You are on page 1of 18

Универзитет„Св.

Кирил и Методиј“ - Скопје

Машински факултет – Скопје

Семинарска задача бр.1 по предметот

Машински материјали 1

Тема:

Полимери и нивно добивање

Здравко Ризов

Љупчо Костенаров проф. д-р : Зоран Богатиноски

Јован Тушевски асс. д-р : Бојана Трајаноска

Александар Костов

Митко Калпачки

Јане Тарчуг
Содржина

3-------------------------------------------------------------------------------Вовед

4 -------------------Предности и недостатоци кај полимерните материјали

5 ----------------------------------------------------------------Полимери, структура

6-7------------------------------------------------------------ Добивање на полимери

8--------------------------------------------------- Добивање на поливинил хлорид

9---------------------------------------------------------------- Синтетички полимери

10----------------------------------------------------------- Добивање на полистирен

11 ---------------------------------------------------Поликондизациони производи

12----------------------------------------------------------------- Синтетички влакна

13------------------------------------------------------------Полиестерските влакна

13----------------------------------- Полиакрилонитрилното влакно(орлонот)

14 ---------------------------------------------------------------------ПОЛИЕТИЛЕН

15 --------------------------------------------------------Полистирол

16---------------------------------------Полиметил метакрилат

17 -------------------------------------------------------Полиутеран

18-----------------------------------------Користена литература
ВОВЕД

ПОЛИМЕРИ
Полимерите се органски соединенија составени од долги молекуларни вериги.Кај молекулите на
полимерот се разликува главна верига која содржи голем број атоми а најчесто се содржани и
странични вериги чија должина по правило е многу помала од онаа на главната
верига.Вообичаените полимери се составени од соединенија на јаглеродот, меѓутоа полимери
може да се добијат и од неоргански соединенија како што се силикатите и силиконите.Има бројни
природни полимери(пр. Протеин , целулоза, скроб), но полимерните материјали кои се користат во
индустријата и секодневниот живот најчесто не се добиваат од природните полимери.Има два
основни вида индустриски полимерни материјали: пластики и еластомери.

-Пластиките се голема група различни синтетички материјали.Тие се поделени во две главни


групи: Термопластични и термостабилни во зависност од нивното однесување при загревање.

Термопластите при затоплувањето хемиски не се менуваат но омекнуваат и така можат да се


обликуваат на топло. Термостабилните пластики спротивно на термопластите еднаш обликувани
со пластично деформирање на топло или со леење трајно остануваат во таа состојба – стабилни.
Еластомерите се полимери кои се карактеризираат со големо реверзибилно издолжување и
единствено топлотно однесување. Тие еластично се деформираат во голема мерка кога се
оптоварени и може да се вратат во првобитниот облик по растворувањето. Еластомерите можат да
се издолжуваат најмалку 100% и често преку 1000%. Еластомерите се природната гума и
синтетичките гуми. Пластиките се важни технички материјали поради многу причини. Имаат
најразлични особини. Во некој случај тие се незамнеливи со други материјали а во многу сличаи
се јавуваат како релативно поевтини материјали. Нивната примена дава низа предности:
намалување на масата, елиминирање на многу завршни операции при изработка на деловите,
поедноставно составување на сколоповите, намалување на буката и елеминирање на
подмачкувањето.

3
Предности и недостатоци кај полимерните материјали:

Предности-

Мала волуменска тежина.Замената на металните и силикатните материјали со полимери


допринесува да се намали масата на конструкциите, да се намали расходот на материјалот за
приготвување и на транспортните трошоци.

(2) Мала топлинска спроводливост: кај полните пластични маси коефициентот на спроводливост λ
λλ λ=0,22÷0,68 W/m·ºC, а кај порозните полимери и пластични маси λ= λλ== λ=0,03 W/m·ºC.

(3) Многу полимери имаат добар надворешен изглед. Можноста да се произведуваат во различни
бои без дополнително бојадисување е важна предност на пластичните маси.

(4) Имаат добра хемиска стабилност што овозможува истите да се користат за заштита на некои
конструкции од корозија.

