You are on page 1of 16

ЕНЕРГЕТСКА СТРАТЕГИЈА НА РУСИЈА ЗА 21 ВЕК

Енергетската стратегија на Русија во новиот милениум е фокусирана на


постсоветскиот геополитички простор и позициите на Русија во поглед на
дистрибуцијата на основните енергенси на различни пазари во постсоветските
републики,Југоисточна Европа и Кина.Во последните неколку години,Русија
бележи економско закрепнување и зголемување на животниот стандард.Кога
станува збор за постсоветските републики,во тој регион,Русија ја користи
енергијата како политичко средство,во ЈИЕ настојува да стане доминантен
дистрибутер на енеренси,додека во Кина отвара нови енергетски пазари.
МОЌТА НА РУСКАТА НАФТА И ПРИРОДЕН ГАС
Територијалните проширувања на Руската Империја на почетокот на 19 век на
подрачјето на Баку и Кавказ се поврзани со развојот на руската нафтна
индустрија,т.е периодот кога биле освоени значајни нафтни наоѓалишта.
Руската нафта зазема посебно место на светскиот пазар заради нејзиниот квалитет.
Русија располага со повеќе видови нафта:”уралс” која е смеса од тешка
високосулфурна нафта од Урал и Поволожје и лесна западно сибирска нафта.Уралс
се извезува преку пристаништето во Новоросијек и преку системот на нафтоводи
Дружба.Покрај уралс,застапени се и други видови нафта како
ребеко,сокол,сибиријан лајт и бент која е тип на нискосулфурна нафта која се
добива во Северното море.
За потенцијалната опасност по американската безбедност, од растечко
производство на нафта,говори Мајкл Меконел,кој предупредува дека Русија,Кина и
земјите на ОПЕК имаат силен потенцијал да ја искористат моќта на нафтните
богатства за да вршат политички притисоци.
Од аспект на природниот гас,во Русија се наоѓаат околу 1/3 од вкупните резерви на
природен гас т.е околу 28%,додека 16% се наоѓаат во Иран и 15% во Катар.
Она што може да се закчучи е дека докажаните и др резерви на природен гас
можат да ги задоволат внатрешните потреби на Русија за околу 100 години,на Иран
за 277,а за Катар дури 680 години.
РУСИЈА ВО ПОСТСОВЕТСКИОТ ГЕОПОЛИТИЧКИ ПРОСТОР
Одлуката на Горбачов за крај на Советскиот Сојуз во 1991 година претставуваше
пресвртница во Руската историја.Лидерите на Белорусија,Руската Федерација и
Украина во Минск потпишуваат договор за создавање Заедница на независни
држави,како наследник на СССР,меѓутоа,со не доволно дефинирани цели.
Иако основната цел на хартија била да се намалат последиците од распадот на
претходната држава и да се унапредат меѓусебните односи на поранешните
советски републики,но сепак голем дел од аналитичарите сметале дека
формирањето на ЗНД,всушност е обид на Русија да воспостави повторна контрола
над поранешните републики.Биле потпишани многубројни договори за заедничка
соработка во полето на економијата,одбраната,надворешната политика итн.
По распадот на СССР може да се увиде постојаниот контра однос на
Русија,наспрема пораниешните држави на СССР.Така на пример,во
Молдавија,Русија ја подржува Придњестровската Република т.е самопрогласена
република,со руско мнозинство.
Слична состојба има и во Унгарија,со фокус на областа Крим,која била населена со
руско население.Во односите Украина-Русија,главен проблем претставувала т.н
портокалова револуција.Сепак,на изборите од 2010,ставен е крај на портокаловата
револуција,со што , на власт доаѓа прорускиот кандидат Јанукович.Во тоа време,
Унгарија била поделена на украинци од западните области кои сакале зближување
со Европа и руси од источните и јужни предели кои имаат симпатии кон Москва.
Со симнувањето на Јанукович од власт,2014,доаѓа до кулминација на овие
односи,но не на долг период,бидејќи Москва како одговор на таквата состојба,
испраќа воени сили на Крим.
Односите на Москва со Грузија,исто така се доста сложени.Првата криза со Москва
се појавила заради малата автономна грузиска република
Аџарија.Понатаму,состојбите кулминираат во 2008,со вооружените конфликти во
Јужна Осетија каде Русија испраќа сопствени воени сили заради заштита на
цивилното население во кое доминирале Русите.Конфликтот завршува со
распоредување на руски сили во овие автономни републики како гарант на мирот
во тој регион.
Комплексни биле и односите со Казахстан,особено заради фактот дека руското
население,во времето на советската епоха,го исгубило статусот во Казахстан,и
почнало масовно да се иселува од таа земјаПроблемите произглегле поради
причината што казахстанските власти не сакале да го признаат двонационалниот
карактер на земјата.
Русија во периодот на владеење на Борис Јелцин
Периодот на владење со Борис Јелцин се карктеризира со постепено опаѓање на
руската воена моќ,тешка економска криза во која бруто општествениот производ
опаѓа за 40%,галопирачка инфлација и застарена производна технологија.Како
резултат на овие случувања,Русија запаѓа во политичка криза.
