You are on page 1of 8

Јана Митреска 2318 ЕЕ

КОМПОЗИТНИ МАТЕРИЈАЛИ

Композитните материјали ги прошируваат хоризонтите на дизајнерите во


сите гранки на инженерството. Овие материјали нудат возбудливи и практични
решенија за некои тешки инженерски проблеми. Материјалите во композитите се
комбинирани на таков начин што ќе ни овозможат подобро искористување на
нивните предности и притоа ги минимизираат до одреден степен ефектите од
нивните недостатоци.

Композитни материјали, всушност, претставуваат комбинација на два или


повеќе материјали со различни физичко-механички особини и нерастворливи
фази со препознатлив меѓуспој. Вака добиените материјали имаат супериорни
карактеристики и особини во однос на оние на составните делови како посебни
целини.

Композитите се составени од два основни елементи: матрица (основна


маса) и зајакнувачка компонента. Матрицата е континуирана фаза во која се
додава зајакнувачот. Таа го задржува зајакнувачот во посакуваната форма. Како
основна маса се користат метали, композити и полимери. Со зајакнувачката
компонента која често се нарекува диспергирана фаза се постигнува саканата
комбинација на својства на композитот. Како зајакнувачи се јавуваат стаклени,
карбонски и термопластични влакна, керамика и метал.

Во зависност од видот на матрицата се разликуваат: полимерни композити,


метални и керамички композити. Во зависност од формата на зајакнувачот се
разликуваат: композити зајакнати со влакна (a), композити зајакнати со честички
(б) и ламинарни композити (в).

слика 1 – Видови на композити според зајакнувачот

а) б) в)
Композитните материјали имаат широка примена во авионската,
вселенската и транспортната индустрија, спортските реквизити и конструкциските
составни делови. Предности на приената на композитните материјали се: лесна
конструкција, можност за изработка на конструкции со сложена геометрија, лесна
обработка и спојување, минимална дополнителна обработка, отпорност на
корозија и димензионална стабилност во екстремни работни услови.

ПРОИЗВОДСТВО НА КОМПОЗИТИ

За производство на полимерните композити постојат поголем број на


постапки, од кои тука ќе ги објасниме:

 Рачна постапка на ламинирање (сл. 2)

Се користи за изработка на производи со големи димензии во мали


количини, каде не е важно што само едната страна е глатка. Оваа постапка се
одвива во повеќе фази. Почнува така што на калапот премачкан со супстанции за
полесно одвојување, се нанесува слој на смола. Во наредната фаза се нанесува
тенок слој на гел за да се добие глатка површина со саканата боја, која
претставува добра бариера за ултравилетовата светлост.

Нареден чекор е кроење на армирачка


мрежа или ткаенина и нанесување на
мешавината на смола и катализатор. По
натопувањето со смола, ткаенината се
разлива со рачен валјак, каде се одвојува
вишокот на смола и поминува низ печка
каде доаѓа до првата фаза на
зацврстување. Така се добива слоевит
материјал, ламинат.

слика 2 - Постапка на рачно ламинирање


 Метод на намотување (сл.3)

Овој процес се користи за цевки


и садови од полиестерски композит,
зајакнат со влакна. Непрекинатото
влакно прво се мачка со смола па се
намотува на ротациониот дел. По
намотувањето на доволен број слоеви
делот зацврстува на собна
температура или на зголемена
температура во печка.

слика 3 – Метод на намотување

 Вакуумски процес (сл. 4)

Овој процес се користи за добивање на висококвалитетни ламинатни производи


за авионската идустрија. Во овој процес со помош на вакуум смолата се доведува
до ламинатот и вишокот на смола се отстранува од калапот. Зајакнувачот е рачно
поставен во калапот во кој е вакуумот. Внатрешноста на калапот е со цевки
поврзан со садот во кој се наоѓа смолата. Кога вакуумот во калапот е доволно
висок, смолата се пренесува низ цевката во внатрешноста на калапот до
ламинатот. Вишокот на смола се отстранува од калапот со помош на вакуумска
пумпа.

слика 4 – Вакуумски процес


Металните композити, исто така, се произведуваат со различни процеси:
 Со топло пресување на алуминиумски фолии

Оваа постапка се користи за добивање на алуминиумски композит со


континуирани влакна. Процесот се одвива така што се врши топло пресување на
алуминиумски долии, меѓу кои се поставени слоеви од борови влакна.

 Со инфилтрација со гас под притисок (сл. 5)

Овој процес се користи за


производство на големи
композитни делови. Процесот се
одвива така што се користи гас
под притисок за додавање на
притисок врз стопениот метал,
принудувајќи го да навлезе во
претходно дисперзираната фаза.

слика 5 - Процес со инфилтрација на гас под притисок

ПОЛИМЕРНИ КОМПОЗИТИ

Полимерните композити се најкористени композити.Тие се застапени во


разни гранки на производствената индустрија (автомобилска индустрија,
бродоградба, градежништво, електротехника, воздухопловство, вселенски
програми), каде успешно ги заменуваат класичните конструкциски материјали.

Како матрици кај полимерните композити најчесто се употребуваат


епоксидните и полиестерските смоли. Епоксидната смола поседува одлични
механички својства, помало собирање при зацрвстување, атмосферска
постојаност (се применуваат во воздухопловната индустрија) и добро
прилагодување на засилувачите и добра постојаност на влијанието на влага што
ги прави идеални за изработка на бродови, бродски трупови или површински
трупови. Најголемот недостаток на епоксидните смоли е нивната цена.
Полиестерските смоли имаат пониска цена. Тие можат да се обработуваат на
собна температура, а готовите производи се постојани на високи температури.
Поседуваат одлични оптички својства, можат лесно да се обојуваат со органски и
неоргански бои, тие се слаби спроводници на топлина,поседуваат добра
електрични одобини па се застапени во електротехниката. Исто така се користат и
во бродоградбената, автомобилската и авионската индустрија.

