You are on page 1of 71

Ѓурѓе Бошковиќ

АРХИТЕКТУРАТА НА СРЕДНИОТ ВЕК

(ПРЕВОД НА ОДДЕЛНИ ПОГЛАВЈА)

Превод: Студенти од Архитектонски факултет – Скопје


IV сем. 2012/13 г.
Корекција: Доц. д-р Елизабета Касапова - предметен наставник
Александра Алексовска, д.и.а. - надворешен соработник
Борка Стрезовска, д.и.а. - надворешен соработник

(ЗА ИНТЕРНА УПОТРЕБА НА


АРХИТЕКТОНСКИ ФАКУЛТЕТ – СКОПЈЕ)
ВОВЕД

Архитектонски стилови

Проучувањето на историскиот развој на архитектурата, па според тоа и архитекту-


рата на средниот век, претставува сложен процес кој бара истовремен пристап од различ-
ни страни. Во различни епохи, на различни места, архитектурата, под одредени, многу
сложени материјани и историски услови, се формира во одредени стилски архитектонски
и урбани целини.
Оттука се доаѓа до погрешен заклучок дека архитектонските стилови се карактери-
зираат само по декоративните елементи. Архитектонските стилови и разните школи кои
ги претставуваат се определени од целокупниот склоп на поединечни градби, просторни
решенија, основи, конформацијата на фасадите, а во врска со ова и декоративните детали.
Просторните решенија, а до некаде и фасадите, зависат од една страна од намената на
објектот, односно од неговата функција, а од друга страна од нивниот конструктивен
склоп.
Декоративните елементи, а делумно и конформацијата на фасадите зависат од
целта која сакате да се постигне, т.е. повторно од намената, потоа од материјалите од кои
се направени, како и од вкусот на средината во кои се појавуваат.
Да ги анализираме овие основни фактори.
Употребната намена може да биде од станбен, административен, репрезентати-
вен, воен или верски карактер. Во класно општество, намената зависи од тоа за која
општествена сила е врзана. Склопот на самото општество пак, непосредно е врзан со
производната сила, односно од продукциските капацитети кои во одредена епоха се јаву-
ваат на одредена територија, односно од економскиот статус врз кое ова општество се
заснова, подлога која главно и самата се заснова на степенот на кој се наоѓа техниката на
производство.
Конструктивниот склоп на објектот зависи добар дел од начинот на кој е изграде-
на конструкцијата и со која градбата е покриена. Овде разликуваме два различни системи:
1. греден архитравен систем, од дрва или долги камени блокови - во поново време и од
метал или армиран бетон - кај кого оптеретувањата делуваат вертикално со што се одреду-
ва бројот на континуирани носечки ѕидови или самостојни темели, односно столбови; и
2. своден систем од помали камени блокови или тула, кај кои се појавуваат странични
потисоци, кои бараат појачување на различни начини, било од носиви ѕидови и самостојни
потпирачи, било нивно неутрализирање со странични потисоци во спротивна насока, а тоа
може да се постигне со разни комбинации на сводови и лакови, од што пак произлегуваат
нови просторни решенија.
Кои од овие два система ќе се употреби зависи од материјалот со кој се располага,
односно дали се има при рака само дрво, тули или ќерпич или пак само камен погоден за
градење во големи блокови или мали теснини со долги блокови, или пак можеби комбина-
ција. Но покрај материјалот кој се наоѓа на самото место, постои и можност за носење на
материјал од друго место. Кој материјал од овие ќе биде употребен, односно кој ќе биде
увезен зависи од тоа за кого е наменет објектот. Како пак ќе биде употребен, односно
обработен, дали каменот ќе биде тесен, а долг - погоден за архитравна конструкција или
пак само во помали делови погоден за сводови, зависи и од степенот на застапеност на тоа
подрачје во одредена епоха, градежните техники, потребното време за изградба и местото
за изградба.
Анализата на употребната намена и користењето на материјалот во просторното
решение, основата и конструкцијата, останува исто и води кон исти резултати кога стану-

  2
ва збор и за декорацијата, само што овде материјалот може да биде далеку поразноврсен.
Каков и да бил видот, - мозаик, фреска, скулптура итн. деталот секогаш имал за цел да ни
соопшти нешто. Тоа што тој соопштувал било одраз на свеста на луѓето во таа епоха, при
што се појавува уште и вкусот на средината за која деталот е наменет и во која се јавува.
Ќе можеме ли со нејзината анализа да дојдеме до некакви резултати? Не. - Свеста и вку-
сот, општиот општествен вкус, за разлика од личниот, индивидуалниот (за кој овде не
може повеќе да биде кажано), се само деловите на општествената култура надградени во
одредено време, кое почивa на иста материјална подлога.
Би било, се разбира, и премногу механички да тврдиме дека економската база един-
ствено и исклучиво ги определува разните архитектонски сфаќања. Тука има и други мно-
губројни, различни компоненти, кои едновремено, комплексно, заеднички делуваат. Веќе
нешто спомнавме за материјалот и техниката. Во обзир доаѓаат и подрачјето, географската
положба, врските од различен карактер (бизнис, политички, верски, културни, војни), со
други поблиски или подалечни подрачја, традиција, односно архитектонско наследство
итн. Овие врски доведуваат до меѓусебни влијанија (акција и реакција) кои понекогаш мо-
жат да бидат и многу живи и за кои мора да се има претпоставка, при што никако не смее
да се заборави на креативната улога на средината во која и за која се гради. Сосема при-
родно, бидејќи таа креативна сила се добива пред се од онаа општествена подлога која
останува примарна, а чие дејство останатите услови можат само да го дополнат или моди-
фицираат, притоа не менувајќи му го основниот карактер.
Кога е веќе така, ќе ни биде далеку полесно да ги одредиме причините кои довеле
до појава на поединечни стилови во разни уметности, па и во архитектурата, како и нивно-
то времетраење. Често до сега се случувало времетраењето на еден стил да се обележува
од еден одреден историски датум до некој друг, или уште полошо, механички се опреде-
лувало по вековите - архитектурата на 19 век, или 13 век итн. Овие поделби го шематизи-
раат развојот и во голем број на случаеви не одговараат на стварноста.
Поединечни епохи во уметноста немаат, а не ни можат да имаат, точно фиксирани
граници; а уште помалку можат механички да се поклопуваат со вековите, кои се само
наше мерило за време, и како такви не можат да го ограничуваат историскиот процес кој
се развива во нив. Еден архитектонски стил секогаш се развива паралелно, или со извесни
мали или поголеми задоцнувања, со зајакнувањето на оние општествени сили кои го
носат. Во даден момент, тогаш кога квантитативното натрупување на неговите каракте-
ристични елементи е целосно завршено, тој наеднаш, добива и свои потполно нови квали-
тативни вредности. По завршеното еволутивно созревање, тој се гаси подлежувајќи на
борби со нови сфаќања, тогаш кога неговите застарени облици ќе дојдат во спротивност
со новата содржина. Тоа се случува главно паралелно со слабеењето на оние сили кои го
носат, и појавата на историската сцена на другите, нови сили, кои во општествениот по-
редок, културата и уметноста внесуваат нови стремежи. Се случува и еден стил да исчезне
и пред овие сили да успеат да оформат коренити промени во економската подлога, или,
извесно време да трае и после извршената преобразба, благодарејќи на фактот дека
општествените сили кои до тука го носеле не се во потполност исчезнати. Оттука помеѓу
поединечни стилови се појавуваат транзиторни, преодни епохи, со кратки или долги
траења.

Примитивна христијанска заедница

Првобитното христијанство многу бргу ги зафатило скоро сите краеви на Римската


империја, а особено самиот Рим. Тоа воопшто не треба да нe зачудува. Мора да се има
предвид дека тоа успеало да ги формулира стремежите на обесправените работнички маси
на своето време, на степенот на кој тогаш се наоѓале.

  3
Но, скоро од самиот зачеток, тоа во себе носи извесни спротивности коишто ја
разјадуваат неговата моќ.
Кај него несомнено постои една револуционерна компонента. Тоа е првенствено
големиот отпор кон империјалистичката политика на Рим и неговата колонијална експло-
атација на поробените народи, којшто се манифестира особено во еден од најстарите хрис-
тијански списи, Апокалипсата. Рим, т.е. Римската империја, во овој мистично-бунтовни-
чки текст се нарекува Втор Вавилон, на чија сметка се упатуваат и овие заканувачки збо-
рови: „Платeте како што и таа ви плаќа вам, и подајте и двојно онолку според нејзините
дела: со која чаша да ве зафати, зафатите по два пати толку”. А Јован Крстител, кому гла-
вата не му била отсечена само заради хирот на Салома, во исто време грми, целејќи на
Рим и на оние кои соработуваат со Рим: „Веќе стои секира кај корените на дрвјата, а секое
дрво кое не раѓа добар род се сече и се фрла в оган”.
Но, тоа не е сẻ. Според евангелистите, кои ги формираат основите на христијанското
учење, Исус, без разлика на тоа дали бил историска личност или не, се обидува да ги при-
добие за себе првенствено сиромашните. Во еден момент тој дури им довикнува: „Немојте
да мислите дека сум дошол да донесам мир на земјата; не сум дошол да донесам мир, туку
меч”. Според евангелистите, тој знае дека општествените спротивставености се појавуваат
и како последица на натрупувањето на приватната сопственост. Затоа и ги истерува тргов-
ците од храмот, ја раскажува параболата за сиромашниот Лазар и богаташот и вели:
„Полесно му е на конецот да помине низ иглени уши отколку на богаташот да влезе во
царството небесно”. Тој бара да се пуштат осудените од затворите, а во тоа време, тоа го
знаеме од текстовите на пророците, луѓето биле најмногу затворани поради долгови. Нај-
после, кога во еден момент кажува за себе дека е син божји, тоа навистина наведува на
помислата дека имал намера да се прогласи за владетел, бидејќи одамна на Истокот, во
Месопотамија и Египет, а подоцна и во Рим, робовладетелската класа проповедала дека
царевите имаат божествено потекло. Поради тоа и Римјаните му ставиле на крстот „цар
јудејски”, поради тоа и фарисеите, односно еврејското побогато граѓанство, се откажале
од него и им го предале на Римјаните, бидејќи за нив бил премногу опасен затоа што се
потпирал на масите на кои им ветувал класна еднаквост. Вистина е дека таа еднаквост им
ја ветувал не во просперитет, туку во сиромаштија, што секако било предизвикано од
нискиот степен на кој тогаш се наоѓале производните сили, но и тоа за класниот, робовла-
детелски поредок бил предзнак за можноста за негото уништување. Исусовите следбеници
набргу заедно основаат „цркви”, што значи заедници, општествени заедници, во кои се
живее заеднички живот, навистина не на основа на колективно производство, туку на
основа на колективна исхрана, со воведување на заеднички јадења, наречени „аgapae”.
Но, христијанството, освен овие, за своето време револуционерни црти, носи со себе
и многу опортунистички одлики, кои таа револуционерност целосно ја разводниле. Тоа
прво во целина не сфатило дека преобразбите какви што ги проповедало можат да се
извршат само со борба. Оформено на идеалистички основи, со господ-дух кој за 6 дена го
создава материјалниот свет, тоа тој идеализам го спровело и во гледањето на општестве-
ните проблеми. Оттука проповедта за класен мир и оние апатични неборбености, со позна-
тите зборови: „кој тебе со камен, ти него со леб”.
Овој опортунизам во голем дел е последица и факт дека многу припадници на робо-
владетелската класа, и несвесно чувствувајќи ја вистината која подоцна ја открил Маркс,
„дека теоријата станува материјална сила штом ќе завладее со масите”, приоѓаат на хрис-
тијанското движење за да го искористат политички, внесувајќи ги така во неговиот стре-
меж и своите опортунистички идеи. Таквата поларизација на првобитната христијанска
идеологија најпосле довела до вештиот политички потег на Константин Велики, фатален
по нејзината револуционерност: во 313 година, христијанството не само што е легализира-
но, туку е и прогласено како државна религија. Оттогаш тоа сẻ повеќе и повеќе добива
религиозен, догматски вид. На црквата и се дадени големи привилегии и големи имоти, а
  4
црквените великодостојници, оние кои во свои раце ги држеле конците на црковните орга-
низации, се привлечени во соработка со властодршците. Во самата црква, која дотогаш ги
застапувала интересите на широките народни маси, тогаш доаѓа до постепено диференци-
рање: високото свештенство соработува со властодршците на одржување на постоечкиот
општествен систем, понекогаш борејќи се со нив за економска и политичка превласт,
додека еден дел од пониското свештенство и понатаму продолжува да ги застапува и
брани интересите на народот.
Фактот дека црквата добила големи имоти условила со потреба за организација на
производството на нив на масовна основа. Тоа всушност бил основниот повод за органи-
зирање на манастирите. Така поедини примитивни христијански заедници се претворуваат
во работнички групи со чија работа, првенствено се користи повисокото свештенство.
Големиот број на постојани, доверливи работници, кои по манастирите живеат заеднички,
така наречен општествен живот, црквата ги регрутира помеѓу сиромашните и верските фа-
натици. За својата работа, тие добивале валкана постела и слаба исхрана, да не ги спомну-
ваме долгите постови и спиење на рогозина, со камен под глава „да се наплатат гревовите“
додека целото свое слободно време морале да го поминуваат на молитва во црква, со што
им се одземала можноста за размислување за тоа колку биле експлоатирани. Целибат,
односно спречување на основање на семејство кај монасите, е всушност последица на теж-
неењето манастирските добра да останат недопрени. Подоцна, во текот на средниот век,
со сè посилното зголемување на манастирските добра, односите во нив во многу нешта се
менуваат. Имотите ги обработуваат селаните на кметовите, поврзани за земјата, а калуѓе-
рите се претвараат постепено од работници, во организатори на производството и
надзорници.
Од таму не само цркoвната организација, туку и самото христијанство во потпол-
ност го менува својот карактер. Од социјално движење кои првобитно ги застапувало
интересите на обесправените маси тие во новите, феудално општествени односи ќе станат
носители на феудалната идеологија, ветувајќи, за утеха, на експлатираните награда и
еднаквост на оној свет. При сето тоа црквата, која станала главен носител на наследството
на античката култура и писменост, во овој период одигрува, сепак и извесна позитивна
улога, која подоцна ќе ја изгуби кога ќе се појави како препрека на слободарските аспира-
ции на младото, тогаш напредно граѓанство. Од друга страна гледаме како буржоазијата,
денеска, во својата декадентна фаза, повторно се враќа на црквата, особено во католичката
црква, како природен сојузник за постигнување на потполно одредени, политички цели.

Западниот феудализам

Промената на античкиот општествен систем во западниот дел на Римската импери-


ја, која христијанството не успеало да ја изврши одвнатре, забрзана е, однадвор, со навала-
та на германските и словенските племиња од североисток. Римската војска, составена и
самата во добар дел од варварски наемници, бидејќи властите не смееле да се потпрат на
обесправениот народ, пружале многу слаб отпор на воинствените варварски дружини жел-
ни за земја и ограбување. Западно-римскиот државен и административен апарат, во втора-
та половина на 5-тиот век во потполност е разбиен, а германите тогаш, и во текот на прва-
та половина на 6-тиот век постепено потполно се стабилизираат на територијата на Запад-
ната римска империја. Владетелите на варварските сојузи на племиња даваат тогаш на
управување на племенските старешини и водачите на воените дружини големи територии.
Самите членови на дружините, добиваат кој поголем кој помал имот, во рамките на овие
територии со задача да организираат произвоодство и одговараат на воените обврски, а во
случај на потреба да донесат водачи на дружини и одреден број на вооружени луѓе. Селан-
ството, формирано од домородци и пошироки слоеви на самите германи, должно е да ја
обработува земјата, за која сега е потполно врзано и се занимава со разни занаети, со тоа

  5
да помалку или повеќе сите вишоци на производството, преку неопходните потреби за
одржување на жива глава, го предаваат на новиот господар. Покрај тоа тие се должни да
работат и на земјата која властодржецот ја задржал за лична, да ѕидаат тврдини и замоци,
да подигнуваат мостови и градат патишта, а подоцна да одговараат и на воените обврски.
Трговијата која порано била многу развиена сега застанува, а стопанството станува
натурално, односно се развива во затворениот круг на територијата која припаѓа на истиот
господар. За разлика од робовладетелскиот антички општесвен систем сега се раѓа нов,
феудален систем, кој во текот на средниот век и сам поминува низ различни фази, - за кој
ќе се зборува подоцна.
Меѓутоа, варварите го прифаќаат христијанството, бидејќи тоа им овозможува да
ги држат в раце покорените народи преку црквата. Но, и покрај тоа, тие постепено се
мешаат, така да се раѓаат нови, различни народи, нови јазици и нова, феудална култура.

Источната деспотија

Во источниот дел на Римското царство работите преземаат малку поразличен тек.