Како една од најголемите грешки во кариерата на Јелцин се смета одлагањето на
политичката реформа во Русија.Во периодот на 1995,Русија поминува низ тивка,но
јасна промена.
На претседателските избори 1996,Јелцин е повторно избран за
претседател,благодарение на финансиската поддршка од група олигарси кои се
збогатиле во првите години од распадот на СССР.Тие одржувале блиски односи со
Јелцин и ја поседувале половина Русија.Меѓу нив биле Борис Берзовски,генерален
секретар на ЗНД,Михаил Ходорковски(банката Манатеп),Александар
Смоленски(Столичниј),Михаил Фридман и Петар Авен(Алфа банка),Владимир
Потатин(Онексим) и Владимир Гусински(Мост банка).
Крајот на вториот мандат на Јелцин,се карактеризира со т.н војна на банкарите кои
на крај успеваат во целост да ја приватизираат руската политика.
Пресврт се случува 1999,кога Јелцин поднесува оставка и на власт доаѓа премиерот
Владимир Путин.Путин дава предност на централизацијата и авторитарниот начин
на однесување.Тој застанува решително на патот на силните олигарси кои не му
покажувале благонаклонетост и на тој начин Путин ја ограничува слободата,
новинарите се соочуваат со автоцензура,додека независните медиуми почнале
пополека да се маргинализираат.
Во поглед на односите со САД,особено по 11/09,јасна е желбата за помош на САД
во борбата против меѓународниот тероризам.Во односите со Европа,Путин го
развива енергетското партнерство.На тој начин Русија станува прв снабдувач на
Европската Унија со природен гас.Потпишани се и неколку блатерални договори со
Велика Британија,Германија,Франција и Италија.Во периодот 2002-2004 се
создала оската Берлин-Париз-Москва која се спротиставувала на Војната во Ирак.
Иако односите со Кина заради грижата на Москва од демографскиот притисок на
Кина спрема Сибир биле сложени,сепак тие соработувале на полето на
стабилизирање на Централна Азија.
Кога станува збор за Индија,рускиот воено-индустриски комплекс има значителен
пласман на индискиот пазар.Путин покажува отвореност кон муслиманскиот
свет,развивајќи билатерални односи,особено со Иран кој се наоѓа на посебно
место.Русија исто така гради и нуклеарна централа во Иран.
Москва создава трговски односи со Турција,која ја снабдува со природен гас,со
Малезија на која и продава авиони ловци и со Саудиска Аабија,со која планира да
соработува во енергетскиот сектор.
На тој начин Путин на почетокот на 21 век,става посебен акцент на доминацијата
на руската економска дипломатија.
ЕНЕРГЕТСКА СТРАТЕГИЈА НА РУСИЈА ЗА ПЕРИОДОТ ОД 2020 ДО 2030
Имајки го во предвид фактот дека Русија е земја,богата со енергетски
ресурси,нејзините позиции се поставени во неколку документи.
Во 2003 усвоен е документот Енергетска стратегија на Русија за периодот до 2020
година.Овој документи ги маркира Европа и Азија како примарен пазар за руската
надворешна енергетска политика која наведува дека заедничката енергетска
политика и транспорт,како и енергетската инфраструктура во регионите на Европа
и Азија,можат да се вбројат во стратешките руски интереси.
Во ноемврси 2009 година,донесена е нова Енергетска стратегија на Русија за
периодот до 2030 година,во која се унапредуваат целите од новата стратегија и се
земаат во предвид новите трендови кои го засегаат развојот на рускиот енергетски
сектор.Значајни промени се воочени во цената на чинење на нафтата на светскиот
пазар,поради што прогнозите во стратегијата од 2003 стануваат неостварливи.За
тоа говори фактот дека цената на нафтата од 27 долари во 2000 година,пораснала
на 94 долари во 2008.Битен факт било и тоа што потребата за извозот на
енергетски ресурси пораснала за 16 пати повеќе.Во оваа стратегија се истакнува и
дека Русија настојува да ја прошири својата енергетска дипломатија и кон исток,со
што ке се здобие со поцврсти позиции во европскиот регион.
БАЛТИЧКИТЕ ДРЖАВИ,БЕЛОРУСИЈА,УКРАИНА и ГРУЗИЈА
Русија на балтичкиот пазар на енергенси настапува како монополистичка сила без
конкуренција.Во Литванија рускиот Холдинг Јукос ја поседува рефинеријата
Мажеики нафта,која зафаќа 10% од БДП на Литванија.Од др страна Газпром
поседува 16% од литванската компанија за природен гас-Литувос дујос.
Од големо значење е проектот познат како Северен поток,кој е планиран да
поминува по дното на Балтичкото море,заобиколувајќи ги балтичките држави и
ускратувајќи им ги економските благодети во ситуација кога гасоводот би
поминувал преку нивната територија.Проектот наидува на силни критики од страна
на литванските политичари кои сметаат дека проектот Северен поток се повеќе ја
турка Литванија да се чувствува како должник на Русија.
Во 2004 година,Литванија заедно со Полска и Данска го предлага проектот Амбер,
кој ке чини 30% поефтино од Северниот поток и кој е планиран да поминува низ 3
Балтички држави и Полска.
