You are on page 1of 13

Градежен Факултет – Скопје, Катедра за геотехника

Предмет Фундирање

ПОДГРАДУВАЊЕ НА ГРАДЕЖНА ЈАМА СО ДРВЕНА ПОДГРАДА – ЗАДАЧА 1

Подградувањето на градежната јама со дрвена подграда се применува во услови кога


условите на теренот и работата не дозволуваат изведување на градежна јама без
подградување и кога објектот треба да се фундира во суви и/или малку влажни почви со
ниско ниво на подземна вода, обично пониска од дното на јамата.

Начинот на подградување е различен и зависи од длабочината и формата на јамата, како и


од карактеристиките на почвата. Така, за плитки градежни јами во кохерентни и
покомпактни почви, се применува подградување со вертикални талпи потпрени со
хоризонтални греди и распонки. Талпите во зависност од карактерот на кохерентноста и
компактноста на почвата можат да бидат поставени на извесно растојание или една до
друга (сл. 1).

Слика 1.Шема на обложување на градежна јама со вертикални талпи (тип 1)

Кај некохерентни почви обложувањето се врши со хоризонтални талпи потпрени со


вертикали столбчиња и хоризонтални распонки/косници (сл.2).

а) б)
Слика 2. Шема на обложување на градежна јама со хоризонтални талпи (тип 2)

Сите конструктивни елементи на овие дрвени подгради се димензионираат за товарите


кои ги примаат од почвата и евентуалниот надворешен товар (складиран материјал за
работа, материјал од ископ, механизација и сл.). Статичките шеми на елементите зависат
од видот на подградата, односно од взаемниот однос на поедините елементи еден спрема
друг, како и од начинот на делување на подградата.

Заштита на градежна јама – Дрвена подграда 1


Градежен Факултет – Скопје, Катедра за геотехника
Предмет Фундирање

1. Димензионирање на елементите на подградата

Елементите од подградата се товарени со активниот земјан притисок кој за некохерентни


почви изнесува:

 
Pa    H  K a K a  tan 2  45  
 2

Ако почвата поседува и кохезија, тогаш од


активниот земјан притисок треба да се одземе
влијанието од кохезијата кое изнесува:

Pc  2c K a

Ако на подградата дејствува и надворешен товар


q, истиот се зема во предвид како:

Pq  q  K a Слика 3. Притисок кој делува на подградата

Земјаниот притисок поради спреченото поместување на површината на теренот од


хоризонталните распонки, од триаголна се трансформира во криволиниска форма која е во
зависност од видот на почвата. Различни автори даваат различни такви распределби.
Според Правилникот за фундирање (Прописите) се препорачува следниот дијаграм на
земјан притисок при двострано потпрена подграда:

Заштита на градежна јама – Дрвена подграда 2


Градежен Факултет – Скопје, Катедра за геотехника
Предмет Фундирање

Слика 4. Распределба на земјан притисок според Правилникот

1.1.Димензионирање на хоризонтални талпи

Хоризонталните талпи во статички смисол претставуваат континуирани греди чии


потпори се вертикалните столбчиња кои се поставени на растојание l. Бидејќи подградата
претставува времена конструкција, статичката шема се упростува така што талпата се
пресметува како проста греда со распон l, ширина b и товар p x b или за трансформиран
дијаграм 0.6 p x b:

qI

A B

L=0,8 [m]
d

q  0,60  Pa

qI  q b ширината b се претпоставува (доколку не е позната) и се движи околу 20cm.

Се определуваат реакциите и максималниот момент Ммах:


qI  L q I  L2
AB M max . 
2 8

Заштита на градежна јама – Дрвена подграда 3


Градежен Факултет – Скопје, Катедра за геотехника
Предмет Фундирање

Од условот напрегањето да биде во дозволени граници, се добива димензијата d на


талпата:

M max . bd2 6M max


 doz   10,0[ MPa ]  1,0[kN / cm 2 ] W pot  d
W pot 6 b   doz

Се усвојува дебелина која може да се набави во продажба (најчесто 2.5cm или 5.0cm). Се
врши контрола да се види дали напрегањтето е во дозволени граници:

M max .
 vist   10,0[ MPa ]
W pot

1.2.Димензионирање на вертикални столбчиња

Хоризонталните талпи го пренесуваат товарот врз вертикалните столбчиња кои пак се


ослонуваат на хоризонталните распонки. Во статички смисол столбчињата се греди со
препусти кои се товарени со земјаниот притисок помножен со растојанието l (припадна
површина на едно столбче l/2+l/2), а не на 1.0m, бидејќи секое столбче ќе треба да го
прими притисокот на тоа растојание.

