You are on page 1of 21

Дипломска работа: МИГ/МАГ заварување на елементи со челик

2. Челици

2.1 Поделба на челиците

Челикот е легура со основа на железо и содржина на јаглерод до 2,06 % C. Но тој


практично е повеќе компонентна легура, која покрај јаглерод содржи и придружни
елеменити: Mn, Si, P, S, O, N, H, во помали или поголеми количнини, исто така
содржи и легирачки елементи: Cr, Ni, W, Mo, V и други. Според хемискиот состав
челиците се поделени ви две главни групи и тоа:

 Јаглеродни челици,
 Легирани челици.

Под јаглероден челик се подразбира сите видови челици кај кои одлучувачко влијание
на особините на челиците има јаглеродот, а другите легирачки елементи ги има само
во количини кои немаат битно влијание. Во зависност од содржината на јаглеродот
челиците можат да бидат:

 Нискојаглеродни (помалку од 0,25 % C ),


 среднојаглеродни (0,25 – 0,50 % C ),
 високојаглеродни ( повеќе од 0,50 % C ).

Под легирани челици се подразбираат сите видови на челици кај кои одлучувачкото
влијание на особините на челикот имаат легирачките елементи. Како легирани челици
се сметаат сите челици кои содржат еден или повеќе легирачки елементи во количини
поголеми од наведените во табела 1.1.

Табела 1.1

Легирачки елементи Si Mn Cr Ni W Mo V Co Ti Cu Al
Проценти повеќе од 0,60 0,80 0,20 0,30 0,10 0,06 0,05 0,05 0,05 0,30 0,05

6
Дипломска работа: МИГ/МАГ заварување на елементи со челик

За легирачки елементи се сметаат само оние елементи кои се додаваат или


оставаат во челикот, за постигнување на одредени особини. Според степенот на
легирање, легираните челици се делат на:

 нисколегирани, со вкупна содржина на легирачките елементи < 5%


 високолегирани, со вкупна содржина на легирачки елементи > 5%

Во литературата е вообичаена и следнава поделба:

 нисколегирани (вкупна содржина < 5% ),


 среднолегирани (вкупна содржина 5 − 10 % ),
 високолегирани (вкупна содржина поголема од 10 % ).

2.2 Јаглеродни челици

Јаглеродните челици се најефтини челици со добра до одлична пластичност која


овозможува лесно обликување и затоа имаат најширока примена.
Кај јаглеродните челици одлучувачкото влијание на структурата и особините
има содржината на јаглеродот. Придружните елементи редовно се сретнуваат во
помали количини кај јаглеродните челици. Нивното присуство има влијание на
особините на челиците, меѓутоа тие најчесто немаат задача да постигнат одредени
особини. Регулирањето на особините кај овие челици се постигнува преку количината
на јаглеродот.
Во јаглеродните челици се сретнуваат и легирачки елементи, меѓутоа во помали
количини, со што не ги менуваат позначајно особините на челиците.
Сите јаглеродни челици според намената се делат на две основни групи и тоа:

 Конструктивни челици,
 алатни челици.

7
Дипломска работа: МИГ/МАГ заварување на елементи со челик

2.3 Конструктивни челици

За конструктивни челици се сметаат оние видови челици кои се употребуваат за


изработка на делови за широка потрошувачка, потоа за градба на машини и
конструкции односно за изработка на конструктивни елементи во машиноградбената и
металопреботувачката индустрија, бродобрадбата, градба на резервоари и котли,
носечки конструктции и итн.

2.3.1 Означување на челиците

Основниот систем за означување на челици се заснова врз база на утврдени и


релевантни стандарди кој опфаќаат: означување на челиците со бројки и букви
(основни ознаки), бројчан систем за означување (број на челикот) и додатни ознаки.
Основните ознаки се пропишани според ЕN 10027-1, и тие се сместени во две
основни групи:
 челици кој се означуваат врз основа на употребата и механичките и физичките
особини
 челици кој се означуваат врз основа на хемискиот состав

Ознаки за група 1

За челици кој се означуваат врз основа на употребата и механичките и


физичките особини и означувањето започнува со една од ознаките за употреба кој ги
имаа 11 ама најупотребувани се следните:

S – челици за конструкции,
P – челици за опрема под притисок,
L – челици за цевководи,
E – челици за машински конструкции.