Дел од балтичките држави се целосно зависни од рускиот природен гас.Оттука
постојат неколку причини за енергетска небезбедност на балтичките држави:
-Во секторот за снабдување со природен гас,Газпром има вертикален монопол на
пазарот на балтичките држави,па оттука,снабдувањето со природен гас може да
биде ограничено или запрено или цената на гасот може да се зголеми во било кое
време.На тој начин,Москва може да создаде политички или економски притисок и
да ги казнува ,,непослушните држави,,.
-Во секторот на електричната енергија балтичките држави се интегрирани во
руската енергетска мрежа,што значи дека во случај на краткотрајни дефицитарни
периоди можат да се потпрат само на една опција-руските електрични услуги.
-Во нафтениот сектор исто така се зависни од Русија,со оглед на фактот што овие
држави поседуваат лимитирани локални нафтени ресурси.
Руското присуство на економски план во Белорусија и Украина е доста изразено.
Се претпоставува дека околу 60% од украинските претпријатија се приватизирани
со руски капитал.Од 6 главни рафинерии во Украина,четири се под целосна
контрола на руските гиганти ТНК-БП и Лукоил.Украина купува 80% од својот
природен гас,2/3 од нафтата и 100% од нуклеарното гориво од Русија.
Таквата зависност доведе до конфликт во 2006 години,кога Москва без никаква
најава ги зголеми цените на природниот гас со кој се снабдува Украина.Во тој
период Украина не била во состојба да ја плати цената на природниот гас од 230
долари за 1000м3,која ја побарувал Газпром.Со тоа Москва била обвинета за
осветнички потези за случајот портокалова револуција.
Во Белорусија таа зависност била уште поголема,со оглед на фактот дека целата
белоруска индустрија работи за рускиот пазар.
Грузија претставува држава од исклучително значење со оглед на нејзиниот
карактер како транзитна држава низ која протекуваат енергенси кон Турција.
Во тој домен,цевководот Баку-Тбилиси-Чејхан е од исклучително геополитичко
значење.
Од др страна,за Русија контролата над Грузија и на цевководот е од исклучително
значење во поглед на зголемувањето на енергетската зависност на Европа од
Русија.Во Грузија,Москва одлучува да го прости енергетскиот долг на својот
поранешен ,,вазал,, , а за возврат,рускиот енергетски гигант РАО ЕЕС да ја преземе
контролата над хидроелектраната Раздан во Ерменија.Нафтената компанија
Лукоил е присутна во Азербејџан,а големо влијание на рускиот капитал е присутно
и во Казахстан,особено во енергетскиот и рударски сектор.
РУСКАТА ЕНЕРГЕТСКА ГЕОПОЛИТИКА ВО ЈИЕ
Политичкото влијание на Русија во регионот на ЈИЕ произлегува од повеќе причини
Прво,заради привилегираната положба на Русија како постојана членка на Советот
за безбедност на ООН.
Вториот столб претставува историската,културната и политичка поврзаност на
Русија со народите и државите од ЈИЕ кои имаат православни корени.Русија на
Балканот има две постојани сојузнички,Србија и Црна Гора.Москва очекува таквиот
однос да продолжи и со оние држави од ЈИЕ кои се веќе членки на НАТО и ЕУ.
Третиот столб,кој има значајно влијание во регионот на Западен Балкан,е
растечкото економско влијание на Русија.
Поради ширењето на американското влијание,Русија чувствув опасност да биде
постепено потисната од подрачјето на ЈИЕ.
Во последниот период,државите од ЈИЕ,добиваат нова карактеристика како
простор низ кој се протегаат транзитните коридори на природен гас поддржани и
финансирани од енергетските гиганти како што се:Русија,САД и ЕУ.
Русија и Газпром склучуваат индивидуални договори со земјите од ЈИЕ,со цел
зајакнување на нивната позиција во тој регион.
Генерално гледано,руската енергетска стратегија се темели врз принципите на
одржување контрола над централноазиските ресурси,како и производство и
транзит на енергијата,што е можно подолго,и стекнување удел во
инфраструктурата и енергетските компании во Европа.
Во 1996 година Русија прави конкретни чекори за редефинирање на партнерството
со државите од Балканот,првенствено со Србија.Истата година е потпишан
документ за формирање руско-српска компанија,Југоросгас.Во 2006 Србија го
понудила своето учество во проектот Јужен поток.
Гасовод Јужен Поток
Гасоводот Јужен Поток е современа етапа на руската енергетска политика и
инволвирањето во балканскиот регион.Гасоводот е промовиран како руско-
италијански проект на Газпром и ЕНИ.Првенствено било предвидено да
профункционира во 2013 година,меѓутоа тоа постојано се одложувало.
Јужниот поток,првобитно требало да изнесува 30 милјарди кубни метри природен
гас од Русија и Централна Азија во ЈИЕ.Во 2009,предвидениот проток е зголемен на
47 милјарди м3.
Цевководот започнува во јужната руска област Краснодар и завршува во
Бургас,поминувајќи 900 км по дното на Црното Море на длабочина од 2000м.
Северниот крак би требало да се гради од Бугарија,Србија,Унгарија и Словенија до
северна Италија и да ја снабдува со гас западна и централна Европа.
