You are on page 1of 13

Испитни прашања по економска географија 2 семестар

1.Објасни што проучува ек геграфија,како се дели и кога настанала.

-Ек. Географија е географска наука која ги проучува условите и особеностите во геграфската


разместеност на производствота,неговата размена и потрошувачка.Настанува со појавата и
развитокот на капитализмот и се дели на:општа,посебна или регионална и гранска .

2.Објасни на каков начин придонеле за развојот на ек географиха географите од


Германија,Франција и Британија.

-Германските географи се занимавале со проучување на природната средина и нејзиното


дејство врз човекот и опшеството и го вовеле компаративниот метод,Француските географи ја
формирале и развиле таканаречената хумана географија.,Британските географи за време на
втората светска војна развиле теоријата за најниски производствени трошоци и најрентабилно
ползување на обработливото земјиште.

3.Објасни кои се опшествени фактори за развој на стопанството и како тие влијаат на развојот.

-Демографски-(човекот)-најзначајни бидејќи нив ги чинат квалитативните и квантитативните


својства на населението односно работноспособното население.

-Економско политички-(општествено уредување на државата,внатрешна политичка


состојба,развиеност на надворешна трговија,меѓународна политичка ситуација)-Од обликот на
опшественото уредување зависи степенот на искористување на природните потенцијали и
воопшто ,организацијата и развојот на стопанството.

-Научно технички-(науката,техниката и технологијата)-Секој нов пронајдок има епохално


значење за времето во коешто се појавува.

4.Објасни ги природно-географските фактори за развој на стопанството.

-геогррафската ширина,надморска височина,рељефот,геолошкиот состав на


земјата,почвите,климата,водата,растителен и животниски свет.-??????????

5.Објасни ја улогата на населението како фундаментален фактор за стопанскиот развој.

Може да биде како производител и како потрошувач.Тоа е извор на најбитниот фактор за


производството-работната сила.Притоа населението има големо значење за нивото
,структурата и динамиката со која се одвива процесот на производство,на целокупната сфера
на опшествена репродукција и дава свој печат во сите есецијални правци на развојот.

6,Објасни како земјишниот фонд влијае како фактор за стопанскот развој.

И покрај индустријата и терцијалните дејности и земјоделството има големо влијание.

2/5 од работната сила во светот е врзана со вработување во земјоделието и земјоделските


производи се доминанти во светската трговија.Земјишниот фонд изнесува 4700 мил.хектари
околу 1/3 од вкупната сувоземна површина.Современат агротехника овозможува натамошно
зголемување на обработливите површини.Зголемување на приносите преку интензификација
на земјоделстовото.

7.Објасни ја улогата на населението како производител и потрошувач и фактор на стопанскиот


развој.

-Како производител:вкупниот број и степен на пораст може да има стимулативени


дестумлативен карактер.економската структура-образовна и професионална,квалитатаивните
карактеристики на населението,Подрачја богати си голема концентрација на раб сила се
интересни за некои видови индистрии:текстилна,кожа и левли и преработувачки индустрии.

Како Потрошувач-(демографската,социјалната,етничката структура,традицијата),опшествениот


економски развој и индустријализацијата имаат силно влијание на демографскиот
развој,најеклантен израз на промена на социјалната структура има преминот на населението
од аграрни кон неаграрни дејности.

8..Објасни за нафтата,каде се најголемите наоѓалишта и како се разместени

-Нафтата преставува најтргуван артикл на светскиет берзи и преставува околу 15 % од вкупната


светска трговија.Најприфатена е тезата дека има органско потекло.Најраспростанета е на
таканаречената “оска на нафтата”.

1.Подрачјето околу црвеното и црното море,каспиското езеро,арапските земји и иран-68%,

2.Карипското море и мексичкиот залив-11%

3.Северна Африка-Либија,алжир,Египет,нигерија

4.Поранешен ССР и романија

5.Сад и канада. Па следуваат Кина,Јужна азија,норвешка,Велика британија.

9.Објасни ја улогата на природниот гас во развојот и кои се најголемите производители во


светот.

