You are on page 1of 1

Историски развој на стопанството на просторот во Р.

Македонија

Развојот на стопанството во Р.Македонија го карактеризираат неколку историски


развојни периоди и тоа : првиот период е до почетокот на втората светска војна, вториот е
по завршувањето на втората светска војна и третиот е периодот на развој на стопанството
во самостојна и суверена Р.Македонија.
- Во периодот на развој на стопанството до почетокот на втората светска војна
главни стопански гранки во Македонија како дел на федерацијата Југославија
биле примарните дејности како што се: пољоделството, сточарството и
шумарството, помалку застапено било производното занаетчиство, а сето тоа
се одвивало на стар примитивен и екстензивен начин.
- По завршување на втората светска војна во РМ биле унапредени постојните и
се развиле нови стопански гранки особено од секундарните дејности како што
се: рударство, индустрија, градежништво и енергетика, а исто така почнале да
се развиваат сообраќајот, трговијата, угостителството и туризмот.
- Во третиот период односно во периодот на осамостојувањето на РМ како
независна држава стопанството се наоѓа во состојба на транзиција (промена)
која сеуште трае односно тоа е период на менување на сопственичката
структура на претпријатијата, фирмите тнр. „Приватизација“, кога главни
сопственици на фирмите постанаа поранешните директори. Поради тоа многу
фирми на стопанството се затворија со објаснување дека има превработеност
во фирмите, а работниците останаа без работа прогласени како технолошки
вишок. Во последно време во стопанството на РМ влегува странски капитал
односно странски инвестиции при што се отворија повеќе индустриски
капацитети каде се вработија голем број работници, во тек е изградба на
патишта, а се произведуваат и квалитетени земјоделски производи. Во
последниве години големо внимание се посветува на развојот на енергетиката,
компјутерската технологија, здравството, туризмот и сл. но сега РМ се соочува
со друг неизвесен проблем поврзан со големата емиграција на населението
надвор од нашата држава и појавата на неодстаток на работна сила скоро во
сите дејности.

Прашања за домашна работа:

1. На кои историски периоди се дели развојот на стопанството во РМ?


2. Кои стопански гранки се развивале во периодот пред војната?
3. Кои стопански гранки се развивале во периодот помеѓу војните?
4. Кои стопански гранки се најзначајни во денешно време?

You might also like