За трансформирана форма на земјаниот притисок, истиот го трансформираме во


правоаголен па го множиме со растојанието l.

q0
0,15H

0,2H

F1 B
0,6  Pa
1,6
0,35H

F2
0,6H

“M”

2,0

0,6  Pa

F3 A
0,50H

1,6
0,2H

q
0,42  Pa

F
q F  F1  F2  F3
i
; i
H

0,15  H  0,6  Pa
F1 
2

Заштита на градежна јама – Дрвена подграда 4


Градежен Факултет – Скопје, Катедра за геотехника
Предмет Фундирање

F2  0,35  H  0,6  Pa

0,6  Pa  0,42  Pa
F1   0,5  H
2

q0  q  L

Се определуваат реакциите и максималниот момент Ммах. Од условот напрегањето да биде


во дозволени граници, се добиваат висината h и ширината b на столбчето:

M max .
 doz   10,0[ MPa ]  1,0[kN / cm 2 ]
W pot
b  h2 5 42M max
W pot  ; b h h3
6 7 5 doz

Се врши контрола да се види дали напрегањтето е во дозволени граници:

M max .
 vist   10,0[ MPa ]
W pot

1.3.Димензионирање на распонки

Распонките се товарени аксијално на притисок со сили еднакви на реакциите на


столбчињата A0 и B0. Димензионирањето се врши со т.н. омега постапка. Ако еластичната
должина на распонката е l0, тогаш за усвоени димензии на распонката се контролира
вистинското напрегање на материјалот – дрвото.

l 0  B  2h  2d

каде се: l0 - еластична должина на распонката [m]


B - ширина на јамата [m]
h - висина на столбче [m]
d - дебелина на хоризонталната талпа [m]

N N

L 0=B-2d-2h=180[cm]

За усвоен квадратен пресек на распонка со, на пример a=8cm добиваме:

F  a 2  8 2  64,0[cm 2 ]

Заштита на градежна јама – Дрвена подграда 5


Градежен Факултет – Скопје, Катедра за геотехника
Предмет Фундирање

N
 pot      doz
F

каде се: ω - коефициент на виткост кој зависи од виткоста λ


N - аксијална сила [kN]
F - површина на пресек [m2]
l0
 каде i е радиус на инерција
i

a4
J 12
i 
F a2

За   75 , коефициентот на виткост ω се пресметува по формулата:

1


1  0.8  ( )2
100

За   75 , коефициентот на виткост ω се пресметува по формулата:

2

3100

Се врши контрола да се види дали напрегањтето е во дозволени граници:

N
 vist      doz
F

Ако со првата претпоставка на попречниот пресек се добие вистинско напрегање


поголемо или многу помало од дозволеното, се претпоставуваат други димензии на
распонката додека не се исполни условот.

На крај се прави рекапитулар каде се наведуваат димензиите на усвоените пресеци на


конструктивните елементи.

Заштита на градежна јама – Дрвена подграда 6


Градежен факултет – Скопје, Катедра за геотехника
Предмет Фундирање

ПОДГРАДУВАЊЕ НА ГРАДЕЖНА ЈАМА СО ШПУНДОВА ПОДГРАДА – ЗАДАЧА 2

Подградувањето на градежната јама со шпундова подграда се применува во услови кога


објектот треба да се фундира во градежна јама која се наоѓа во почва со високо ниво на
подземна вода, обично повисоко од дното на јамата или нивото на кое треба да се фундира
објектот. Шпундовата подграда претставува водонепропусен ѕид кој врши потпирање на
вертикалниот почвен ѕид на градежната јама и продолжува под котата на дното на јамата,
до одредена длабочина која треба да обезбеди доволна статичка и хидраулучка
стабилност. Шпундовата подграда може да биде изведена од дрво, армиран бетон, а
најчесто се изведува од челик.

Шпундовата подграда по нејзиното поставување/побивање, треба да задоволи два услови:

а) услов за статичка стабилност на подградата кој се обезбедува преку длабочината на


побивање на подградата (t) (кај неанкерисана подграда) и преку длабочината на побивање
и анкерисувањето (кај анкерисана подграда). За анализа на стабилноста се разгледува 1m’
од подградата и за товарите кои дејствуваат на подградата се пресметува длабочината на
побивање, силата во анкерите (кај анкерисана подграда) и моментите на подградата. Во
зависност од моментите се врши димензионирање, односно избор на материјалот и
соодветен попречен пресек или профил на талпите за формирање на подградата.