Ни Словените, Аварите, Арабјаните, иако без сомнение го забрзаа процесот на внатрешна
преобразба, дури и влијаеле на неговото обликување, сепак не успеале да ја срушат Источ-
норимската држава. Ропството, навистина, заради промена на економските услови, а и до
некаде и под влијанието на христијанството, исчезна, но државниот систем главно останал
непроменет, центално-бирократски. Но, овде се појавиле и нови фактори, кои дејствувале
така што промена морала да се случи. Додека во почетокот целиот државен апарат бил во
рацете на Римјаните, а официјален јазик бил латинскиот, сега на јужниот дел на Балканот,
на западниот брег на Мала Азија, и во повеќето, особено приморски градови на источниот
брег на Средоземното Море, населението било најмногу грчко. После одвојувањето од
Западната Римска империја, а особено после нејзиното пропаѓање, побогатите слоеви на
грчкото население сè повеќе доаѓаат до израз, така да во VI, а особено во VII в. Источното
Римско Царство прераснува во Византија, а римските императори во византиски владете-
ли. Но, веќе споменавме, во Мала Азија и на источниот брег на Средоземното Море,
Грците во најголем дел се наоѓале само во градовите, во кои воглавно администрацијата и
трговијата ги држеле во свои раце. Околу овие градови и на останатите поодалечени
територии, населението било домородно, негрчко, со сопствени традиции и сопствена
култура, до максимум експлоатирано од Грците.
Централизмот, заснован на моќниот чиновнички апарат, во држава која била разја-
дена од вакви спротивности, во држава чиј народ бил под огромен напор од различни
должности, не можел вечно да се одржува. Одделни провинции со кои управувале разни
гувернери, во чии раце била доделена и воената и цивилната власт, полека се одвојувале
во посебни деспотии и почнале да живеат скоро целосно самостоен живот, единствено
политички и административно биле поврзани со Цариград. Сепак обединувањето, освен
преку бирократскиот апарат, е извршено и преку црквата, која на крајот на V и почетокот
на VI в., по пропаѓањето на Западното Римско Царство, се одвоила од римската и се орга-
низирала во посебно, самостојно верско-политичко тело. Созревањето на феудалниот
систем, од тука тргнало доста лесно и добивало свои облици, што ќе го видиме и подоцна,
особено во време на иконоборството, во периодот помеѓу VII и IХ век. Зрели облици
феудализмот во Византија ќе добие подоцна, во време кога државата била разделена од
страна на крстоносците, особено после уништувањето на Источното латинско царство и
ослободувањето на Цариград, во 1261 год.

  6
Крај на средниот век

Како што преминот од античкиот период во среден век бил постепен, исто така
постепено бил извршен и преминот од средниот во новиот век. Пред сè, било потребно да
се извршат промени вo продукционите односи и да се појават нови сили на општествена
сцена кои ќе ги остварат тие промени. Тие нови сили се олицетворени во младиот, тогаш
напреден граѓански сталеж. Но, овие промени не се вршат секаде во исто време и на ист
начин. Од тука општествените промени од среден во нов век се вршат во разни земји во
различно време: во западна Европа во текот на ХV и понатаму, во Русија на крај на ХVII и
почеток на ХVIII, а во Србија дури на почетокот на ХIХ век.
Целосниот премин од феудалниот систем во капиталистички ќе биде извршен во
западна Европа дури помеѓу средината на ХVII, - англиската граѓанска револуција, - и
последната четвртина на ХVIII в., - француската револуција. Траги од феудалниот поре-
док во некои земји ќе останат скоро до последните години, до крајот на Втората светска
војна. Во Србија тие се ликвидирани дури со законот за аграрни реформи во 1945 год.

Проучување на средновековните стилови

Голем број од градбите од средниот век се зачувани до денес. Многу од нив посто-
јат во целост, многу се во текот на вековите повеќе или помалку преправени, а многу
постојат само како рушевини. Но за голем број од нив знаеме единствено од пишани
современи текстови, што не е ни од далеку доволно. Најдобро се сочувани, што е сосем
природно, оние градби кои се градени од цврст, траен материјал, на териториите на кои не
дошло до големи борби за време на различни освојувачки војни, - што не значи дека нема
и исклучоци. Од профана архитектура останало релативно најмалку. Зградите во кои
живеел поголем дел од народот обично биле од послаб материјал, па затоа од нив малку е
сочувано. Многу повеќе остатоци има од палатите на разните владетели и благородници, а
и по некој остаток од некој мост. Градбите од воен карактер, тврдините иако обично биле
градени од поцврст материјал, во најголем број случаи се наоѓаат само во рушевини, не
само затоа што биле рушени во текот на разни борби, туку многу повеќе поради тоа што
по пронаоѓањето на новото огнено оружје и промена на начинот на живот на нивните соп-
ственици, станале непотребни, па се веќе повеќе стотина години напуштени. Најдобро се
сочувани храмовите. Тоа не е ни чудно. – Црквата во средниот век била една од најмоќни-
те и најбогатите организации. Храмовите кои ги подигала биле всушност нејзините тврди-
ни, преку кои се борела за одржување на својата економска и општествена положба. Затоа
тие можеле да бидат градени од најдобар материјал, додека и за нивното украсување, кое
имало своја јасно одредена цел, можеле да бидат потрошени големи материјални средства.
Црквата и до ден денес во најголем број случаи се грижи за нив, па според тоа тие нико-
гаш не останале без надзор и нега, поради што и релативно најмалку настрадале. Од друга
страна, додека другите градби според својата намена, биле поделени на поголем или
помал број различни простории, градителите на храмовите имале за задача да го решат
проблемот на единствен голем простор. Од тука и архитектонските решенија на храмови-
те се најзначајните и најкарактеристичните. Проучувањето на средновековната архитекту-
ра, без сериозно проучување на структурата и декорацијата на средновековните храмови,
неможе ни да се замисли. Но зар нешто слично, помалку нагласено, не се појавува во
античката доба, специјално при проучувањето на египетските и грчките стилови?
Најпосле да го избегнеме и овде механичкото набљудување на работите. Најголе-
миот дел од оние кои што во средниот век работеле на уметничкото творештво, па и во
архитектурата, “влегувајќи без своја воља во постоечките општествени односи”, без ни-
каква можност да ја осознаат правата научна вистина за природата и општеството, убеде-
ни во вистинитоста на христијанската догма, ги ставале сите свои сили и целиот талент во

  7
служба на црквата. Така и ги создале делата, понекогаш со многу голема уметничка вред-
ност, дела кои што служеле за одржување и уцврстување на еден општествен систем од
кој и самите биле ограничувани.
Со изучување на историјата на архитектурата од средниот век ние така ја изучува-
ме една од работните, паметните и уметничките компоненти на човечкото творештво. Ова
творештво е одредено со неговите потреби и карактеризирана со неговата идеологија.
Идеологијата која владеела со човекот во средниот век, односно со феудалното општество
во кој живеел, изразена е во христијанството.

Поделба на средновековните архитектонски стилови по епохи и школи

Претходно видовме дека е тешко да се одредат временските граници на одделни


епохи и архитектонски школи во историјата на архитектурата. Но сепак, поради олеснува-
ње на систематското изучување на средновековното градителство мораме да се обидеме,
водејќи, се разбира, секогаш сметка за еластичноста и ширината на тие граници, конкрет-
но на преодните епохи.
Прва и основна поделба, на источна и западна територијална област, со широк пре-
оден територијален појас на средна третина од Балканскиот Полуостров, се поклопува со
различноста на двата општествени система на Исток и на Запад, за што претходно стана
збор. Од првобитна релативна унифицираност во периодот на Римската империја, со неј-
зино распаѓање и со различното општествено оформување, на нејзино лево и десно крило
доаѓа до сè поголема диференцираност и во културата, последователно на тоа и во архи-
тектонското стилско изразување. Но овие два света, источниот и западниот, не живееле
потполно изолирани еден од друг. Врските од различен карактер, некогаш појаки, некогаш
послаби, постоеле секогаш помеѓу нив, така да меѓусебните влијанија се чувствуваат и на
едната и на другата страна, на сите полиња на човечката дејност па и во архитектурата.
Но, и самите овие две подрачја не биле потполно унифицирани. И тие биле поделе-
ни на територии кои живееле некогаш помалку, некогаш повеќе самостоен живот, така да
на овие области се раѓаат архитектонски школи кои, покрај заедничките црти, носеле и
посебни карактеристики.
На крај и самите овие школи се менувале истовремено паралелно со промената на
условите од кои зависеле.
Од сето ова гледаме дека проучувањето на средновековната архитекура ни овозмо-
жува широко поле на запознавање на општите напори на човечката дејност, усмерени на
задоволување на неговите животни потреби и изградба на сопствената култура.

  8
ПАЛЕОХРИСТИЈАНСКА ЕПОХА

Спротивностите кои постоеле во Римската империја кога била најмоќна, доведува-


ат до необично и брзо ширење на христијанската идеологија. Во огромен број сиромашни
христијани, тогаш живееле како и другите римски граѓани, во трошни куќички, а доколку
припаѓале на богатите слоеви, живееле во згради и палати кои по својата архитектура не
се разликувале од останатите антички цивилни градби во римското царство.
Наспроти тогашното многубоштво, културни и верски христијански градби вооп-
што не постоеле. Меѓутоа, се појавила потреба за места во кои би се одржувале заеднички
состаноци на црквата т.е. христијанска друштвена заедница, во која би се служела заедни-
чка исхрана и во која колективно би се објаснувало новото учење. Поради тоа, христијани-
те, по источната традиција која што потекнува уште од египетската култура, а и спрема
своите верски прописи кои се ништо друго сем одраз на оваа традиција, ги почитувале
своите мртви. Затоа требало да се најде заедничко место за нивно закопување. Овие две
потреби се воединуваат и задоволуваат со изградбата на катакомби, т.е. со градби и гробо-
ви кои своето име – катакомби, ќе го добијат подоцна, во средниот век, по тогашните
остатоци на подземни галерии наречени S. Sevastiano ad catacombas пронајдени во Рим.

Катакомби

Веќе во I век н.е., катакомби почнуваат да никнуваат на разни страни во римското


царство, чиј број во текот на II и III век ќе биде сè поголем и поголем. Освен многубројни-
те катакомби во Рим, кои се забележани 42, меѓу кои се и најзначајните катакомби нарече-
ни по името на богатите семејства кои им помагале на христијаните - Priscilla, Domitilla,
Calisto, Agnesa, Coemiterium Ostrianum, нивни остатоци пронаоѓаме и на други места, во
Ерусалим, Александрија, Палмира, на Малта, на Сицилија, во Неапол (сл. 1) итн.
Знаеме од пишани извори - материјални остатоци веќе воопшто нема, затоа што сè
било градено од тула и подоцна срушено и преѕидано – дека надземните простории на
катакомбите опфаќале еден влез кој водел во двор - атриум - опколен со портици, тремови
на столбови, најверојатно со аркади, од каде се влегувало во голема сала - триклиниум - во
која се вршела заедничка гозба. Во дворот задолжително постоела чешма со чија што вода
е вршена аблуција т.е. миење на рацете, што не е ништо друго сем пренесување на една
хигиенска потреба во верски пропис.
Остатоците од овој обред можеме да ги прочитаме кај редовната појава на чешми
во манастирските дворови и во допирањето на прстите во осветена вода кај католиците;
миењето на нозете кај муслиманите спаѓа исто така во оваа категорија. Така што може да
се рече, култот кон водата може да се толкува и со тоа што во сувите пустински предели
на истокот, водата била премногу драгоцена, така што било потребно да се заштити нејзи-
ниот извор со верското табу.
Кога во текот на II, а посебно III век, започнало со големи прогони на христијаните,
катакомбите останале без тој виден, надземен дел, додека влезовите биле сокривани на
различни начини.
Од овој горен дел со коса алеја се слегувало во подземниот дел на катакомбите.
За ова обично биле користени стари, напуштени каменоломи, во кои најчесто
бегале прогонетите и робовите, така да биле многу погодно место за регрутирање на
новите верници. Цел систем на галерии засечени во карпа, галерии кои најчесто биле
суперпонирани, водел до разни страни. Галериите биле тесни, 0.80 до 1 м, а подоцна, кога

  9
прогонувањата на христијаните станале сè поостри, тие станале уште потесни и релативно
ниски, затворени одозгора со рамен, двоводен или лачен покрив. На места се осветлувани
и вентилирани преку вертикални отвори преку кои обично се спуштало и телото на
мртвиот.
На поединечни места галериите завршувале во мали простории - кубикулуми (cubi-
culum), со таванот изделкан во карпа, во своден облик. Во овие простории подоцна биле
поставувани и олтари така што се претварале во мали капели (сл. 2, 3). Од значење е дека
може да се постави доста блиска аналогија помеѓу одредени решенија во катакомбите и
повеќето египетски подземни гробници, хипогеи, што покажува несомнено и на одредено
источно влијание.
Погребувањето обично се вршело во вдлабнувања, - локуси (locus-i) - хоризонтално
поставени во бочните ѕидови на галеријата, густо подредени еден под и над друг, а ѕидот
се заѕидувал и бил покриван со малтер, врз кој често биле исцртувани фрески (сл. 5).
Понекогаш во овие вдлабнувања се погребувале и по две лица - билокуси (bilocus-i).
Некои поистакнати верници и маченици, кои не се ништо друго сем борци и жртви
за христијанската идеологија, се погребувани во вертикално издлабени гробници во ниша,
завршени одозгора во вид на полукалота, која често е покриена на антички начин со
голема школка. Овие гробници, за разлика од локусите, се нарекуваат аркосолиуми
(arcosolium-i).
Пластични декорации по катакомбите сретнуваме многу малку. Нив затоа ги наоѓа-
ме на ретките саркофази од ова доба, во кои биле погребувани повидни членови на хри-
стијанската заедница. Ѕидовите на поединечните капели и ниши, биле покривани со
фрески, кои до денес се делумно добро сочувани. Мотивите се земени од христијанскиот
симболизам: лози, риба, чувар, добриот пастир или од таканаречените ‘молитви на оние
кои умираат’: Ноевиот ковчег, Данило во лавовска пештера, доживувањето на Јона во
утробата на морското чудовиште итн. Цвеќињата и дрвјата со птици ја симболизираат
претставата за рајот.
Уметниците кои работеле на овие саркофази и фрески биле христијани, односно во
најголем број од случаите - луѓе од народот. Така се случува во техничка смисла тие да ги
имитираат делата на тогаш познатите антички мајстори, без да успеат, сем во ретки слу-
чаи, да ја постигнат нивната техничка виртуозност. Од друга страна пак, ослободени од
стегите на традицијата која во тоа време владее меѓу ‘официјалните’ уметници, тие ќе
успеат да произведат дела кои иако по груби, често ќе бидат по живи и по свежи од
нивните.
Во времето на античкиот, робовладетелски систем, во времето кога сè уште е доста
моќна античката класична архитектура и уметност, палеохристијанската – старохристијан-
ска уметност и архитектура се израз на социјални сили кои целат да го изменат тој систем,
сили на бедниот народ, во кој спаѓаат и робовите, и нивната нова христијанска идеологија.
Но, и по конечното признавање на црквата во 313 год. оваа уметност нема сосема
да згасне. Во катакомбите и понатаму продолжува погребувањето на повеќето личности
кои од својата суета и суеверниот страв од страшниот суд сакаат нивните тела да почиваат
покрај христијанските првоборци, а народот и неговите уметници ќе најдат повеќе можно-
сти да се изразат во мали скромни дела, независни од официјалната црковна уметност.

  10
Сл. 1 - Катакомби Ѕ. Gennaro во Неапол

Сл. 2 - Кубикулум Св. Цецилија во Калистовите катакомби во Рим. Се гледаат два аркосолиуми и
локуси

Сл. 3 - ,,Папска гробница,, во Калистовите катакомби во Рим; денешна состојба и приближна


реконструкција

  11
Сл.4 - Еден саркофаг од Калистовите катакомби, од IV век

Сл.5 - Аркосолиум, локуси и фрески од Калистовите катакомби во Рим

Т. I - Кубикулум од катакомбите на Комодилa во Рим, од втора половина на IV век.

  12
ДОЦНОАНТИЧКА ХРИСТИЈАНСКА АРХИТЕКТУРА

Латинска и хелeнистичка школа

Ги анализиравме веќе причините кои доведуваат до официјално признавање на хри-


стијанската црква, со Миланскиот едикт од 313 год. Кажавме неколку зборови и за последи-
ците на ова признавање врз општеството и врз самата христијанска идеологија. Да видиме
сега какви последици се појавиле и во самата архитектура.
По нејзиното официјализирање, а особено после едиктот за потполно укинување на
паганството од 346 год., црквата и во економски и во политички поглед станува моќен
фактор во римската империја. Револуционерната идеологија на првобитното христијанство
се претвара во религиска догма чии обреди во текот на IV век добиваат свој потполн облик.
Со оваа догма, во која особено се истакнува покорноста кон властите и помирување со сите
несреќи на овој свет, со надеж за подобар вечен живот кој настапува по смртта (сето тоа
зајакнато со обреди кои со својата помпезност требало да ја воодушеват народната маса)
народот се држи под постојана и целосна контрола. Но се јавува исто така и потребата да се
привлече народот на одредени места, на кои ќе се одржат проповедите од ваков карактер.
Оттаму и потребата за грандиозни, монументални храмови, украсени со мермер и мозаици,
храмови кои со својата големина и сјај ќе ги импонираат сиромашните слоеви.
Од овој момент, бројот на христијанските цркви на сите страни на Римското
царство, особено во неговите поголеми градови, ќе почне значително да расте. Тоа ни го
потврдува и Еузебиј, првиот христијански историчар од средината на IV век, кој ги споме-
нува пред сè градбите во Рим, Цариград, Ерусалим и Антиохија.
Со цел да се задоволи големата потреба од вакви храмови, потребно било истите да
се подигнуваат со голема брзина. Затоа не е ни чудно што некои постари јавни објекти па
дури и многубожните храмови се претворани во христијански цркви1.
И иако во почетокот постојат некои несовршености и двоумења2 во врска со фор-
мата на објектите, христијанските храмови од овој период, на териториите кои се населе-
ни од Латините и Грците, а и на некои друго места, генерално добиваат базиликален лик.
Таквите храмови ги нарекуваме базилики3.