Јужниот крај би требало да води од Бугарија и Грција,преку Јонското море до
јужната италијанска област,Апулија.Овој крак е добра можност за приклучување на
Македонија и Албанија.РМ во 2013 год потпишала договор за приклучување кон
проектот.
Основните стратегиски приоритети на руско-бугарското партнерство може да се
согледат преку:потпишаниот руско-бугаркски договор за проектот Јужен поток во
2008,понатаму кредитот од 3,8 милјарди евра од Путин,за изградба на нуклеарната
централа Белане и договорот руската компанија Атомстројекспорт да ја изгради
истата.
Евидентно е и стратегиското партнерство меѓу Грција и Русија ако се знае дека
Грција увезува 2/3 од сопствените потреби за гас од Русија и за нејзината
партиципација во нафтоводот Бургас-Александропулос.
Детерминирањето на еден крак од проектот Јужен поток низ Србија било јасен
сигнал за намерите на Русија во ЈИЕ.Било утврдено дека доколку се изгради Јужен
поток,Србија од увозник на природен гас,ке прерасне во важна алатка во ланецот
на транспорт на централноазиската и руска нафта и природен гас во ЕУ.
На 9 септември е ратификуван Енергетскиот договор со Русија,со важност од 30
години,со кој на Газпром му е овозможено да купи 51% од државната
компанија ,,Нафтна индустрија на Србија,, а за возврат руската компанија дала
правна необврзувачка изјава дека ке го изгради Јужниот поток и дека ке изгради
подземен склад во Србија.
Премиерите на Русија и Италија,Путин и Берлускони на 15 мај 2009 конечно го
потпишале Договорот за изградба на Јужен поток.Тука се можни пречки
предизвикани од 2 круцијални моменти:
Првиот момент се однесува на фактот што светската економска криза во голема
мера ја погодила и Русија т.е со намалувањето на цените на светскиот пазар,се
намалени и приходите од извозот на енергија,со што се загрозува можноста
Газпром самостојно или преку кредити да финансира нови проекти.
Вториот момент се однесува на фактот што расположливата количина на
природниот гас може да биде недоволна затоа што се смета на опаѓање на руското
производство.
Она што може да се заклучи е дека руската стратегија се обидуа да обезбеди
трајно политичко влијание во ЈИЕ преку подобрување на сопствената енергетска
безбедност.
РУСИЈА И КИНА НА ПОЛЕТО НА ЕНЕРГЕТСКАТА БЕЗБЕДНОСТ
Руските интереси во Кина,се темелат на нивните геополитички и економски цели,
регионлниот развој во глобалната економија и трендовите во меѓународниот
систем на снабдување со енергенси.Тоа значи дека Русија е заинтересирана за
диверзификација на извозот на енергенси и е насочена кон повеќе перспективниот
и динамичен азиско-пацифички пазар,првенствено Кина и Кореја.
Целта на Русија е да обезбеди долгорочни гаранции за купување сурова нафта,
деривати и природен гас,да учествува во управувањето,транзитот,транспортот и
дистрибуцијата на истите и да учествува во приходите од продажбата на истите.
Во моментот,Западен Сибир е клучен регион на Русија,во кој се произведува околу
70% од руската нафта и преку 90% од природниот гас.
Русија извезувала во Кина нешто повеќе од 20 милиони тони нафта и нафтени
деривати,воглавно преку железницата низ Манџурија,како и пеку Казахстан и
пристанишатата на Далечниот Исток.Се претпоставувало дека до 2020 година овој
извоз би можел да достигне до 70/80 милиони тони.
Русија е во состојба целосно да ја исклучи Европа од снабдувачкиот процес и
целосно да се насочи кон исток.Новиот нафтовод на Русија и овозможува
транспорт на 1/3 од нафтата за извоз.
Покрај нафтата,Русија на Кина ке и испорачува и природен гас,со што се
овозможува целосна енергетска соработка.Сепак,цената која Русија може да ја
постигне во Кина за природниот гас е далеку помала од онаа доколку гасот се
испорачува во Европа т.е ако цената на гасот за европјаните изнесува 300 долари
за илјада кубни метри,во Кина таа не би можела да помине преку 150 долари.
Јакнењето на руско-кинеското партнерство е сериозна закана на американските
интереси имајки го во предвид фактот дека Кина е втора најголема
економија,најбројна нација и голем потрошувач на нафта и природен гас.
РУСИЈА И АРКТИКОТ
Енергетската стратегија на Русија-2030 го потенцира рускиот зголемен интерес за
истражување и развој на арктичките јаглеводородни ресурси.Најголемиот дел
прогнози се поклопуваат на тоа дека регионот на Арктикот е богат со нафта и
природен гас.Исто така,се потенцира дека Русија ке ја одигра главната улога во
нивната експолатација.
Западниот дел од арктичка Русија се смета за една од најзначајнире регии во
развојот на искористувањето на нафтата и природниот гас.Се проценува дека таа
регија содржи 8,2 милјарди тони јаглеводороди.Значителни количини на нафта и
природен гас веке се откриени во Баренцовото,Печора и Кара морињата како и во
Тман-Печора басенот.Помали количества нафта и природен гас се откриени и во
копнениот дел на територијата во близина на Беринговото море,но поради
климатските услови,ова подрачје сеуште не е целосно истражено.
