You are on page 1of 7

03.02.

2021

Ладилник
СОУ ЌИРО СПАНЏОВ БРКО

Изработил:Спасе Георгиев III-3 Ментор:Бранко Арсов


Ладилникот има задача да изврши размена на топлината од загреаната течност
за ладење на воздухот. Тој претставува топлински изменувач во кој од една
страна протекува течност за ладење, а од друга страна воздух. Се состои од
долно и горно казанче, а помеѓу нив е сместен изменувачот на топлина. Саќето
на ладилникот претставува најважен дел на изменувачот на топлина, бидејќи во
него се извршува ладење на течноста.
Системот за ладење служи за одведување на топлината од деловите на моторот
кои за време на неговата работа се загреваат, со цел да се одржи температурата
на овие делови во дозволените граници (работна температура на моторот).
Специфичните услови како голема топлина, прашина, мала брзина на движење
во кои работи комбајнот условуваат и посебна конструкција и режим на работа
на системот за ладење. Системот за ладење се состои од: заштитник на
ладилникот, ладилник, вентилатор, пумпа за течност и термостат.
Затегнатоста на ременот има мошне важна улога бидејќи ако ременот е премногу
затегнат се преоптоваруваат лежиштата на пумпата за течност, а ако е лабав
доаѓа до лизгање, поради што пумпата и вентилаторот бавно се вртат и како
последица на тоа течноста се прегрева. Истовремено и напонот на алтернаторот
или динамо-машината опаѓа. Поради тоа, почесто треба да се контролира
затегнатоста на ременот. Проверувањето се изведува на тој начин  што се врши
притискање на ременот на средината меѓу ременицата на вентилаторот и
ременицата на коленестото вратило со прст, при што налегнувањето на ременот
треба да биде од 10 до 20 мм. Ако налегнувањето не е во дозволените граници,
потребно е да се изврши затегнување на ременот. Затегнувањето се врши со
соодветно поместување на алтернаторот по својот носач со претходно
ослободување на завртките.
Термостат
Термостатот служи за одржување на температурата на течноста за ладење во оптималните
граници за работа на моторот (работна температура) без оглед на разликата на
оптоварувањето на моторот и надворешната температура. Работната температура за секој
мотор се дава во соодветни упатства.
Работата и векот на траењето на моторот зависи од исправноста на системот за ладење.
Ако моторот е загреан, не треба да се одвртува капачето од ладилникот, бидејќи постои
опасност да дојде до прскање на течноста која е под извесен притисок и при наглото
отворање доаѓа до интензивно излегување на прегреаната пареа која може да нанесе
изгореници на телото од човекот.
Надворешната предна површина на ладилникот треба да се чисти од прашина и инсекти, со
чиста вода, но треба да се внимава млазот да не се насочува директно во ладилникот
бидејќи може да дојде до искривување на лимовите кои се поставени помеѓу цевчињата. За
време на ниски температури, ако не се употребува средство против замрзнување, водата
мора постојано да се испушта од моторот.
Заштитник на ладилникот
За време на работата на комбајнот, големо количество прашина и ситна плева
лебди околу комбајнот, што ги влошува условите за ефикасно работење на
системот за ладење. За да се спречи лепењето на прашината и плевата на
ладилникот, на него се поставува заштитник изработен од лим и жична мрежа.
На долниот дел од заштитникот има капак, кој се отвора кога се чисти или мие
ладилникот. Бидејќи за време на работата се собира (лепи) извесно количество
плева и прашина на жичната мрежа од заштитникот, овие нечистотии треба
повремено да се исчистат, бидејќи во спротивно ќе дојде до прегревање на
моторот. Чистењето најдобро се врши со празна вреќа, при што претходно
моторот задолжително треба да се изгасне.
Вентилатор
Вентилаторот се поставува помеѓу ладилникот и моторот и служи да го потиска
или да го влече воздухот низ ладилникот. Кај моторите вградени на комбајните
вентилаторот директно добива погон преку ремен од ременицата на коленестото
вратило и постојано се врти, бидејќи комбајнот бавно се движи и природното
струење на воздухот е послабо.
Пумпа за течност
Пумпата за течност служи да ја зголеми брзината на циркулацијата на течноста
со што се зголемува ефикасноста на ладењето и се спречува создавање пареа
во загреаните зони на цилиндарската глава.

You might also like