-Природниот гас се користи како енергенс и тоа околу 1/5 од потрошувачката во


светот.согледувајки предностите кои ги има во однос на другите енергенси се очекува да биде
еден од најважните енегретски извори во иднина.Се користи исто така и во хемиската
индустрија за производство на пластични маси,вештачки влакна,синтетички каучук,алкохоли и
етери,смоли ,експлозив и др.Нјаголеми производители се :Русија,Сад,Канада,Велика
британија,Алжир,Холандија,Индонезија,Норвешка,Иран,Сауд.Арабија.

10.Како електроенергијата и атомската енергија влијаеле на стопаскиот развој и кои се десетте


најголеми производители во светот.,

-Производството на електрична енергија е најдобар показател за стопанската развиеност на


една земја.Можноста да електроенергијата лесно се претвора во
кинетичка,светлосна,топлотна,звучна и др ,вклучувајќи ги тука и ниските трошоци за транспорт
преку далноводите прават да речиси не постои стопанска дејност каде што не се
применува.Најголеми производители
се:Сад,кина,Јапонија,Русија,Канада,Германија,Индија,Франција,Велика Британија,Бразил.

-Атомската енергија најмногу се произведува во индустриски развиени земји кои се


сиромашни со друг енергенс,најчесто јаглен но и нафта.Најмногу се произведува во земјите
на ОЕЦД,додека најголеми производители по држави се
следните:САД,ФРАНЦИЈА,ЈАПОНИЈА,ГЕРМАНИЈА,РУСИЈА,КОРЕЈА,ВЕЛИКА
БРИТАНИЈА,КАНАДА,УКРАИНА,ШВЕДСКА,

11.Црната металургија опфаќа добивање сурово железо,челики разни видови валани


производи,се потпира врз експлоатација на жежесна руда,но и други метали за легирање на
челиците,хром,манган,молибден,волфрам,никел и др.По конитенти:Сев. Америка 35-
50%,Европа и поранешен ССР ¼-1/3,Јужна америка 40 милј тони(Бразил 19 милј
тони),Азија(Кина и Индија 1/5),Африка-најмногу Јужна Африка,Австралија-над 12%.

12. Објасни ги 4-те значајни диспропорции и специфичности на црната металургија


во светот

1)Црната металургија најповолно е разместена каде се присутни јагленот и железото пр.


Англија-Бирминген,Шкотска –глазгов,Сад-Алабама идр.

2)Во басени на рудници на железна руда ,но со дотур на јаглен :Пр.Лорен и нормандија –
Франција со дотур на јаглен од Германија,Англија и др.

3)во басени со јаглен ,но со дотур на железна руда.Пр.Вествалија-Германија,Донецкиот басен


и др.

4)Металургиски басени далеку од рудници на јаглен и железна руда,но долж покрај


прометните комуникации на поморките патишта,Пр.Неапол,Генова-Италија,езерски
комуникации Чикаго и Кливленд –Сад и др.

13. Објсни каде најмногу се употребува никелот и кои се форми на никел


прпизводи се применуваат и кои се светски прпизводители?

-Нјмногу се употребува за производство на никелов челик кој има широка примена во


машинската-автомобилската и авионската,ракети,инструменти,ортопедски
помагала,Форми на никел се :Никелмат,Фероникел,Никелоксид,Електролитски
никел,Никел гранулат,Никел-технички квалитет..Најголеми
производители:Русија,Канада,Франција,Јапонија,Австралија.

14. Објасни за индустријата на никел во Македонија

-Рудник Ржаново-Кавадарци за потребите на Фени,годишно производство 4000-5000


тони.Се произведува фероникел со содржина на никел од 25-50%.Дури ¾ од
резервите се експлотациони а 2/5 се површински.
15. Објасни за бакарот - негова разместеност, примена и производство во светот

Се смета за метал на двете америки-околу 60 %,Кина и


индонезија,Австралија,Зимбавме и Конго,русија,Полска и др.,Се применува во
индустријата,посебно во електроиндустријата по проводлнивоста,за разни легури
исл.Најголеми производители
се:Чиле,Индонезија,Сад,Австралија,Перу,русија,Канада,Кина ,Полска.

16. Објасни за алуминиумoт – oткривање, примена, разместенoст и најгoлеми


прoизвoдители вo светoт!