б) услов за хидраулична стабилност на основата (почвената средина). Може да се каже


дека скоро секогаш при задоволена статичка стабилност е задоволена и хидрауличката
стабилност.

Слика 1. Анкерисана шпундова подграда на градежна јама (пресек)

Заштита на градежна јама – Шпундова подграда 1


Градежен факултет – Скопје, Катедра за геотехника
Предмет Фундирање

1. Определување на притисоците кои дејствуваат на подградата

Врз подградата во статички смисол дејствуваат активните и пасивните земјани притисоци


како и притисоците од подземната вода (хидростатички или хидродинамички),
притисоците од надворешни товари (механизација, работен материјал и сл.) и притисоци
од кохезија. За пресметување на овие притисоци најпрво треба да се усогласат (пресметат)
геомеханичките параметри према условите зададени во задачата/проблемот.
p  12,0[ kPa ]

0
1,0[m]

 d ,1  16,0[ kN / m 3 ]
H/2

1  10% 1  18
c1  10,0[ kPa ] G S ,1  2,6
H=3,55[m]

N.P.V
1
H/4

“I”
2
H/4

 d , 2  20,0[ kN / m 3 ]
N.P.V
3 “II”  2  27  2  12%

G S , 2  2,7
“II”
T=?

Слика 2. Шпундова подграда на градежна јама (пресек) со зададени големини

1.1.Геомеханички параметри

Доколку за условите дадени на слика 2 е дадена волуменската тежина во сува состојба,


треба да се пресметаат волуменсите тежини во природна и потопена состојба за првиот
материјал и во потопена состојба за вториот материјал:

  
   d  1  
 100 
 I   zw
I
w
 zw   d  n   w
d
n  1
S
 S  GS   W

Заштита на градежна јама – Шпундова подграда 2


Градежен факултет – Скопје, Катедра за геотехника
Предмет Фундирање

1.2.Активен земјан притисок

Се усвојува праволиниска распределба на активниот земјан притисок. Во општ случај,


активниот земјан притисок се пресметува како:

Pa    H  K a каде Ka е коефициент на активен земјан притисок и се пресметува


 
како K a  tan 2  45  
 2

Доколку околу градежната јама има надворешен товар, тогаш притисокот треба да се
пресмета за вистинските карактеристики на поедините слоеви. Така, товарот р може да се
претстави како слој со висина h0, исполнет со почва чија волуменска тежина е еднаква со
волуменската тежина на слојот кој се наоѓа под надворежниот товар, па според тоа
активниот земјан притисок во точка 0 (слика 2) ќе биде:

P
P0   1  h0  K a,1 h0 
1

Аналогно на овој случај се пресметува активниот земјан притисок во другите точки,


земајќи ја во предвид промената на волуменските тежини:

H
PaGore
,1   1  h1  K a ,1 h1  h0 
2

1
PaDole   1I  h1I  K a,1 h1I   h1
 1I
,1

H
PaGore
,2   1I  h2  K a ,1 h2  h1I 
4

 1I
PaDole   2I  h2I  K a , 2 h2I   h2
 2I
,2

H
Pa,3   2I  h3  K a , 2 h3  h2I 
4

Pa, 4   2I  h4  K a, 2  f (t ) h4  h3  t

Заштита на градежна јама – Шпундова подграда 3


Градежен факултет – Скопје, Катедра за геотехника
Предмет Фундирање

1.3.Пасивен земјан притисок

Во општ случај, пасивниот земјан притисок се пресметува како:

Pp    H  K p каде Kр е коефициент на пасивен земјан притисок и се пресметува како

 
K p  tan 2  45  
 2

Познато е дека активниот и пасивниот земјан притисок отстапуваат од нормалата за агол


δ, поради триењето што се јавува помеѓу почвата и подградата, па за да се поедностават
пресметувањата се воведува еден коефициент n кој зависи од аголот на внатрешно триење
φ, па пасивниот земјан притисока се пресметува како:

Pp  n    H  K p

за агли   20 n  1.0


за агли 20    30 n  1.0  2.0
за агли   30 n  2.0

Така, пасивниот земјан притисок во точка 4 ќе биде:

PP, 4  n   2I  t  K P, 2

1.4.Притисок од кохезија

На слика 2 се гледа дека кохерентен материјал има над нивото на


подземна вода, односно од точка 0 до точка 1. Во општ случај
притисокот од кохезија се пресметува како:

PC  2  c  K a

Така, притисокот од кохезија на делот 0-1 се пресметува како:

PC ( 01)  const.  2  c  K a ,1

Заштита на градежна јама – Шпундова подграда 4


Градежен факултет – Скопје, Катедра за геотехника
Предмет Фундирање

1.5.Хидростатички притисок

Интензитетот на хидростатичкиот притисок во било која точка на подградата е производ


од водениот столб во таа точка и волуменската тежина на водата. PW   w  H

PW ,1   w  h1  0[kPa]

H
PWdesno
,2   w  h2 h2 
4

H
PWdesno
,3   w  h3 h3  h2 
4

,3  0[kPa]
PWlevo

PWdesno
,4   w  h4 h4  h3  t

, 4   w  t  10t
PWlevo

Откако ќе се пресметаат сите притисоци кои дејствуваат на подградата, се исцртува


сумарниот дијаграм на притисоци, се пресметува интензитетот на еквивалентните сили од
притисоци и се пресметува растојанието од тие сили до карактеристичните точки
потребни за статичката пресметка.

Заштита на градежна јама – Шпундова подграда 5


Градежен факултет – Скопје, Катедра за геотехника
Предмет Фундирање

2. Статичка пресметка

Статичката преметка опфаќа пресметување на длабочината на побивање на подградата t


(кај неанкерисана подграда) и длабочината на побивање t и силата во анкерот А (кај
анкерисана подграда). Притоа треба да се обезбеди дополнителна сигурност (да се усвои
поголема длабочина на побивање ) која може да се земе во предвид преку глобален фактор
на сигурност (по пресметувањето на потребната длабина, истата се згоелмува за 10-20%)
или да се обезбеди условот да сумата на моменти од пасивни товари биде за 1.3 пати
поголема од сумата на моменти од активни товари:

M P
   1.3
M A

2.1.Неанкерисана шпундова подграда

Кај оваа подграда длабочината на


побивање t се добива од условот M 4  0 .
Ако се земат сите сили во предвид и
растојанието до точка 4 се добива равенка
со една непозната (t) од трет степен. Со
нејзино решавање се добива потребната
длабочина на побивање на подградата со
која се обезбедува статичката стабилност.
Од условот сумата на хоризонталните сили
да е еднаква на нула, H  0 , се добива
реакцијата R која се јавува во точка 4.

2.2.Анкерисана шпундова подграда

Анкерисаната шпундова (еднаш


анкерисана) подграда може да се разгледува
како подграда која е слободно потпрена во
подлогата и подграда која е вклештена во
подлогата.

2.2.1. Анкерисана шпундова подграда


слободно потпрена во подлогата

Кај оваа подграда непознатата големина t се


добива од условот M A  0 , но во точка А
(точка на анкерување), при што се добива

Заштита на градежна јама – Шпундова подграда 6


Градежен факултет – Скопје, Катедра за геотехника
Предмет Фундирање

равенка со една непозната (t) од трет степен. Решението ја дава потребната длабочина на
побивање на подградата со која се обезбедува статичката стабилност. Силата во анкерот А
се добива од сумата на хоризонталните сили H  0 . Реакцијата R за ваква подграда е
R=0.

2.2.2. Анкерисана шпундова подграда вклештена во подлогата

Кај оваа подграда длабочината на


побивање t се добива од условот
M 4  0 од кој се добива равенка со
една непозната (t) од трет степен. Со
нејзино решавање се добива потребната
длабочина на побивање на подградата со
која се обезбедува статичката
стабилност. Силата во анкерот А се
добива од условот M B  0 каде B е
точката на инфлексија на еластичната
линија или точка каде активниот и
пасивниот земјан притисок имаат иста
вредност. Од условот сумата на
хоризонталните сили да е еднаква на
нула, H  0 , се добива реакцијата R
која се јавува во точка 4.

3. Димензионирање на подградата

Димензионирањето на подградата се врши според најголемиот момент кај неанкерисана


подграда и според најголемиот момент по апсолутна вреднсот кај анкерисана шпундова
подграда. По пресметувањето на максималниот момент се пресметува потребниот отпорен
момент според кој се бира типот на подградата или се пресметува потребната дебелина на
талпата за 1m’ од подградата:

M max .
W pot   doz
celik
 16[kN / cm 2 ]
 doz

100  d 2
W  d  ......
6

Заштита на градежна јама – Шпундова подграда 7

You might also like