Базилика

Што е тоа базилика, од каде тоа потекнува и која е причината што храмовите го
имаат дадено баш тој облик?
Конформацијата на целокупната подреденост на една христијанска црква, како и на
секој друг објект, одредена е со дефинирањето на нејзината намена и нејзината конструк-
ција. Било потребно да се привлечат што поголем број на граѓани4 да присуствуваат на
богослужбата, која и самата го добила својот специфичен облик вo IV век. Освен тоа, не
                                                            
1
Така, салата за седници на сенатот на форумот и салата на Сесоријанската палата, и двете сместени во Рим, како и еден
кружен пазар во истиот град - S. Sтefano Rotondo, потоа Партенон на атинскиот акропол и храмот на Рим и Август во
Анкара, со додавањето на една апсида на источната страна се претворени во цркви. Ист е и случајот и со црквата Св.
Ѓорѓи во Солун која веројатно била порано подигната како Галериусов мавзолеј. Таков е случајот и со Диоклецијано-
виот мавзолеј во Сплит.
2
Кога епископот во Газа ги прашал своите верници за мислење како да изгледа новиот храм кој сакал да го подигне,
многумина се изјасниле дека треба да личи на храм на „идолот“.
3
Грчки израз со значење „царска сала“.
4
Оттука некои од овие градби биле со многу големи димензии. Такви се базиликите Св. Петар и Св. Павле, имале
должина од 120 м., а Св. Јован Латерански 100 м. - сите три се во Рим. Сепак поголемиот дел не се поголеми од 30 м.

  13
биле можни нагли отстапувања од веќе утврдената традиција на подигнувањето на горна-
та структура на катакомбите. Така се задржани сите основни елементи на овие првобитни
христијански градби и покрај други влијанија од страна, како што се извесни елементи од
египетските храмови и персиските митреуми (храмови посветени на Митра, бог на сонце-
то) па дури и од еврејските синагоги5. Така низ едни доста широки портали – пропилеи
(сл. 7/1) се влегувало во, најчесто, правоаголен6 двор - atrium, опкружен од три или од
четири страни со тремовите, со портици на столбови - peristilium (сл. 7/4,5) на начин
познат уште кај египетските храмови. Во самиот двор неизоставен дел бил и кладенецот
(сл. 7/3). Делот од портикот прислонет на фасадата на самиот храм (сл. 7/5) служел за
сместување на казнениците и кандидатите за пристапување во христијанство, т.н.
катихумени, кои сеуште немале право да присуствуваат на службите. Видовме претходно
дека на дворот во надземната структура на катакомбите се надоврзувала една сала за
заедничка исхрана. Овие сали некогаш биле делови на приватни куќи, односно палати, а
можеби уште од тогаш имале базиликален облик7. Во секој случај на овој начин биле
решавани многу антички објекти кои биле употребувани не само како храмови, туку и
како судници, пазари, или свечени сали7а.
Но, и самите христијански цркви се еден вид на судници. Според различни стари
црквени писатели чесната трпеза во олтарот симболизира едновремено неколку работи.
Таа прво претставува трпеза на која се одвивала тајната вечера, потоа Исусов гроб, но
исто така и престол на кој ќе седне Исус како страшен судија, во времето на "своето второ
симнување на овој свет". Во тој момент, толку важен за христијанските поимања, во мо-
ментот кога на страшниот суд се одлучува дали човекот дефинитивно ќе добие место во
рајот или вечно ќе се вари во казаните на пеколот, црквата се претвора во права судска
сала. Не е ни чудно што за таа намена е избрана како модел зграда на античка судница.
Оттаму за олтарската апсида често на западот се среќава и поимот трибунал. Од друга
страна, бидејќи во олтарот се чувале скапоцености, со цел тие да не бидат украдени, олта-
рот е прогласен за непристапен за секого освен за свештеникот, така да, особено на исток
добива назив абатон - непристапно место. Всушност и денес спорен црквените прописи,
од причини кои имаат ист корен, никој освен свештеникот не би требало да има пристап
до предметите кои стојат на олтарот, па дури ни да влезе во олтарскиот простор. Со само-
то тоа црквите, слично на античките храмови стануваат ризници односно еден вид на при-
митивни банки, а во одредени случаи биле употребувани како говорници во кои се одржу-
вале поголеми собири. Но во нив, исто така, се приредуваат, особено во подоцна епоха, и
мистерии кои се во вид на театарски претстави со религиозен карактер. Најпосле, тие со
текот на времето во својата програма примаат и низа гробови на видни луѓе, особено од
редовите на повисокото свештенство, така да понекогаш добиваат и карактер на гробни
цркви.
Ѕидањето затоа требало да оди брзо и за кратко време да се изградат што поголем
број на објекти. Паралелно на ова, економските и општествените спротивставености кои
владеат во Римската империја во овој период доведуваат до големо осиромашување на
целокупното општество. Оттаму храмовите најчесто се градени од тула, понекогаш и ком-
бинација со редови од обработен камен, дрвена грeдна конструкција на покривите, често
видлива од долу, а понекогаш и покриена со хоризонтална дрвена таваница. Распонот
помеѓу поединечните ѕидови кои ја носат покривната конструкција се одредувал според
                                                            
5
Митреум и синагога во Dura-Europos, во долна Месопотамија (сл. 6).
6
Има и исклучоци. Таква е градската базилика во Стоби, од крајот на V век, поради своето косо поставување кон
главната улица, има атриум, откопан во 1933 год., со неправилен облик (сл. 23).
7
Се претпоставува дека црквата S. Pudenziana во Рим била свечена сала – oratorium – на сенаторот Pudens.

Базиликално најверојатно бил решен како триклиниум, односно престолната сала на Диоклецијановата палата во
Сплит, чиј сутерен, скоро расчистен, има три брода засведени со крстасти сводови.

  14
должина на расположливите греди8. Од друга страна било потребно градбите да бидат
што поголеми, а во однос на тоа и што пошироки. Поради тоа што целокупната ширина на
градбата не може да се премости со една единствена покривна конструкција, направена е
поделба на три, а понекогаш и на пет подолжни простории таканаречени бродови, и секој
од нив е покриен со посебна покривна конструкција. Ваквата концепција значи и контину-
ирани носечки ѕидови кои не морале да бидат многу дебели заради вертикалноста на опто-
варувањата. Меѓутоа, долните делови на преградните ѕидови кои ги формираат бродовите
не смеат да бидат полни затоа што на тој начин се губи единството на внатрешниот
простор.
Затоа тие во долните делови се заменуваат со низа од камени столбови, меѓусебно
поврзани со архитравна камена греда каде што е можно, или со лаци така да заедно обра-
зуваат аркадна низа. Од друга страна пак доколку би се ограничил изворот на светлина
единствено на прозорците од бочните бродови средниот брод би останал многу мрачен.
Оттаму преградните ѕидови помеѓу средниот и бочните бродови се издигаат повисоки, над
покривот на бочните бродови, што овозможува во нив да се отворат прозорци, вистина
ретки, со цел да не се наруши континуираноста на ѕидот. Така, средниот брод станува
поширок и повисок од обичните (сл. 7/6, 10, 11). Поради тоа се случува бочните бродови
да се двоспратни, односно над приземниот дел да се изградат трибини, исто така отворени
спрема средниот брод со низа на архитравно или лачно премостени отвори помеѓу
столбовите9 (сл. 12).
Ваквата поделба на храмовите е прилагодена кон општествената разлика помеѓу
мажите и жените која постоела во тоа време, на кои најчесто им е одреден северниот дел
наречен – гинеаикон. Сите овие бродови го сочинуваат наосот, односно просторијата
наменета за верници.
На источна страна10 наосот е пресечен со еден попречен брод - трансепт, кој има
иста висина како и средниот брод (сл. 7/8-13). Во средниот дел на трансептот, наменет за
богослужба, се наоѓа амвон - говорница (проповедалница), додека неговите странични
делови се одредени за хорот. Покрај тоа, северниот дел на трансептот - пастофориум,
подоцна проскомидија, одреден е за примање и осветување на дарови во вид на храна, која
најпрво служела за колективна исхрана, а подоцна се претворила во давање нафора. По-
меѓу крајните столбови на трите брода кон трансептот, кои често се заменети и со ѕидани
столбци, распнат е голем лак т.н. триумфален лак, кој го носи ѕидот на кој налегнува
покривната конструкција.
На источниот ѕид на трансептот, кон средниот брод, во ширина е изградено полу-
кружно проширување наречено апсида. Ова е и единствениот дел од црквата кој е засве-
ден и тоа со свод во форма на четвртина топка (сл. 13). Кај апсидата под малку издигнат
под се оформува крипта, односно подземна просторија со помали или поголеми димензии,
во која се наоѓа гробно место на одреден светец или маченик, или ако ништо друго бар
некакво ковчеже, т.н. реликвијар, во кое ќе се најдат мошти на некое свето лице. Во сре-
дишниот дел на апсидата се наоѓа олтар или т.н. чесна трпеза, над која е изработен цибо-
риум, некаков вид на ‘небо’, покрив од камен на четири столба, а покрај него полукружен
ѕид од ниски камени седишта, од кои средното ‘горно место’ е одредено за епископот.
Целиот олтарски простор е одделен од просторот на верниците со ниски прегради
од камен т.н. парапетни плочи, поставени помеѓу столбови меѓу себе поврзани со
                                                            
8
Благодарејќи на отпорноста и еластичноста на дрвото кое се наоѓало во Италија, распонот можел да биде доста голем.
Во црквата Св. Петар во Рим изнесува 23 м. Нормален е до 12 м.
9
Црква S. Agnesa и S. Lorenco во Рим.
10
Ориентацијата на христијанските цркви на почеток била на исток - влез, на запад - олтарски простор така да
свештеникот, свртен кон исток, ја вршел службата гледајќи во присутните. Но, веќе кон крајот на IV век сите цркви се
ориентираат од запад на исток.

  15
архитравни камени греди. Отворите помеѓу столбовите се затворани со завеси од богати
ткаенини, подоцна овие завеси особено во Византија и на истокот, ќе бидат заменети со
икони, од што ќе произлезат иконостаси.
Смирени и строги, едноставни и монументални по однос на просторното решение,
кое потполно одговара со внатрешната програма, однадвор румени поради ѕидањето од
тула и покривот од ќерамиди, базиликите во поглед на декоративноста на фасадата имале
сиромашен и скромен изглед.
Некои од овие фасади најверојатно биле обложени, барем делумно, со мермерна
оплата, или мозаик, но од ова се сочувани многу малку податоци, - како на пример на
источниот и западниот фронтон на базиликата во Пореч, на Истра.
Сосема поинаква е затоа нивната внатрешност. Големите површини на ѕидовите,
прекинати единствено со доста ретки, но релативно големи прозорски отвори, обично
затворени со продупчени камени плочи, т.н. транзени, и портали низ кои се влегувало во
секој брод посебно, биле покриени со фрески и мозаици со јаки, живописни бои, на
блескаво златната позадина.
Новата христијанска содржина која се обработува на ваквите мозаици (мотивите
најчесто се земаат од христијанската симболика, библиските текстови, а понекогаш и од
дворските церемонии) ги разбива античките облици наследени од римската мозаична
уметност. Со исти такви симболични мотиви, меѓу кои се вбројуваат и сцени од борба и
лов, исто така превземени од античката иконографија, најчесто поврзани со погребни
мотиви, се сретнуваме, иако во доста упростен вид, и кај често доста богатите и интриган-
тни подни мозаици. Долните делови на внатрешните површини на ѕидовите обично биле
покриени со инкрустирани и интарзирани мермерни плочи во различни бои. Во базилики-
те единствени пластични делови од камен биле столбовите со своите капители и базиси,
ако ги изоставиме олтарските прегради, цибориумите и амвоните, кои спаѓаат во црковен
мебел. Исто така, биле донесувани и столбови, капители и базиси од разрушувани антички
градби, и тоа не само од една туку и од повеќе, така што често истите биле прилагодувани,
на еден или друг начин, на новата употреба11.
За поголемите и побогатите градби биле изработувани нови столбови, со капители
и базиси со класичен облик. Поретко од дорски или јонски ред12, тие најчесто биле изра-
ботувани во композитен стил, со животни, птици и акантусови листови, потврди и помал-
ку пластични во облик отколку кај античките (сл.14, 16, 22, а-с, 130).
Профилите на базисот на столбовите исто така биле антички, повеќето со тоскан-
ско потекло.
На крајот неколку зборови и за порталите и прозорците.
Порталите најчесто се наоѓаат на западниот ѕид на храмот, во оската на секој брод
одделно. Тие се едноставни и врамени на антички начин, со релативно тесен профил, а
биле завршувани со мал профилиран венец над надвратникот, со лачно олеснување над
сето ова.
Прозорците се релативно големи со лачни завршетоци. Обично се затворени со
камени плочи - транзени, кои биле издупчени со густо подредени кружни отвори или
отвори во вид на разни геометриски орнаменти. Постојат траги на чија основа може да се
заклучи дека прозорците понекогаш биле двојни или тројни13 - бифори и трифори, т.е.
                                                            
11
Столбовите кои биле премногу долги најчесто биле вкопувани во земја, а оние кои биле премногу кратки биле
продолжувани со дел кој најчесто немал ист пречник.
12
На пример во базиликата S. Maria Maggiore во Рим, јонски, а во базиликата S. Pietro in Vinkoli во Рим, дорски стил.
13
Апсидалниот прозорец на градската базилика во Стоби на Вардар.

  16
целата нивна ширина била поделена со еден или два столба поврзани со лаци меѓу себе и
со соседните ѕидови.
Ова го претставува општиот тип на базилика. Постоеле и други типови на базилики
кои помалку или повеќе отстапувале од ваквиот општ тип.
Основната поделба која можеме да ја направиме е поделбата на латинска базилика
која се јавува во западниот, и хеленистичка во источниот дел на Римското царство.
Латинските повеќе се врзуваат со римската традиција, додека другите повеќе за
хеленистичката, односно преку хеленистичката за античката грчка традиција. Влијанието
на источната христијанска архитектура повеќе се забележува на хеленистичките отколку
на латинските градби. Но, и оваа поделба е доста груба и шематизирана при што се
јавуваат многубројни отстапки. Поголемиот број на хеленистички базилики се
разликуваат од латинските по тоа што многу од нив немаат трансепт (но има такви случаи
и помеѓу латинските), а исто така честопати им недостасува и атриум, делот на портикот
кој е наслонет на западната фасада и е одреден за катихумени, заѕидан е како посебна
просторија и е претворен во припрата, или нартекс – понекогаш нарекуван и катихумена
или лити. Покрај ова многу често кај хеленистичките се јавуваат и трибини над бочните
бродови, поради што се случува да изостанат базиликално поставените прозорци во
горните делови на бочните ѕидови на главниот брод, кои се сега сосема ниски. Освен
големата централна апсида имаат и две помали кои одговараат на бочните бродови.
Просториите пред апсидите понекогаш се затворени, така што северната формира
проскомидија, во која се осветуваат дарови, а јужната - ѓаконикон или сакристија во која
се чуваат црквените предмети (сл. 8, 21). Кај поголемиот број хеленистички базилики во
случај кога капителот прифаќа лак, а не архитравна греда, помеѓу капителот и лакот се
вградува уште еден преоден, лежишен дел (сл. 20), често богато орнаментиран, т.н.
импост капител, (dé imposte, Kampferkapitel), со кој тежината од лачната конструкција се
пренесува на оската на капителот да не дојде до оштетување на работ.
Благодарение на силно изразената традиција која се одржува во католичката црква,
латинските базилики на запад, посебно во централна Италија, а особено во Рим, ќе
продолжат да се подигаат и по пропаѓањето на Римското царство, со извесен прекин во
VII и VIII век поради анархичната состојба на општеството во Италија во тој период, сè до
крајот на XI век кога постепено овој тип ќе прерасне во романски тип на базилика.
Во источниот дел на Римското царство тие ќе бидат далеку со пократок век. Тие
таму, благодарение на појавата на нови типови на градби, решени под силно влијание на
архитектурата од блискиот христијански исток, во текот на VII век скоро и потполно ќе
исчезнат односно ќе прераснат во источниот - засведен тип на базилика.
Како по целиот свој архитектонски концепт, така и по класичната декорација и
латинските и хеленистичките базилики се поврзани многу повеќе со античката, отколку со
средновековната архитектура. Додека уметноста на палеохристијанската епоха била одраз
на стремежот на народните маси и до некаде ги кршела принципите на античкото сваќање,
базиликите се израз на официјалната црква и на повисоките општествени слоеви, кои
пробувале да го одржат старото општествено уредување.

