You are on page 1of 17

БИЗНИС ПЛАН

“RAIKOR COMPANY”

Битола, 2013
ПРОИЗВОДСТВО, ПАКУВАЊЕ И ДИСТРИБУЦИЈА НА ПЕЛЕТИ

Резиме

Почитувани содружници,

Трговското друштво „Рајкор“ ДООЕЛ во овој бизнис план Ви претставува


идеја за профитабилен бизнис кој се „роди“ како последица на новото
време и на новите услови на живеење.
Почетокот на грејната сезона по автоматизам го зголемува и интересот на
граѓаните за тоа каков вид на гориво ќ е користат во текот на истата.
Зголемената цена на електричната енергија и скапото централно греење
од една страна и желбата за топол дом или топол деловен простор, од
друга страна, налагаат сериозен пристап кон избор на најадекватно, но
притоа и најефикасно, решение за оваа цел.

Пелетите несомнено претставуваат огревно решение кое одговара на


повеќ ето критериуми за огрев. Токму затоа ова трговско друштво се
одлучи на инвестирање во нов производствен процес за производство и
дистрибуција на пелети, на странскиот и домашниот пазар, преку
обезбедување на кредит во изност од 500.000 евра, кои ќ е бидат
искористени за вложување во современа производна технологија,
градежни работи, механизација, како и за спроведување на маркетинг
стратегија со која се планира позиционирање на пазарот.
Пелетите претставуваат еден вид на високо квалитетно биогориво,
произведени од дрвни остатоци кои се создаваат во процесот на обработка
на дрвото, односно пилевина. Исто така за нивно производство можат да се
искористат и шумските отпадоци во вид на гранки. Нивната голема
густина исто така допушта нивно компактно складирање и рационален
транспорт на големи растојанија. Квалитетни пелети во комбинација со
добар котел на пелети се идеален начин за затоплување на домашниот или
деловниот простор.

„Рајкор“ ДООЕЛ планира изградба на производствен процес со обем на


годишно производство од 8.000 тони. Производството на истиот изнесува
722.800 еур, а според актуелната продажна цена за тон пелети (220 еур),
приходот од истите би изнесувал околу 1.760.000 еур., што јасно ја
потврдува оправданоста од вложувања во оваа бизнис идеја.

Производниот процес би се одвивал во сопствен простор со површина од


1.580 m2, кој се наоѓа во градот Битола, на улица „Индустриска“ бб., а
покрај просторот, „Рајкор“ ДООЕЛ поседува и целосна механизација за
собирање и добавување на сировиот материјал до производствениот
процес.
Преку овозможениот кредит во производниот простор би била поставена
целосната постројка која ќ е биде набавена од Сојузна Република Германија.
Во истиот ќ е бидат вработени вкупно 34 лицa, од кои 17 ќ е работат на
добавувањето на материјалите, 17 во производствениот процес, а 4 ќ е
бидат вработени како администрација.
Големината на пазарот на пелети во Република Македонија и регионот, е во
постојан пораст, особено имајќ и го предвид фактот на зголемената цена на
струјата и централното греење, но и се позабрзаниот начин на живот кој
бара поефикасни и поефективни огревни решенија.
Потенцијални корисници на овој производ (пелетите) се буквално сите кои
имаат можност, а и потреба да се греат на соодветен, ефикасен и ефективен
начин кој подразбира заштедување на време и средства.
Главен таргет на „Рајкор“ ДООЕЛ е Република Италија, каде што се планира
пласман на скоро 80% од производството.
Сопствените вложувања (влог од инвеститорите) изнесуваат околу 550.000
еур., кои заедно со желбата и посветеноста, професионалниот пристап и
ангажираноста, соодветната маркетинг стратегија, претставуваат основа
за успешна реализација на оваа бизнис идеја.

Мисија
„Целата на нашето пoстoење е производство на пелети за огрев со
континуиран квалитет и соодветна цена, наменети за домашен и
странски пазар.
Производ - Пелети
Пелетите претставуваат еден вид на високо квалитетно биогориво,
произведени од дрвни остатоци кои се создаваат во процесот на обработка
на дрвото, односно пилевина. Тие вообичаено се спореден производ
настанат при обработката на дрво. Пелетите имаат голема густина и можат
да се произведуваат со многу ниска содржина на влага (под 10%) која што
дозволува да согорат со висока горивна ефикасност. Нивната правилна
геометрија и мала големина дозволуваат автоматско снабдување на
горилницте со многу фино подесување.

