You are on page 1of 2

Бахамски Острови

Бахами или Бахамски Острови, официјално Државна Заедница Бахами е островска држава
во Средна/Северна Америка која е составена од 29 острови, 661 песочни мали острови и 2.387
мали, воглавно карпести, острови. Бахамите се наоѓаат во Атлантскиот Океан, северно од Куба и
Хиспаниола, северозападно од островите Туркс и Кајкос и југоисточно од САД. Вкупната површина
на Бахамите е 13.939 километри квадратни со вкупно население од околу 330.000 жители. Главен
град на државата е Насау. Географски, Бахамските Острови се дел од истиот ланец острови со Куба,
Хиспаниола и останатите Карипски Острови.

Првично, Бахамите биле население од Лукајци, етничка група дел од групата на таински
народи. Во 1492 година, Бахамите станале првата копнена точка на која пристигнал Кристофер
Колумбо. Со доаѓањето на Шпанците во Карипското Море, Бахамите не станале нивен
протекторат, но староседелското население било префрлено на Хиспаниола како робови. Така,
островите останале напуштени од 1513 до 1648, кога пристигнале британските колонизатори од
Бермуда и се населиле на островот Елеутера.

Во 1718 година, Бахамите станале британска кралска колонија, кога претходно биле
поразени пиратите и пиратското движење на островите. По Американската војна за независност,
илјадници британски приврзаници и поробени Африканци се населиле на Бахамите и основале
економија која се базирала на плантажи. Во 1807 година во Британската Империја било укинато
ропството и голем број Африканци биле ослободени со што се населиле на Бахамите за време на
19 век. Тоа резултирало со бројното африканско население на островите.

Географија и клима
Бахамите се островска група составена од 29 поголеми острови, 661 песочни мали острови
и 2.387 мали, воглавно карпести, острови. Бахамите се наоѓаат во Атлантскиот Океан, северно од
Куба и Хиспаниола (Хаити и Доминиканската Република), северозападно од островите Туркс и
Кајкос и југоисточно од САД. Вкупната површина на Бахамите е 13.939 километри квадратни со
вкупно население од околу 330.000 жители. Најблиски острови до САД се Бимини, кои се познати
како портата на Бахами. Најисточен остров од Гранд Бахама е Абако, додека најјугоисточен е
островот Инагва. Најголем остров на Бахамите е островот Андрос. Покрај Андрос, останати
населени острови се Елеутера, Кет, Лонг Ајланд, Сан Салвадор, Крукед, Ексума и Мајагвана.
Главниот град на државата, Насау, се наоѓа на островот Њу Провиденс. Сите бахамски острови се
ниски и рамни, со висини не повисоки од 15 до 20 метри. Највисока точка на Бахамите е Алвернија
со висина од 63 метри и се наоѓа на островот Кет.

Климата на Бахамите е суптропска и тропска и воглавно зависи од Голфската струја, која


има влијание особено во зимскиот период. Исто така, струјата има значителен удел на климата во
летниот, есенскиот и пролетниот период кога има појави на урагани. До денес нема запис и нема
пријавено многу ладни температури и најмногу може температурата да падне до 2 или 3 степени.
Во јануари 1977 година бил забележан пад на снег помешан со дожд, кога температурата била од
4 до 5 степени.

Милан Таковски

You might also like