(5) Добри технолошки својства: лесно се оформуваат, се сечат, се стругаат, лесно се заваруваат, се
пресуваат, се коваат и друго.

(6) Некои полимери имаат зголемена стабилност на абење, триење и удар, голема јакост,
проѕирност и друго.

Недостатоци на полимерните материјали:

(1) Мала отпорност на температура (60÷80 ºC). Некои се стабилни и на температура до 200 ºC, а во
исклучителни случаи и до 350 ºC. Опасно при горење на пластичните маси при високи
температури е одделувањето на отровните соединенија.

(2) Голем коефициент на линерана температурна деформација α αα αT=(25÷120)·10-6. Кај челикот


и бетонот овој коефициент е 2,5÷10 пати помал. На ова својство треба да му се обрне посебно
внимание особено при проектирањето на конструкции со големи димензии или пак при
комбинираните т.е. спрегнатите конструкции.

(3) Полимерните материјали, вклучени во конструкции кои се изложени на продолжено дејство на


товарите, ползат, т.е течат, повеќе од традиционалните материјали. При зголемена температура
течењето се зголемува што предизвикува непожелни деформации во конструкцијата.

(4) Некои полимери се склони на стареење под влијание на топлина, светлина, на кислород од
воздухот и друго. Процесот на стареење се забрзува при дејство на натоварување.

(5) Ослободуваат хемиски соединенија со непријатна миризба кои понекогаш се штетни за


човечкото здравје.

4
(6) При примена на полимерите и пластичните маси во носивите конструкции треба да се земе во
предвид промената на јакоста со текот на времето, помалиот модул на еластичност и влијанието
на продолженото дејство на товарот како и взаемното дејство на влагата, сончевото зрачење и
влијанието на околината.

Полимери, структура

Структура на полимерите

Според Херман Штаудингер кој прв ја опишал структурата на макромолекулите релативната


молекуларна маса на макромелекулите на полимерите се движи од неколку илјади до неколку
милиони. Меѓутоа мора да се потенцира дека макромолекулата не е молекула која едноставно е
составена од многу атоми меѓусебе поврзани си валентни врски, туку таа се состои, како што беше
потенцирано и погоре, од карактеристични структурни единици, т.н. мери. Во зависност од тоа
дали се користи еден или повеќе типови на мери од кои е добиен полимерот, се разликуваат:

• хомополимери, составени од еднакви мери: -А-А-А-А,

• кополимери, во чии синџири се содржани неколку видови на мономери поврзани на различни


начини: -A-B-A-B-A-B-,.

Според начинот на соединувањето на мономерните делови, полимерите може да бидат:

• Линиски,
• Разгранети,
• напречно поврзани или мрежести,
• просторно вмрежени.

Полимерите кои се состојат од линиски макромолекули или од разгранети со гранки кои не се


поврзани меѓусебе се викаат линеарни полимери.(сл.1 (а) и(б)) Тие се карактеризираат со слаби
сили на меѓусебно дејство на поодделните макромолекули што се одразува на нивните својства

сл1

5
Ако линиските полимерни молекули се поврзани со напречни гранки се добиваат т.н. вмрежени
полимери, Сл. 2 (c), ако врската е тродимензионална тогаш тие се просторно вмрежени, или само
мрежи, Сл.2 (d). Овие полимери потешко се деформираат и во поголема мерка отколку
линеарните полимери ја задоволуваат дефиницијата на тврдо тело.

сл.2

Добивање на полимери

Полимерите се сложени, органски соединенија кои се добиваат со хемиска синтеза на едноставни


соединенија познати под името мономери. Полимерите припаѓаат на категоријата на т.н.
високомолекуларни соединенија кај кои молекулите се состојат од неколку стотици или неколку
илјади атоми меѓусебе споени со валентни врски, т.н макроколекули. Самото име полимер, е
добиено од грчките зборови: “поли” што значи многу, и “мерос”-дел. Во зависност од начинот на
настанување, полимерите се делат во три групи: природни полимери: природно создадените
високомолекуларни соединенија се наоѓаат во дрвото-целулоза, во памукот, волната,
животинската кожа, природниот каучук, восокот, килибарот скробот, протеините, ензимите и др.

