Professional Documents
Culture Documents
Prenesuvanje Na Toplina Tri Nacini
Prenesuvanje Na Toplina Tri Nacini
Вести
Градежништво
Архитектура
Урбанизам »
Ентериери
Екологија »
Хортикултура
Арт и дизајн
Фото/Видео »
Секогаш кога постои температурна разлика помеѓу две точки во некоја материјална
средина или помеѓу две средини, се случува пренесување на топлината (топлински
проток). Овој трансфер претставува минување на топлинска енергија како последица од
температурната разлика. Насоката на трансферот на топлината секогаш е од средина со
повисока кон средина со пониска температура. Температурата на некој материјал или
средина претставува количество на просечна кинетичка енергија на молекулите во тој
материјал.
Кондукција
Вредноста на коефициентот на спроведување на топлината l за стаклото изнесува 1
W/(m·K), а неговиот отпор (за вообичаена дебелина од 4 mm), Rglass = 0,004 (m2·K)/W. Со
ваков незначителен топлински отпор самото стакло не може да има топлинско-изолациски
ефекти. Минимална мерка за зголемување на изолациската моќ, односно намалување на
загубите преку кондукција, е да се примени двослојно застаклување, со вметнување на
слој од сув воздух или благороден гас во просторот меѓу двете стакла.
5 0,11
7 0,13
10 0,15
15 0,17
25 0,18
50 0,18
100 0,18
300 0,18
Конвекција
Радијација
Соларна контрола
● во естетски поглед, достапни се неутрални или обоени стакла, со разни степени на
рефлексија на светлината.
На Слика е прикажан ефект на стаклена градина кој се случува летно време во автомобил
паркиран на сонце. Температурата внатре во возилото се покачува како последица на
загревањето на седиштата, воланот и другите предмети во возилото, но топлината не може
да излезе надвор низ стаклото, поради непропустливоста на стаклото за овој тип
долгобраново инфрацрвено зрачење.
Јасно е дека количеството сончева енергија спроведена низ прозорците зависи од нивната
ориентација во однос на страните на светот. На северната хемисфера, во летниот период,
низ прозорците со ориентација од североисток до северозапад минува малку сончева
енергија. Прозорците со јужна ориентација во зима се повеќе изложени на сонце, за
разлика од лете, кога поради поголемиот нападен агол на сончевите зраци во однос на
хоризонтот, низ прозорците минува помалку зрачење (Слика 6). Прозорците со западна и
источна ориентација преку цела година се изложени на сонце. Особено западно
ориентираните прозорци ја имаат таа неповолност што изложеноста на сончевото зрачење
се случува кон крајот на денот, кога и другите градежни конструкции (ѕидови, покриви) ја
акумулирале сончевата топлина во текот на денот и почнуваат да ја емитираат кон
внатрешноста, токму во периодот кој е наменет за одмор и сон на луѓето (ако се работи за
станбени објекти).
Стаклото чија маса е обоена или стакло со нанесен слој за соларна контрола, пропушта
помалку топлина во споредба со обичното, безбојно стакло. Овој факт се користи при
производството на стакла чија намена е контролирано да го пропуштаат сончевото
зрачење. На тој начин се намалува загревањето во просториите.
Апсорпциско стакло
На рамни фасади апсорбираната топлина во стаклата многу полесно се оддава кон надвор,
со што нивото на зрачењето кон внатрешноста е пониско.
Слика 8: Стакло за рефлексија со премаз од надворешна страна