После првата азбучна ознака се наоѓа број кој ја означуваа вредноста на


најмалиот напон на течење Re N/mm2.
Пример: S355 (мин Re N/mm2 за дебелина до 16mm)

8
Дипломска работа: МИГ/МАГ заварување на елементи со челик

Oзнаки за група 2

За челиците кој се означуваат врз база на хемискиот состав ознаките се поделни


во 4 подгрупи:

Подгрупа 2.1 – Нелегирани челици со средна содржина на Mn ≤ 1%

Ознаката содржи азбучна ознака C (јаглерод), а потоа следи средната содржина


на јаглерод помножен со 100.
Пример: С45 (0.45х100)

Подгрупа 2.2 – Нелегирани челици со средна содржина на Mn ≥ 1%, и легирани


челици кај кој легирачките елементи ≤ 5%.

Првата ознака е средната содржина на јаглерод во проценти помножена со 100, потоа


следи хемиската ознака за елементот кој е карактаристичен за челикот, а потоа следат
бројките за содржината на елементот во челикот помножен со одреден фактор, а
факторите се:

 4 – за Cr, Co, Mn, Ni, Si, W


 10 – за Al, Be, Cu, Mo, Nb, Pb, Ta, Ti, V, Zr
 100 – за Ce, N, P, S
 1000 – за B
Пример: 10 Ni14 (C-0.10%x100, Ni 3.5%x4)

Подгрупа 2.3 – Легирани челици кој содржат барем еден легирачки елемент ≥ 5%

Прва ознака е Х, а потоа следи средната содржина на јаглерод во проценти


помножена со 100, а потоа следат симболите на хемиските елементи кој му го даваат
карактерот на челикот и броевите на средна содржина на легирачките елементи.
Пример: X5CrNi18 8 (високолегиран челик со 0.05C%, 18%Cr, 8%Ni)

9
Дипломска работа: МИГ/МАГ заварување на елементи со челик

Подгрупа 2.4 – Брзорезни челици

Првата ознака е HS, а потоа следат броевите на средна содржина на легирачки


елементи по следниот редослед: W, Mo, V и Co.
Пример: HS6525 (брзорезен челик со содржина 6%W, 5%Mo, 2%V и 5%Co)
Бројчаниот систем EN 10027-2 за означување на челикот е поделен во неколку групи:
 до 1.0099 за основни челици,
 1.0100 до 1.0299 за нелегирани конструктивни челици,
 1.0300 до 1.0799 за нелегирани квалитетни челици,
 1.0800 до 1.0999 за легирани квалитетни челици,
 1.1000 до 1.1900 за нелегирани специјални челици,
 1.2000 до 1.2900 за легирани алатни челици,
 1.4000 до 1.4599 за хемиски постојани челици, огноотпорни челици.

2.3.2 Поделба на челиците

Најновата систематизација на челиците е дадена во ISO/TR 15608, каде што


постојат повеќе групи на челици и нивни подгрупи, според ISO 15608 челиците се
поделни во 7 групи, оваа поделба е извршена врз база на особините при заварување, а
тие се:
 Група 1
Челици со C ≤ 0.25%; Si ≤ 0.6%; Mn ≤ 1.8% со напон на течење наведени во
поделбите:
 1.1 Челици ReH ≤ 275 N/mm2
 1.2 Челици 275 N/mm2 ≤ ReH ≤ 360 N/mm2
 1.3 Нормализирани ситнозрнести челици ReH ≥ 360 N/mm2
 1.4 Челици отпорни на атмосферска корозија чии состави може да одстапуваат од
групата 1
 Група 2
Челици специфицирани во стандардите за термомеханички валани ситнозрнести
челици мин. ReH ≥ 360 N/mm2
 2.1 Термомеханички валани челици 360 N/mm2 ≤ ReH ≤ 460 N/mm2

10
Дипломска работа: МИГ/МАГ заварување на елементи со челик

 2.2 Термомеханички валани челици ReH ≥ 460 N/mm2. Нормализирани ситнозрнести


челици ReH ≥ 360 N/mm2
 Група 3
Ситно зрнести челици калени и опуштани, челици зајакнати со таложење,
специфицирани во стандардите за челици ReH ≥ 360 N/mm2

