You are on page 1of 4

КОЕ ГРЕЕЊЕ Е НАЈЕВТИНО?

Во ладните зимски денови една од најактуелните теми е загревањето на домовите и


деловните простории.

Минатата година објавив еден напис за тоа колку чини греењето со различни видови на
енергенси. Сега го надополнувам со актуелниве малопродажни цени на енергенсите:

За да биде појасно колку чини загревањето на домовите или канцелариите со разни


енергенси, се обидов малку со математика:
---------------

Затоплување со плин = Течен Нафтен Гас (ТНГ)

1kg плин = Течен Нафтен Гас (TНГ) = 1,9 литри


1 литар ТНГ = 32 денари
1 Литар ТНГ има 6,9 kWh топлинска моќ
(под услов да се искористи 100%)

Значи, 1kwh топлинска енергија добиена од ТНГ = 4,6 денари при 100% искористување на
ослободената топлинска енергија.
Современите печки на гас имаат коефициент на искористување (CoP=Coeficient of
Performance) okolu 93%.

Тоа значи дека доколу би се грееле на Течен Нафтен Гас (плин), 1 kWh искористена
топлинска енергија ќе не чини 4,94 денари.
-------------
Затоплување со електрична струја:

1kWh „евтина струја“ = 3,3 денари (со пресметан данок)


1kWh „скапа струја“ = 6,6 денари (со пресметан данок)

Електричната енергија за деловни корисници е уште поскапа и зависи од видот на


деловните корисници.

Искористувањето на електричната енергија при затоплување е 100%.


Затоплувањето на домаќинствата со електрична енергија за време на евтината тарифа
чини многу поевтино од затоплување на плин (поевтино дури за 33%!)

Затоплување со електрична енергија за време на скапата тарифа е за 33 % поскапо од


затоплувањето на плин, но електричната енергија има други предности...

Термоакумулациската печка на електрична струја е солидно решение. Се полни навечер


на евтина струја и цел ден го грее просторот околу неа. Препорачувам што поголема
површина и волумен на печката (на пример 6-ка) за да не треба да се вклучува
вентилаторот преку ден. Недостаток на старите ТА-печки беше тоа што изолацијата
внатре беше од стаклена волна која не е добра за животната средина...
------------
Затоплување со пелети

1 кг најквалитетни пелети има 5 kWh топлинска моќ, а чини 13 до 18 денари.


При 90% искористување, колку што изнесува ефикасноста на квалитетните печки на
пелети, 1kWh топлинска енергија добиена од пелети чини 2,9 до 4 денари...
------------

Затоплување со дрва

Што се однесува до греењето со дрва, еве малку податоци:

1 кг суво буково дрво отстоено 2 години на суво место (20% влажност), има топлинска
моќ од 4,12 kWh при 100% искористување.
Бидејќи печките на дрва имаат ефикасност од околу 55 до 70%, следува дека 1kWh
топлинска енергија добиена од многу квалитетно дрво чини 2,2 до 2,7 денари.

Ако дрвото е влажно (свежа сеча) тогаш цената на 1 kWh топлинска енергија добиена од
дрво ќе чини 7,86 денари
------------
Затоплување со брикети

Ако се греете на дрвени брикети, тогаш треба да знаете дека 1 kg квалитетен брикет има
топлинска моќ од 5 kWh, а квалитетните печки на брикети можат да искористат околу
80% од тоа...
--------------

Греење со нафта (екстра лесно масло за домакинствата)

Цената на 1L екстра лесно масло за домаќинствата (нафта за греење) е 42 денари/литар.

1L нафта при согорувањето ослободува 10 kWh топлинска енергија.


Следува дека 1kWh топлинкса енергија од нафта во моментов чини 4,2 денари.

Печките и котлите на нафта имаат просечен степен на искористување на топлинската


енергија околу 94%.

Значи 1 kWh топлинска енергија при греењето со нафта ќе ве чини 4,47 денари.
---------------

Греење на електрична енергија со клима уред

Ако се греете со клима уред (кој всушност претставува топлинска пумпа), тогаш за 1kWh
потрошена електрична енергија, добивате 1,5 до 4,5 кWh топлинска енергија, во зависност
од температурата и влажноста на воздухот надвор.
Значи загревањето на просториите со клима уред е многу економично !

На пример, доколку се користи клима уред за греење на евтината струја (преку ноќ),
тогаш цената на 1kWh ослободена топлинска енергија ќе ве чини само 2,2 до 0,73 денари,
што е многу евтино во однос на другите начини на загревање.

Доколку се користи клима уред за греење на „скапа струја“ (преку ден), тогаш цената на
1kWh ослободена топлинска енергија ќе ве чини само 4,4 до 1,46 денари, во зависност од
надворешната температура на воздухот и од неговата влажност.

Уште подобро и поекономично решение за затоплување претставува греењето со помош


на топлинска пумпа при што се користи гоетермалната енергија...

Користењето на фотоволтаични панели, при што се користи сончевата светлина за


производство на електрична енергија која потоа се користи за затоплување е одлично
решение, но почетната инвестицијата е се уште скапа. Искористувањето на сончевата
енергија кај фотоволтаичните панели е околу 15 - 18 %, но цената на панелите постојано
се намалува. Електричната енергија добиена од сонцето преку ден, кога е скапата тарифа,
може да се комбинира со евтината електрична енергија навечер и на тој начин да се добие
многу евтино затоплување!

Се надевам дека овие мои пресметки ќе Ви бидат од корист!

------------

На сликата подолу е просечната годишна соларна радиијација изразена во kWh/m2 хоризонтална


површина.
За инклинирана површина од околу 30 степени, таа е повисока.
Ако едно домаќинство инсталира 100 м2 фотоволтаични панели, чија цена во моментов е околу
11.000 евра, тогаш во Македонија може да очекува просечно годишно производство на
електрична енергија од околу 25000 kWh. Тоа изразено во денари би било 165000 денари (по цена
на скапата тарифа за електрична енергија бидејќи се работи за денско производство) што значи
дека инвестицијата за соларните панели ќе се врати за околу 4 години. Потоа електричната
енергија би била практично бесплатна во наредните 20 до 25 години колку што изнесува
гарантираниот животен век на панелите. Во тој период би произведувале ЕЕ по 165000 денари
годишно или 2700 евра/годишно. За 25 години тоа ќе биде еднакво на 67500 евра!

Друга поволност е што така произведената електрична енергија нема да ја загадува животната
средина. Само треба да се прилагоди законската регулатива за гарантиран откуп на електричната
енергија, па со ЕВН да си имаме размена на струја. Тоа ќе биде од взаемна корист, бидејќи денски
ЕВН обично има недостаток од електрична моќност, а соларните панели баш тогаш најмногу
произведуваат електрична енергија. Ноќе, кога ЕВН има вишок на ЕЕ, тогаш и соларните панели
нема да произведуваат ЕЕ.

Освен тоа и државата како целина ќе има бенефит: помалку загадена животна средина, помалку
откуп на скапа увозна ЕЕ преку ден кога е најголемата потреба и сл...

You might also like