You are on page 1of 16

МАШИНСКИ

МАТЕРИЈАЛИ 2
Предавања: Проф. Др. Зоран Богатиновски
Вон. Проф. Др. Филип Здравески
Вежби: Асс. М-р. Александра Крстевска
Асс. М-р. Мартин Петрески

Институт за заварување и заварени конструкции


Март 2022 година
Консултации:
- Емаил: aleksandra.krstevska@mf.edu.mk
- Емаил: martin.petreski@mf.edu.mk
- Преку порака на платформата Teams
- По барање: организирање на состанок на платформата Teams

Институт за заварување и заварени конструкции


Март 2022 година
IV недела

Испитување на тврдост

Институт за заварување и заварени конструкции


Март 2022 година
Испитување на тврдост
Тврдост – отпор на материјалот на пластично деформирање при продирањето на тврдо тело
во неговата површина.

Резултатите добиено со испитување на тврдост зависат од:


• Видот на материјалот и неговата кристална структура
• Дебелината на испитуваното парче
• Квалитетот на површината на испитување
• Обликот и димензиите на втиснувачот
• Силата и брзината на втиснување и итн.

Според начинот на дејствување на силата, испитувањата на тврдост се делат на две групи:


• Статички
• Динамички испитувања

Институт за заварување и заварени конструкции


Март 2022 година
Статички методи за испитување на тврдоста
Кај статичко испитување на тврдост, втиснувачот со одреден облик, под дејство на сила на
втиснување, продира во површината на материјалот под 90о и предизвикува локално деформирање.
Деформациите се еластични и пластични, при што се мери само пластичната деформација.

Статичките методи за испитување на тврдина се поделени во 2 подгрупи:


• метод за испитување на макротврдина (F>30 N)
• метод за испитување на микротврдина (F<2 N)

Статички методи за испитување на макротврдина:


• Бринелов метод
• Викерсов метод
• Роквелов метод

Институт за заварување и заварени конструкции


Март 2022 година
Бринелов метод
Кај Бринеловиот метод како втиснувач се користи челично топче со дијаметар од 10,5 или 2,5mm,
а дозволено е користење и на топче од 1 до 2mm.

Топчето под дејство на сила се втиснува одредено време во материјалот, правејќи во него
отпечаток со длабочина h и дијаметар d. Откако ќе престане дејството на силата се мери
дијаметарот на отпечатокот (сл. 6.2).

Тврдоста (daN/𝑚𝑚2 ) се пресметува од односот меѓу


силата и површината на отпечатокот.
𝐹
𝐻𝐵 =
𝑆
F – сила на втиснување
S = πDh – површина на калотата

Измерената вредност се изразува со HB, пример 450 HB.

Институт за заварување и заварени конструкции


Март 2022 година
Бринелов метод
При испитување по Бринелов метод, измерената тврдост за исти материјал е функција од силата
на втиснување и дијаметарот на топчето.
Со цел да може да се споредуваат измерените вредности и во случај кога се користат различни
сили на втиснување и различни топчиња, потребни се одредени ограничувања.
Константата 𝐾=𝐹/𝐷 2 зависи од видот на материјалот што се испитува.
На следната табела се дадени вредности за константата К, вредности за големината на силата и
дијаметарот на втиснувачот, во зависност од дебелината на испитаниот материјал.

Институт за заварување и заварени конструкции


Март 2022 година
Бринелов метод
При испитување на тврдост треба да се исполнат повеќе услови:
• Дебелината на испитуваното парче треба да биде најмалку 8 пати поголема од
длабочината на отпечатокот
• Растојанието од центарот на отпечатокот до ивицата на парчето не смее да биде помало
од 2,5d
• Растојанието помеѓу центрите на два соседни отпечатоци не смее да биде помало од 4d
Овие услови треба да се запазат со цел да се избегне влијанието на зајакнување на
материјалот.
При испитување на тврдост по Бринел може да се добијат неправилни облици.
• Првиот отпечаток настанува под дејство на поголема сила кај пластични метали
• Вториот се јавува кај потврди метали.

Институт за заварување и заварени конструкции


Март 2022 година
Викерсов метод
Кај Викерсовиот метод како втиснувач се користи дијамантска пирамида со квадратна основа и со
агол на врвот меѓу спротивните страни од 136°.

Тврдината по Викерс (daN/𝑚𝑚2 ) се пресметува од односот меѓу


силата и површината на отпечатокот, идентично како и кај Бринел.
𝐹 𝐹
𝐻𝑉 = = 1.854
𝑆 𝑑2

F – сила на втиснување
S – површина на отпечаток
𝑑2
𝑆=
2 cos 22°
Големината на силата на втиснување се избира во зависност од
видот и дебелината на материјалот и од очекуваната тврдост.