 3.1 Челици закалени и опуштени 360 N/mm2 ≤ RеH ≤ 690 N/mm2


 3.2 Челици закалени и опуштени RеH ≥ 690 N/mm2
 3.3 Челици зајакнати со таложење

Сите горе наведени челици се феритни челици (нелегирани конструктивни) кој


се означуваат врз база на механичките особини: за челични конструкции со ознака S, за
опрема под притисок Р.
Следните 4 групи се однесуваат на феритни челици кој се означуваат според
хемискиот состав, а тука спаѓаат, нисколегирани челици, вклучувајќи го и легираниот
челик со 9%Ni, за употреба на ниски температури и нисколегирани и легирани
(мартензитни) челици отпорни на ползење.
 Група 4
Нисколегирани ванадиум Cr-Mo-(Ni) челици со МО ≤ 0.7% и V ≤ 0.1%
 Група 5
Cr-Mo челици без ванадиум и содржина на јаглерод C ≤ 0.35%
 Група 6
Високолегирани ванадиум Cr-Mo-(Ni) челици
 Група 7
Феритни, мартензитни или закалени антикорозивни челици со C ≤ 0.35%, и 10.5% ≤
Cr ≤ 30%
Следните групи се однесуваат на така наречени аустенитни челици, каде како
прествници на овие челици се сметаат челиците легирани со никел.
 Група 8
Аустенитни челици врз база на никел Ni ≤ 31%
 Група 9
Никел легирани челици

11
Дипломска работа: МИГ/МАГ заварување на елементи со челик

 Група 10
Аустенитни – феритни челици (дуплекс) антикорозивни челици
 Група 11
Челици кој се покриени од Група 1 кој содржат 0.25% ≤ С ≤ 0.85%

2.4 Нелегирани (конструктивни) челици

Ако ги погледнеме погоре наведените групи на поделба на челиците, тогаш овие


челици се сместуваат во првите три групи (Група 1, 2 и 3), како што спомнавме тие се
феритни челици кој се означуваат врз база на механичките карактеристики.
Според постоечките стандарди, сите јаглеродни челици според намената се делат
на две основни групи: конструктивни и алатни челици.
Кај конструктивните челици најмалото количество на јаглерод започнува да
покажува забележително влијание на особините на челиците. Со зголемување на
содржината на јаглеродот се зголемува содржината на перлитот односно цемнтитот
поради што доаѓа до зголемување на затегачката јакост (Rm) и тврдоста (HB), додека
издолжувањето (А) и жилавоста (КU) се намалуваат. Промената на механичките
особини во зависност од содржината на јаглеродот е дадена на следната (Слика 2.1а).
Највисока јакост имаат перлитни челици, при преминување во областа на
надеутектоидни челици тврдоста продолжува да расте, меѓутоа јакоста се намалува.
Со зголемување на содржината на јаглерод, границата на развлекување како и
затегачката јакост, се повеќе се зголемува, при што таа е се послабо изразена на
кривата на издолжување, се ова може да се види на долниот графикон (Слика 2.1).

Слика бр. 2.1: Влијание на содржината на јаглеродот врз механичките особини на нелегираниот челик

12
Дипломска работа: МИГ/МАГ заварување на елементи со челик

Зголемената содржина на јаглерод ја отежнува машинската обработка и


заварливоста на челикот. Содржината на јаглерод исто така влијае и на физичките
карактеристики, со неговиот пораст опаѓаат топлинската и електричната
спроводливост, магнетниот преамбилитет драстично опаѓа, а исто така се намалува и
отпорноста на корозија на самиот челик.
Со оглед на тоа што нелегираните челици се јаглеродни челици, има одредена
поделба на нив и тоа: ниско, средно и високо јаглеродни челици.
Така наречените нискојаглеродни челици со содржина на јаглерод до 0.3%, во
практичната технологија се нарекуваат уште и меки челици, бидејќи, се одликуваат со
мала јакост и висока деформабилност. Тие не се затврднуваат со термичка обработка,
освен со површинска термичка обработка. Како резултат на големата деформабилност,
овие челици се употребуваат за правење на елементи со разни форми – профили.
Ладната обработка им ја зголемува јакоста, а им ја смалува деформабилноста.
Елементите од овие челици се применуваат за носечките челични конструкции и голем
број други конструкции за најопшта примена.
Посебен вид на јаглеродни челици претставуваат оние кои се применуваат за
работа на ниски температури, посебно за заварени садови под притисок. Тие содржаат
0.2÷0.3% С, повисока содржина на манган 0.7÷1.6% Mn, 0.5÷0.6% Si, и имаат
финозрнеста структура. Главно да се напомене дека тие ја задржуваат јакоста и
жилавоста до -50 оС.
Среднојаглеродните челици, кои содржат 0.3÷0.55% С, ја зголемуваат тврдоста
со термичка обработка. Овој процес важи за тенки елементи или за тенки слоеви од
подебели елементи. Јакоста може да се зголеми со ладна обработка. Овие челици
поседуваат добра комбинација на механичките особини и поради тоа доста многу се
применуваат во техничката пракса.
Високојаглеродните челици ја зголемуваат тврдоста со термичка обработка и се
одликуваат со екстремна тврдост. Како последица на тоа се применуваат за елементи
изложени на триење, на пример за алати за машинска обработка, за пили за дрва,
калапи, водилки и сл.