Откриен 1886 од Чарлс Мартин Хол американец и Пол Херул-французин-независно


еден од друг,широка примена во индирстријата и во градежништовото како фасадни
плочи,главни области со боксит
се:Австралиската,Карипската,Гвинејската,руската,медитеранската област.Најголеми
производители се:Австалија,бразил,Кина,Гвинеја,Јамајка,Индија,Русија,Суринам.

17. Објасни за индустријата на неметали во светот?

-Ги опфаќа следните индустрии:суровини за хемиската индустрија(цементен


лапорец,сулфур,фосфати,калиеви соли,нитрати),хемиската индустрија,индустријата за
бои и лакови,Вештачки влакна,пластични маси,машинска индустрија,автомоболската
индустрија.

18. Објасни ја улогата на сулфурот како неметал , и производитство на сулфурна


киселина?

-Еден од најважните неметали со широка и многустрана употреба во хем индустрија.


Основна суровина за добивање: сулф киселина, вешт губрива, син камен, експлозиви и
др за хемиската базична индустрија. -Сулфурна киселина – основна суровина за
производство на вештачки губрива. Поради ригорозниот транспорт бара високи
стандарди.Со преработка на нафтата-САД, Јапонија, природен гас – Русија, Франција,
Канада.

19. Кoја е улoгата на хемиската индустрија вo стппанскиoт развoј

Има едно од водечките места во светот, Има значење во прехранбената, земјоделството,


текстилната индустрија идр Има широк спектар на синтетички производи и супститути. Листата
на производи е многуширока но како најзначајни се: сулфурна и азотна киселина, вештачки
каучук, синт текст влакна, бои, фармацевтски пр-води, и др
Бара големи инвестиции, капитал, знаење, искуства.
Во САД близу 1/5 од вработените се ангажирани во
научно-истражувачка работа поради брзото застарување
на технологиите.

20. Објасни ја улoгата на минералните ѓубрива, нивна намена и производители


21. Објасни за производството и видови на вештачки влакна и пластични маси во
светот?

-На вештачките влакна се заснова текстилната индустрија на Сад,Канада,Еу,Јапонија.Има два


видови:синтетички полимери и целулозни влакна.Производството се базира на
петрохемија.Пластичните маси најмногу се користат во
градежништво,земјоделство,медицина.Се делат на две групи(полимерзациони,поливинил
хлорид,полиетилен,полипропилен)и
(поликондезациони,фенопласти,аминопласти,силиконски плочи).

22. Која е улогата на фармацевтската индустрија во стопанскиот развој на земјите


во светот?

-најприсутни и најчести во меѓун трговија. Високо профитабилна индустрија со голема


концентрација на капитал. Само 10-тина мултинационални компании се водечки во
светот: САД, В.Британија, Франција, Геррманија, но и некои земји во развојЈ.Кореа,
Тајван, Индија, Бразил, Мексико..

23. Објасни ја улогата на машинската и електротехничката индустрија во


стопанскиот развој и кои се најголеми производители во светот ?

Машинската индустрија преставува основа за изградба на другите индустрии.На 7 тер


високо развиени земји отпаѓа 70% од светското
производство(Сад,германија,јапонија,британија,фтранција,швајцарија,итаслија).
.Електротехничката индустрија влегува во пропулзивните,научно интензивни
,технички гранки.главно се произведуваат: електронски потсистеми,полупроводници,
интегрални кола, микропроцесори,
електр уреди: компјутери, нумерички контролни апарати, електр опрема за машини и
возила и др.Најголеми извозници се:јапонија, САД, Германија, Франција, холандија,
ВБританија.

24. Објасни ја улогата и развојот на индустријата за текстил и текстилни центри во


светот?

Една од најстарите индустриски гранки,започнува со производство на волна и памук,a


денес со синтетички производи.Во најразвијаните земји висока потрошувачка и
достигнување високи стандарди.Текстилни
центри:ЕУ,САД;Јапонија,Британија,италија.Со порастот на населението се очекува и
раст на оваа индустрија.

25. Објасни ја улогата на автомобилската индустрија и најголемите производствени


региони?

Автомобилската индустрија е каментемелника за целокупната индустрија.Нјаголеми


производствени региони.:Западна Европа,Јапонија,Сад.
Економска Географија 2 колоквиум

1. Објасни за условите во светската трговија со земјоделско производствп

2. Објасни за пченицата – кoмерциjални прoизвoдни региoни и главни снабдувачи на


светскиoт пазар!

