You are on page 1of 2

Природни богатства на Северна и Јужна Америка

Северна Америка има големи површини под плодни почви , развиена речна мрежа и големи
слатководни езера, јаглен,нафта, земјен гас, минерални наоѓалишта и шуми. Со силна домашна и
извозна економија фокусирана на овој изобилен спектар на природни ресурси , Северна Америка стана
еден од најразвиените региони во светот.
Земјоделство Од замрзнатиот Арктик до тропските џунгли на Централна Америка, Северна
Америка има повеќе климатски варијации од било кој друг континент. Овие разлики придонесуваат за
разновидноста на земјоделското производство во Северна Америка, кое е поделено по климатски зони:
тропска зона, суптропска зона, студена умерена зона и сува зона.

Во тропските зони на Северна Америка, фармерите собираат портокали, шеќерна трска, кафе,
какао, банани, памук и коноп. Овошјето, зеленчукот, памукот и тутунот преовладуваат во топлите,
суптропски зони во северниот дел на Мексико и САД. Континентните умерени зони се идеални за
јаболка и праски, компири и житни култури (пченка и пченица). Појасот за пченка, кој се наоѓа помеѓу
реката Охајо и долниот реката Мисури е најголемиот пченкарен појас во светот. Оваа огромна област на
Големите рамнини овозможува пченицата да се одгледува и во зима и пролет.
Млечни животни, вклучувајќи крави, кози и овци, кои се хранат со сено и со зреста храна се
одгледуваат во Нова Англија и околу Големите езера, како и Лоренсовиот регион долж атлантскиот
брег.
Сувите зони, вообичаени во југозападниот дел на САД и во северниот дел на Мексико, се идеално
прилагодени за сточарство на добиток. Ранчови и фарми со илјадници грла добиток се чести во овој
регион. Традиционално, добитокот се храни со локалао природна храна, како што е тревата во
прериите.
Шумарството е голема економска активност за голем дел од Северна Америка. Во САД, дрвната
индустрија е силна во северозападниот дел на Пацификот, земјите од Заливот и јужно атлантските
крајбрежни рамнини. Во Канада, шумарството и дрвната индустрија, како и индустријата за хартија се
главни индустриски дејности.
Северна Америка располага го многу развиена речна мрежа и слатководни езера. На реките се
изградени едни од најголемите хидроелектрични централи во светот како што е ХЦ Хувер на реката
Колорадо. Исто така реките овозможуваат развој на речниот сообраќај, трговија и изградба на речни
пристаништа.
Рударство Екстрактивните активности, како што се рударството и експлоатацијата на нафта,
доминираат во економијата во Северна Америка. Рударството обезбедува милијарди долари и милиони
работни места низ целиот континент. Северна Америка е водечки производител на јаглен, кој се
користи во производството на енергија; боксит, кој се користи за создавање на алуминиум; железо и
бакар, кои се користат во градежништвото; и никел, кои се користат за создавање челик, кои
северноамериканските компании го извезуваат низ целиот свет. Златните и сребрените рудници работат
во западниот дел на континентот. Посетителите на Државниот парк Кратер на дијаманти, рудник во
американската држава Арканзас, можат да бараат свои дијаманти. Северна Америка е дом на огромни
резерви на нафта и природен гас, кои се експлоатираат за производство на енергија и гориво.
Екстракција на нафта и гас се клучни елементи на економијата во Северна Америка. САД, Канада и
Мексико се меѓу врвните светски производители на нафта.
Најзастапени индустриски дејности во Северна Америка се: градежништво и опремување,
индустрија за превозни средства (автомобилска, авионска, производтсво на камиони),
електроиндустрија, електронска индустрија, металургија, машинска индустрија, авиокосмичка
индустрија, прехранбена, хемиска (фармацефска), филмска, музичка, воена индустрија, финансиски
услуги, туризам, обработка на дрво, здравствена заштита итн.
Јужна Америка, четвртиот по големина континент , има различни земјоделски производи,
огромно минерално богатство и изобилство речни текови и слатководни езера. Исто така, има богати
рибарски подрачја и пристаништа на три водни тела: Карипско Море, Атлантскиот Океан и Тихиот
Океан. Економијата на континентот е концентрирана на извозот на природни ресурси .
Јужна Америка може да се подели на четири климатски региони: тропски , умерен , сушен и
студен. Многу култури се одгледуваат во тропските клими во Јужна Америка како што се бразилските
ореви, авокадо, ананас, папаја и гуава. Две многу важни култури се кафе и какао, основната состојка во
чоколадо. Бразил е најголемиот извозник на кафе во светот и еден од најголемите извозници на какао.
Умерените климатски услови во Јужна Америка се дом на голем број индустриски култури и
добиток . Пченката се произведува во умеренata климa, а сојата се повеќе е застапена како култура во
Пампасот.
Огромните, висококвалитетни пасишта на Пампас се исто така центар на огромната индустрија во
Јужна Америка. Бразил е трет по големина извозник на говедско месо во светот (зад Австралија и САД).
Аргентина е исто така важен извозник на говедско месо.
Пустинските, крајбрежните и внатрешните региони низ Јужна Америка добиваат многу малку
врнежи. Ова го отежнува земјоделското производство. Сепак, наводнувањето овозможува одгледување
на некои култури, како што се оризот и памукот.
Одгледувањето на компири и киноа, животни како што се овци, лами и алпаки, застапено е во
областите со ладна клима. Овие животни се одгледуваат за нивното месо и волна, што се користи во
висококвалитетни текстилни производи , извезени низ целиот свет.
Шумарството е голема економска активност за тропскa Јужна Америка, особено во сливот на
реката Амазон. Многу видови на дрво со висока вредност, како што се махагони и розовото дрво, се
застапени во дождовните шуми. Помалите шуми се важни за градежниот пазар во Јужна Америка.
Најпознати дрвја од овие шуми е еукалиптусот.
Морскиот риболовот е најважната економска активност долж јужниот брег на Пацификот во
Јужна Америка.
Рударство и експлоатација на нафта
Рударската индустрија е еден од најважните економски мотори во Јужна Америка. Континентот
содржи околу една петтина од резервите на железна руда во светот. Железо и челик (железен производ)
се користат во градежништвото и машините низ целиот свет.
Повеќе од една четвртина од познатите резерви на бакар во светот се во Јужна Америка, главно во
Перу и Чиле. Чиле е најголемиот извозник на бакар во светот.
Други важни метални резерви вклучуваат калај, што се користи за лемење на метални површини;
олово, што се користи во градежништвото, батериите и куршумите; и цинк, што се користи како
средство за заштита од корозија. Бразил, Перу и Боливија се главни производители. Јужна Америка е
дом на богати резерви на нафта и природен гас, кои се екплоатираат за енергија и гориво. Екстракција
на нафта и гас е доминантна индустрија на Венецуела.
Во повеќето јужноамерикански земји индустрискиот сектор има само ограничен придонес во
создавањето нови извори на вработување. Во двете најиндустријализирани земји, Аргентина и Бразил,
најзастапено е производството на прехранбени производи, пијалаци и тутун, металургијата и
механичките индустрии, хемиската индустрија и нафтеното рафинирање, текстилната и индустријата за
обувки.

You might also like