Вештачките полимери се производ на хемиска преработка на природните полимери. Својствата на


новодобиените соединенија битно се разликуваат од својствата на појдовните и во оваа група
спаѓаат естерите и други производи на целулозата.

Најголема е групата на синтетички полимери и според начинот на добивање се делат на :


-полимери добиени со поликондензација и полимери добиени со полимеризација.

Полимеризација е процес на сврзување на поголем број мали молекули во молекули со големи


молекулски маси без притоа да се ослободи продукт а супстанцијата што се полимеризира се вика
мономеp .

Поликондензација е процес при којшто реагираат мономерите со две или повеќе мономерни групи
и притоа се одделува и спореден нискомолекуларен продукт на реакцијата. Синтетичките
макромолекуларни супстанци кои што се добиваат по пат на поликондензација се познати како
вештачки смоли (фенол-формалдехидната смола,полиестерската смола и др.)

6
Во реакција на полимеризација стапуваат незаситени органски соединенија со двојна и тројна
врска а може и циклични соединенија,алдехиди и други.

Процесот на полимеризација тече низ неколку фази:

Во првата фаза, дел од молекулата на мономерот се активира со катализатор (иницијатор или


активатор и тоа пероксидите, кислород различни јони или органометални соединенија ),со
светлина или со топлина

Во следната фаза доаѓа до спојување на активираната молекула со други молекули и до


формирање и постепено растење на макромолекулата и така натаму се додека постои активниот
центар на молекулата.

За одвивање на процесот на поликондензација потребно е како ртеактант да се употреби


мономерно соединение кое во својата молекула содржи најмалку две функционални групи.
Најчесто се застапени карбонилната (–COOH) ,хидроксилната (- OH) ,амино група (- NH 2).

Самиот процес на поликондензација тече како и процесот на полимеризација во неколку фази Во


првата фаза доаѓа до реакција меѓу функционалните групи на мономерите, при што се формира
меѓупродукт и се одделува нискомолекуларното соединение(вода,амонијак) Во втората фаза
молекулите на меѓупродуктот реагираат меѓусебно или со неизреагираниот мономер градеќи низа
со различна должина

Бројот на сврзаните мономерни единки го дава степенот на полимериозација и ли


поликондензација кој може да има вредност од 100 до неколку десетици илјади при што сите
молекули на полимерот не се со иста молекулска маса За поквалитетен се смета оној полимер во
кој сите молекули имаат блиски вредности на молекулската маса и тој е похомоген

Мономерните единки може да бидат сврзани меѓу себе така што да градат линеарна или
разгранета низа или вмрежена структура и тоа ќе зависик од видот на реактантите и од условите
при кои се одвива реакцијата.Својствата на полимерите зависат од структурата односно
линеарните се порастворливи во споредба со разгранетите а особено од вмрежените За првите е
карактеристично својството на термопластичност а на вмрежените термореактивност Со различни
постапки на обработка тие може да се преведуваат од еден во друг вид на пример каучукот кој е со
линеарна структура со вулканизација може да се преведе во полимер со вмрежена структура .

7
Во полимерната низа – во скелетот на полимерот меѓусебно најчесто се поврзани атоми на
јаглерод но може да има и азотни атоми (полиамидите) , атоми од кислород (полиестерите) или
може вопшто да нема јаглеродни атоми.

Полимери може да се добијат и во процеси во кои истовремено учествуваат и хемиски различни


мономерни единки и тие се нарекуваат хетерополимери односно кополимери

Хомополимерите изградени од еден мономер го добиваат името на истиот со префикс поли.

Процесот на полимеризација може да се изведува во раствор емулзија или суспензија на


мономерот во вода или друг растворувач а може да се врши и без растворувач.