Институт за заварување и заварени конструкции


Март 2022 година
Викерсов метод
При испитување на тврдост треба да се исполнат повеќе услови слично како и кај Бринел:
• При избор на сила да се земе во предвид дебелината на предметот да биде 1,2 пати поголема од
дијагоналата на отпечатокот
• Растојанието помеѓу центрите на два соседни отпечатоци не смее да биде помало од 2,5d
• Растојанието од центарот на отпечатокот до ивицата на парчето не смее да биде помало од 2,5d.

Во случај на испитување на метали со изразена пластичност и метали со изразени особини на


зајакнување може да се добијат отпечатоци со неправилен облик (сл. 6.6). Во вакви случаи се врши
корекција на тврдоста согласно следната равенка:
𝐹
𝐻𝑉 = 1.854 𝑑 2
2( ±𝑧)
2

За испитување по Викерсовиот метод се користи


Бринеловиот уред, со промена на втиснувачот.

Институт за заварување и заварени конструкции


Март 2022 година
Роквелов метод
Тврдоста се одредува врз база на трајната длабочина на отпечатокот, а како втиснувач се користи
челично топче или дијамантски конус со агол од од 120° (сл.6.7).

Површините кои се испитуваат вообичаено имаат нерамнини, и истите може да влијаат на


резултатите од испитувањето, поради тоа кај овој метод за одредување на тврдост се користи
разликата меѓу две длабочини добиение при две различни сили на втиснување.

Испитувањето е поделено во 3 фази:


• Прва фаза, втиснувачот се оптоварува со 𝐹0 и
продира во материјалот на длабочина ℎ1 (совладување нерамнини)
• Втора фаза, се додава сила 𝐹1 при што втиснувачот
продира на длабочина ℎ2 (еластични и пластични деформации)
• Трета фаза, дејствува само сила 𝐹0 при што втиснувачот
продира на длабочина ℎ3 (трајна длабочина)

Институт за заварување и заварени конструкции


Март 2022 година
Роквелов метод
Трајната длабочина ℎ3 , изразена во Роквелови единици, претставува тврдост по Роквел.
ℎ3
; 1 Роквелова единица = 0,002 mm
0,002

Со цел да се добијат поголеми бројни вредности за потврд материјал, трајната длабочина сведена во
Роквелови единици, се одзема од константен број. За испитување со конус е 100, а за испитување со топче е
130.
ℎ3 ℎ3
𝐻𝑅𝐶 = 100 − ; 𝐻𝑅𝐵 = 130 −
0,002 0,002
Постапката со конусен втиснувач се применува за површини со тврдост HRC > 20, а постапка со конусен
втиснувач за површини со трвдост HRB меѓу 25 и 100.

При испитување на тврдост треба да се исполнат повеќе услови:


• Парчето мора да биде поставено на стабилна подлога и истото треба да има мазна и рамна површина.
• Дебелината на парчето треба да биде 8 пати поголема од трајната длабочина.
• По испитувањето на задната страна од парчето не смее да има видливи пластични деформации.
• Растојанието помеѓу центрите на два соседни отпечатоци, како и растојанието од центарот на отпечатокот
до ивицата не смее да биде помало од 3mm.
Институт за заварување и заварени конструкции
Март 2022 година
Споредба на статичките методи
Сите три статички методи се стандардизирани и се
користат за лабораториски испитувања на тврдост.

Викерсовиот метод е најуниверзален и со него може


да се испитуваат сите метали, независно од нивната
тврдост и дебелина.

Бринеловиот метод не се користи за испитување на


тенки лимови.
Со лабораториски испитувања е утврдено дека кај
некои материјали постои приближна зависност меѓу
затегнувачката јакост и тврдоста по Бринел.
𝑅𝑚 = 𝐾 𝐻𝐵

Испитувањето на тврдост по Роквел се врши брзо и


нема аналитичка обработка на резултати и директно
се очитуваат од скалата на комператорот.
Институт за заварување и заварени конструкции
Март 2022 година
Лабораториски вежби за испитување на тврдост

Институт за заварување и заварени конструкции


Март 2022 година
Лабораториски вежби за испитување на тврдост

Институт за заварување и заварени конструкции


Март 2022 година
Видео материјали за испитување на тврдост
https://www.youtube.com/watch?v=RJXJpeH78iU
https://www.youtube.com/watch?v=7Z90OZ7C2jI
https://www.youtube.com/watch?v=G2JGNlIvNC4

Институт за заварување и заварени конструкции


Март 2022 година

You might also like