Пченицата е со најдолга трговска традиција.комерцијални производствени региони


се:Сад,кина ,Еу,Индија,русија,Канада,Австралија,Украина,Аргентина.Главни извозници
се:САд,Еу,Канада,Австралија,Аргентина.

3. Објасни за производство на пченка и просторната организациjа на светскиот пазар

-Според засеаните површини и приноси е една од водечките житни култури.Пченката е


американска култура па и затоа тие се најголеми производители и
снабдувачи на св пазар. За исхрана во голем бр земји: Мексико, Шпанија, Романија и во многу
африкански земји. Како добиточна храна и суровина за добивање: скроб, алкохол, масло и
др.Најголеми производители се:Сад,Кина,Еу,Бразил,Мексико,Аргентина,Индија.

4. Објасни за просторна организација и производство на оризот на светскиот пазар?

- Типична култура на монсунските подрачја. Повеќе од половината на св население го


употребува како лебно жито. За разлика од монсунскиот регион каде се ангажира големараб
рака во САД пр-вото е целосно механизирано.NНајмногу се произведува
во:Кина,Индија,иноднезија,виетнам,Бангладеш,Тајван одр.

5. Објасни за маслодаjни растениjа – производствени региони и по видови маслодајни


растенија?

-кокосовата палма-најдобра суровина за масло,влажни и тропски


предели(Индонезија,филчипни,Индија,Шри ланка идр.)

-Маслодајна-Африканска палма- Се добиваат два вида комерцијално масло, од надворешниот


мек плод и кернал-масло од палмовото јадро.Нигерија, Конго,Габон,Заир, Ангола
- Сојата го држи првото место од сите масла. По потекло е од Кина. Поизводители Индија,
Индонезија, Тајланд, Кореа, Јапонија

- Маслинка-Медитеранска култура, влегува во редот на најквалитетни масла, на пиринејскиот


и Апенинскиот полуостров,Франција, Грција,Кипар, Турција

- Кикирики- соја и палми се трите најважни масла во св пр-во. Главна храна во Афрка и Азија.

6. Објасни за памук - комерциjални производствени региони и светска трговија со памук.

4 памукопроизводствени подрачја:

1) САД,-Ново Мексико, Аризона, Тексас.


2) Индиско-пакистанскиот потконтинент, Индија висорамн Декан, Пакистан-
Пенџап,Синду
3) Јужна Кина,околу ¼ од светското производство
4) Русија, Јужна Украина, Узбекистан и Туркменистан
Извозници на памук: САД, Узбекистан, Австралија,Парагвај, Аргентина, Шри Ланка
Грција, Египет

7. Објасни за тутунот и четирите главни тутунопроизводствени региони вп светот


. Се одгледува од 60˚сев.г.шир. – 40˚јужна г.ширина,огромен пораст во производствотоод
3,6 мил.т. 1960год на 6 мил. т.2002год .Постојат 4 главни региони:Кина,Сад,Индија,Бразил.

8. Каква е улогата на тутунот во стопанството на Република Македониjа

Една од најважните стоп. активности: околу 250.000 лица вклучени во пр-ството, со 6,4%
учествува во вк.извоз, и 5,8% во формирање на национал.доход. Со околу 250.000т.суров
тутун влегува во редот на 7те најголеми производители на ориентален тип на тутун во светот.

9. Каква е просторната организациjа на производство на тутун и тутунопроизводните региони


во Република Македпнија?

- Прилепскиот и Битолскиот регион остваруваат 50% од вк пр-во, типот Јака,


 Кумановскиот регион-типот Отља и Џебел,
 Велешкиот и тиквешкиот регион,
 Проблеми: Недостаток на финанс средства за откуп
на тутунот.

10. Кои се наjголеми светски производители и потрошувачи на кафе и просторна


организација на неговото производство

- Земјите од Јужна и средна Америка остваруваат 3/5 од вк пр-во на кафе. Само Бразил во
2001 остварил1/4 од свпр-во-25,3%.
- Потоа во екваторијална Африка-Етиопија, Уганда, Кенија,
Мадагаскар, Ангола, Брегот на слонова коска, Камерун.
- Јужна и Југоисточна Арабија- Виетнам, Индија и
филипините
Најголеми светски производители:-Бразил,Колумбија,Оае,Индонезија,Брег на слонова
коска,Гватемала,Уганда,Мексико,Индија,Ел салвадор.