13
Дипломска работа: МИГ/МАГ заварување на елементи со челик

Табела 2.1: Табеларен приказ на механичките особини на четири вида конструктивни челици

Жилавост KV min [J]


Издолжување А[%] -20
Материјал Дебелина Re min Rm min
Ознака [mm] [N/mm2] [N/mm2] лонги. транс. лонги. транс.
< 16 235 360-510 26 / 27 /
S 235 JR
> 16 225 360-510 25 / 27 /
< 16 275 410-560 23 / 27 /
S 275 JR
> 16 265 410-560 22 / 27 /
< 16 275 370-510 24 22 40 30
S 275 NH
> 16 265 370-510 23 22 40 30
< 16 355 490-630 22 / 27 /
S 355 J2G3
> 16 315 490-630 20 / 27 /

Табела 2.2: Табеларен приказ на хемискиот состав на четири вида конструктивни челици

Хемиски елемент max [%]


Основен
материјал M M
C Si n Ni P S Cr o V N TI Al Cu
0.5 0. 0.04 0.04 0.01 0.0 0.5
S 235 JR 0.2 1.4 0.48 /
5 3 5 5 2 2 5
0.2 0.1 0.01 0.5
S 275 JR
2 5 / / 0.04 0.04 / / / 2 / / 5
0. 0.03 0. 0.0 0.01 0.0 0.0 0.3
S 275 NH
0.2 0.4 1.4 3 5 0.03 3 0.1 8 5 3 2 5
0.2 0.5 0. 0.03 0.03 0.01 0.0
S 355 J2G3
2 5 1.6 3 5 5 0.48 2 / 2 0.5

14
Дипломска работа: МИГ/МАГ заварување на елементи со челик

2.5 Стандардизирани конструктивни челици според EN 10025

Челици стандардизирани според EN 10025: 2003 металуршки гледано сочинуваат


голема хетерогена група на конструктивни материјали. Таа хетерогеност се одчитува
низ:
 Различни постапки и нивоа на дезоксидација (неумерени – FU; умерени – FN и
потполно умерени FF челици),
 Различен хемиски состав, особено кога е во прашање содржината на C
(0.17÷0.27%), S и P (max. 0.055-0.035 %), Mn (1.5÷1.7%). Стандардот опфаќа и
четири врсти на челици за машински конструкции со дополнителна ознака J2G4 и
K2G4. Тоа се ситнозрнести и микролегирани челици, за заварени конструкции со
различна намена.
 Различна технологија на изработка и испорака во различна состојба (топловалани,
нормализирано жарени и нормализирано валани).

За примена на заварени конструкции стандардот се повикува на оние челици кај кој


се гарантиран хемискиот состав (мак. вредности). Тоа не значи дека во праксата не
смее да се применат и останати типови на челици, но тогаш мора да се смета на
преземање на технолошки мерки за зголемување на заварливоста (Е челици за
машински конструкции), а со тоа и намалување на економичноста за изработка.
Според тоа челиците наменети за заварување, според овој стандард, сведени се на три
вида (означување според EN 10027 – 1):

 S235 (мин. ReH = 235 N/mm2),


 S275 (мин. ReH = 275 N/mm2),
 S355 (мин. ReH = 355 N/mm2).

Овие видови челици може да се испорачаат како челици со следниот квалитет:

 JR, JRG1, JRG2, (мин. жилавост 27Ј на +20 оС),


 JO (мин. жилавост 27Ј на 0 оС),
 J2G3, J2G4, (мин. жилавост 27Ј на -20 оС),
 K2G3 и S355K2G4 кај S355 (мин. жилавост 40Ј на -20 оС).

15
Дипломска работа: МИГ/МАГ заварување на елементи со челик

Кај S355JO, S355J2G3, S355J2G4, S355K2G3 и S355K2G4 постои можност за


дополнителна постапка за контролирање на содржината на Cr, Cu, Mo, Ni, Ti и V, што
влијае на уситнување на зрната и другите елементи освен Al (JO, J2G3) и на
микролегираните (J2G4 и K2G3 K2G4) тие припаѓаат на ситнозрнести челици.
Челиците JRG3, JRG4, J2G3, J2G4, K2G3 и K2G4 се потполно умерени челици (FF).
Термичката состојба на испорака на плоснати челици (лимови, ленти) е N
(нормализирано жарено и нормализирано валано). Ако се применува термичка
обработка жарење, за намалување на напонот ограничувањата се Т Z = 580oC, не повеќе
од еден час.