Согласно Конвенцијата на ООН за правото на морето, петте држави Русија,САД,
Канада,Норвешка и Данска имаат право на ексклузивна економска зона до 200
милји надвор од сопственото крајбрежје.
Полемиките околу правниот статус на Арктикот постојано се повторуваат и сеуште
е знак прашалник како и на кој начин ке се решат сите недоразбирања околу
Арктикот.
ЕНЕРГЕТСКА ИНФРАСТРУКТУРА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
Енергетската структура на РМ овозможува експолатација на домашната примарна
енергија,увоз и извоз на примарна енергија,преработка на примарната енергија и
производство на финална енергија,транспорт и дистрибуција на енергијата.
Согласно Стратегијата за енергетика на РМ,енергетската структура на РМ ја
сочинуваат:секторите за јаглен,електроенергетскиот секто,секторот за нафта и
нафтени продукти,за природен гас и секторот за производство на топлина.
СЕКТОР ЗА ЈАГЛЕН
Од фосилните горива,лигнитот претставува нискокалоричен јаглен со кој располага
и кој се експлоатира во РМ,сите останати видови се обезбедуваат преку увоз.
Според намената,постојаните копови на јаглен се делат на 2 групи:
-Рудници за производство на јаглен за термоенетгетски цели кои се во државна
сопственост во склоп на АД ЕЛЕМ на Македонија и
-Рудници за производство на јаглен за широка потрошувачка кои се експлоатираат
од концесионери.
Површинскиот коп Суводол е најзначајниот рудник за јаглен во РМ,кој од 1982
година,континуирано ги снабдува ТЕ Битола со јаглен.Годишното производство на
јаглен во рудникот Суводол се движи од 6 до 7 милиони тони.
Повшинскиот коп БРИК Берово се наоѓа во близина на градот Берово.Вклупните
експлоатациони резерви на лигнит се проценуваат на приближно 1 милион тони.
Површинскиот коп Дримкол-лигнити е лоциран западно во близина на Глобочица.
Годишната експолатација е речиси идентична со БРИК Берово и се движи во
границите од 40 до 70 тони јаглен.
ЕЛЕКТРО-ЕНЕРГЕТСКИ СИСТЕМ НА РМ
Насочен е кон производство,снабдување,пренос и дистрибуција на електрична
енергија.Структурарта на електро-енергетскиот систем на РМ ја сочинуваат:
хидроелектрани со вкупна инсталирана моќност од 581 МW,термоелектрани на
лигнит и на мазут моќност од 1010 МW и преносен и дистрибутивен систем на
ел.енергија.
Стопанисувањето со ел.енергетскиот систем на РМ го вршат четири субјекти:
-АД ЕЛЕМ-Скопје,во државна сопственост,акционерско друштво за производство и
снабдување на електрична енергија;
-АД МЕПСО-Скопје,во државна сопственост,оператор на електро преносниот
систем на Македонија,акционерско друштво за пренос на ел,енергија и
управување со електроенергетскиот систем на РМ;
-Дистрибутивната компанија ЕВН;
-АД ТЕЦ-Неготино,во држана сопственост,акционерско друштво за производство
на ел.енергија.
Акционерското друштво ЕЛЕМ во својот состав ги има големите
хидроелектрани(Вруток,Тиквеш,Глабочица,Шпиље,Козјак,Св.Петка,Равен и
Врбен) и термоелектрани(Битола и Осломеј).РМ и денес како и во 1990 располага
со речиси истите електроенергетски капацитети.Она на што треба да бидеме
насочени е ревитализација на постојаните или нивна замена со поефикасни и нови
капацитети.
АД МЕПСО во својот состав го опфаќа и диспечерскиот систем.Преносната мрежа
во РМ која е во состав на МЕПСО се состои од далноводи со напонско ниво од
400kV,220kV и 110kV.
Со поврзувањето на новите 400kV далноводи со Грција и Бугарија,РМ ја подобри
својата поврзаност во регионалниот ел,енергески систем,а се смета дека е
потребно поврзување и со Србија и Албанија и дополнителна врска со Косово.
ЕВН е компанија за дистрибуција,управување со дистрибутивниот систем и
снабдување за тарифните потрошувачи со ел. енергија.ЕВН поседува 11 мали
хидроцентрали и речиси половина од државата се снабдува со ел. енергија преку
ЕВН.
Единствената ТЕ на мазут во Македонија во Неготино е пуштена во работа 1978,а
по 2006 профункционира како посебен субјект во ЕЕС на РМ.Овој производен
капацитет работи на мазут,за што постои транспортна железничка инфраструктура.
Моќноста на овој капацитет изнесува 210 МW,со можност да работи со еден или
два котли.Меѓутоа ТЕ Неготино мн малку се користеше изминатиот период,па
оттука,потребна е реконструкција која ке овозможи поголема флексибилност.
СЕКТОР ЗА НАФТА И НАФТЕНИ ПРОДУКТИ
Во рамките на овој сектор се врши увоз и извоз на сурова нафта и нафтени
продукти,преработка на сурова нафта,производство на биогориво и дистрибуција и
продажба на нафтени продукти.
Од витално значење е рафинеријата ОКТА,изградена 1980 година која се состои од
акции на инвеститорот EL.P.ET Balkanika и Р.Грција.
