You are on page 1of 3

Северна Америка

Прашања:
1.Објасни за географска положба на С.Америка?
2.Објасни за релјеф во С.Америка
3.Наведи ги Големите Езера?
4.Кои се поголеми реки во С.А.?
5.Со кои природни богатства е богата С.А.?
6.Објасни за географска положба на САД?
7.Објасни за релјеф на САД?
8.Кои реки имаат значење за хидроенергија?
9.Која река во САД има најголемо сообракајно значење?
10.Наведи кои стопански гранки се развиени во САД?
11.Наведи ги поголемите индустриски центри во САД?

Одговори:
1. Северна Америка е се наоѓа на Северната полутопка. Од три страни
континентот е опкружен со водите на Атлантскиот, Тихиот и Северно
Ледениот Океан. Преку Атантскиот Океан на исток се поврзува со
Европа, а на запад преку Тихиот Океан се поврзуава со Азија. Според тоа
овој континент има поволна географска положба.
2. Во однос на релјефот, во Северна Америка можат да се издвојат три
природни целини: млади верижни планини и висорамнини, стари
грамадни планини и пространи низини. Младите верижни планини се
протегаат во западниот дел, од Алјаска на север од Огнена земја на југ.
Тоа се Кордилјерите.
3. Големите Езера се: Горно Езеро, Хјурон, Мичиген, Ири, Онтарио.
4. Поголеми реки во Северна Америка се: Мисисипи, Свети Лоренц, Јукон,
Макензи, Колорадо, Колумбија и др.
5. Северна Америка, како нов свет, е богата со разновидни природни
богатства: плодни почви, шуми, пасишта, руди, нафта и др.
6. САД се наоѓа меѓу Канада на север и Мексико на југ. На исток излегува
на Атлантскиот океан, а на запад на Тихиот океан.
7. На територијата на САД, во правец од исток кон запад, се издвојуваат 4
релјефни целини. Покрај Атлантскиот океан се протега низина, потоа се
Аплалачките планини.На запад од нив е Мисисипската низина, а по неа се
Кордилјерите.
8. Најголемо значење за хидроенергија имаат реките Колорадо, Колумбија и
Рио Гранде.
9. Реката Мисисипи со протоката Мисури има најголемо сообраќајно
значење.
10. Најразвиени стопански гранки во САД се земјоделството и индустријата.
11. Најголеми индустриски центри во САД се Њујорк, Чикаго, Њу Ореланс,
Лос Анџелес, Детроит, Канзас Сити и др.
Африка
Прашања:
1.Објасни за географска положба на Африка?
2.Објасни за релјеф на Африка?
3.Наведи поголеми реки и езера во Африка?
4.Зошто Африка се нарекува жежок континент?
5.Објасни за географска положба на Египет?
6.Објасни за релјеф во Египет?
7.Која река му дава живот на Египет и објасни зошто?

Одговори:
1. Африка е континент чии брегови ги заплиснуваат водите на
Атланскиот и Индискиот Океан и на Средоземното и Црвеното Море.
Африка е континент со поволна географска положба, бидејќи по воден
пат, преку океаните и морињата се поврзува со другите континенти.
2. Во поглед на релјефот, Африка има високи планини, како
Килиманџаро, потоа Атлас, Етиопските планини и др. Во неа има
висорамнини како Етиопската, Езерската, Суданската и др. Африка е
позната по најголеми пустини во светот како: Сахара, Калахари,
Либиската и др.
3. Поголеми реки во Африка се: Нил, Нигер, Конго, Замбези, а поголеми
езера се: Викторија, Чад, Њаса, Тангањика и др.
4. Африка се нарекува жежок континент бидејќи поголемиот дел од неа
се наоѓа на екваторот каде сончевите зраци паѓаат под прав агол и има
поголемо затоплување.
5. Египет го зафаќа североисточниот дел на Африка и Синајскиот
Полуостров. На север, неговата гранива излегува на Средоземното
Море, а на исток на Црвеното Моро. На југ границата минба низ
Нубиската, а на запад низ Либиската пустина.
6. Релјефот на Египет претежно го претставуваат камени и песочни
пустини. Плодно земјиште има само по долината на Нил и во
оазите.Реката Нил му дава живот на Египет бидејќи доколку го нема
Нил, Египет одамна би бил пустина.
7. Плодната долина на Нил била населена пред многу векови. Уште пред
6000 години во оваа долина се развила една од најстарите цивилизации
на светот.
Андреј Тодоров I-1

You might also like