Нивната голема густина исто така допушта нивно компактно складирање и


рационален транспорт на големи растојанија.
Исто така за нивно производство можат да се искористат и шумските
отпадоци во вид на гранки. Пелетите доаѓаат во мала форма, споредени со
големина на плутените тапи на шишињата за вино и поради тоа имаат
многу лесен и едноставен начин на користење, со други зборови ја
олеснува физичката работа на корисникот.

Квалитетни пелети во комбинација со добар котел на пелети, се идеален


начин за затоплување на домашниот или деловниот простор. Котлите на
пелети кои имаат голем степен на искористеност во комбинација со
квалитетни пелети, претставуваат евтин начин на топлење. Тие се
произведуваат во форма на кратки цилиндри со дијаметри 6 – 10 mm и 10 –
30 mm во должина. Нето калоричната моќ на пелетите се движи 4,7 – 5,0
kWh / kg (16.9 – 18 MJ/kg). Густината на пелетите се движи во границите
650 – 700 м3, додека просторните потреби се движат во границите од 1,5
m3/t.
Само за илустрација, 2 кг. пелети заменуваат 1 литар нафта за греење (која
е во постојан пораст) што значи дека е 50 % поевтина варијанта.
Општи предности  на пелетите во однос на другите горива:

- Ја намалува зависноста  од нафта и гас;

- Одржливост на изворот на гориво: дрвените пелети се чисти,


не и штетат на околината, обновлив извор;

- Цената на пелетите не е диктирана од светските настани;


затоа е поприфатлива и предвидлива;

- Ги намалува трошоците за одстранување на отпадот (бидејќ и


се произведува од отпадоци на дрвната индустрија);

- Помалку пепел и штетни емисии - бидејќ и емисиите на


пелетните печки се дозволени и во областите со одредени
забрани;

 Предности при домашна уппотреба

- По прифатливо за складирање во однос на дрва поради


ниската содржина на влага <10%;

- Високо енергетска вредност,а со тоа и пониска цена на


дрвото.Еден тон на пелети имат поголема топлинска моќ во
однос на еден и пол тони дрво, а зафаќ аат само една третина
од просторот кој би го зафаќ ало дрвото;

- Помалку одржување. Процесот на греење е автоматски.


Минимален простор за монтажа (чистење на пепел) нема
смоли (поради високата ефективност на согорувањето).
Можно е и поставување на котелот без оџак.

- Економски аспект: исплатливо, бидејќ и има мала содржина на


влага што резултира со намалени трошоци;

- Лесно за ракување најлесно гориво за транспорт и


снабдување на горилниците. Пелетите со специјални пумпи се
пренесуваат од камионите во местото за складирање, а потоа
се носат до котелот преку автоматизиран систем. Во споредба
со дрвото има помалку волумен за транспорт и
складирање(поради високата енергетска густина);

- Лесно за палење поради константната големина и малата


содржина на влага;

- Квалитет на воздухот - чист. Пелетното гориво е CO2


неутрално,заменувајќ и го дрвото,а со тоа подобрувајќ и го
квалитетот на воздухот. Пелетите се докажано најчисто
цврсто гориво за согорување.

Процес на производство

*Во фабриката на „РАЈКОР“ ДООЕЛ, ќе се произведуваат 8.000 тони


пелети годишно, или 24 тони дневно.

