓанската војна, со 2 кралства и една домашна диктатура. Домашната
диктатура кулминирала со Мексиканската Револуција во 1910, а потоа и со продолжување на Уставот од 1917 и
откривање на тогашниот политички систем во државата. На изборите во 2000 за првпат претседателството од
Институционално-револуционерната партија го освои опозициската партија.Мексико е еден од најголемите
економски и регионални сили, од 1994 е првата членка од Латинска Америка во Организацијата за економска
соработка и развој(ОЕСР), и полека но сигурно го покачува приходот во државата. Мексико се смета за една од
новите индустријализирани држави со големи потенцијали. Го зазема тринаесетото место според најголемиот
номинален БДП и единаесетото место според најголемиот паритет на куповна моќ. Економијата е цврсто
поврзана со партнерите на Северноамериканската зона на слободна трговија (НАФТА), а особено со
Обединетите Нации. Мексико се рангира на 5 место во светот и на 1место во Америка во Списокот на светско
културно и природно наследство на УНЕСКО со 31 локација, а во 2007 година беше на 10-тото место според
листата на најпосетени држави со 21,4 милиони меѓународни посети.
Знамето на Мексико
Историја
O Древни култури-Најраните човечки остатоци во Мексико се делови од камени алатки пронајдени околу логорските
огништа во Мексиканската Долина и радиојаглерод кој датира од пред 21.000 година п.н.е[35]. Пред околу 9.000 години,
древните мештани почнале да садат житни култури и ја започнале ‘земјоделската револуција’. Со текот на годините се
развиле многу културно богати цивилизации. Помеѓу 1.800 и 300 години п.н.е., многу од претколумоовските
мезоамеирнакси цивилизации како што се: Олмеците, Теотиваканците, Маите, Запотеците, Толтеците и Ацтеките, ја
развиле својата култура околу 4.000 години пред нивниот прв контакт со Европејците.
O Нова Шпанија-во почетокот на 16-от век, Ацтечката цивилизација ја нападнале и освоиле шпанците предводени од
Ернан Кортес. Шпанските освојувачи ненамерно ја рашириле вариолата којашто ја пустошела Мезоамерика во 1520-
тите години, убивајќи милиони Ацтеки заедно со императорот на којшто му била припишана победата на Ернан Кортес
над Ацтечкото Царство. Територијата станала дел од Шпанската Империја и била именувана Нова Шпанија. Кортес
повторно го изградил Град Мексико по опсадата на Теночтитлан во 1521 година. Голем дел од идентитетот, традицијата
и архитектурата на Мексико била создадена во текот на колонијалниот период.
O Независност-на 16.11.1810, свештеникот Мигел Идалго и Костиља ја декларираше независноста од Шпанија во
Долорес, Гванахуато. Првата бунтовничка група ја формирал Идалго. Идалго и некои од неговите војници биле фатени и
погубени од стрелачкиот одред во Чинахуаха на 31 јули 1811 година. По неговата смрт, водството го преземал
свештеникот Хозе Марија Морелос, којшто ги окупирал клучните јужни градови.Во 1813 година бил свикан Конгрес во
Чилипачинго а на 6 ноември свечено била потпишана Декларација на независноста од Северна Америка. Морелос бил
фатен и погубен на 22.12.1815. Во следните години, востанието било пред пораз, но во 1820 година поткралот Хуан Руиз
де Аподача испратил армија на чело со креолинскиот генерал Августин де Итурбиде наспроти трупите на Винсенте
Гереро. Наместо тоа, Итурбиде му се придружил на Гереро и тие ги здружиле силите, и во 1821 година претставниците
на Шпанската Круна и Итрибуде го потпишал ‘Договорот од Kордоба’ и ‘Декларацијата за независност на
Мексиканската Империја’, со којашто била признаена независноста на Мексико само под условите од ‘Игуалскиот
план’.
Една од најстарите градби
Географија
O Мексико се наоѓа во јужниот дел на Северна Америка. Речиси целата територија на Мексико лежи на
Северноамериканската плоча, а еден мал дел од Мексико е на полуостровот Долна Калифорнија во Пацификот и
Кокосовата плоча. Некои географи ја вклучуваат и територијата источно од Истимус од Теуантепек во територијата на
Средна Америка. Геополитички гледано, Мексико се смета за дел од Северна Америка, заедно со Канада и Обединетите
Нации. Мексико се протега на територија од 1.972.550 км со што го зазема 14-то место по големина на површината. На
Мексико му припаѓаат и приближно 6.000 км од островите на Тихиот Океан, Мексиканскиот Залив, Карибите, и
Калифорнискиот Залив. На север Мексико дели територија од 3.141 км со границата со Обединетите држави. Течението
на реката Рио Браво дел Норте ја дефинира границата со Сјудад Хуарез источно од Мексиканскиот Залив. Низа
природни и вештачки маркери ја скицираат границата на Обединетите Нации со Мексико западно од Сјудад Хуарез кон
Тихиот Океан. На југот, Мексико дели територија од 871 км на границата со Гватемала и 251 км на границата со Белиз.