Латински базилики
Во Италија:
Во Рим од 320 до 330 г. се подигаат базиликите: S. Pietro, - во целост срушена во почето-
кот на XVI век, но за среќа се останати плановите снимени пред нејзиното рушење (сл.7);
S. Paolo-fuori-le-mura (Св. Павле надвор од градските ѕидини) реконструирана од 386 до
400 г.; S. Lorenzo-fuori-le-mura; S. Agnese; S. Clemente; S. Pudenziana; S. Giovanni in

  17
Laterano реконструирана 772 и почеток на X век; S. Maria in Transtevere од околу 360 г.; S.
Sabina од 425 г.; S. Maria Maggiore од 432 до 440 г.; S. Quattro Coronatti од 526 до 538 г.; S.
Giorgio-in-Valerbo од 682 до 683 г.; S. Maria-in-Cosmedien од 772 до 795 г., потполно
реконструирана во XII век; S. Saba во почеток на IX век.
Во Неапол: S. Restituta, од 320 до 330 г., многу подоцна реконструирана.
Во Нола: S. Felix, од 401 до 403 г. – една од најзначајните.
Во Перуџа: S. Angelo, околу 550 г.
Во Луkа: S. Ferdiano, од VIII век, реконструирана во XII век.
Во Тосканела: S. Pietro, околу 780 г.
Во Галија (Франција):
Во Тур: St. Martin, од 472 г., црквата имала 160 чекори должина, 60 чекори ширина и 45
чекори висина.
Во Арл: St. Trophine, од првата половина на VI век, St. Bertrand de Cominge, од втората
половина на VI век.
Во Шпанија:
Кај Лоја, блиску до Торакса, од V век.
Кај Багастра, од VI век.
Во Германија:
Во Триер, римска профана базилика од IV век, претворена во црква во почетокот на V век
и обновена од 532 до 560 г.
Во Далмација:
Откопани се неколку христијански базилики кои припаѓаат исто така на овој тип, и тоа во
Солин – од IV век, обновена во V век, во Капљач, во Морусиц и Манастири, од IV и V век.

Хеленистички базилики
Во Ерусалим: Константинова базилика на Воскресението - Анастасис - над Исусовиот
гроб, од 326 до 336 г.
Во Витлеем: петобродна базилика на Раѓањето, од 320 г.,- со апсиди на страничните
страни на трансептот, можеби подоцна преѕидани.
Во Пергам: од IV век.
Во Кардимена: на остров Кос, од V век.
Во Александрија: Св. Марко од IV до V век.
Во Цариград се подигнуваат неколку базилики во IV и V век, па и во почеток на VI век,
меѓу кои најзначаjни се: Св. Јован Студит од 463 г., Св. Марија во Влахерна, Св. Марија
во Калкопратеион, Св. Полеукт, Св. Сергеј и Вакх, двојна базилика од почетокот на VI
век.
Во Солун: Св. Петка и Св. Димитрија, двете од V век, како и две базилики во солунската
област Филипи.
Покрај овие на Балканскиот Полуостров има уште остатоци од базилики, претежно
од V век и од почеток на VI век, кои повеќе припаѓаат на хеленистичкиот отколку на
латинскиот тип, но поседуваат и свои специфични особености, особено во решавање на

  18
атриумот. Да споменеме тука четири базилики од Стоби, кај Градско во Македонија –
базилики во Хераклеа и Суводол кај Битола, во Студенчишта кај Охрид, во Липљан кај
Приштина - три базилики во Царичин Град кај Лебане, во Бреговин кај Жути Поток -
базилика кај Пиринч Тепе кај Варна - и базиликата Абоба кај Шумен14.
Равенски базилики: - меѓу кои најважни се S. Giovani Evangelista од 425 до 432 г., S.
Giovani Battista, од 425 до 449 г., S. Apollinare Nuovo од 500 до 520 г. и S. Apolinare in
Classe од 534 - 549 г., кои припаѓаат повеќе на хеленистичката отколку на латинската
група на базилики.
Блиски на нив се и базиликите во Трст од 400 – 410 г., доѕидана во 530 г., во Пореч на
Истра од 542 г. и во Торчело кај Венеција од 651 г.

Крстилници и гробни цркви

Истовремено со базиликите, во исто време и на иста територија, но и на други


места, се појавуваат и крстилници - baptisterium и гробни цркви - martyrium / memoriae.
Крстилниците се врзани директно за христијанската догма, и нивното подигнува-
ње, најчесто во склоп на големи епископски базилики, е условено со масовното покрсту-
вање на оние кои сакале да се приклучат на новиот верско-политички поредок.
Мартириумите, кои се подигани над гробовите на поедини христијански маченици
(или на места на кои е извршено нивното мачење, или на местото каде се верува дека било
извршено мачењето) го водат своето потекло од многу одамна и можат директно да се на-
доврзат на источните или античките мавзолеи каде биле погребувани владетели или други
своевремено истакнати личности, каков што бил Диоклецијановиот мавзолеј во Сплит.
Крстилниците и гробните цркви обично се мали градби со кружна15 (сл. 20), поли-
гонална16 или квадратна основа со впишан тролист (cella trichora)17 или четворолист (сл.
21)18 - кој не е потполно слободен19 (сл. 22), во кои често се влегувало низ предворје.
Понекогаш, како на пример кај осмоаголниот Латерански баптистериум во Рим, це-
локупната конструкција е архитравна, а централниот дел кој го носат двоспратни редови
архитравно поврзани столбови, е исфрлен во вид на лантерна над покривот на најголемиот
брод. Тука всушност имаме една минијатурна централна базилика, слична на црквата S.
Stefano Rotondo (сл. 19), некогашниот римски пазар, претворен во христијански храм, во
втората половина на V век.
Многу почесто овие мали градби биле засводувани.
Кружниот централен дел е обично засводен со калота - полутопчест свод - кој лежи
директно на кружниот ѕид кој го носат низа од удвоени столбови поврзани меѓусебно со
лаци. Во случај ако централниот дел е опфатен со прстенест брод, со засводен полуцилин-
дричен свод, како кај гробната крстилница во Ночер, недалеку од Помпеја, добиваме некој
вид "мала кружна засведена базилика".
                                                            
14
По сета прилика од VI век.
15
Крстилница во Ночер, од IV век, и гробна црква S. Costanza во Рим, од 320-330 г.
16
Латеранска крстилница во Рим, од првата половина на IV век, реконструирана 430-440 во осмострана, а крстилницата
во Наварино во Грција во шестострана.
17
Баптистериум S. Sottero, во Неапол, од првата половина на IV в. Неодамна и на нашите територии се пронајдени и
идентифицирани три цркви со триконхален облик, наменети за погребување. Една се наоѓа во Царичин Град. Другата
таканаречена црква Св. Богородица кај Куршумлија, за која долго се верувало дека потекнува од времето на Немања.
Третата, меѓу нив секако најинтересна, е откопана во Дољани кај Титоград. Сите три потекнуваат од крајот на V век или
од првата половина на VI век.
18
Крстилницата во Царичин Град, кај Лебана (сл. 21).
19
Крстилницата во Стоби, откопана 1937 (сл. 22).

  19
Во случај градбата да е решена во облик на тролист или четворолист кој е впишан
во квадрат, централниот дел најчесто е засводен со крстаст свод, постои и можноста тој да
бил засводен и со калота која била налегната и осигурана од сите страни со полуцилин-
дрични сводови и полукалоти20.
Во сите случаи во кои среќаваме засведени градби со послободна основа (тролист,
четворолист) неспорно е влијанието на источната христијанска архитектура на целокупна-
та архитектонска концепција.
Така на пример, крстилницата во Неапол е засведена со калота на тромпи, додека
над централниот дел на четворолисниот баптистериум во Стоби постоела калота на пан-
дантифи или тромпи21, доколку засводувањето не било изведено со крстаст свод (сл. 22).
Всушност и самата декорација на овие мали градби, како пластична така и повр-
шинска не се разликува од онаа на базиликите.
Источното влијание непосредно се чувствувало - било пренесувано со директен
контакт помеѓу латинските и хеленистичките брегови на Средоземното Море, додека
посредно влијание се остварувало преку некои антички градби во Рим - Pantheon, храм
Minerva Medica, - кои и самите биле подигнати под источното влијание.

Цивилна и воена архитектура

Животот во Римската империја со примањето на христијанството, на начин на кој


тоа се случило, заклучуваме дека не се изменил многу. Ропството, барем формално, е уки-
нато, но процесот на револуционерното превирање е запрен, а стремежите на масите се
канализираат во правец кој им одговара и е поволен за властодржците.
Сеуште се живее по села и градови во кои, согласно со општествените спротивста-
вености, голем број од народот живее бедно, а мал дел на богати, како и порано, живее
необично луксузно.
Оттука урбанистичките решенија на градовите и архитектурата во нив, во главно е
од доцноантички стил, а такви и остануваат сè до пропаста на Западното Римско Царство,
односно до преобразбата на Источното во Византија, па дури и нешто подолго. Источните
влијанија, во почеток сосема слаби, ќе се чувствуваат сè повеќе и повеќе, особено во доме-
нот на декорацијата.
Едно од најкрупните, едновремено урбанистички и архитектонски решенија во овој
ран период, го пронаоѓаме на Јадранското Приморје. Тоа е Диоклецијановата палата во
Сплит, подигната околу 300 год. (сл. 26). Иако сеуште доцноантичка во својата основна
концепција, кај која видно е истакнато урбанистичкото решение по правоаголно поставена
мрежа, со главни сообраќајници - cardo i decumanus -, таа со своите карактеристични црти
ги антиципира решенијата на христијанската архитектура од античкиот период, а подоцна
ќе влијае и на формирањето на предроманското и романското градителство во Далмација.
Меѓутоа, од овој период нема многу остатоци од цивилната архитектура. Она што
досега е пронајдено во Цариград не дава доволно јасна слика за урбаното и архитектон-
ското решение на Византијците од овој период.
Меѓу најзначајните остатоци спаѓаат оние во Стоби и Царичин Град.
Во Стоби, источното римско градче на Вардар, вршени се обемни ископувања во
текот на последните дваесетина години. Од досегашните ископини (сл. 23) може да се за-
                                                            
20
Како што забележуваме на триконахалната капела во Пореч, како и случајот со крстилницата откопана во Царичин
Град кај Лебане (сл. 21).
21
За тромпите и пандантифите детално ќе се разработува подоцна, во темата за архитектурата на Исток (сл. 29, 30).

  20
клучи дека најзначајните згради се подигнати околу главните сообраќајници. Пред самата
базилика откриен е и еден полукружен плоштад кој бил обиколен со портици со аркади
кои налегнувале на столбови и столпци22. Градот имал свој водовод и канализација. Од
јавни објекти, освен трите базилики23, античкиот театар и бањите, кои досега се откопани,
секако дека постоеле и други објекти како судница, пазар, градската палата – кои сеуште
се наоѓаат под земја. Меѓу неколкуте откопани приватни палати, најважна е секако Парте-
ниусовата24 (сл. 25). Сите простории во неа се сконцентрирани околу две дворишта -atrium
во кои се наоѓаат богато обработени базени – nympheum. Една од поголемите простории,
онаа со апсида, служела како трпезарија. Останатите простории биле наменети за јавниот
живот - околу поголемиот двор, и за семејниот живот на сопственикот - околу помалиот
атриум. Многубројните мали одаи и простории биле наменети за послугата и како остави.
Судејќи по распоредот на атриумот, може да се заклучи дека во овој блок се поди-
гнати две палати како една целина, меѓу себе раздвоени со масивни ѕидови, без отвори, од
кои палатата на сл. 25 е нешто помалата. Според својот целосен склоп како и по својата
богата декорација оваа и други палати во Стоби сеуште припаѓаат на доцноантичкиот тип.
Царичин Град кај Лебане, на чие ископување се уште се работи, исто така дава
слика на еден развиен град во оваа доба (сл. 24) со акропол, во кој се наоѓале базилика и
крстилница и со станбен дел во кој, на пресекот на двете главни улици кардо и декуманус
се наоѓа еден кружен плоштад опкружен, како и самата улица, со портици.
Додека станбениот дел подоцна се проширил кон југ, по одредeниот план, на
падините околу градските ѕидови се формирало предградие во кое живеело сиромашното
население.
Двата града биле обиколени со градски ѕидини од камен, засилени со кули. Не е ни
чудо што во тој период, посебно од V век па понатаму, пред опасноста од германските и
словенските племиња кои почнале да надоаѓаат на територијата на Западната и Источната
Римска империја, се подигале поголем број на тврдини кои со силните ѕидови ги обезбе-
дувале постоечките градови. Но начинот на кој се подигнуваат овие утврдувања повеќе не
е потполно антички и со нив полека се отвара патот кон средновековната воена архитекту-
ра за што подоцна ќе стане збор.
Меѓутоа кога војската се наоѓала на привремено кратко или подолго кантонување,
подига римски castrum - кој е во облик на правоаголник обиколен со ровови, додека сите
бедеми се зајакнати со палисади или дрвени кули. Постепено со промената на начинот на
војување против мобилните варварски племиња, ваквиот начин на подигање на тврдините
потполно се изгубил.
Како и на кое место ги примала појаките и послабите влијанија од исток, доцно-
античката христијанска архитектура, како верска така и цивилна, и самата ќе влијае на
развојот на градежништвото во источните земји. Нејзиното влијание далеку повеќе ќе се
почувствува на крајбрежните и приморските места на Средоземјето отколку во внатреш-
носта. Но таа ќе има големо влијание и во подоцнежниот развој на средновековната архи-
тектура, посебно во отоманскиот период, поточно во Италија, но и во останатите земји на
западна Европа. Континуитетот во градењето ќе биде одржуван особено низ латинската
школа, која како што видовме од предходно, по пропаѓањето на Западното Римско
Царство, опстанала главно во Италија сè до XI век.
                                                            
22
Во средина на плоштадот некогаш се наоѓала, според пишаните извори, Јустинијановата коњаничка статуа од бронза
од која е најден само базисот на кој била поставена.
23
Четвртата се наоѓа на гробиштата, вон градот.
24
Во неа е пронајден бронзениот печат со име на одреден Партениј па по него и се нарекува.

  21
Сл. 6 - Митреум во Dura Europos на Еуфрат; базиликално решение од 168-170 г.

Сл. 7 - Основа на петобродната базилика Св. Петар во Рим. Бидејќи храмот е од првата
половина на IV век, ориентирањето било извршено од исток кон запад. – 1. вратници, пропилеи; 2.
атриум, или парвис; 3. чешма со базен; 4. тремови, порти; 5. дел од тремот одреден за
катихумени; 6. главен брод; 7. бочни бродови; 8. трансепт; 9. апсида, во која е сместено
светилиште, наречено за Западот: sanctuarium, praesbiterium (место за свештеници), cоncha
(вдлабнување), tribunal (судница), - а на Исток: adition (тајно место), abaton (непристапно
место), bema (воздигнато место); 10. олтар, чесна трпеза, со цибориум над неа; 11. "горно
место" за епископот со седишта за свештениците од страни; 12. триумфален лак; 13.
дополнително изградени капели

  22
Сл. 8 - Основа на тробродната базилика S. Apollinare in Classe кај Равена. Бидејќи градбата
потекнува од првата половина на VI век, ориентирањето е извршено нормално, од запад на исток
– 1. припрата, нартекс, катихумени, лити; 2. проскомидија или протезис за примање и
осветлување на даровите; 3. ѓаконикон, просторија за чување на црковен прибор; 4. кула-
кмбанарија доградена до крајот на IX век

Сл. 9 - Основа на базиликата во Пореч на Истра, од 542 год.