Окта рафинеријата произведува:
-безоловен моторен бензин со 95 октани-Еуро V;
-безоловен моторен бензин со 98 октани-Еуро V;
-оловен моторен бензин со 96 октани;
-дизелно гориво со 50 ррм сулфур-ЕУРО IV;
-дизелно гориво со 10 ррм сулфур-EУРО V;
-гориво за млазни мотори ЈЕТ А-1;
-течен нафтен гас ТНГ-мешавина пропан-бутан гас и комерцијален бутан.
Во поглед на бензинските пумпи,во тој период работеле околу 260 бензински
станици.Доминантен по бројот на бенз. Станици како и по обемот на продажба е
Макпетрол.Следат ОКТА,Лукоил и др бензински станици кои зафаќаат околу 38%
од вкупниот број.Поголем број од нив се концентрирани во Скопје и поголемите
градови како Тетово и Куманово.
Компаниите кои поседуваат бенз станици,покрај основната дејност да продаваат
гориво на своите бенз станици се јавуваат и како трговци на големо,односно дел
од набавенит течни горива не ги продаваат преку станиците туку директвно до
финалните потррошувачи.Главни такви компании за продажба на големо се
:ОКТА,Макпетрол и Лукоил.
Рафинеријата за производство на биодизел е во сопственост на Макпетрол и има
капацитет од 30000 тони годипно.
СЕКТОР ЗА ПРИРОДЕН ГАС
Во секторот за природен гас се врши преност,дистрибуција и продажба на
природен гас.Македонија нема сопствени наоѓалишта на природен гас и
целокупното количество природен гас се увезува од Русија преку меѓународниот
коридор 8 кој поминува низ Украина,Молдавија,Романија и
Бугарија.Магистралниот гасовод влегува во РМ кај граничниот премин Деве Баир
на границата со Бугарија и се протега преку Крива Паланка,Кратово и Куманово до
Скопје во должина од 98км.
Користењето на природен гас во РМ започна во октомври 1997 година.
Оперирањето со преносната мрежа го има АД Гама,која е акционерско друштво
составено од 2 акционери,едниот е државата,а другиот Макпетрол со 50% од
акциите.
СЕКТОР ЗА ПРОИЗВОДСТВО НА ТОПЛИНА
Топлината се произведува во топлани(55%),индивидуални котларници,кои
прозиведуваат топлина за сопствени потреби(37%) и во когенеративни постројки за
производство на толина и ел енергија за сопствени потреби(8%).
Најголем топлификационен систем е оној со кој оперира Топлификација АД во кои
се пприклучени околу 550МВ.Топлификациониот систем на град Скопје датира од
1965 година.Услугата за греење се плаќа врз основа на измерената испорачана
енергија на влез на објектот.
Во системот на АД Топлификација-Скопје до 2012 година функционираа 4 топлани
распоредени на различни локации во градот:топлана исток,топлана запад,топлана
11-октомври и топлана скопје север.
Втор значаен топлификационен систем е ЕЛЕМ со парни котли со вкупна моќност
од 96МВ.Како гориво се користи природниот гас.
Со право за дистрибуција на топлина во 2012 година се стекна и Балкан Енерџи
ДООЕЛ Скопје,кога добива лиценца за вршење на енергетска дејност-дистрибуција
на топлинска енергија на подрачјето на градот Скопје,т.е на делови од подрачјата
на општините:Аеродром,дел од Гази Баба,Ѓорче Петров,Карпош,Кисела
Вода,Центар и Чаир.
ОБНОВЛИВИ ИЗВОРИ НА ЕНЕРГИЈА
Од обновливите извори на енергија во РМ се користат пред се:хидроенергијата за
производство на ел енергија,биомасата во домаќинствата,геотермалната енергија
во најголем дел за затоплување на оранжериите и во скромен износ сончевата
енергија во домаќинствата и ветерната енергија.
Хидроенергијата и гидроенергетските потенцијали во РМ се користат преку
изградените 7 големи хидроелектрани:Врбен,Вруток и Равен кои го сочинуваат
Мавровскиот хидроенергетски систем,Глабочица и Шпиље заедно со Охридското
Езеро како акумулација,прават целина на Црн Дрим и Козјак,Св Петка и Матка кои
се наоѓаат на реката Треска.
Биомасата има значајно место во енергетскиот баланс на РМ и истата е особено
затапена во домаќинствата.Од вкупната биомаса која се користи за енергетски
потреби,дрвото и дрвениот јаглен заземаат 80%.Во РМ се користи и дел од
гранките од виновата лоза,оризови лушпи и гранки од овошни дрвја за енергетски
цели но голем дел отпаѓа и на ѓубрива,сточна храна и за добиање целулоза.
Вкупната дрвна маса изнесува 74 милиони м3,од кои 90% се во сопственост на
државата,а 10% се приватизирани.
Биогоривата исто заземаат удел во обновливите извори на енергија.Првата
фабрика за биодизел гориво во РМ е отворен 2007 и е во сопственост на
Макпетрол.
Искористувањето на геотермалната енергија во РМ се сведува повеќе на локално
ниво.Територијата на РМ има 18 геотермални полиња со повеќе од 50 геотермални
извори и дупнатини.Користењето на термални води во РМ се состои од неколку
геотермални проекти и бањи.