Најголеми светски потрошувачи по


жител
:Финска,Данска,Шведска,Норвешка,Холандија,Австрија,швајцарија,германија,франција,сад.

11. Објасни за светското производство на чаj, видови на чаеви , кои се најголеми потрошувачи
и производители?

Според бројот на потрошувачи го надминува кафето, --Традиционален напиток на најгусто


населените земји. Се одгледува од бреговите
на Црно Море се до Натал во Јуж.Африка и Јуж.и Источ. Азија. Комерцијално произодствово:
западна Грузија, Турција, Иран, Аргентина, Бразил и Перу.:Најголем потрошувач е Велика
британија.Најголеми производители се:Индија,кина,Шри
ланка,индонезија,.Русија,јапонија,бангладеш.

12.- Кои се главни производствени и потрошувачки региони на агруми во светот

Земјите од Медитеранот се главни производители и извозници на агруми, со околу


1/5 од св пр-во. Шпанија остварува 22% од првото во регионот. Шпанија најголем извозник на
портокали (областа Мурсија и Валенсија). Италија со областите Калабрија и Сицилија,
Италија и Грција се најголеми производители на лимон.90%. Потоа се Франција, Израел,
Грција,
Кипар, Турција, Алжир, Мароко.
 Надвор од Медитеранот, главни производители
на агруми се:
 1- Бразил, 31% во св. Пр-во,
 2- САД, со 16,2% во светското произ-во
 3- Кина, пр-во на агруми колку цела Европа

13. Пбјасни за овоштарството и комерцијални овоштарски региони вп светот.????????????

14. Кои се производствени региони на грозjе и производители на вино во светот

-Се потпираат цели економии на оваа дејност. Има долга традиција и е синоним
на голем број земји од медитеранот: Италија, Франција, Шпанија, Португалија, Алжир, Грција,
Кипар..Се произведува на 35˚и 45˚геогр.широчина на обете полутопки. Најголеми
производители на вино
се:Франција,Италија,Шпанија,Португалија,аргентина,Сад,русија,Германија,романија,Јужна
Африка,Австралија.

15. Објасни за производството и проблемите при пласманот на грозjе и вино во Република


Македониjа?

-Поволните природни услови и специфичности на местото му даваат посебно место во


стопанството во целина. Лозарството доаѓа веднаш по тутунот и преработки од тутун.
Регионите: Тиквеш, Велешката котлина, Гевгелисковаландовската. Смедеревка, Кратошија и
Вранец, Извозно ориентирано производство но, како рефус што е негативно.Проблеми при
пласман :интерен карактер(Извоз на наливно вино,анонимноста,сортиментот,примен на
маркетинг и промоција,квалитетна и атрактивна амбалажа,високи производствени трошоци.)
Проблеми од екстерен карактер(Протекциоонизмот што го спроведува Еу кон другите
земји,Вишоци на вино во светот во одделни години)

16. Објасни за сточарството во светското стопанство и меѓдународната трговија

Економските аспекти на сточарството– многу и брзи промени во структурата и динамиката на


движењето на добиточниот фонд, особено зголемен број на говедата и свињите

говедарство и трговија со месо(Говедарството поради високиот степен на урбанизација


насочување на говедарството за производство на млеко, млечни производи и месо.
Најголема концентрација на говеда во: САД, Бразил, Кина,Аргентина, Франција, Германија.
Најпогоден комерцијален однос: Уругвај-300грла на 100жители, Парагвај 273/100ж).

Овчарството и производство на волна (Овчарството во насока на добивање поголеми


количини
мерино волна. Постоење на селекциони станици како во Рамбуе Франција. Силна
конкуренција
на квалитетна волна од Океанија, Нов Зеланд и Австралија. НајголемиПрозиводители на
волна-Австралија,Нов Зеланд,кина,Аргентина,Јужна Африка.
Свињарство - Скоро 2/5 во св трговија со месо учествува свинското месо. За период од 40 год
светското пр-во пораснало скоро 80% грла добиток. Поради традиција и религија во некои
региони – Сев.Африка се до Филипините, воопшто не се одгледуваат свињите. Селектирани 4
региони :Кина,Сад,Бразил и мексико,Европа заедно со русија,украина,белорусија.