  23
Сл. 10 - Попречен пресек на петобродната базилика Св. Петар во Рим

Сл. 11 - Попречен пресек на базиликата S. Apollinare in Classe, Равена

Сл. 12 - Попречен пресек на базилика Св. Агнезе во Рим, од 320-330 г.: да се обрати внимание на
трибините

  24
Сл. 13 - Рекострукција на подолжен пресек на базилика Св. Петар во Рим

Сл. 14 - Внатрешност на базилика S. Maria Maggiore во Рим, од 432- 440 г. По E. White

Сл. 15 - Перспективен изглед на базиликата Св. Петар во Рим. Реконструкција спрема цртежи и
податоци направени пред почетокот на XVI в., кога градбата била разрушена за да им отстапи
место на Брамантеовата и Микеланџеловата. Камбанаријата, фасадата на атриумот, како и
сите ниски градби наредени од лево, заедно со кружните капели ќе бидат доградени подоцна до
првобитната базилика. Во средината на атриумот се гледа фонтана, наречена фиала

  25
Сл. 16 - Фасада на храмот и дел од портикот на базиликата S. Clemente во Рим, од првата
половина на IV век. Дел од портикот наслонет на фасадата има аркада, додека бочните портици
се архитравно решени

Сл. 17 - Перспективен изглед на базиликата S. Apollinare in Classe кај Равена, од првата половина
на VI в. Целата градба е изградена од тула. Лево и десно од олтарската апсида се гледаат
ниските простори на прскомодијата и ѓакониконот. Камбанаријата е подигната кон крајот на
IX век

  26
Сл. 18 - Црква на Воскреснувањето (Anastasis) над Исусовиот гроб во Ерусалим. Реконструкција
на H. Vincent

Сл. 19 - Кружен римски пазар претворен 523-530 година, со разни преградувања, дополнувања
апсиди, во некој вид “римска базилика”, наречена S. Stefano Rotondo

  27
Сл. 20 - Гробна црква S. Constanza, во Рим од 320 до 330 година решена во вид на засведена
централна градба. Скалите биле сместени во кружниот портик и од нив се слегувало во
криптата, т.е. во самата гробна поставка

Сл. 21 - Тробродна базилика со нартекс, атруим и крстилница решена во облик на четворолист


впишан во квадрат, во Царичин Град кај Лебане, можеби некогаш Justinianа Prima, веројатно од
првата половина на VI век

  28
Сл. 22 - Основа на крстилницата во Стоби, решена во облик на слободен четворолист, од крајот
на V или од првата половина на VI век. Централниод дел бил засведен со свод во форма на крст
или можеби со купола на пандантифи или тромпи. Во средина се гледаат темелите на базенот
за крстење,со траги од подножјето на столбовите кои ја носеле надстрешницата.

Сл. 22 а - Доцноантички-рановизантиски капител од градската базилика кај Стоби, од крајот на


V век. (Слика од Археолошкиот музеј во Скопје)

Сл. 22 б – Доцноантички-рановизантиски капител од Бреговина, Топлица

  29
Сл. 22 c – Доцноантички-рановизантиски капител од Царичин Град

Сл. 23 - Урбанистичко решение на Стоби (кај утоката на Црна Река во Вардар). Снимка на А.
Дилберовиќ (од збирката на Народен Музеј во Белград)

  30
Сл. 24 - Урбанистичкото решение на Царичин Град (по А. Дероко и Св. Радојчиќ)

Сл. 25 - Основата на Партениусовата палата во Стоби од IV- VI век 1. влез 2. два атриуми со
портици 3. нимфеуми базени со неколку чешми 4. веројатно triclinium, трпезарија 5. просторија
наменета ѕа цедење на зејтинот

  31
Сл. 26 - Реконструкција на Диоклецијановата палата во Сплит

Сл. 26 а - Перистил во Диоклецијановата палата во Сплит, еден од најзначајните примери на


архитектура на преминот од античкиот период во среден век

Т. II - мозаик од црквата S. Apolinare Nuovo во Равена во 520-тите години (по Wilpert)

  32
АРХИТЕКТУРАТА НА ХРИСТИЈАНСКИОТ ИСТОК

После освојувањето на земјите на Блискиот Исток, во Мала Азија, Месопотамија,


Сирија и Египет во последната четвртина на IV век пред нашата ера - под Александар
Македонски - Грците се подлабоко продираат во овие подрачја, но се задржуваат главно
во поголемите градови, развивајќи во нив позначајна продуктивна занаетчиска и уште
повеќе трговска дејност.
Богатите домашни жители се помируваат со оваа состојба и соработуваат со Грци-
те и постепено се самопогрчуваат. Од друга страна и Грците кои сè подлабоко влегуваат
во внатрешноста на земјата, сè повеќе се мешаат со домашното население и постепено ги
примаат нивните обичаи. Широките народни слоеви експолоатирани како од Грците така
и од домашните големци живеат во градските периферии и во внатрешноста на земјата,
доколку како робови не се одведени во Грција или во некоја од грчките колонии. Со
освојувањето на овие земји од страна на Римјаните во втората половина на I век п.н.е.
како и во текот на I век и првата четвртина на II век, општествените односи во суштина не
се менуваат. Се менуваат само политичките и административните владетели. Вишокот од
производството сега оди во Рим, а не во Грција, но робовскиот систем и понатаму остану-
ва на сила.
Оттука, идеологијата на првобитното христијанство и овде наоѓа плоден терен и
многу брзо се вкоренува. Видовме каква улога има црквата во поглед на општеството
после своето осамостојување во 313 год. Таа улога не се разликува ни во овие краеви од
онаа која ја одиграла на запад. Имало навистина и случаи кога црквата и поцврсто се врзу-
вала со народната средина за која делувала, но тогаш од званичната црква била прогласу-
вана за предавничка – како случаевите на аријанизам, донатизам, подоцна и богомилство
и други. Врзана пред сè за големите хеленистички центри, поточно за Ерусалим, Цари-
град, Антиохија и Александрија во кои боравеле источно-христијанските патријарси,
црквата постепено ги пренесува хеленистичките влијанија во подлабоката внатрешност, и
обратно како повраток (и тоа во сè поголема мерка преку домашното ниско свештенство
кое со текот на времето почнува да зазема и повисоки црковни положби) ги пренесува
источните влијанија кон средоземјето, а потоа и понатаму кон запад. Покрај тоа, при из-
градбата на своите објекти таа мора да ги прилагоди истите на домашните услови – имено,
од една страна на материјалот со кој располагаат, а од друга страна на степенот на кој е
развиена домашната градителска традиција и техника, и најпосле на вкусот односно
градителската традиција на народот кој требало што повеќе да се привлече во новоизгра-
дените храмови.
Каква била таа традиција и кој бил степенот на конструктивната техника во тоа
време на ова широко подрачје на Блискиот Исток?
Градителската традиција овде почнала да се формира уште во текот на 4000 година
пред нашата ера во Месопотамија. Во оваа земја во која скоро и да нема камења, каде
дрвото главно е од палми и исто така ретко, најпогодна за градба била иловицата (глината)
која ја имало во изобилие и тоа со одличен квалитет, така да ќерпичот правен од неа и
сушен на сонце имал речиси иста отпорност како и самата печена тула.
Требало само да се најде начин да од овој материјал се изработи и покривањето
(затварањето) на објектите, а не само ѕидовите. Тој начин се изнашол и тоа бил сводот. Во
почетокот примитивни, со мали распони како на сл. 27, но со текот на времето сводовите
сè повеќе се усовршувале. Така да веќе во првото столетие од нашата ера во месопотамско
-персиската сасанидска апсолутистичка држава и во нејзината сеуште не-христијанска
профана архитектура, наидуваме не само на полуцилиндрични сводови, понекогаш со

  33
прекршен и елипсовиден пресек, често со огромни распони25, веќе и на моќни куполи,
обично со овален облик, елипсаст пресек, подигнати над квадратни простори, со тромпи
со кои се преминува од квадратната во кружната основа на самата купола26 (сл. 25). Некои
од овие сводови се изградени од тула27, а некои од кршен камен (клесан, обработен)28 и
кршеник (природно кршен)29 - на северниот и крајно јужниот дел на Месопотамија каде
што овој материјал го има во изобилство.
Ни останува уште да објасниме што се тоа тромпи.
Кога една калота, полутопчест свод, се изведува на квадратна основа, природно е
распонот на калотата да е рамен со страната на квадратот, односно во хоризонтална проек-
ција, сводот се проектира како круг впишан во квадрат (сл. 28). Меѓутоа во секој агол на
квадратот ни остануваат површини кои не се покриени со сводот. Тие треба да се покри-
јат, а истовремено да се овозможи сводот да си најде своја континуирана потпора (значи
да се предвиди како сводот би се потпрел на квадратната основа). Тоа може да се постигне
со тромпи, односно со една конструкција во вид на аголна ниша, така да ѕидот од страна и
од горе постепено се препушта во полето, сè дотогаш додека правиот агол на квадратната
основа не премине во кружна основа на сводот (сл. 29 III IV) кој е потфатен со венец со
сосема мал испуст. Овие ниши можат да бидат изведени на различни начини. Во месопо-
тамската архитектура тие се сосема едноставни и се сведени на еден вид на поставени
полукуполести сводови (сл. 29 IV).
Друг начин на затворање на овие непокриени агли помеѓу калотите и нејзините
квадратни основи се изведува со помош на пандантифи. Овие не се појавуваат во месопо-
тамската архитектура. Но, бидејќи преодите на нишите од тромпите кон кружните основи
на калотите се всушност делови на пандантифот, и нивната конструкција мораме да ја
објасниме.
Да опишеме околу некоја кубична основа над која лежи некоја калота еден круг и
да замислиме над него една полутопка (сл. 30). Сега да ги продолжиме страните на ква-
дратната основа да продрат низ оваа полутопка и да го најдеме нивниот заеднични пресек.
Ако ги отфрлиме страните на оние делови од полутопката кои се наоѓаат надвор од стра-
ните на основата, тогаш на секоја страна, ќе добиеме уште по еден полукруг кој го обеле-
жува продорот на страната низ полутопката. Доколку со една хоризонтална рамнина би ја
пресекле и кубичната основа и полутопката во висината на темињата на овие полукруго-
ви, над оваа површина ќе добиеме еден отсечок од топка чија основа е круг впишан во
квадратната основа. Ако го отфрлиме и горниот отсечок, ни остануваат по аглите само
едни сферични триаголници од замислената полутопка. Овие сферични триаголници не се
ништо друго туку пандантифите. Во својот долен дел, значи, тие почнуваат од самите агли
на квадратната основа и постепено одејќи нагоре сè повеќе и повеќе ги затвораат аглите на
квадратот, сè додека во својот горен дел не се состават и формираат круг впишан во сама-
та квадратна основа. Над овој круг се зацврстени, урамнотежени со еден венец со мали
испусти (сл. 30 B F) и на тој начин лесно е да се изведат калотите (сл. 30 IV).
Од надвор, и тромпите и пандантифите се маскирани со аглите на кубичниот поста-
мент на калотата со кој се сливаат во заедничка целина (сл. 30 VI). Сосема е природно да
вака моќните сводови, иако од сите страни биле потфатени со други сводови со помал
распон, да имаат потреба и од масивни ѕидови како дополнителна потпора и намалување
                                                            
25
Полуцилиндричен свод на палатата во Хатр - I-II век п.н е. - има распон 14.80 м, - а палатата во Ктезифон од
средината на III век или втората половина на IV - распон од 26.80 м.
26
Куполита на палатата во Сарвистан (сл. 28) IV-V век каде најголемата има распон од 12 м како и куполата на палатата
во Фируз-Абад, за која се мисли дека е од втората четвртина на III век, но е веројатно од ист период како и онаа во
Сервистан, со распон од 14 м и висина од 23 м.
27
Купола во Сервистан.
28
Купола во Фируз-Абад.
29
Сводови во Хатр.

  34
на бочниот потисок, во кои пак би имало евентуални / сосема мали отвори со цел да би се
задржала нивната крутост (сл. 28).
Големината на прозорците и вратите кај овие храмови била условена и од друга
причина освен оваа конструктивна. Тоа се објекти кои се градени во предели со високи
температури и поради таа причина уште повеќе било важно да овие простори останат
пријатни и свежи. Со вака намалениот број на отвори во храмот, дополнително уште се
истакнувала и неговата мистичност.
Од порано видовме дека во самата Месопотамија, како и во нејзините краишта,
градбите воглавно биле изведени од тула. Но тоа е материјал кој има малку мрачен изглед,
а исто така може брзо да пропадне од влага. За ова да не се случи, ѕидовите се обложени
со глеѓосани или фајансни плочи30, декорирани со јаки, топли и живи бои.
Бојата која на истокот е омилена како заради географските и климатските услови,
така и заради големата употреба на полихромни ткаенини, да се потсетиме само на
персиските теписи кои беа неопходно потребни при поранешниот номадски начин на
живеење, станува еден од најзначајните елементи на самите градби. Ова и ден денес се
чувствува во источните уметности особено кај исламскиот народ.
Пластичната декорација, која често била обоена, во почетокот исто така е работена
на глинени плочи кои отпосле се печеле. Затоа е таа плитко рељефна, и сведена само на
две површини: надворешна, до која допира, и позадина кoja e само малку вовлечена во
масата кон надворешната површина.
Ваквиот начин на пластична обработка потоа се пренесува и на каменот, кој е и
самиот погоден за слична обработка.
Христијанската архитектура на истокот ги наследила сите овие елементи, а преку
неа, во помал или во поголем обем, како и на кое место и во кое време, тие допираат и во
подрачјето на западна Европа. Но овие елементи и во самите источни земји се вкрстуваат
со хеленистичките, така да постепено се формираат нови типови градби со нови видови на
декорација. Притоа треба да се земе во предвид и реципрочното влијание на Византија врз
овие краеви, како и користењето на декоративни елементи од Азија, па дури и од Кина до
кои можело да се пристапи преку караваните кои се движеле по „патот на свилата”31.
Да не заборавиме дека и самото христијанство со своите симболички сфаќања на
светот имало големо влијание - особено на истокот каде што симболизмот отсекогаш бил
главна компонента во раните религии преку која делувал врз изборот на определени обли-
ци на поединечни, култни градби. Така, нивните пропорции често се водат по одредени
броеви како на пример: 3 (Светото Тројство), 7 (седумте дена на создавањето), 8 (осум
Блажества), 12 (дванаесет апостоли) или се изразени во облик на крст како најголемиот
симбол на христијанството. Ова не се само претпоставки туку постојат и стари записи кои
потекнуваат од IV век изразени вообичаено преку стихови кои оваа симболика, посебно
кога станува збор за октогоните и оние кои имаат крстовидни решенија, ја манифестираат
на карактеристичен начин32.
Притоа се употребуваат и најразлични системи на геометриска пропорционалност,
најчесто во основа на рамностран триаголник. Мерењето со стапки, а тоа е начин добро
познат на античкиот свет, стапките како антропоморфни мерни големини, варираат поме-
                                                            
30
Само во ретки случаи тоа било камен, тогаш кога истиот било возможно да се донесе и пренесе, често од многу
големи далечини, што пак значело и дополнителен влог во работна сила, па така станувало возможно само најголемите и
најмоќните источни владетели да си го дозволат тоа.
31
“Патот на свилата” поаѓал од Антиохија, па преку Месопотамија и Иран се поврзувал со Туркменистан и Кина. Таму,
во централна Азија, во Синганф, постои стела од 781 г. со христијански натпис на кмерски јазик. Ова е најстар и
најоддалечен средновековен христијански споменик на Истокот.
32
Стиховите на Григориј од Ниса, во Кападокија и Амброзиј од Милано.

  35
ѓу 29 и 33 cm, во мерните пропорции внесува определена органска логика која потоа во
разни варијанти подоцна ќе го наследи и архитектурата на средниот век.
Во поединечни земји на блискиот и далечниот исток, под сите овие сложени усло-
ви и вкрстени влијанија, се раѓаат разни архитектонски школи, понекогаш блиски една со
друга, понекогаш многу различни, во зависност од тоа кои традиции биле доминантни.

  36
Сл. 27 - Еден асирски рељеф од Кујунџик на кои се преставени згради со своите куполи
(сравни со слика 30а и 50а)

Сл. 28 - Основа и пресек на месопотамско-персиската


сасанидска палата во Сарвистан, од IV-V век од нашата ера.
Главната купола, на тромпи, има распон од 12м.

Сл. 29 - Конструкција на купола на


тромпи
I-II основа и пресек: А - калота, В -
страната на квадратната основа, C -
непокриени агли на квадратот, D - ниша
на тропмата во хоризонтална проекција,
Е - ниша на тромпата во вертикална
проекција, F - ниша од страна и од горе,
која постепено се спушта и преминува во
кружната основа на калотата,
III шематски и перспективен изглед на
целата конструкција,
IV тромпа под калотата во Сарвистан,
гледана од внатре.

  37
Сл. 30 - Конструкција на калота на пандантифи
I-II основа и пресек: В - страната на квадратот, R -
полупречник на замислениот полукруг, С - полукругови кои
го обележуваат продорот на страната на кубичната
основа низа замислената полутопка, D - делови од кругот
кои треба да се отстранат бидејќи се наоѓаат надвор од
кубичниот простор, E - пандантифи т.е. делови кои
остануваат после отстранувањето, А - калота изведена
над пандантифот,
III перспективен изглед,
IV перспективен изглед на внатрешната површина,
V перспективен изглед на пандантифот од внатрешната,
страна: F - венец помеѓу пандантифот и калотата,
VI шематски и перспективен изглед на спојот.