Сончевата енергија во РМ се користи на симболично ниво,претежно за загревање
на водата во домаќинствата.Заради пазарната цена на ел енергија,тие стануваат се
поатрактивни,па така било планирано до 2020 година изградба на сончева
електрана со термална технологија.
Ветерната енергија е доста актуелна проблематика.Во РМ,во 2013 година
започнала изградбата на првиот парк на ветерни електрани
,,Богданци,,.Предвидени биле 16 ветерници со височина од 84м,и производство на
100 гигават часови ел енергија.
БРУТО-ПРИМАРНО ПРОИЗВОДСТВО ПО ВИДОВИ ЕНЕРГИЈА ВО РМ-
Во последната деценија се движи праволиниски,без некоја значајна
промена.Најголемото учество во бруто-примарното прозиводство имаат цврстите
горива,т.е лигнитот.Како нов енергент кој се јавува во 2007 е биодизелот,а во 2010
за првпат има назначително производство на соларна ел енергија произведена во
фотоволтаични централи.
Нето-увозот е разлика меѓу увозот и извозот на енергентите во и од
земјата.Негативни вредности се сречаваат во 2010.
Енергетската зависност се пресметува како однос меѓу нето-увозот на енергија и
вкупно потребната енергија.Таа го мери степенот на зависност на земјата од увоз
за да ги задоволи своите енергетски потреби.
EНЕРГЕТСКАТА БЕЗБЕДНОСТ ВО РМ:СОСТОЈБИ И ПРЕДИЗВИЦИ
РМ како земја лоцирана во централниот дел на Балканскиот полуостров,е
претежно зависна од увоз во однос на електричната енергија.
Состојбата во РМ се отсликува преку следново:
РМ како енергетски увозна земја е безбедносно зависна земја во однос на
стабилноста на својот електро-енергетски систем,а оттука и во однос на
сопствената национална безбедност.
Исто така,немаме пристап до нафтени наоѓалишта и извори на природен гас така
што повеќе од јасно е дека овие енергенси може само да ги увезува и да се
прилагодува,без посебно влијание на светските трендови во одлучувањето.
Што се однесува до производството на ел енергија,клучни фактори се јагленот и
водениот потенцијал.Во тој дел може да се забележи повеќедецениски застој т.е
состојбата во поглед на ХЕ е речиси иста како во 1990 кога биле изградени и
пуштени во употреба најголем дел од постојаните капацитети.
Клучен фактор за таков застој биле како осамостојувањето на РМ,така и слабиот
финансиски потенцијал и малата заинтересираност на странските инвеститори.
Тероризмот се истакнува како еден од најголемите безбедносни ризици и
предизвици од аспект на безбедноста на националната и регионалната енергетска
инфраструктура.Овој факт не ја одминува и РМ.
Последниве случувања во изминатите 10тина години на релација Русија-Украина-
ЕУ во поглед на транспортот на рускиот гас,јасно укажуваат на потенцијалните
можности на енергетските ресурси да се претворат во моќно орудие за
остварување одредени политички цели и економски притисоци.
Во РМ,во 2001 како акт на терористички чин биле затворени вентилите на
Липковската брана,со што градот Куманово беше оставен без питка вода подолг
временски период.
Она што може да се заклучи е дека главната цел на оние објекти кои располагаат
со енергетски ресурси е манифестација на моќ и притисоци за остварување
политички или економски цели.РМ треба да обрне повеќе внимание на принципот
на диверсификација на енергетските капацитети и енергетските потенцијали.
ДИВЕРЗИФИКАЦИЈА НА ЕНЕРГЕТСКИТЕ ПОТЕНЦИјАЛИ И РЕСУРСИ ВО РМ
Овој принцип се однесува на способноста за поседување различни капацитети за
производство на енергија во сите нејзини форми како и способност за
искористувње што е можно повеќе видови енергетски ресурси.
Она што е карактеристично е дека во РМ основни ресурси се јагленот и водениот
потенцијал.Најголемиот производител на ел енергија во РМ е РЕК Битола,но од др
страна факт е дека резервите на јаглен се повеќе се намалуваат како квантитативно
така и квалитативно.
Водениот потенцијал е 2риот извор на енергија,но исто така треба да се знае дека
тој е зависен од хидрологијата и временските прилики.
Она што може да се констатира е дека многу тешко може да се задовори овој
принцип во РМ ,се додека не се преземат соодветни мерки,активности и начини,со
цел да се одржи енергетската безбедност на државата.
Она на што треба да се стави акцент е развојот на новата технологија,што е
возможно и доста исплатливо ,особено кога факт е дека во нашата земја во повеќе
од половина година преовладуваат сончеви денови,па така може да се искористи
сончевиот потенцијал за производство на ел енергија.
Исто така треба повеке да се поработи и на прашањето за регионална соработка на
полето на енергетиката,во поглед на изградба на нуклеарна централа со заедничка
инвестиција.Сепак,изградбата на нуклеарни централи,како прашање на глобално
ниво,е чуствителна тема,имајки ги во предвид катастрофалните последици од
Чернобил,кои се почуствуваа во голема мера и во ЈИЕ.