17. Објасни за условите во сточарството во Република Македониjа?

-Во структурата на добиточниот фонд доминира овчарството, близу¾, 73,9%, како


полуномадски и екстензивен вид, а говеда и свињие мн мало- 10,9% во 2001год
 Проблеми со откупот и пласман на јагниња, дестимулативни цении др. Слабости.
 Развојот на овчарството обезбедува комбинирано пр-во, млеко,месо и волна, за разлика од
др земји каде има само месо или само волна.
 Во пр-во на говадата доминира сортата ,,бушата,, со мала млечност помала од
1.500л/годишно, што е индикатор за заостанатоста на нашето сточарство.
 И живинарството се соочува со намалено производство, порадинедостиг на храна и високи
цени на концентрат, а ниски цени на јајцата како и увоз на јајца и месо

18. Објасни за риболовот и комерциjални риболовни подрачjа во светот.

Во комерцијалниот риболов нашле примена повеќе научно –техн достигнувања-


специјализирани пловни објекти, целосна механизација на уловот и преработка на рибата и
компјутеризација.
 Брзиот пораст на цената на рибата го стимулира пазарот.
 Изменетата структура на исхраната на населението- барање поздрава храна.
 Производството бара развој и на други индустриски гранки – конзервната, пр-во на масло,
рибино брашно и др.
Просторите со комерцијален улов се наоѓаат меѓу 45 и 65 степен сев геогр широчина.
Атлантикот и Пацификот. Таму се судираат топлата Голфска и студената Лабрадорска струја
на Атланскиот океан, струите Курашио и Ојашио во Тихиот океан кои носат материјали погодни
за
мрестење на рибите.

19. Објасни за ресурсите на дрво и експлоатација на дрвните производи на светскиот пазар.

- Од комерцијален аспект најважни се еднородните дрва – бор, ела, смрека,Скандинавските


земји, сибирската тајга во Русија до Канада и САД. Овде се остварува најголемото пр-во на
бичена граѓа,целулоза, хартија. Екваторијалните и тропски шуми се протегаат по сливното
подрачје на Амазон и Ориноко, познати како Селваси и Љаноси, Средноамериканските
држави, Југоист,Азија,
Сев.Австралија,Нова Гвинеја.- Екваторијалните и тропски шуми имаат ретки и скапоцени дрва:
махагоново, тиково, сандалово, камфорово, кининово, абонос и др. Иако ги има многу но се
без
поголемо комерц. значење – макиите, калифоорниските хапарали, чилеанските еспинали,
австралиските скрајаби, најчесто се со деградирани шуми. Од поголемо значење се
чемпресот, кедерот, и плутата кои се протегаат на Медитеранот, САД, јужна Австралија,
Африка и Чиле.

Бичена граѓа, Светското пр-во на бичена граѓа се движи 450-500 милиони т3. Со 1/5 од вк пр-во
е САД, а заедно со Канада имаат 1/3,Потоа е Русија со 14%, па Шведска, Германија, Франција.
Со меко дрво се познати Јапонија, Кина, Р.Кореа, А со тврдо и тропско дрво се: Бразил, Индија,
Малезија, Индонезија. Во АфрикаНигерија, Ј.Африка, Брегот на сл коска, Гана, Камерун...
Дрвни плочи – штици. Италија – земја со доста развиена дрвна индустрија, Бенелукс,
Шпанија,Полска.Слично на Италија е и Јапонија која е на 3 место пр-вово светот главно преку
увозна сировина. Дрвни производи. САД, Канада и Германија-најголеми пр-тели. Хартија –
САД, Јапонија, Канада, Русија, Германија. ¾ од св трговија отпаѓа на мекото дрво.Главни
извозници се: ЕУ, Канада, Русија. Перспективите на ресурсите на дрво – песимистички и
оптимистички. Денес, - неконтролирана експлоатација на шумите на тврдо дрво