Процесот на производство на пелети во постројката на Raikor Company ќ е


се одвива во повеќ е етапи и тоа: добавување на сировиот материјал од
шумите и посевите, складирање во магацин, дробење (мелење), сушење,
пелетирање, ладење, просејување и дистрибуција.
Дробењето на отпадната биомаса ќ е се врши во дробилка, која најчесто е
изработена со чекани. Материјалот се дроби во вид на струганици со
димензии помали од дијаметарот на пелетите, т.е. 6 mm. Пред дробењето,
од суровината се отстранува негоривниот материјал (метали, камен и др.).
Со дробењето се овозможува полесно сушење на суровината бидејќ и
парчињата се мали и со слични димензии. Ако струганиците имаат иста
влажност, трајноста на пелетите се зголемува. Ако е потребно, дробениот
материјал се суши (најчесто во ротациони цилиндрични печки) со топли
гасови, добиени при согорување на пелети, или отпадна дрвна маса, за што
се трошат околу (20-25)% (во зависност од влажноста на суровината) од
енергијата содржана во пелетите.
Од суровината што содржи поголемо количество кора се добиваат пелети
со повисока топлинска моќ . За добивање 1 t пелети од суровина со
влажност (7-10)%, потребни се следниве количества суровина:
- околу 7 m3 просторни струганици (влажност 50-55%), и
- околу 10 m3 просторни иверки (влажност 10-15%).

Суровината се внесува во машина за пелетирање т.н. преса, каде што се


компримира под дејство на висок притисок и се истиснува низ калап со
одреден дијаметар на отворите.
Пелетите се произведуваат со компресиреање на дрвениот материјал кој
што претходно минал низ процесите на дробење и мелење се со цел да се
обезбеди униформност на материјалот. Таквото дрво-маса се носи низ
преса каде под притисок се екструдира низ еден калап кој што има отвори
со потребната големина (обично дијаметар од 6 mm, некогаш 8 mm или
поголеми). Високиот притисок на пресата предизвикува зголемување на
температурата на дрвото и со тоа лигнинот содржан во дрвото се топи и
формира природен “ лепак “ кој што ги оформува и држи заедно пелетите
при ладењето.

Пелетите се компримираат низ рамен калап или вертикално монтиран


прстенест калап. При нивното производство нема адитиви, бидеjќ и
пелетите како што претходно е напоменато примарно се сврзуваат преку
адхезија предизвикана од лигнинот кој што омекнува со зголемување на
температурата. Калапот за производство на пелети секогаш се бира
различно и тоа во зависност од типот на сировиот материјал.

Ладењето на пелетите е исто така важен процес при нивното


производство. После компрмирањето, пелетите имаат температура од 90
оС. Влагата ослободена во процесот на компримирање се носи со топлината
ослободена од продуктот. Ладењето ги стабилизира пелетите односно го
стврднува лигнинот, а со тоа и формата на пелтите останува непроменета.

Со процесот на сепарација се овозможува враќ ање на пилевината назад во


процесот на производство. Со процесот на сепарација се овозможува
хомогеност на структурата,а со тоа и сигурност на опремата за согорување. 
Пелетите кои соодејствуваат на вообичаено користените норми ( DIN
51731 или Ö -Norm M-7135 ) имаат помалку од 10 % содржина на влага,
еднакви се по густина ( густината им е помала од 1 ton / m3 , а тоа значи
дека не “ лебдат “ поставени во вода), имаат добра структурна цврстина,
мала содржина на пепел. Пелетите можат да бидат направени од било кој
вид на дрво, притоа имајќ и преса на која што може да се регулира
притисокот на истиснување во зависност од видот на дрвото.

Пелетите кои се произведуваат под горе наведениве норми не смеат да


содржат никакви рециклирани дрвени материјали или некои загадувачи.
Под рециклирани материјали се подразбираат третирани или боени дрва
т.е хемиски обработени, бидејќ и при нивното согорување  се ослободуваат
штетни азотни оксиди или може да постои неконтролираност –
променливост при согорувањето на пелетите.

Производниот процес на „Рајкор Компани“ ДООЕЛ ќ е содржи современа


автоматизирана технологија која нема потреба од бројна работна сила.
Истата ќ е биде набавена од Сојузна Република Германија.