2.6 Заварливост на конструктивните челици

Кај нисколегираните челици механичките особини се постигнуваат преку


содржината на C и Mn на ниво кое е својствено за нелегирани челици.
Во пракса за изработка на челични конструкции (S, P, L) зголемување на јакоста
со додавање на С е ограничено поради ризик од настанување на ладни пукнатини во
зоната под вилјание на топлина на заварениот спој како резултат на закалување.
Според тоа челици со содржина C<0.25% (<0.23) не се склони на закалување.
Зголемување на цврстината, при намалување на C поради закалување, наметнува
зголемено зајакнување на кристалната решетка со додавање на Mn, кој како елемент
има помало влијание кон појава на закалување.
Процентот на содржина на Mn и останатите легирачки елементи кој влијаат на
закалување и појава на ладни пукнатини во ЗВТ се оценува преку следната формула:

𝑀𝑛 𝐶𝑟 + 𝑀𝑜 + 𝑉 𝑁𝑖 + 𝐶𝑢
𝐶𝐸𝑉 = 𝐶 + + +
6 5 15

Оваа формула има примена за гранични вредности до: < 0.5%C; < 1.0%Mn; < 1.0%Cr;
<3.5%Ni; < 0.6%Mo, далеку повисоки од нивото за нелегирани челици.

16
Дипломска работа: МИГ/МАГ заварување на елементи со челик

2.6.1 Способности за заварување на нисколегирани конструктивни челици

Нелегирани конструктивни челици имаат задоволувачка способност за


заварување ако заварениот спој има доволна способност за носивост. Во општ случај
способност за носивост е доволна ако механичко-технолошките особини на заварениот
спој одговараат на основниот материјал, без присуство на дисконтинуитет кој може да
ја наруши сигурноста на конструкцијата.
Способноста за заваруање на конструктивните челици зависи од поединечни и
меѓусебе влијателни фактори како што се:

 Присуство на сегрегација,
 Анизотропност,
 Тенденција за крт лом,
 Тенденција за закалување,
 Дебелина,
 Тенденција кон стареење.

Сегрегација настанува како резултат на заробена нечистотија, како резултат на


ова настанува зона обогатена со елементи кој неповолно влијаат на способноста за
заварување (P, S, C). Присуство и содржината на сегрегација зависи од степенот и
видот на дезоксидација и чистотата на челикот. При заварување можна е појава на
ламиларни пукнатини, особено кај аголни и К-завари, како и кај сочелни завари со
големи дебелини. Современите челици, поради техничките можности се произведуваат
доста чисти и појавата на топли пукнатини е значајно намалена.
Влијание на анизотропија, различни механички особини попречно и паралелно
на правецот на валања. Во правецот на валање имаме помала способност за
деформација поради слоевито распоредување на неметални вклучоци (сулфиди,
силикати), во одредени услови не може да се исклучи појава на ламеларно одвојување.
Хемискиот состав, посебно содржината на С во челикот (>0.23%), создава
структура со зголемена тврдост и ниска жилавост во ЗВТ.
Тенденцијата спрема закалување се оценува според еквивалентниот јаглерод
CEV, со оваа формула се одредува дека челиците со CEV > 0.45 (кај ситнозрнести >

17
Дипломска работа: МИГ/МАГ заварување на елементи со челик

0.48 поради подобрата жилавост условена од ситните зрна) имаат тенденција за


закалување и потребно е да се преземаат одредени мерки против закалување.
Од горе наведеното произлегува дека способноста за заварување на овие челици се
зголемува со степенот на дезоксидација, смалени вредности на CEV, зголемена
способност за деформација во правец на затегнувачкиот напон, зголемување на
жилавоста и намалување на дебелината.

2.6.2 Оцена на способноста за заварување на нелегирани конструктивни


челици

Оцена на способноста за заварување е дадена во долната табела 2.3, за


МИГ/МАГ заварување при нормални услови на ладење. Под нормални услови на
ладење се подразбира заварување со 1.2 mm жица, за дебелини d=10÷20 mm.