20. Објасни за железничкиот транспорт во светот и условите за неговото одвивање

- Учеството постојано се намалува и е конкуриран од патниот сообраќај, Сепак е


најекономичен за масовен превоз. Од неговата појава 1825год.Територијалната разместеност
е крајно нерамномерна. Близу ¾ се во земјите во Зап Европа и Сев Америка. Условено од
стопанската развиеност но и од други неекономски фактори: стратешки, политички, прир
ресурси-руди, дрво, јаглен., густина на население и сл. Запад Европските земји со најголема
густина, Белгија -117км на 1000км2, В. Британија – 134,8км, Франција 96км,Во Русија најгуста-
Европскиотдел. Трансконтинентална жел магистрала по која течат стоп врски со Далечниот
Исток е дел од интерконтиненталната магистрала која поаѓа од Лисабон (од Атланскиот океан)
па се до Владивосток на Пацификот. Транссибирската - дел од оваа магистрала С.Америка -
САД и Канада имаат неколку трансконтинентални жел линии. Крајниот североисточен дел на
САД има најгуста жел мрежа во светот. Ј. Америка има само 2 трансконт.жел линии.- стопански
врски меѓу Атланскиот и Тихоокеанските брегови. И двете поаѓаат од Буенос Аирес до
Валпарајзо и до
Антофогоста во Чиле. Африка и Австралија имаат само по 1 трансконт. линија. ( Бемгуела-
Ангола до Беира, Мозамбик и од Сиднеј, Мелбурн и Аделаида до Перт).

21. Објасни за условите во поморскиот собраќаj и главни поморски магистрали

Има оредени предности во однос на др сообракај за долги релации: нема огрничување, нема
граници, осум пати е поевтин од железничкиот сообр, 26 пати поевтин од патниот.
 На овој сообраќај се граделе економиите на голем бр земји
како: ВБританија, Јапонија, Холандија, Норвешка, Данска,
Шпанија, Португалија, Грција.
Постојан пораст на поморската трговска флота во светот.

Во светот постојат околу 200 пристаништа за поморски сообраќај. опаѓање на


танкерскиот транспорт од повеќе причини: хаварии, изградба
нафтоводи хаварии,изградба нафтоводи, нови појави извори на
нафта на Аљаска, Сев Море и сл

СЕВЕРНИОТ ДЕЛ НА АНТАРКТИКОТ - поврзуваат две најразвиени подрачја САД и


Канада. и земјите на ЕУ, посебно се истакнуваат САД, Канада, Белгија, Холандија,
Франција ВБританија, Данска ,Новрешка.

се надоврзува МЕДИТЕРАНСКАТА магистрала која тече преку


Суецкиот канал –
Црвеното море – Сингапур., еден крак оди за Далечниот исток а друг
за Австралија.
Ова е всушност стариот стратегискиимперијален пат на Британија
утврден преку
многу пунктови: Гибралтар, Малта, Кипар, Суец, Аден, Сејшелдските
и Малдивските
острови, што водел кон Индија, Далечен исток и Австралија.

-Помеѓу Сев Америка и Европа со Ј. Америка преку водите на Јужниот Атлантик се доста долги
3.000-10.000км. Преку нив течат дистрибутивните канали за кафе,шеќер, банани, жито, месо,
волна, со Бразил, Аргентина, Венецуела, Уругвај.

-Учеството на ПАЦИФИКОТ - доста помал - само 20%. Но со развојот на Азискитетигри- Р Кореа


и Тајван, водите на пацификот добиваат повеќе на значење. Извозот на суриовини од
Австралија и Нов Зеланд. Меѓу Јапонските пристаништа и САД и Канада - влијае на
зголемување на прометот овде.

ИНДИСКИОТ ОКЕАН – само 5% учество, Индонезија и Малезија со околу 180 мил тони нето
утовар-растовар. Индија со околу 50 мил тони, Пакистан, 25 мил тони итн

Поморски трг. ПАТ ОКОЛУ АФРИКА, ПРЕКУ Р.тот Добра Надеж се дели на два крака– Дал.
Исток, другиот за Австралија. Има изгубено во своето значење. Оттука поаѓаат големи извозни
канали за железен концентрат, бакар, боксит, вино, главно за пазарите во Европа но и за други
региони
22. Објасни за патниот промет во светот

-Особено расте- и е во основата на прометот на најголем број земји. Се нарекува сообраќај од