Кратка анализа на пазарот


Големината на овој пазар во Република Македонија и регионот, е во
постојан пораст, особено имајќ и го предвид фактот на зголемената цена на
струјата и централното греење, но и се позабрзаниот начин на живот кој
бара поефикасни и поефективни огревни решенија.
Во Република Македонија во овој момент нема производител на пелети, но
евидентни се трговски друштва кои вршат трговија со истите, а ги има низ
целата држава.
Потенцијални корисници на овој производ (пелетите) се буквално сите
кои имаат можност, а и потреба да се греат на соодветен, ефикасен и
ефективен начин кој подразбира заштедување на време и средства.
Факт е дека граѓаните, во земјата и странство во голема мера се греат на
база на електрична енергија, но и на огревно дрво, што всушност
претставува предизвик за етаблирање на овој производ на пазарот.
Она што е важно да се напомене е дека основен планиран пазар (скоро
80%) на ДООЕЛ Рајкор Компани е Република Италија, каде што
потрошувачката на пелети е изразито голема, а заснована на веќ е
створената култура за истите, за што се добиени писма за откуп и
соработка од фирмата. 20тина % ќ е бидат наменети за пласман во
Република Македонија.
Пелетите би биле дистрибуирани на неколку продажни пункта во нашата
држава и Република Италија, од каде што би се канализирале до домовите.
Директни конкуренти на регионалниот пазар, производители на пелети се:
- NTER MACHINEX-MANUFACTURE OF PELLETS - SELLING OF
PELLETS FROM BULGARIA
- Proizvodnja Peleta Fabrika – Beograd, Srbija
- Energy Pellets DOO – Hrvaska
На домашниот пазар е трговското друштво „Дојчиновски“ ДООЕЛ, кој е
увозник-трговец со пелети и кое се наоѓа во Битола, но она што “Рајкор
Компани” би го издвојувало од сите се трите основни компоненти кои го
чинат еден производствен бизнси успешен: ЦЕНАТА – КВАЛИЕТОТ –
РОКОТ НА ИСПОРАКА.

Маркетинг и продажба
Од аспект на маркетинг миксот: производ, цена, промоција и дистрибуција,
производот е веќ е детално опишан во претходниот текст. Генерално
маркетинг кампањата ќ е се води на подигнување на свеста и развивање на
потребата од користење на огревни пелети.
Цената на пелетите зависи од пазарните услови, но и од трошоците за
производството, работната рака, одржувањето на опремата,
потрошувачката на енергија, трошокот за набавка и транспорт на
суровината, како и од разни други трошоци. Моментално тон произведени
пелети изнесуваат 220 еур. што е крајно соодветна и за домашниот и за
странскиот пазар.
Промоцијата претставува специфичен дел од овој бизнис и генерално ќ е
биде наменета и кон бизнис сферата (откупувачите на пелети), но и кон
малите, крајни потрошувачи.
 Ќ е бидат направени соодветни каталози и летоци со
фотографии од производот претставени со ценовник
можности и услови за плаќ ање;
 Летоци од информативен карактер и содржина;
 Facebook.com – со цел следење на современите форми на
промовирање креирана е фејсбук страница како бесплатен и крајно
ефективен начин за брза и агресивна промоција;
 Facebook.com. реклама – Исто така ќ е биде откупуен рекламен
простор со цел зголемена видливост на сите корисници на
социјалната мрежа;
 Исто така како сегмент без кој неможе да се замисли
денешното бизнис делување, интернетот – ќ е биде
изработена WEB страна со што би се проширил и
хоризонтот на промоција и реклама;
 Ќ е се учествува на разни саеми, промотивни настани и
средби;
 Изработка на календари;
 Визит карти и друг рекламен материјал.

Дистрибуцијата подразбира два аспекти и тоа:


- Дистрибуција на суровината до производниот процес, кој што ќе
биде реализирана со сопствени возила од локалитетите на
суровини до производството и
Деловоден број: 30420130003052
ЕМБС 6221807
Целосен назив на Трговско производствено издавачко друштво за
субјектот на упис проектирање, менаџмент и услуги РАЈКОР КОМПАНИ
ДООЕЛ увоз-извоз Битола
Кратко име: РАЈКОР КОМПАНИ ДООЕЛ увоз-извоз Битола

Сопственици
ЕМБГ/ЕМБС AH1610121
Име Георгиос Тсоулоуфас
Адреса: Ул. Агиос Лаврас Бр. 42 Гоуди Зографон, Атина
Држава Грција
Тип на Основач/сопственик
сопственик
- Дистрибуција на финалниот производ од фабриката до
крајнитепродажни пунктови, со сопствени превозни средства.