Сл. 30а - Село Јабрин кај Алепo,


Сирија

  38
ХРИСТИЈАНСКАТА АРХИТЕКТУРА ВО ГОРНА МЕСОПОТАМИЈА

На местото помеѓу горните текови на Тигар и Еуфрат (сл. 38), таму каде овие две
реки се приближуваат една кон друга, во околина на Амид, Назиб и Одеса, има остатоци
од многубројни цркви од почеток на V и средината на VII век. Оваа територија е важна по
тоа што преку неа проаѓале каравански патишта кои воделе од средна Азија и Персискиот
Залив на запад. Таа припаѓала на Источното Римско Царство33, но бидејќи се наоѓала на
периферен дел каде хеленистичките влијанија биле многу слаби, таа била под силно влија-
ние на домашната месопотамска традиција.
Во ова подрачје, за разлика од средна Месопотамија, има изобилство од камен па
токму поради тоа објектите се градени воглавно од него и тоа од добро обработен матери-
јал. Сите се сведуваат најчесто на сводести конструкции кои често имаат елипсовиден
пресек.
Ги има најпрво во облик на источните базилики кои за разлика од латинските и
хеленистичките се потполно засводени. Освен тробродните базилики како што е Мар Саво
(Свети Сава) во Кхак, наоѓаме исто така и двобродни базилики со главен брод кој е широк
и висок, и бочен брод кој е тесен и низок. Двата брода меѓусебно се одвоени со исполнет
sид, а непосредно се споени единствено со врата, така да бочниот брод служи истовремено
и како нартекс (сл. 31). Надолжните сводови се поддржани од бочните кои се ослонети на
лаци, кои пак се наслонуваат на јаки внатрешни пиластри, некој вид на внатрешни контра-
фори, истовремено на тој начин ги олеснуваат sидовите и им парираат на бочните прити-
соци на самите сводови. Кај главните бродови, лаците се конструктивно и логично подла-
боки од онаа страна кон која нема бочен брод. Внатре полукружните апсиди обично се
слеани со sидната маса така да споевите не се гледаат34.
Исто така наидуваме и на градби со попречни бродови каде сводовите над олтар-
скиот простор, проскомидијата и ѓакониконот се ослонуваат во подолжниот, подолг,
правец и меѓусебно образуваат т.н. нормален тип на базиликално решение, како на пример
кај црквата Мар Јакуб во Салаха (сл. 32)35.
Секако, на крај, треба да разгледаме градба со куполи врз тромпи. Тоа можат да
бидат помали решенија во форма на октогон втопен во периметарот на масивниот ѕид, со
наизменични правоаголни и полукружни ниши на секоја од осумте страни, како кај гроб-
ните капели на египетскиот монах во манастирот Мар Габриел (сл. 33), или само со пра-
воаголни ниши, како на една друга капела во истиот манастир.
Има случаи како кај црквата во Вираншехер (сл. 34), каде што ширината на
октогонот е поголема од подолжниот распон, над кој се наоѓа купола од тули поставена на
тромпи, обиколени со прстенест брод со трибини, со странични пристапи во облик на
затворен вестибил, со издолжен едноброден олтарски простор, и се претпоставува барем
една купола од западната страна. Сводовите над прстенастиот брод, над приземјето и
трибините, овде служат за парирање на големиот притисок на самата купола.
Во Диарбекир (сл. 35) гледаме дека има купола и над квадратниот простор. Додека
припратата воглавно е разрушена, самиот храм е решен во квадратна форма така што
куполата е потфатена од секоја страна со по еден полузаоблен свод нормално поставен на
поткуполниот простор, со што е формирана крстаста форма. Помалите простории се
                                                            
33
Кон средината на VII век ќе биде освоена од Арапите.
34
На овој тип припаѓаат црквите Мар (Свети) Киријакос (сл. 31), Мар Азазиел и Мар Филоксенос. Вака изградената
апсида е добиена од нишите во sидовите, која сè повеќе се зголемувала и развивала.
35
До некаде и кај главната црква на манастирот Мар Габриел, а исто така и кај црквата Мар Ибрахим во Мидиат.

  39
наоѓаат во аглите и се завршени со кружни, додека просториите до нив со елипсовидни
сводови.
На Богородичната црква во Кхак (сл. 36) куполата е исто така од сите страни и тоа
овој пат на многу смел начин, потпрена на лаци и сводови. Овој случај, особено низ ниши-
те меѓу колонетите во апсидата потсетува донекаде и на хеленистичките решенија.
Веќе потполно зрело решение на впишан крст, во комбинација со обемен брод,
слично донекаде по типот на црквата Св. Софија во Солун, гледаме во Мајафаркин (сл.
36,а), за кое едни претпоставуваат дека припаѓа на крајот на VI век, а други, можеби со
повеќе право, IX век.
Просторната композиција на овие објекти е прилично гломазна и тешка. Тоа произ-
легува на прво место од несмасноста со која сè уште се изработувани сводовите чии силни
странични притисоци бараат и солидна базична конструкција. Оттука и отворите се обич-
но мали и најчесто завршуваат со хоризонтален надвратник од камен или лак кој може да
има полукружен, потковичест или понекогаш малку прекршен облик.
Профилите се многу живи и богати (сл. 37). Релјефните декорации, плитки, но тех-
нички добро изработени ги наоѓаме на скулптурните капители, парапетните плочи и кај
рамките на вратите. Ѕидовите во внатрешноста на оние поскромни градби се покриени со
фрески, додека кај некои позначајни објекти со мозаици. Во изборот на мотивите се
вкрстуваат сасанидско-месопотамската традиција со хеленистичко влијание и старохрис-
тијански симболизам така да на релјефите и фреските може да забележиме акантус, роза,
лозје, „вазната на животот”, птици и животни.
Градежништвото и уметноста на ова подрачје претставуваат некој вид на транзици-
ја, преодна школа помеѓу сасанидско-месопотамската уметност и христијанството од
Исток.

  40
Сл. 31 - Основа на двобродната базилика Мар Кириакос

Сл. 32 - Основа на црквата Мар Јакуб, со попречен главен брод

Сл. 33 - Основа на октогонална гробна капела впишана во квадрат, во манастирот Мар Габриел

  41
Сл. 34 - Основа на кружната црква во Вираншехер, од V-VI век со издолжен брод на олтарскиот
простор, со странични вестибили и можеби со кула над нартексот

Сл. 35 - Основа на црквата на Несторијанскиот манастир во Диарбекир, во V-VII век, со купола


која е потфатена со полуцилиндричен свод од секоја страна и пониски елипсовидни односно
кружни сводови во поголемите простории. Над припратата најверојатно постоела голема
купола, но бидејќи овој дел од објектот е срушен, не се гледа како била потфатена

Сл. 36 - Основа на Богородичната црква во Кхак

  42
Сл. 36а - Основа на црквата во Мајафаркин

Сл. 37 - Профили од црквата Мар Саво во Кхак

  43
АРХИТЕКТУРАТА ВО ОБЛАСТА НА МАЛА АЗИЈА

Во централната област на Мала Азија, во Кападокија и Галиција, како нејзини нај-


јужни краеви, Писидија, Памфилија, Ликија, Ликаонија, Исаурија и Киликија (сл. 38), се
сретнуваме со многубројни остатоци од средновековни цркви чие време на изградба често
е тешко да се утврди. Во секој случај, добар дел од нив се изградени во IV-V век, додека
некои и подоцна, но како и да е тие потекнуваат од периодот пред 1072 г., кога овие кра-
ишта се освоени од Турците. Богатството на камен со одличен квалитет овозможило овие
градби да се изградат од овој материјал. Тоа било и месна традиција која можеме да ја сле-
диме дури и од многу порано, од почетокот на 2000 г. п.н.е., кога овие подрачја биле насе-
лени од Хититите, од кои секако имало потекло и домородното население. Покрај месната
традиција, која се гледа во барањето на што поконструктивни форми и облици, овде нао-
ѓаме и силно влијание и на месопотамската архитектура. Онаму каде што имало добра
иловица /глина/ се ѕидало од тула, иако многу ретко, а понекогаш и мешовито - од камен и
тула36.
Влијанието на хеленистичката архитектура на оваа покраина, влијание кое доаѓа
преку приморјето и од Сирија, далеку послабо се чувствува. Иако во јужните краишта, во
Памфилија и Пасидија се сретнуваме со неколку базилики со рамни таваници и архитрав-
но поврзани столбови37, тие по многу работи се разликуваат од хеленистичките, особено
по тоа што, во повеќе случаи, од внатре имаат полукружна апсида која од надвор е
маскирана, како онаа во Горна Месопотамија со рамни ѕидови. Влијанието на
хеленистичките облици повеќе се забележува на декоративните елементи, меѓутоа тоа
слабее како одиме повнатре и подлабоко на територијата на Мала Азија.
Поголемиот број базилики, како на пример неколку базилики во Бин-бир-Килисе,
(Илјада и една црква) во Ликаонија, од IV-V век и Кестели, во Изаурија, од истото време,
припаѓаат на источниот тип, имено тие се потполно засведени со подолжни полукружни
сводови, понекогаш налегнати на зајакнати лаци, кои се наслонуваат на столпци и ѕидни
пиластри (сл. 39). Кај некои проскодомијата и ѓакониконот се поврзани единствено со
врати со олтарскиот простор и бочните бродови, додека апсидата, обично само една,
однадвор има многу мало исфрлување38; кај другите се јавуваат апсиди со копитест облик,
бочни влезови како еден вид на понизок вестибил, дури и со две ниски кули на секоја
страна на нартексот (сл. 39), што потсетува на хититските хилании, односно месопотам-
ските хекали, т.е. свечените павиљони во кралските палати. Понекогаш навистина ретко,
постоеле и трибини над бочните бродови, до кои се доаѓало преку скали, сместени во
споменатите кули покрај нартексот, кои често испаѓале нанадвор во однос на рамните
подолжни фасади.
Освен базиликите се јавуваат и голем број градби со други, далеку послободни ре-
шенија. Така имаме еднобродни храмови со низок трансепт, кој непосредно пред апсида-
та, изразено испаѓа надвор од рамните бочни ѕидови на подолжниот брод, образувајќи
така еден вид на слободен издолжен крст39. Над украсниот простор помеѓу подолжниот
брод и трансептот може да биде изведена и купола, која е потфатена од источната страна
од полукалотата на апсидата, и со полукружните сводови на останатите страни (сл. 40).
Кога трансептот, кој тогаш добива висина како онаа на главниот брод, ќе се помести кон
средината, се добива основа во облик на слободен рамнокрак крст (сл. 41). Понекогаш
слободниот крст се комбинира со октогон, - црква бр. 8 во Бин-Бир-Килисе (сл. 42), или
црквата во Ниса, во Кападокија, која ја спознаваме единствено по еден опис од IV век. Но
                                                            
36
Дере Ази и Св. Никола во Мира и Ликија, Утчајак во Кападокија, Св. Климент во Анкирија, исто во Кападокија итн.
37
Алаќа Јаила, Дешембе, Адалија (главниот брод), две базилики во Пергу итн.
38
Како во Кестела.
39
Урнатините бр. 14 во Бин-бир-Килисе и храмот на Четириесетте маченици во Скупи (сл. 47) во Кападокија, од IV-V в.

  44
наидуваме исто така и на октогонални решенија, кои можат да бидат сосема едноставни,
со наизменични правоаголни и полукружни ниши на сите страни, странични капели во
Дере Ази (сл. 44), во Ликија, од IV век, или комбинирани така да централниот дел, на кој
се наоѓа куполата, е обрабен со понизок брод, црквата во Исаурија. Овој тип може да се
претвори во потполно кружно решение, со прстенест брод, - црква во Хиераполис, во
Кападокија, од IV век, чии што надворешни површини, за да се избегне заоблено обрабо-
тување на каменот, можат да бидат поделени на поголем број различни сектори, - црква во
Дербе, во Исаурија. Покрај овие, во Утчајак, во Кападокија, се наоѓа и една двојна црква
од V век(?) со две полигонални апсиди и две куполи потпрени на подолжни полукружни
сводови и странични приклонети лакови, така да формираат некој вид на впишан крст (сл.
42, а).
Како посебен тип градба се појавува и базилика со купола. Прво во Коџа Калеси, во
Исаурија, од втората половина на V в. (сл. 43), кај која во аглите на правоаголниот потку-
полен простор наоѓаме тромпи потпрени на столпчиња на конзоли. Но ѕидовите кои треба
да ја носат куполата се толку тенки што се поставува прашањето дали воопшто постоела
калота или овде куполата е претворена во некој вид на кула, покриена со евентуално дрве-
на конструкција како и главниот брод, додека таваницата над бочните бродови била изгра-
дена на сирски начин од камени плочки кои лежат на попречни лаци40.
Но затоа во црквата Св. Никола во Мира и “Касаби” кај Дере Ази (сл. 44), двете во
Ликија од VII в., како и на Св. Климент во Анкара, во Галација, од првата половина на
VIII в., сите простори се засведени со полукружни и крстасти сводови41, а куполите се
наоѓаат над пресекот помеѓу подолжниот брод и трансептот, кој од него е издвоен со
аркади, додека трибините продолжуваат и низ самиот трансепт. Така добиваме некој вид
на комбинација помеѓу базилика и храм во облик на впишан крст.
Последниот тип, тип на градби во облик на впишан крст, се појавува и најдоцна.
Прво доста невешто, како на пример во Алаџа Килисе, кај Кониа, во Ликаонија, веројатно
од VI-VII в., кај која внатрешниот крст е потполно заѕидан, така да со полни ѕидови е
одвоен од просториите во аглите на правоаголникот со кој е опфатен и самиот крст,
заедно со својата апсида. Потоа и како потполно зрело решение, како кај црквите во Чат-
Даг (сл. 45), во Ликаонија, од VII-VIII в.(?) и во Чанли Килисе во Кападокија од VIII век.
Куполата кај овој тип е изведена над квадратен простор, кој е образуван на местото на
вкрстување на главниот брод со трансептот, кој има иста висина како и главниот брод.
Самата купола носи четири полукружни свода, протегајќи се над главниот брод и
трансептот. Над просторот во аглите, помеѓу краците на впишаниот крст и широкиот ѕид,
изработени се пониски сводови, така да во просторното решение, кај покривите јасно се
покажува крстастиот облик, како директна функција во внатрешното решение.
Необично интересни се многубројните цркви во Кападокија, особено во областа
околу Гореме, речиси целосно издлабени во вертикални карпи од мек варовник. Може да
имаат облик на двобродни базилики, Михаил Килисе и Карабаш Килисе во Соандере, или
главниот брод да им е попречен на апсидите и влезниот вестибил, слично како тоа што
сме го виделе порано во Мар Јакуб кај Салаха во Горна Месопотамија (сл. 32), како во
Доганли Килисе и Токали Килисе (сл. 45) во Гореме. Ги има неколку, дури и во форма на
впишан крст, пештерската црква во Соандере, Ермели и Гореме, Сараџа Килисе во Сузам
Бајре (сл. 46). Кај многу од нив е врежана во карпа и западната фасада, а во одредени
случаи, како Бели Килисе во Соандере, однадвор дури и самото кубе. Се претпоставува
дека овие пештерски цркви потекнуваат дури од VII-VIII в. меѓутоа се чини дека некои од
нив се подоцнежни и датираат од XI-XII, а некои дури и од XIII-XIVв.42, односно од
                                                            
40
Црквата имала и трибина, додека апсидата однадвор е покриена со рамни ѕидови.
41
Обликот на крстастите сводови се добива се пресек на два полукружни, кои меѓусебе се вкрстуваат.
42
Ова особено, со оглед на фреските кои се во нив изразени.