Како зајакнувачи најчесто се користат: стаклени влакна, карбонски влакна,


арамидни, хибридни, борни и керамички влакна.

Стаклените влакна се најупотебувани зајакнувачи во полимерните


композити. Тие се прават со извлекување на растопено стакло низ мали отвори во
матрица од платина. Растопеното стакло потоа механички се издолжува, се лади
и се намотува во ролна. Стаклените влакна се третираат со силан. Особини на
композитите зајакнати со стаклени влакна се: висока специфична јакост, постојани
се на повишени температури и на корозија, димензионално се стабилни, имаат
добри електрични својства и висока обработливосt и дијаметар од 3 до 20µm. Се
користат во воздухопловството и за спортски и реакреациски пловила.

Карбонските влакна се добиваат со процесот на графитизација најчесто од


полиакрилонитрил, кој му дава најдобри својства на влаката. Се произведуваат
уште и од катран и целулоза. Со подесување на параметарот во текот на
процесот на графитизација се добиваат или влакна со висока јакост или влакна со
висок модул на еластичност. Модулот на еластичност варира од 35 до 800 GPa, a
јакоста се движи од 250 до 2600 MPa. Имаат дијаметар од 8 до 10 µm.
Карбонските влакна се користат во воздухопловната и автомобилската
индустрија, за спортска опрема и во гродоградбата. Композитната структура од
карбонски влакна и епоксидна смола се користи во сите подрачја на производство
на спортски реквизити, возила и авиони. Особини на карбонските влакна се:
највисока кртост од сите комерцијално достапни влакна, висока јакост и одлична
отпорност на влага, киселини, пукнатини и замор.
Арамидните влакна се вештачки органски полимери и се нарукуваат уште и
кевлари. Најчесто се користат во комбинација со епоксидни и полиестерски смоли.
Овие влакна имаат типично златно жолта боја, висока јакост и ниска густина.
Најпознати арамидни блакна се Кевлар. Арамидните влкна се постојани на
хемикалии, имаат добра жилавост.Тие се едни од основните компоненти каде се
бара одлични топлински и механички својства. Се употребуваат во авионската,
воената индустрија (панцири), бродоградбата, индустријата за спортска опрема,
градежништво и електронски уреди.

Хибридните влакна се составени од два или повеќе видови на влакна. Сp


спојување на влакната се постигнуваат оптимални својства. Најчесто се
употребува хибридот карбонски/арамидни/стаклени влакна – во бродоградбата и
воздухопловството. Со употребата на хибрид се подорбтува жилавоста, се
спречува корозијата и се намалува цената.

МЕТАЛНИ КОМПОЗИТИ

Во композитите со метална матрица, матрицата т.е. континуираната фаза е


метал. Матрици кои се користат во овие композити се алуминиум, магнезиум и
титан. Типични зајакнувачи се карбонски влакна, борни влакна, влакна од
силициум карбид, алуминиум и тврди метали.

Композитите со алуминумска матрица имаат висок модул на еластичност,


висока јакост, крутост, отпорност на абење и кај нив с намалува топлинската
еластичност и до 70%. Тие имаат мала маса, одлична јакост, жилавост и
отпорност на корозија. Најчесто се применуваат во воздухопловството.

Композитите со магнезиумска матрица имаат висока крутост, мала тежина и


низок коефициент на еластичност. Се користат за вселенски летала, во
авотомобилската индустрија, за деловите на моторот и нисконапонска
електроника.
Титанот е избран како метал на матрица поради неговата добра
специфична цврстина кај собните и средни температури и извонредна отпорност
на корозија.

Предности на металните композити се: многу висока цврстина и крутост,


добри топлински и електрични спроводници, имаат ниска еластичност, добра
отпорност на абње и добри својства на висока температура. Недостатоци на
металните композити се комплицирано производство, имаат висока цена, немаат
доволно податоци за својстава на материјалот, нема доволно упатства за
конструирање на овој вид материјали, лоша способност за рециклирање.

КЕРАМИЧКИ КОМПОЗИТИ

Кај керамичките композити основата т.е. матрицата е керамика. Тие имаат


повисока јакост и жилавост однос на незајкантите керамички материјали.
Матриците кај овие композити се делат на две групи: оксидни и неоксидна
керамики. Исто така постојат и два основни типа на зајакнувачи. Првиот тип се
дисконтуирани зајакнувачи. Тука спаѓаат честички, вискери, кратки влакна и др. За
зајакнување се користат честици на цирков оксид, алуминиумски оксид, силициум
– карбид и силициум –нитрид, ако се работи за вискери. Се смета дека овие
видови на зајакнувачи имаат нешто пониски механички својства, но добра страна
им е што можат да се произведат со некои класични постаки за производство, што
значително ја намалува цената на материјалот.

Во поново време за зајакнување на керамичките матрици се користат


континуирани влакна. Тие имаат подобри механични својства, но се добиваат со
сложени постапки за производство, што ја зголемува цената на материјалот.

Недостатоци на композитните материјали е тоа што се релативно скапи


материјали и имаат слаба отпорност на оксидација.
Најчесто се применуваат како компоненти за вселенски летала (компоненти
за турините) и за различни индустриски примени.

You might also like