врата до врата. Може и да се комбинира и со дрвидови сообраќај преку т.н. контејнери. Се
проценува дека денес има околу 18 милиони км патна мрежа. ½ се на Европа и С. Америка.
Нерамномерна разместеност на патн.мрежа - зависи од екон и полит состојби. Нерамномерна
разместеност и на возниот парк, Најмногу раст бројот на автомобили по 1985г. Потоа, се
комерцијалните возила. Близу ½ од изминати патн км отпаѓаат на Јапонија, Кина, Индија,
Русија и Украина. Иако САД располага најмногу со автомобили сепак нема поминати многу
патнички км. Во прометот на стоки се: САД, Русија Кина Канада Индија и Бразил имаат 4/5 од
вкупно поминати т/км

23. Oбјасни ги условите и новиот развој на воздушниот собраќаj

Иако основата на сообраќајот лежи на копнениот и водниот, воздушниот има свои предности –
брзина на совладување големи далечини. Има големи фиксни трошоци и затоа најмногу е
свртен кон превоз на патници и поштенски пратки. Се користи и за превоз на:техника, машини,
електроопрема, Има околу 5.000 аеродроми нерамномерно разместени во светот. 1300 во
САД, 600 во Зап Европа, Ги има во А Б Ц и О категории во зависност од должината на пистата и
опременоста на аеродромот. Денес има 400 аеродроми кои примаат год промет од 100.000
до 1 милион патници., 100 од 1- 10 милиони, а неколку десетина аеродроми повеќе од 10
милиони патн/год. 4 се во САД: Њујорк, Чикаго, Лос Анџелес и Сан Франциско. Линијата на
САД: Сан Франциско – Њујорк – Лондон – Дубаи - Калкута- Сингапур - Манила – Токио –
Хонолулу – С.Франциско

24. Кoи се oснoвни карактеристики на туризмoт и туристичкиoт прoмет вп светoт

Една од најсложените, најдинамичните и најкомплексните економски и социопросторни


појави. На голем број земји се заснива развојот на целата економија како: Шпанија, Франција,
Португалија, Грција, Италија, Израел, Малта, Киушар,Тунис и др. За само 40 год бројот
натуристи пораснал за 10 пати. 700.милионi туристи денерс како бројка. Под туризам се
подразбира патување и престој на некое место за одмор,рекреација лекување,
научни,културни, спортски, политички и дрсобири. Туризмот е збир на односи и појави кои
произлегуваат од патувањето и престојот на посетителите на некое место, ако со тој престој не
се заснова постојано живеалиште и ако со него не е сврзано вршење на некоја стопанаска
дејност. Видови на туризам: здравствен, летовалишен, забавен, шпосета на култисториски
споменици и места, спортски и др. Според местото на одвивање: планински, езерски,
приморски, речен,селски... Според временскиот престој: викенд, сезонски, вонсезонски.
Домашен , странски пограничен туризам и сл Туризмот како сложена стопанска, општествена
и просторна појава има позитивни и негативни економски и неекономски импликации.
Позитивни: поттикнува стопанска активност- развој нa земјоделството, прехранбената
индустрија, трговијата, градежништвото и порастот на вработеноста. Во 2005 год 338 милиони
лица се вработени или живеат од туризмот. - значаен прилив на девизи и позитивни влијае на
платниот биланс на земјата , - има силно влијание на сообраќајната отвореност на земјите и
нивната целокупна инфраструктура. Преголемата концентрација на туристи бара поголема
грижа за зачувување на природната средина
25.Кои се факторите за развoj на туризмoт.

Фактори се активности од страна на општ заедница, организирано делување врз масовноста,


интензитетот, и правците на туристич движења. Значајни 3 групи на фактори:

1 - фактори на турист понуда – рецептивни фактори,

2 - фактори на турист побарувачка

3 - посреднички фактори – туристички агенции

1- се квалитетот на туристичките ресурси – тие се делат на : - атрактивни или привлечни /геогр


услови или оние што ги создал човекот/, - комуникативни или прометни,- Рецептивни или
сместувачки.

2- место на живеење на туристите или емитивните места на туристи, -социопсихолошките


одлики на личноста, културата, традицијата, модата, престижот.

3- ТурАгенции водени кон желбата за профит може да водат политика спротивна од целите на
државната економска политика.

You might also like