  45
времето кога домородните христијански монаси морале да се кријат од Турците во
зафрлените делови.
Покрај полукружните, за оваа архитектура, во голема мера се карактеристични и
копитестите лакови, кои често се јавуваат во внатрешното трасирање на апсидата (сл. 46).
Просторното решение на малоазиските цркви, како што може да се увиди од сето
ова, е доста разновидно. Во директна зависност од основата и внатрешниот склоп,
вообичаено тоа добива живи, разиграни облици.
Куполите, посебно оние од подоцнежното доба, се изработувани со тамбур, однос-
но, калотата не лежи директно на квадратниот или осмостран постамент, туку е издигната
со еден кружен или полигонален, обично осмостран, прстенест ѕид (сл. 42), кој што може
да има, посебно овде во Мала Азија, благо закосена форма на обрабен конус, како што е
на пример кубето врежано во карпата над пештерската црква Бели Килисе во Соандере.
Понекогаш тамбурот може да биде и лажен, односно калотата во својот долен дел е за-
цврстена однадвор, така што изгледа како тамбурот, кој што не постои, како да го има, Св.
Климент во Анкирија. Преминот од постаментот до калотата може, иако многу ретко, да
биде реализиран и со постепено испуштање на камени плочи, црквата бр. 9 во Бин-Бир-
Килисе, односно тромпи, кои ги наоѓаме во Коџа Калеси (сл. 43), односно пандантифи,
Дере Ази, Св. Никола во Мира, дури и со комбинирање на тромпи и пандантифи, Св.
Климент во Анкара.
Како слободни потпирачи се користат и столбовите, и што е уште почесто, ѕидани-
те столпци. Нивната распределба вообичаено е во директна зависност од разните комбина-
ции на лакови и сводови. Така на пример, понекогаш наидуваме и на алтернација на стол-
бови и столпци, односно помеѓу два столпци, кои прифаќаат посилно зајакнувачки лаци,
се наоѓаат столбови кои се нешто помалку оптоварени, како во Кале Килисе во Селме, во
Кападокија, односно кои со еден надѕидок ги прифаќаат и потпираат темето на лакот што
е распнат помеѓу столпците, како во црквата именувана Џуманин џамија во Адалија, во
Писидија. Има случаи каде истовремено се комбинираат и столбови со столпци како кај
Коџа Калеси во Исаурија (сл. 43), па дури и меѓусебно потполно се спојуваат како во
црквата бр. 31 во Бин-бир-Килисе во Коџа Калеси (сл. 43).
Порталите најчесто се правоаголни, со профилирани и орнаментирани рамки и
малку закосени венци над надвратникот. Но, честопати се случува над овој венец да е
изработен и еден доста исфрлен лак, кој налегнува на конзоли, како на пример во црквата
во Корогоз, во Каликија – кој дури може да има и свој венец, како во Џуманиновата
џамија во Писидија (сл. 48).
Прозорците се релативно големи, лачно завршени. Честопати се двојни (бифори),
или тројни (трифори), така што меѓусебно отворите се раздвоени со столбови (сл. 47), или
столпчиња – Коџа Калеси.
Фасадите се понекогаш поделени со пиластри, кои одговараат на внатрешниот рас-
поред на објектот (сл. 47). Се случува, освен завршните венци, да имаат и поделбени, т.н.
кордон-венци со кој се поделени во висина, на хоризонтални зони. Овие венци, на сирски
начин, обично лачно се повиваат околу прозорските отвори, или се кршат под прав агол
над порталот (сл. 47).
Профилите на овие венци, како и останатите профили на кои наидуваме, најчесто
имаат хеленистичкото потекло, но не се посебно богати (сл. 49).
Пластична декорација наоѓаме главно на капителите и на рамката од вратата. Таа е
побогата од јужната страна, каде се наоѓаат и капители од коринтско потекло, отколку во
внатрешноста каде е посиромашна и послободна. Таа е обично многу плитка. Исто така се

  46
појавуваат и преплети, во облик на доста крути двојни траки, меѓусебно преплетени обич-
но по кружна линија (сл. 50), а во честа употреба е обликот на воден лист.
Покрај релативната сиромаштија на овие краишта и недостатокот на добар мермер
и мозаик, декорации во интарзиран камен скоро и воопшто да нема. Меѓутоа, зачувани се
многу фрески, особено во пештерските цркви во Кападокија.
Малку остатоци се зачувани од профаната архитектура од средниот век, па затоа не
е и доволно проучена. Тоа се должи на тоа што материјалот кој е употребуван за изградба
на станбените згради бил релативно трошен, ќерпич, а понекогаш и од нешто поквалитет-
ниот клесан камен, употребуван на ист начин како во Сирија. Судејќи по денешната
селска и градска архитектура објектите биле покриени со рамни покривни тераси, на кои
во есен биле поставувани стогови сено.
Со богатството на своите архитектонски облици малоазиските земји влијаеле во
голема мера на развојот на околните земји, специјално во Византија, но и во подалечните
области на западна Европа, посебно во раниот и зрел феудализам.

Сл. 38 - Мапа на малоазиското и горномесопотамското подрачје

  47
Сл. 39 - Основа, пресек и бочен изглед на базилика во Бин-бир-Килисе. Се гледаат две ниски бочни
кули кај нартексот, изграден во облик на отворен трем, како и вестибил пред влезот во бочните
бродови

Сл. 40 - Основа на црква во Томарза, во облик на крст со купола

  48
Сл. 41 - Основа на црква во Бин-бир-Килисе, во облик на крст со купола

Сл. 42 - Основа и пресек на капела во Бин-бир-Килисе, во облик на крст комбиниран со октогон,


над кој се наоѓа купола со тамбур

  49
Сл. 42а - Двојна црква во Утчајак, од V век(?)

Сл. 43 - Основа и пресек на црквата во Коџа Калеси, од втората половина на V век, во облик на
тробродна базилика со купола на тромпи, доколку калотата се уште постоела

  50
Сл. 44 - Основа и пресек на црквата во Дере Ази од VII в., во облик на засведена базилика со купола
и трансепт, како и две октогонални бочни капели

Сл. 45 - Основа на црквата во Чат Даг, од VII-VIII век(?) во облик на впишан крст

  51
Сл. 45а – Пештерски цркви во ќелии во Гореме, во Кападокија

Сл. 45b - Покрај фантастичниот облик на каменот издлабен и дотеран од човечка рака, подоцна
се приспоиле станбените згради oд селото Ауџилар, - недалеку од Гореме во Кападокија, градени
од тесаник, со рамни, терасести покриви

  52
Сл. 45c – Внатрешен изглед на главниот брод, попречно поставен према олтарскиот простор, во
пештерската црква Токали Килисе, во Гореме, во Кападокија. Црквата е цела директно исклесана
во камен. Од двата слоја живописи помладиот датира од X век(?)

Сл. 46 - Пештерска црква во Сузам Бајре, во облик на впишан крст, со три источни и две бочни
апсиди

  53
Сл. 47 - Изглед на урнатините од еднобродна црква во Скупи, со низок трансепт

Сл. 48 - Порталот на црквата именувана како Џуманин џамија, со испакнат лак на конзолите над
надвратниците

Сл. 49 - Профили од црквата Бр. 8 од Бин-Бир-Килисе, - четири леви, и од Даг Еурен, - четири
десни

  54
Сл. 50 - Парапетна плоча со преплет на двојна трака во Агра, од XIII-XIV в.

Сл. 50а - Една од многуте станбени згради во Кападокија, во селото Хаџи Бег Таш. Покриена е со
рамен, терасест покрив, на кој наесен се става пласт сено или слама, кој што пласт пред да се
потроши до напролет, ја штити зградата од невреме. Лесно е можно да така изгледале и
зградите претставени на старите месопотамски релјефи, за кои се смета дека биле засводени
со некој вид на јајцевидни куполи, - спореди со сл. 27

  55
ХРИСТИЈАНСКАТА АРХИТЕКТУРА ВО СИРИЈА

Иако е со релативно краток век, бидејќи се развила во втората половина на IV и


средината на VII век, сириската архитектура оставила зад себе многубројни и драгоцени
споменици.
Сè до 610-618 г., до инвазијата на Персијанците, односно до 633-638 г., кога дефи-
нитивно ја покориле Арабјаните, Сирија припаѓала на Источното Римско Царство, кое и
самото, видовме порано, крајот на VI и во текот на VII век, полека се претвора во
Византија. Во општествен поглед, Сирија тогаш припаѓала повеќе на античкиот робовла-
детелски, отколку средновековниот феудален систем. Ропството навистина барем формал-
но било укинато, но сеуште не било заменето со феудализмот. Масовната робовска про-
дукција не би можела нагло да биде заменета со некој нов продуктивен систем, бидејќи
тоа не го дозволувала состојбата на производната техника. Оттука се појавуваат проби да
се одржи масовната ропска продукција, меѓутоа под друг вид. Богатите градски произве-
дувачи и трговци затоа ги задржуваат и понатака големиот број на работници како доста
слабо платени слуги. Од друга страна во производството почнува да се меша и црквата со
своите големи манастирски добра и богатствa.
Раѓањето на манастирите го наоѓаме всушност токму овде, во Сирија и Палестина,
а истовремено и во долен Мисир (Египет) - коптското подрачје, - каде почнале да се поди-
гнуваат уште во текот на IV в.
Од друга страна и кај самото население постои доста голема разлика. Тоа е така во
многубројните градови, кои преку стотина биле нови, уште од порано во добар дел било
хеленизирано. Меѓутоа еден дел од ова население се збогатил доста од трговија, од една
страна преку морските краеви, а од друга со длабока позадина на Азија, со која се
поврзувале со два значајни патишта; - еден, „патот на свилата“ по кој, се почнувало од
Антиохија, па преку северна Месопотамија водел кон Туркестан и западна Кина, - другиот
пак ја поврзувал Палестина со еден крак, преку северниот дел на арапската пустина, со
Персискиот Залив и понатака, со Иран и северозападна Индија, а со друг крак со долината
на Нил. Така од секогаш Сирија била транзитна територија, преку која поминувале разли-
чни народи, разни освојувачи и и разни настани. Овде никогаш, ни порано ни подоцна не
се појавил, ниту можел да се појави некаков целосно оригинален уметнички чекор, бидеј-
ќи и самото општество било врзано, како економски така и со други работи, далеку повеќе
од соседните па и подалечни земји и области, отколку што имало корени, посебно не
длабоки корени, на самото ова прометно место. Затоа е сосема природно хелинизираните
богати слоеви на градското население, како и поголемото свештенство, да ја форсирале
хеленистичката концепција, додека пак експлоатираните, широките сириски народни маси
културно заостанале, на кои се придружило и ниското монаштво по манастирите, остану-
вајќи верни на ориенталните традиции. Но до вкрстување морало да дојде, и дошло.
Од друга страна и конструкцијата и архитектонскиот склоп овде исто така зависат
и од материјалот, т.е. во северниот дел на Сирија, источно од Антиохија (сл. 51), од одлич-
ниот варовник, кој се клесал во големи монолитни блокови43. Својствата на овој камен
овозможиле од една страна архитравна конструкција44, а од друга сè подобро и подобро да
се усовршуваат сириските мајстори во клесарските работи45.
                                                            
43
Во Дер Терманин наоѓаме на еден монолитен столб со големина 0,60 х 0,60 х 4,50 м.
44
Сводната конструкција не одговарала овде, поради честите јаки земјотреси кои владеат во овој крај. Од истите
причини и ѕидањето се правело на суво, без малтер, така да за време на земјотрес одредени блокови би се померувале
едни према други, но зградата не би се срушила, бидејќи блоковите се меѓусебно поврзани со разни засеци.
45
За да се дојде до материјал, се отварале каменоломи на лице место, т.е. да речеме приземјето на некоја куќа е вдлабено
во карпа, а материјалот што е изваден во оваа прилика, е употребен за конструкцијата на горниот дел.

  56
Во источните и јужни подрачја во Чебел-ел-Хас и Хауран (сл. 51), покрај тоа наоѓа-
ме и на тврд базалт, непогоден за добро клесање, што бара и други решенија покрај архи-
травни, т.е. бара и сводна конструкција.
Но чиста сводна конструкција во Сирија скоро воопшто не се појавува, туку само
понекогаш може де се сретне неуспешно мешање и комбинирање на сводни и архитравни
решенија. Така на пример, некоја поширока просторија се дели со еден или повеќе пара-
лелни лаци46 на потесни простории кои не се засведени, односно над лаците се изѕидани
ѕидчиња кои што сите завршуваат во една рамнина, што овозможува помеѓу нив да се по-
стават хоризонтални камени плочи. Распоните се совладуваат со континуирано конзолно
исфрлување на плочите (сл. 52, 60).
Во случај кога централниот дел на градбата е засведен со калота (сл. 61, 62) остана-
тите делови понекогаш се покриваат со камени плочи или со дрвени покривни
конструкции, што доведува до тоа да страничните потисоци на куполата се нестабилно
/слабо/ примени и често доаѓа до нивно рушење.
Употребата на тулата е ретка47.
Дрвото се сретнува ретко и го има само на крајниот север, во близина на пошуме-
ниот Анамус, а се употребувало и во неколку помали приморски гратчиња, каде што не се
внимавало толку на финансиите, а каде што преку морето можело да се донесе од јужниот
брег на Мала Азија, од Либан или од некои Средоземни острови. Распоните на гредите се
скратуваат или со низа од конзоли (сл. 52) или со низа од столпчиња, кои се потпрени на
конзолите, а со своите капители или импости ги прифаќаат гредите од дрвената покривна
конструкција, како на пример во базиликата во Калб Лузек или во главната црква и
крстилница во Калат Семан (сл. 56).
Додека цивилната и воената архитектура во горна Месопотамија и Мала Азија се
многу малку истражени и за нив не може многу да се зборува, за Сирија може повеќе да се
каже во поглед на оваа архитектура. Начинот на живот во градовите, кој е зависен од зана-
етчиското производство и трговскиот промет, ги условил урбанистичките решенија. Тие
се вообичаено од хеленистички тип и се развиваат околу главните комуникациски правци,
повеќето меѓусебно плански правилно поставени, со плоштади како јазли и со доста ши-
роки улици со тремови и галерии, со монументални згради, театри, бањи и палати - како
на пример во Босра - но исто така и со мошне сиромашни перифериски квартови.
На многу од остатоците од приватните згради за живеење, кои ги наоѓаме во
Сирија, забележуваме комбинации на хеленистички елементи како и елементи од истокот.
Просториите најчесто се концентрирани околу еден централен двор и тоа од четири или
три страни (сл. 54), кој дури може и да биде обиколен со тремови на широки аркади (сл.
52), со што потсетува на хеленистички атриум. Од друга страна пак често при решавање
на основата и распоредот на просторот се чувствува источната тенденција за што подобра
меѓусебна изолација на просториите на селамлукот, наменет за јавниот живот на домаќи-
нот - со голема сала која понекогаш се протега низ два ката - од харемот, наменет за семеј-
ниот живот и анот, наменет за послуга и остава. Овие градби, понекогаш, освен приземје
имаат и по уште еден или два ката, до кои се доаѓа преку внатрешни или надворешни
слободно висечки скали (сл. 52, 53).
Но има и сосема ретки случаи, кога посебни простории на поголемите палати биле
засводени, како на пример во палатата во Каср-ибн-Вардан, од VI в., - правена од широки
појаси на тула и камен - чија централна сала дури е и засводена со купола потфатена со
полукалоти (сл. 54).
                                                            
46
Обично лаците се полукружни или ги има во копитест или сплескан облик.
47
Ја наоѓаме комбинирана со камен на палатата во црквата Каср-ибн-Вардан, IV век.

  57
Во големите приморски градови во Сирија, но и во Палестина, кои дотогаш биле
под силно хеленистичко влијание, веќе во текот на првата половина на IV в., се подигаат
многубројни базилики од хеленистички тип, за што претходно веќе беше кажано, па затоа
на овој тип на градби нема да се навраќаме воопшто48. Меѓутоа по градовите и по
манастирите во внатрешноста на земјата, веќе во втората половина на IV в. и почетокот на
V в., а особено во текот на V и VI в. се подигаат многубројни храмови, кои иако и самите
се под доста силно хеленистичко влијание, сепак во многу нешта отстапуваат од градбите
на чистиот хеленистички тип.
Во североисточна Сирија, во областите источно од Антиохија, наоѓаме најголем
број на базилики, меѓу кои најважни се оние во Рувеха, од 396 год., во Дер Кит од 418 г.,
во манастирот Калат Семан, од крајот на V в., како и во Дер Терманин и во Калб Лузех, од
VI век. Овие базилики се трибродни, но не се засводени туку се покриени со дрвена
покривна конструкција, која ја носат подолжни преградни ѕидови, помеѓу главниот и
страничните бродови, потпрени на широки аркади на столпци, со конструктивно разложен
пресек, како во Рувех (сл. 56) - или со аркаден низ на столбови - како во Дер Терманин
или Калат Семан (сл. 55, 57).
Олтарската апсида, од внатре полукружна, поретко во форма на потковица, може
да биде или потполно слободна, како во Калб Лузех, или опкружена со проскомидија и
ѓаконикон, кои со своето чело се издигнуваат до висина на нејзиното теме (сл. 55), или,
што е најчест случај, да биде и потполно втопена во ѕидната маса од надворешниот рамен
ѕид, како и Рувех или Деир Сети49.
Понекогаш може да постојат и три апсиди на источната страна (сл. 57), или пак
олтарска апсида, обиколена со проскомидија и ѓаконикон, може да биде, не само однад-
вор, туку и однатре правоаголно решена, како во црквата во Хас.
Чест случај е од западната страна, бочно покрај нартексот, отворен во форма на
некој вид на вестибил со широка аркада кон надворешноста, да се наоѓаат и две пониски
бочни кули50, како во Рувех, Калб Лузех и Дер Терманин (сл. 55, 65).
Место атриумот често наидуваме на дворови опкружени од едната или двете
страни со портици но поставени не од западната страна на црквата51, туку на некое друго
место, во нејзина непосредна близина, така да околу овие дворови се концентрирани
манастирските згради, - како во Кербет-Хас, Ел-Барах и Калат Семан (сл. 57).
Покрај атриумот се појавуваат и тремови, било покрај бочната фасада, - како во
црквата во Бехиох, - било на западната фасада, односно над отворениот нартекс -
вестибил, меѓу двете кули кои го врамуваат, како во Дер Терманин (сл. 65).
Како најзначаен споменик на оваа северна група мораме да ги споменеме гранди-
озните зданија на манастирот Калат Семан, од крајот на V в. Самата црква формирана е од
четири трибродни базилики кои во вид на крст, се групираат околу централниот октогона-
лен двор52, во чија средина се наоѓа столб, на кој, наводно живеел како испосник долги
години Св. Симеон Столпник53 (сл. 57). Во овој ист манастир наоѓаме и една крстилница,
решена во форма на осумаголник впишан во квадрат и опкружена со низ од пониски
                                                            
48
Освен веќе претходно цитираните овде да ги спомнеме и базиликите во Дамаск и Тир.
49
Слично како на базиликата со купола во Каср-ибн-Вардан (сл. 54).
50
Слично на она што веќе сме го виделе во Мала Азија во базиликите во Бин-Бир-Килисе (види претходно). Тогаш
рековме дека овој елемент води потекло уште од хититските хилании, односно месопотамските хекали. Како преодни
споменици меѓу хититските од една и сириските градби од друга страна, се сметаат: Соломоновиот храм во Ерусалим,
од IX век пред нашата ера, потоа фасадата на Баалсаминовиот храм во Сиах, од почетокот на нашата ера, како и неколку
помали римски градби од II-III в.
51
Исклучок е базиликата во Ид-Дер, но таа се наоѓа во јужна Сирија.
52
Има претпоставки дека ова не бил двор туку осумаголен централен простор засводен со купола. Оваа претпоставка е
невозможна бидејќи големите ѕидови се премногу тенки и слаби за да можат да носат купола со толку голем распон.
53
Од столп, што значи столб, но исто така и кула.