 S235JR – можност за крт лом во зависност од дебелината и видот на дезоксидација,


 S235JRG1 – можност за сегрегација и пукнатини поради P и S,
 S235JRG2; S235J0; S235J2G3 – добра способност за заварување,
 S355J2G3 – предгреење.

18
Дипломска работа: МИГ/МАГ заварување на елементи со челик

Табела 2.3: Способност за заварување нелегирани конструктивни челици

Елемент за оцена Гранична Последица Напомена


вредност
Издолжувње А% < 10 крт лом /

Ударна жилавост во J < 27 крт лом /


при ниски температури
%С 0.2-0.25 закалување Голем влез на топлина. Предгревање
%P 0.05 пукнатини Создавање на топли пукнатини се очекува
%S 0.05 топли пукнатини само кај стари челици
%N 0.01 старење
%Ni 1.5 Покрај С само уште еден елемент е
%Mn 1.0 Влијаат на дозволено да биде блиску до граничната
%Cr 0.3 закалување вредност; Предгревање
%Mo 0.3
Неумерени Si < 0.1; сегрегација+стареење Критично само кај стари челици
Al < 0.02
Умерен Si > 0.1 можности за Нема опасност
стареење
Потполно умерен Si > 0.2
Al > 0.02 / /

2.7 Легирани челици

Јаглеродните челици се ефтини и имаат задоволителни механички особини.


Поради тоа имаат широка примена во машиноградбата и воопшто во сите области на
техниката и затоа најголем дел од произведениот челик опаѓа на јаглеродните челици.
Меѓутоа, има и посложени работни услови кога јаглеродните челици не можат да
задоволат, и тогаш материјалот се избира од групата на легирани челици. Такви
примери се: високотемпературна и нискотемпературна експлотација, експлотација на
садови под притисок, на специјални алати и итн.
Легираните челици, покрај јаглерод содржат уште и некои други намерно
додадени елементи. Целта на легирањето на јаглеродните челици е подобрување на
нивните особини или постигнување нови, специјални особини. Легираните челицисе
поскапи и затоа тие мора да се произведат со поголемо внимание и одговорност во
однос на обичните челици.
Кај нискојаглеродните челици при намалување на температурата не доаѓа до
намалување на пластичноста и до зголемување на склоноста кон крто кршење.
Преминот од жилава кон крта состојба се јавува на околу -30 до -40оC.

19
Дипломска работа: МИГ/МАГ заварување на елементи со челик

Порано беше дадена куса дефиниција за основните особини на


високолегираните челици. Но, во понатамошниот текст, дискусијата ќе важи за челици
онака како што ги дефинира Х.Ј.Каховски: ’’ Високолегираните челици се легури што
содржат повеќе од 45% железо, со тоа да збирот на сите легирачки елементи не е помал
од 10% и да содржината на еден од легирачките биде најмалку 8%.
Високолегираните челици имаат и висока отпорност на ползење, односно
топлопостојаност на високи температури. Во легираните челици настануваат истите
микроконституенти како и кај чистите легури железо-јаглерод. Легираните челици
според микроструктурата можат да се поделат на: феритни, полуферитни, аустенитни,
полуаустенитни, перлитни, ледебуритни, а исто така и на подеутектоидни и
надеутектоидни, а истата може да се даде и попрецизно на следниот начин:

 Мартензитни челици, кај кои основната структура е мартензит,


 мартензитно-феритни челици, кај кои основата е мартензит со присуство на
најмалку 5% ферит,
 феритни челици, кај кои основната структура е ферит, а кај нив не доаѓа до
трансформација на феритот во аустенит,
 аустенитно-мартензитни челици, кои се си мешана структура.

Односот на една или друга структура се менува во широк распон на вредности.

 Аустенитно-феритни челици, кај кои постои мешана структура на аустенит и ферит


со тоа да има повеќе од 10% ферит,
 Аустенитни челици кај кои постои чиста аустенитна структура.

Според главните легирачки елементи легираните челици се делат на хром


челици, никел челици, манган челици, силициум челици, ванадиум челици, хром-никел
челици, хром-никел-ванадиум челици и слично.