Во Стратегијата за развој на рнегетскиот сектор, се потенцира дека за да се
обезбедат доволни количини електрична енергија и топлина за периодот 2020-
2030,неопходна е нуклеарна опција за земјата.Исто така,како дополнителни
капацитети за производство на ел енергија за 2020-2030, се потенцирани 2 ТЕ на
лигнит,Маврово и Неготино, со моќност од по 300 МВ и со максимално годишно
производство од по околу 2000ГВЧ,нуклеарна електрана со моќност од 1000 МВ и
максимално производство од околу 7500 ГВЧ и една ХЕ(Велес) со моќност од
89МВ.
Она што може да се заклучи од сценариото на стратегијата за развој,е дека со
нуклеарната централа може да се задоволи принципот на диверзификација,а со
тоа и поголема сигурност во снабдувањето со електрична енергија.Оттука,околу
42% од ел енергија би можела да се произведува од нуклеарната електрана,22% од
Комбинираните електрани на природен гас и по 18% од термоелектраните на
лигнит и обновливите извори на енергија.
ЕНЕРГЕТСКАТА БЕЗБЕДНОСТ ВО РМ:НАСОКИ ЗА ОСТВАРУВАЊЕ НА КОНЦЕПТОТ
Постојат повеке насоки кои ке придонесат позитивно за остварување на концептот
на енергетска безбедност:
-Отстранување на основните,утврдени аномалии на сегашниот електроенергетски
систем на РМ,а наспроти тоа повеке да се посветиме кон модернизација и
придржување и следење на новите трендови;
-Намалување на високите загуби на електрична енергија,било да се комерцијални
или технички,бидејки загубите и кражбите на енергија го оптоваруваат системот и
водат кон нерационално исцрпување на енергетските ресурси;
-Подобрување на инфраструктурата за производство,дистрибуција и увоз на
различни видови енергенси од еколошки,економски и технички
аспект.Оттука,доколку во РМ се забрзат започнатите проекти за гасификација,тогаш
граѓаните и економските оператоти ке се соочат со повеќе бенифити;
-Преземање мерки во насока на разбивање на монополите во одредени
енергетски сектори со можност за остварување економска придобивка преку
можностите за различна пазарна понуда и развој на конкуренција;
-Целосно разграничување на производството,дистрибуцијата и преносот на
енергија во сите енергетски сектори;
-Регионална соработка во изградбата на заеднички производствени капацитети
кои би го решиле проблемот пред се со снабдување со ел енергија на балканските
држави,каде ситуацијата е речиси секаде слична.
-РМ е потребно целосно да се посвети кон искористување на обновливите извори
за производство на ел енергија,посебно сонцето и ветерот;
-Потребен е и посеопфатен пристап во анализата и користењето на сите капацитети
за изградба на нуклеарна централа; и
-Пристапување кон постепена замена на ел енергија со природен гас,која ке
претставува важна економска и еколошка придобивка.
МАКЕДОНИЈА И ГАСОВОДИТЕ НА БАЛКАНОТ КАКО ПРЕДУСЛОВ ЗА ЕНЕРГЕТСКА
БЕЗБЕДНОСТ
Иако во последната деценија постојано се планира нафтовод кој треба да
пренесува нафта од Црното Море,преку РМ кон јадранскиот брег во Албанија,
сеуште во РМ егзистира само еден нафтовод од Солун до Скопје.Од друга страна
доминантни се размислувањата за посериозно искористување на обновливите
извори на енергија,но сепак тоа е повеќе застапено кај приватниот сектор со
акцент на соларната енергија.
Во поглед на природниот гас,РМ за разлика од др соседни држави не успеа да
обезбеди врска со главните цевководи или да сттане една од транзитните држави
на природен гас.Најконкретни преговори за транзитирање на природниот гас низ
РМ е гасоводот ТАП.Гасоводот бил планиран да помине преку Делчево,Прилеп,
Струга,со должина од 200км.Основниот бенифит на РМ од овој гасовод бил
отварање на нови работни места,бенифит од наплатата на транзитна такса за
гасоводот,нови инвесттиции вклучувајки и мрежа од регионални гасоводи и
намалување на цената на гасот.
Кога станува збор за развојните проекти на ЕУ,Македонија е оценета како трета во
регионот.Основните насоки на РМ во поглед на развојот на секторот на
природниот гас се индиректно поврзување на Македонија со главните гасоводи во
регионот,отпочнување на процесот на гасификација на државата и користење на
природниот гас за производство на ел енергија.Во таа насока,значајни се неколку
проекти:
-Изградба на крак од гасоводот Скопје-Тетово како алка која недостасува во
регионалниот проект за Гасниот прстен на територијата на РМ.
-Изградба на гасоводен крак од Петрич до Струмица како дел од постоечкиот
гасовод Софија-Петрич кој користи како извор руски природен гас.Овој проект е од
големо значење за поширокиот проект околу Струмица,Гевгелија и Дојран.Исто
така овој проект ке и овозможи на РМ поврзување со гасоводите ТГИ и ТАП.
-Изградба на крак од гасовод кој ке ги поврзе Клечовце-Велес-Штип-Неготино,како
значаен проект за внатрешната гасификација на Македонија.

You might also like