Низ Мексико поминуваат два планински масиви коишто се протегаат од север кон југ, коишто се познати како Источна
Сиера Мадре и Западна Сиера Мадре. Тие се продолжение на Карпестите Планини кои се наоѓаат на северот на Северна
Америка. Движејќи се од истокот кон западот во централниот дел се наоѓа Трансмексиканскиот вулкански појас
попознат како Сиера Невада. Четвртиот планински појас е Сиера Мадре дел Сур, којашто се протега од Мичоакан кон
Оаксака. Поголем дел од централната и северната територијата на Мексико се протега во високи предели додека пак на
највисоките врвови кои се наоѓаат на Трансмексиканскиот вуклански појас се: Орисаба, Попокатепетл, Истакуатл и
Невадо де Толука. Трите најголеми набори се наоѓаат долините помеѓу овие четири височини: Толука, Метрополската
зона на Град Мексико и Пуебла.
Позицијата на Мексико
Клима
O Северниот Повратник државата ја дели на умерена и тропска зона. Деловите кои се наоѓаат северно од 24-тата паралела
делови во текот на зима имаат посвежа температура. Додека пак деловите јужно од паралелата имаат постојана просечна
температура во текот на годината која се менува само во повисоките делови од државата. Според тоа, Мексико има една
од најразноврсните климатски системи во светот. Областите јужно од 24-тата паралела со повиска надморска висина до
1.000m имаат умерена температура помеѓу 24- 28˚C (75,2 – 82,4˚F). Температурите остануваат високи во текот на целата
година. Разликата помеѓу летната и зимската температура изнесува само 5˚C. Двете Мексикански крајбрежја, освен
јужниот брег на Заливот Кампече и северниот дел на полуостровот Долна Калифорнија, се изложени на урагани во текот
на летото и есента. Исто така, областите со пониска надморска висина кои лежат северно од 24-тата паралела се топли и
влажни во текот на летото а имаат прилично посвежи температури во текот на зимата.Поголемите градови на Мексико
се наоѓаат во Мексиканската долина или во соседните долини со надморкса висина над 2.000m. Во овие предели
температурата во текот на годината се движи помеѓу 16- 18˚C или 60,8- 64,4˚F и посвежи вечерни температури низ
целата година. Во голем дел од Мексико, особено на северот, преовладува сува клима со повремени дождови додека во
тропските низини на југот им припаѓа повеќе од 2.000 mm од годишните атмосферски врнежи. На пример, многу
градови на северот, меѓу кои и: Монтереј, Ермосилјо и Мексикали имаат температури до 40˚C или пак над 40˚C во
летниот период. Во Сонорската пустина температурата се искачува дури до 50˚C па и повеќе. Северниот дел на Мексико
се карактеризира со голем број пустини.
Пустината Долна Калифорнија
Биоразвиеност
O Мексико е една од 18-те држави во светот со огромна биоразновидност. Со повеќе од 200.000
различни видови, Мексико е дом на околу 10-12% од светската биоразновидност. Мексико се
наоѓа на првото место по разновидноста на влекачите со 707 вида, на второ место по
разновидноста на цицачите со 438 вида, на четврто место по разновидноста на водоземците со
290 вида, и исто така на четврто место по разновидноста на флората со 26.000 вида. Мексико
се смета за втора држава во светот по бројот на екосистемите и на четврто место по
разновидноста на видовите. Приближно 2.500 видови во Мексико се заштитени со закон. Во
2002 година, Мексико беше на второ место по уништување на шумите, веднаш по Бразил.
Владата презеде иницијатива во доцните 1990-ти години да ја зголеми свеста кај луѓето и
интересот за нивната држава и ценетата биоразновидност преку Државната комисија за
знаење и употреба на биоразновидноста. Во Мексико околу 170.000km2 (65.637 милји) се
сметаат за ‘Заштитени природни области’. Тука се вбројуваат 34 резервни биосфери, 64
национални паркови, 4 природни спомениц, 26 заштитени области со флора и фауна, 4
области за заштита на природни извори и 17резервати. Мексико има богати традиционални
кулинарски состојки како што се: чоколадо, авокадо, домати, пченка, ванила, гуава, chayote
(вид мексиканска краставица), epazote (мексикански чај), camote (сладок компир), jίcama
(мексиканска миризлива билка), тиквички,sapote (вид маслиново дрво), различни видови
грашок, и уште поразноврсни пиперчиња, како што се habanero(хабанеро) и jalapeńo
(халапењо). Многу од овие имиња потекнуваат од јазикот Nahuatl (нахуатл).
Sapote (вид маслиново дрво)
Ви благодарам за вниманието!

You might also like