20
Дипломска работа: МИГ/МАГ заварување на елементи со челик

2.7.1 Влијание на легирачките елементи на структурата и особините на


челиците

Никел. Никелот припаѓа на елементите кои го прошируваат аустенитното


подрачје. Никелот ги зголемува јакоста, еластичноста и пластичноста а посебно влијае
на жилавоста, која ги задржува високите вредности и на многу ниски температури. Тој
значајно ги намалува електричната и топлинската спроводливост, и коефициентот на
топлинско ширење, а ја зголемува и отпорноста на корозија.
Хром. Хромот припаѓа во елементите кој се раствараат во a-железото и го
прошируваат феритното подрачје. Хромот во значителна мера гради карбиди, кој се
тврди и крти, отпони на абење и многу постојани на високи температури. Присуството
на хромот многу влијае врз јакоста на челикот. 1% Cr ја зголемува затегнувачката
јакост за околу 80Mpa, а пластичноста опажа доста побавно. Хромот има сложено
влијание врз отпорноста на ползење. Од 1% до 7%Cr отпорноста се намалува до
минимум, над 7%Cr повторно се зголемува отпорноста на ползење. Ова се пообјаснува
со замена на еден вид карбит со друг вид карбид на хромот. Хромот многу добро
влијае на уситнување на зрната. Хромот е основен легирачки елемент за добивање
не’ржосувачки челици, постојани на вода, пареа, разни киселини и врели гасови.
Висока огноотпорност се постигнува при 20%Cr и повеќе.
Хром и Никел. Хром-никел челиците, без или со додаток на помала количина
на Mo, V, Nb, Mn и други елементи, претставуваат најквалитетни конструктивни и
специјални челици. Никелот им дава на челиците жилавост и јакост, а хромот ја
зголемува тврдоста, огноотпорноста и ги уситнува металните зрна, а двата елемента ја
подобруваат прокаливоста и отпорноста на корозија. За работа на високи температури
при високи оптоварувања се користат аустенитните и аустенитно-феритните челици,
кој се не’рѓосувачки и огноотпорни, а имаат и висока отпорност на ползење. За работа
на ниски температури исто така се користат аустенитните челици кои имаат висока
отпорност на ударни оптоварувања.
Еден од најквалитетните високолегирани челици, е аустенитниот челик 18/8 со
18%Cr и 8%Ni (при околу 8%Ni аустенитот се задржува во структурата на собна
температура и на ниски температури). Кај овој челик се споени низа специјални
особини: некорозивност, огноотпорност, висока отпорност на ползење, висока
жилавост на многу ниски температури. Овој челик е немагнетичен, добро се
обработува со деформација на ладно и има добра заварливост. Не’рѓосувачките челици

21
Дипломска работа: МИГ/МАГ заварување на елементи со челик

имаат доста пониска топлотна и електрична спроводливост во споредба со


јаглеродните челици.
Аустенитните хром-никел челици се покомплексни во однос на феритните и
мартензитните и содржат 16 до 26%Cr и 8 до 22%Ni и се без или со додаток на други
легирачки елемент, како молибден, титан или ниобиум. Со додавање на молибден се
подобрува антикорозивноста во хлорни средини (слаба страна на аустенитните
челици), а се одбегнува напонска и точкеста корозија. Содржината на јаглерод е доста
ниска. Никелот е елементот кој ја обезбедува аустенитната структура. Аустенитните
челици се добиени со ладење во вода, што може да се третира како добивање со
калење.
Според AISI системот на означување, ознаката се состои од три бројки. Серија 200 има
Cr, Ni и Mn како главни легирачки елементи, серијата 300 се Cr-Ni челици, а серија 400
се Cr челици.
Најзастапени челици од групата 18/8 се AISI 304 и 316.
Аустенитот се карактеризира со површински центрирана кубна решетка што го
прави посебно истеглив кристал. Јаглеродните атоми се сместени во меѓујазолните
простори на решетката. Тој е стабилен во температурниот интервал од 723 до 1400 оC.
Легирачките елементи, како никел и манган, го прават аустенитот стабилен и при
собни температури. Во аустенитот може да се раствори до 2,06%C, односно 2,03%C на
еутектична температур, а до 0,80%C, односно 0,68%C на еутектоидна температура.
Аустенитот на сите температури е парамагнетичен.

Слика бр. 2.2: Површински центрирана кубна решетка на аустенит

22
Дипломска работа: МИГ/МАГ заварување на елементи со челик

2.7.2 Заварливост на аустенитни хром-никел челици

Заварливоста на хром-никел челиците се одредува врз основа на три фактора:

1. Склоност кон појава на прснатини во зоната на растопениот метал на заварот или


во основниот материјал; оваа склоност во голема мера зависи од структурните
особености на металот.
2. Излачување на хром карбиди,која предизвикува меѓу кристална корозија.
3. Образување интерметална σ-фаза при одредена концентрација на хром и
температурни услови; оваа појава предизвикува поголема кртост на челикот.