*Добавувањето на сировиот материјал ќе се врши во соработка со


Македонски Шуми, за што ќе биде потпишан договор за работа.

Основни податоци на трговското друштво Рајкор Компани ДООЕЛ

Управител
ЕМБГ/ЕМБС АК1356895
Име Тхеофилос Коросидис
Адреса: Ул. Дафнис Бр.3 Атина
Држава Грција
Тип на овластувања Неограничени овластувања во внатрешниот и надворешниот
промет

Во трговското друштво ќ е бидат вработени вкупно 34 лицa, од кои 17 ќ е


работат на добавувањето на материјалите, 17 во производствениот процес,
а 4 ќ е бидат вработени како администрација.
Производниот процес ќ е се одвива во сопствен простор кој се простира на
1580 m2, а се наоѓа во градот Битола, на улица „Индустриска“ бб.
Во овој момент, трговското друштво, покрај просторот ја има и целосната
потребна механизација за собирање и добавување на сировиот материјал
до производствениот процес.

Машинерија-Механизација
Финасиски и инцестиционен план
Во овој дел се претставени финансиските показатели на: соодносот –
сопствен влог и микрокредитирање, потребните средства од микрокредит
и нивната намена, како и финансиските текови во наредиот период на
работи.

Табела на Вкупни средства


Вкупни средства Вредност во еур.
Сопствен влог (недвижнини и 550.000,оо
механизација)
Кредитирање 500.000,оо

Сопствени средства
Средство Вредност во еур.
Објект 450.000,oo
Механизација и возила 100.000,оо
Вкупно 550.000,оо

Нови вложувања преку кредитирање


Средство Цена во еур.
Дробилка 27.000,оо
Парен котел 22.000,оо
Опрема за мерење на 15.000,оо
влажноста
Опрема за напојување и 20.000,оо
мешање
Опрема за пелетирање 75.000,оо
Ладење 30.000,оо
Просејување 5.000,оо
Подвижни ленти и друг 45.000,оо
транспорт
Цевководи и опрема 10.000,оо
Силос 18.000,оо
Носечка конструкција 30.000,оо
Монтажа 20.000,оо
Електрична опрема и 40.000,оо
контрола
Машина за пакување 25.000,оо
ВКУПНО 355.000,оо еур.

*Дополнително
Финансиски средства потребни за градежни работи – прилагодување на
просторот: 25.000 еур.
Финансиски средства потребни за дополнителни превозни средства
(камион): 45.000 еур.
Финансии потребни за обртни средства: 75.000 еур.

Порастот на продажбата од година во година ќе се одвива:

Година 2: 7%; Година 3: 5%; Година 4: 3%; Година 5: 2%

Анализа на Инвестицијата
За дополнителна сигурност при вложувањето во овој бизнис, и
пресметување на ризикот поврзан со времето за повраток на
инвестицијата, изведена е инвестициска анализа со т.н. метод, „Период на
враќ ање на инвестициите“.
Преку методот на „Период на враќање на инвестициите“, прикажан
подолу, всушност се врши пресметка на времето за кое инвеститорот ќ е
може, врз основа на остварените нето-приноси, да ги врати вложените
средства, кои во конкретниот случај изнесуваат 1.050.000 еур.

Година Нето-Приноси / денари Кумулатив / денари


0 -1.050.000
1 802.080 802.080
2 935.692 1.737.772
*Напомена: Во колоната на „Нето-Приноси“ е ставен нето приносот во кој
се вкалкулирани и месечните ануитети за кредитот.

1.050.000 – 802.080
1 + = 1 + 0,26 = 1,26 години
935.313

Апроксимативно, инвестицијата би била повратена за 1 година и 1 месец

Предвидениот рок за враќ ање на средствата обезбедени од кредитната


линија е 8 години, а периодот во кој истите реално би се вратиле изнесува
1 година и 1 месец. На овој начин се претставува сериозноста при
предвидувањето и пресметувањето на потенцијалниот ризик за
вложување во овај бизнис.

You might also like