  58
простории, кои ја опфаќаат и апсидата, однадвор втопена во правоаголната ѕидна маса (сл.
58, 59). Со дрвена покривна конструкција биле покриени и овие обемни простории, а исто
така и самата купола, во аглите на чиј тамбур се наоѓале колонетки со конзоли54 кои над
своите капители носеле лежишта на кои налегнувале гредите.
Во јужно сириската група, во Хауран (сл. 51), се појавуваат неколку базилики до-
некаде од хелинистичко потекло, а меѓу нив и една петобродна во Суведа, од IV-V век на
кои освен ниските кули на западната фасада55, гледаме слични елементи како на оние во
северната сириска група. Но тука се појавуваат и други решенија, многу различни од хе-
ленистичките, дури и меѓу самите базилики. Тоа доаѓа не само од начинот на конструкци-
јата, која и самата е зависна од материјалот, базалт, од што овие градби делумно се
изградени, туку и од фактот дека овој крај е поодалечен од хеленистичките центри.
Една од најстарите цркви, таа во Ум-иџ-Џемал, подигната во 345 г., е еднобродна,
но нејзиниот издолжен брод поделен е со голем број попречни лакови на потесни попреч-
ни травеи, покриени со камени плочи, кои налегнуваат на ѕидовите изработени над овие
лакови, односно на подолги континуални конзоли поставени преку овие ѕидови, за да се
скрати или намали распонот меѓу нив. Сличен е случајот со “тробродните” цркви во Шаки
и Канавата, како и со храмот во Тафка, кој е можеби преправен во IV век од некоја поста-
ра паганска градба (сл. 60). Тробродноста овде е само привидна. Всушност целата градба е
поделена како и онаа во Ум-иџ-Џемал со попречни ѕидови со отворени големи аркади кои
се потпираат на пиластри во страничните ѕидови и на средишните квадратни столбови.
Тесните попречно простори, кои се така добиени, покриени се со камени плочи на истата
висина преку сите три „брода“. На истиот начин изработени се и трибините во бочните
„бродови“, а слично е обработена и кулата на северната бочна страна (сл. 60).
Освен базиликите, во Хауран наоѓаме уште два необично интересни споменици од
почетокот на VI век. Тоа се црквата во Езра од 510-515, и во Босра од 512 година.
Црквата во Езра (сл. 61) е решена во вид на октогон опкружен со голем брод впи-
шан во квадрат во чии агли се наоѓаат полукружни ниши, додека на источната страна се
приклучени просториите за проскомидија и ѓаконикон, помеѓу кои се наоѓал олтарскиот
простор со тространа апсида према надвор. Над централниот октогонален дел се наоѓа
јајцевидна купола од ситен, кршен и од речен камен, потопен во голема количина
малтер56. Преодот меѓу октогонот и впишаниот круг на калотата извршен е со постепени
коси премостувања на аглите со помош на делкан камен (сл. 61). Октогонално поставени-
те ѕидови под куполата се вкрутени со, како еден вид серклаж, два реда меѓу себе споени
со тесаник. Сите останати простори освен апсидата, над која се наоѓа полукалота, покри-
ени се со рамни таваници од камени плочи.
Соборната црква во Босра е уште поинтересна. По својата општа концепција таа е
многу слична на црквата во Езра, ама е нешто покомплексна од неа. Изгледа, према најно-
вите ископувања дека централниот дел бил квадратен, а куполата од четири страни била
потфатена со полукалоти и голем брод (сл. 62). Се претпоставувало дека и централниот
дел, од кој ништо не е зачувано, бил кружен и засведен со калота, и дека бил опфатен со
два прстенести брода со иста висина, меѓусебно одвоени октогонално разместени столбо-
ви, поврзани со аркади57. И двата прстенести брода, како и во Езра, не биле засводени,
туку покриени со дрвена конструкција.
                                                            
54
Слично нешто видовме и во Коџа-Калеси во Мала Азија (сл. 43), од IV-V в. Но таму овие колонети, кои меѓусебно ги
носат тромпите, веројатно се работени под сириско влијание.
55
Двете бочни кули крај нартексот можеби постоеле единствено на базиликата во Ум-иџ-Џемал.
56
Можно е куполата да е доградена подоцна.
57
Се претпоставувало дека централниот кружен дел воопшто го немало, туку калотата за која се помислувало дека
можеби била и од дрво налегнувала на октогоналниот внатрешен ѕид, отворен на сите страни со аркади.

  59
Од начинот на кој е изведен целокупниот склоп на градбата, јасно се гледа дека
решенијата на двете цркви, и во Езра и во Босра, всушност се невнимателно внесени од
страна, од Мала Азија или Месопотамија (подеднакви со сл. 34).
Сосема исклучително, помеѓу овие две градбени групи, помеѓу северната и онаа во
Хауран, наоѓаме, покрај палатата во Каср-ибн-Вардан, од 564 г.(?), на една потполно
засведена базилика со купола, - кај која се појавуваат и крстести сводови, - изработени од
широки слоеви на камен и тули (сл. 54). Но оваа црквa во толку голема мера отстапува од
сето она што во Сирија го гледаме што очигледно би морала да биде подигната под
непосредни влијанија на малоазиската архитектура.
Интересно е што во Сирија црквите кои се во облик на чист и впишан крст вооп-
што не се појавуваат, доколку во сирската градба не го вброиме и донекаде храмот во
Росафа од 569-586 г. (сл. 63), бидејќи се наоѓа на средниот Еуфрат, т.e. на преминот на
подрачјето помеѓу Сирија и Горна Месопотамија. Карактеристично е што во источна
Сирија се наоѓа уште една градба, до некаде слична со обликот, но тоа се претпоставува,
римски преториум, - судница, - во Мусмија, подигнат уште во 160-169 г. Доколу оваа
претпоставка е точна, тогаш таа била една од најстарите градби на овој тип, но на сири-
скиот регион останала без директно потомство58.
Богатото граѓанство по сирските градови сакало да има и раскошни гробници. Тоа
се, во најголем број случаи, помали градби од камен од хеленистички тип, со или без
столбови на фасадите, или решени во вид на киоск (сл. 64), а ги има и на источниот начин
со усекување во карпа, со фасадата засечени исто така во оваа форма, како и во облик на
големи стели или тешки саркофази.
Понекогаш малите гробни цркви донекаде и се оддалечуваат од хеленистичката
архитектура, како на пример гробниците во Мухелеј, со проскомидија, оларски простор и
ѓаконикон втопени во правоаголник, додадени од источната страна кон отворен полуокто-
гонално со централен простор, опколен со полуоктогонален внатрешен трем. Но има и
случаи, најмногу во манастирите, овие гробни цркви да се и засводени, како на пример
како што била Бизосовата гробница во Рувеха, решена во облик на целосно втиснат
впишан крст без апсиди.
Просторната пластика на Сирските градби е доста едноставна, но затоа е стабилна
и хармонична. Куполите се сосема реткост – Каср-ибн-Вардан, Езра, Босра. Покривите
обично се многу благи со оглед на сувата клима во Северна Сирија, - или сосема рамни, -
во Хауран. Динамика на маса се постигнува воглавно со апсиди, доколку и тие не се вкло-
пени во ѕидната маса, потоа со тремови, а понекогаш со една (сл. 60) или почесто две
кули, па и со монументални скали (сл. 65). При пропорционирањето на поединечни дело-
ви најверојатно како аритметички односи биле употребувани броевите 3, 4, 5, 7, 12, а осо-
бено на соодносот 1:2, така и геометриските односи добиени со впишување во правоагол-
ник или со употреба на египетскиот таканаречен „светски триаголник“, чиј страни имаат
однос 3:4:5. Особено големо внимание се обрнувало на ритам и симетрија (сл. 65, 66).
Фасадите се исто така едноставни, широки и мирни, често оживувани со големи
аркади и низа од столбови (сл. 65, 68). Стиснатите столбови може да опфатат и апсида и
тоа во една – Дер Терманин, или во две хоризонтални зони – Калб-Лузех и Калат Семан, а
меѓу нив, како на пример во Калат Семан (сл. 67) може да бидат изработени слепи аркади
на конзолите или венецот е испреплетен наизменично со столбови и конзоли како во Калб
Лузех. Градбата е обично испреплетена со релативно високи профилирани цоклиња и
завршува со венец, но исто така честопати е поделена и во хоризонтални зони со кордон
                                                            
58
Донекаде слично решение, само со внатрешен крст потполно одвоен од просторијата во аглите, наоѓаме на една
гробница, повторно од римската доба, во Куср ел Нувајџис.

  60
венци (сл. 65), кои понекогаш се виткаат кон отворите (сл. 70) или се прекршуваат под
прав агол, па делумно и вертикално се протегнуваат по ивицата на фасадата (сл. 68).
Порталите кои ги има не само на западната туку и на бочните фасади, како на пр.
во Дер Кит, Банкуза, Рувеха и Калат Семан (сл. 57), обично се архитравно завршени на
хеленистички начин и врамени во широки профили или со скулптурална рамка над која се
наоѓа профилиран венец. Може да се случи отворот да се повторува и над венецот и да е
врамен со полукружна профилирана архиволта59 или да е над надвратникот како настреш-
ница, издадена е една плоча фатена од страната со конзола (сл. 69). Има случаи кога пор-
талите се изработуваат уште по монументално, така што двата бочни слободни столбови
ги потпираат издадените лакови на архиволтата над кои е изграден фронтон, врамен со
горната страна на венецот, - како во Рухвета или во Калат Семан (сл. 66).
Прозорите се релативно широки и можат да бидат завршени архитравно или со лак,
а ги има и во облик на кружен окулус (сл. 70). Тие може да бидат и дводелни – бифора и
троделни – трифора (сл. 65); понекогаш се многу едноставни, а понекогаш многу богато
врамени, така што со својот облик го имитираат дури и решението за влезот (сл. 70).
Профилацијата е со хеленистичко потекло, ама е доволно слободна, цврста и кон-
трастна (сл. 71). Профилите на базисот на столбовите се многу слични со јонските, само
што се денатурирани (сл. 72, 6). Има случаи, како на пример во Канават, каде што базисот
на столбот не лежи директно на подот, туку се издигнати на постамент (на хеленистички
начин).
Повеќето од капителите се јонски и композитни (сл. 72 /2,5), ама се со слободнa
интерпретација, па често се дoбиваат нови оригинални решенија, капителите во Дер
Терманин и Серџил (сл. 72 /4,5). Капителите се многу интересни на пример во Бетурсе,
Калат Семан (сл. 72 /3) - каде што акантусовиот лист ги обвиткува страните како да е
придвижен од ветер.
Меѓутоа има и капители кои по својот облик и начин на декорирање, се многу
поблиски до египетските палмо-формни решенија (сл. 72 /1).
Доста богатата релјефна декорација која ја гледаме на овие капители, како и на
различните рамки на вратите, на пример во крстилница во Бабиски, сосема е плитка,
понекогаш едвај врежана на површината на каменот (сл. 73); во некои случаи последната,
основна површина е доста длабоко повлечена кон кадворешната, така да се добива ефект
на покривање со еден вид на ажурирана чипка; во секој случај таа е секогаш збиена, остра
и цврста. Мотивите може да се хеленистички, како акантус - кој го среќаваме во видоизме-
нета, поостра форма со т.н. бодликав изглед, потоа палми и розети, од источните мотиви
(со месопотамско-персиско потекло) пак се сретнуваат лози, преплети, двојни траки,
триаголници, дискови, јазли итн. Се случува на еден ист споменик да се јават мотиви од
обете стилски групи. Понекогаш наидуваме и на мотиви од христијанскиот симболизам
како што се вазните/фонтаните на животот, пауни, преплетени лозници, крстови како и
исусови монограми впишани во круг (сл. 73).
Во внатрешноста на градбите наоѓаме интарзирана мермерна декорација, а се раз-
бира имало и фрески и мозаици иако од нив се зачувани остатоци единствено во хелини-
стичките градби во Витлеем и Ерусалим.
Сириската архитектура иако проткаена со хеленизам и влијание од истокот, а до-
некаде и византиско влијание, што најмногу одговара на општествената раслоеност на
сириското население, и самата влијаела, некогаш помалку, а некогаш повеќе, на формира-
њето на архитектурата во Мала Азија, Ерменија и Грузија, потоа на територијата на
                                                            
59
Лакот понекогаш е изведен неконструктивно, со зрачни спојници, туку е најпросто всечен во еден единствен блок
камен така што во статичен поглед делува како архитравна греда без странични потпирачи (сл. 70).

  61
коптите и во северозападна Африка, на Византија, а донекаде и во западна Европа, на
употребата на поединечни елементи во латинската и романската школа. Исто така очи-
гледно е и нејзиното влијание на развојот на архитектурата кај исламските народи. Ова
влијание се ширело на различни начини. Уште кога била на врвот на своето богатство, во
V и VI век, Сирија одржувала постојани економски односи со земјите не само од азиските
територии од каде што до неа допирале источните влијанија, туку и со скоро сите земји
околу Средоземното Море. Сириските трговци многу патувале во сите тогаш познати
области. Од овие земји пак, доаѓале не само трговци, туку и многу аџии во Ерусалим. Се
што ќе виделе на тие патувања за нив претставувало светост која требало да се реплицира.
Затоа пак, кога во средината на VII век Арапите ја одземаат Сирија од Византија, многу од
побогатите сиријци бегаат во Цариград и во други слободни христијански држави, носејќи
со себе многу драгоцености, често со уметнички карактер. Најпосле, од крајот на XI до
средината на XIII век крстоносците, трговците кои оделе со нив и аџиите повторно ја
запознаваат Европа со сириската архитектура.

Сл. 51 - Карта на подрачјето на сириската архитектура

  62
Сл. 52 - Основа и пресек на куќа во Ил-Хајат во јужна Сирија

Сл. 53 - надворешен изглед на една куќа во Шака

Сл. 54 - Основа на палатата во Каср-ибн-Вардан

  63
Сл. 54а - Основа на црква во форма на базилика со купола, во Каср-ибн-Вардан

Сл. 55 - Основа на трибродна базилика во Дер Терманин, - или Турманин, - од VI в., со две кули на
запдната страна

Сл. 56 - Внатрешен изглед на трибродна базилика во Калб Лузех, од VI в.

  64
Сл. 57 - Основа на цркавата и манстирот Калат-Семан, од крајот на V век

Сл. 58 - Попречен пресек низ крстилницата и базиликата во манастирот Калат-Семан

  65
Сл. 59 - Основа на крстилницата во манастирот Калат-Семан, во облик на октогон впишан во
квадрат и обиколен со многу ниски простории. Непосредно крај крстилницата има и една помала
тробродна базилика

Сл. 60 - Основа и попречен пресек на црквата во Тафка, градба од предхристијанското време,


која во IV век со додавање на апсида е претворена во храм, внатрешниот простор поделен е со
попречни ѕидови, во кои се наоѓаат аркадни отвори кои се распоредени по типот на отвори на
тробродна базилика, а преку овие ѕидови изработена е рамна таваница од камени плочи

  66
Сл. 61 - Основа и пресек на октогонална црква Св. Ѓорѓи во Езра, од 510-515 г.; куполата била
изведена од помали парчиња кршен камен и речни камчиња втопени во малтер, - во јајчест облик;
преминот во аглите помеѓу октогонот и кругот на калотата е извршен со постепено
испуштање на камените блокови

Сл. 62 - Основа и пресек на соборната црква во Босра, од 512-513 г. Реституцијата на


централниот дел не е дадена со апсолутна сигурност

Сл. 63 - Основа на црквата во Росафа, од 569-586 г. решена во облик на впишан крст

  67
Сл. 64 - Гробници во Хас и Ел-Барах

Сл. 65 - Перспективен изглед на реконструираната црква во Дер Терманин, VI век

Сл. 66 - Фасада на јужна базилика на црквата во манастирот Калат-Семан

  68
Сл. 67 - Изглед на апсидата на црквата во манастирот Калат-Семан

Сл. 68 - Фасада на дворот на една куќа во Рефада

Сл. 69 - Горен дел на порталот на една куќа во Коканаја

  69
Сл. 70 - Прозорци на една градба во Коканаја

Сл. 70а - Прозор од една куќа во Кербет-Хас

Сл 71 - Профили со разна градба во Сирија: 1-3, профили на архиволта на Дер Терманин; 4,5,6,
Венец, цокле и рамка на врата на Дер-Сет; 7,8, рамка на врата и прозор од Бакуз

  70
Сл. 72 - Капители од а) Рефада, 2) Ел Барах, 3) Калат Семан, 4) Дер Терманин, 5) Серџила, 6)
базис од столб од Ефреда

Сл. 73 - Детал на фризот над порталот во Дани

  71

You might also like