Металот се смета за заварлив тогаш кога, со примена на одредена постапка на


заварување, се постигнува хомоген заварен спој, кој одговара на поставените задачи за
неговите механички особини, а во исто време да задоволува како составен дел на
целата конструкција. Заварливоста не зависи само од особините на металот кој се
заварува, туку и од постапката на заварување, припремата, примената и др.
Заварливоста на еден метал е подобра до колку можат да се применат повеќе методи за
негово заварување, и до колку може да се постигне поквалитетен завар, без превземање
на посебни мерки.

I- Склоност на металот на заварот кон појава на топли прснатини

Многу истражувачи, а најмногу Tielsche, Zapffe и Scheffler ја проучувале


склоноста на електролачно нанесениот растопен додатен материјал кон појава на
прснатини. Како резултат на овие истражувања е конструиран шефлеровиот дијаграм.
За причините од кој доаѓа до образување на прснатини во металот на заварот и
основниот метал постојат различни хипотези. Најверојатна е хипотезата на Capfea, која
ја објаснува склоноста кон појава на топли прснатини на еднофазните аустенитни
легури со присуство на силикатни фклучоци по границите на аустенитните зрна.
Штетното влијание на аустенитните фклучоци може да се намали ако се створат
услови кои ќе придонесат излачување на друга една фаза по границите на зрната на
аустенитот, на пример δ-ферит. Меѓутоа треба да се избегнуваат преголеми количини
на феритна фаза поради тоа што предизвикува намалување на високата пластичност на
аустенитниот челик. Како потврда на хипотезата на Capfea може да послужи фактот

23
Дипломска работа: МИГ/МАГ заварување на елементи со челик

дека зголемувањето на концентрацијата на силициумот (Si0,60%) во металот на


заварот доведува до зголемување на осетливоста на аустенитниот растопен додатен
метал кон појава на прснатини.

Слика бр. 2.3: Шефлеров дијаграм

Иако шефлеровиот дијаграм најчесто се користи за анализа на условите за


заварување на разнородни челици, шефлеровиот дијаграм има многу големо влијание и
при заварување на хром-никел челиците. Со овој дијаграм се прави разграничување на
областите на еднородните и разнородните заварени споеви со аустенитна електрода.

II- Излачување на карбиди (меѓукристална корозија)

Постојат повеќе теории кои го објаснуваат механизмот за формирање на


меѓукристална корозија. Најверодостојна е теоријата за излачување на хромни карбиди
по границите на аустенитните зрна, што е пропратено со осиромашување на оние
делови на металот на хромот, кој се наоѓаат непосредно во областа на излачувањето.
Брзината на образување на на карбидите е многу мала при ниски температури, а
се зголемува во температурниот интервал од 600 до 800 оC. Карбидите создадени на
овој начин, во најголем случај се излачуваат по границите на зрната. За образување на

24
Дипломска работа: МИГ/МАГ заварување на елементи со челик

карбиди, јаглеродот мора да апсорбира хром од микро површината, која се наоѓа


непосредно на границите на зрната, што предизвикува локално осиромашување на
хромот. Ако концентрацијата на хромот во овие микро-површини се намали до 12%
(минимална концентрација за корозиона постојаност), тогаш во металот ќе настане
хемиска корозија. Според ова, на корозија не се подложни само карбидите на хромот,
туку и оние делови од металот кој се посиромашни со хром.

Слика бр. 2.4: Интеркристална корозија

III- Образување на σ- фаза

Меѓукристалното излачување на карбидите и појавата на σ- фазата се две


различни појави. Кртоста предизвикана од σ- фазата со појавува во температурен
интервал од 650 до 800 оC и зависи од времето на задржување на металот на оваа
температура.

25
Дипломска работа: МИГ/МАГ заварување на елементи со челик

2.7.3. Избор на постапка за заварување на високолегирани челици

Најголемо ограничување за примена на било која постапка за заварување на


овие челици претставува адекватен додатен метал. За најчесто применуваните челици
стојат на располагање додатни материјали за повеќе постапки, но за најголемиот број
челици најчесто применувана е РЕЛ постапката, а ја следат ТИГ и МИГ, па значително
помалку ЕПП и плазмениот лак. Покрај, нив за посебни случаи се применува и
микроплазма, електронски сноп и ласер.

Изборот на постапката зависи од:

 Дебелина на основниот метал,


 големина и облик на работниот предмет,
 просторна положба на заварот,
 количина на завари,
 квалитет на заварениот спој.

26

You might also like