Добивање на поливинил хлорид

Се добива од нафтата односно бутан кој е дериват на нафтата.Од бутанот во големите печки се
издвојува водородот.На водородот му се додава хлор и се добива хлороводородна
киселина.Понатаму се додава ацетилен винилхлорид Н2С=СН=С2Н3Сl.Се остава да лежи во
челични котли под притисок.Спонтано преку процесот на полимеризација се умножува во
поливинил хлорид во прав.Се загрева на температура од 163 степени целзиусови при што станува
тесто,потоа се развлекува меѓу челични цилиндри до саканата дебелина и се обликува во
најразлични производи. Тој е тврт и крт и за да му се подобри пластичноста се додаваат
пластификатори (најчесто естери на фосфорна и фтална киселина) и ваквите производи се слични
на гумата и од него се прават ѓонови за чевли, наметки за дожд, чадори, филмови, вештачка кожа и
друго .Заради големата хемиска отпорност се користат за производство на делови на апарати и
уреди во хемиската индустрија а како добар изолатор се користи за изилација на кабли , ПВЦ
прозорци, за изработка на плочки во автомобилската индустрија за изработка на лепила и
заштитни облоги.(сл.3)

сл.3(ПВЦ прозорец)

8
Синтетички полимери

Полиакрилати се добиваат од естери на акрилна и метаакрилна киселина, анајголемо значење


има полиметилметакрилатот РММА кој се добива од метил естерот на метакрилната киселина и е
познат како плексиглас(сл.4) Се користи како замена за стакло во автомобилската и авионската
индустрија при изработка на прозирни делови , за производство на контактни леќи накит .Се
употребува за правење на забни протези во производство на медицински инструменти.

сл.4(Пл
ексиглас)

9
Добивање на полистирен

Полистиренот се добива со полимеризација на стирен или винил бензен

Во зависност од начинот на одвивање на процесот на полимеризација се добива производ во вид


на безбојна прозирна маса или во вид нацврста пена стиропор

C6H5CH=CH2

Се користи за изработка на кутии за телевизори радија за пакување на прехрамбени производи


(чаши за јогурт) за изработка на четки

Стиропорот за звучна и термо изолација за производство на термоси при изработка на фрижидери,

се произведува од мали гранули на полистирен, кој што визуелно наликува на шеќер, она што е
најбитно е дека овие гранули во себе содржат 6-8% пентан.Примарно се користи како ефективна
термоизолација за ѕидови, покриви и подови кај сите видови објекти.(сл.5)

Има мала тежина, но без разлика на тоа неговата единстевна структура придонесува за
исклучителнатацврстина.

сл.5

 
10

Полиетенот се добива со полимеризација на етен кој се добива од навтата

Тој е добар изолатор отпорен на киселини бази и соли, физиолошки е безопасен и наоѓа широка
примена за пакување на прехрамбени производи, како изолационен мареријал за изработка на
цевки фолии хемиски садови и апарати.

Поликондизациони производи

Фенол-формалдехидни смоли – бакелит, се добиваат со поликондензација на фенолот и


формалдехидот. Во зависност од количинскиот однос на фенолот и формаалдехидот се добива
новалак или резол. Ако количинскиот однос на фенолот и формаалдехидот е 0,8 : 1 и во присуство
на минерални киселини како катализатор се добива новолак кој има линеарна структура ниски
вредности на молекулска маса и е растворлив во органски растворувачи и овој раствор се
употребува како врзивно средство при добивањето на заштитни облоги.

Ако формалдехидот е во вишок во однос на фенолот и поликондензацијата се одвива во присуство


на бази како катализатор се добива резол кој има вмрежена и разгранета структура Кон смолата се
додаваат полнители(азбест хартија текстилни влакна и друго) и пигменти за да се подобрат
својствата на производот.

Овие смоли се релативно евтини отпорни на високи температури а и хемиски се постојани, добри
електроизолатори и затоа се користат во електротехника(за изработка на склопки, прекинувачи
преклопници и др.) и единствен недостаток е што се со темнокафеава боја.

Резолните смоли, растворени во алкохол, се употребуваат како средства за импрегнација при


производство на некои производи (на пример повеќеслојни картони), потоа како лепила при
производство на иверки и слично.

Карбамид-формалдехидната смола се добива со поликондензација на карбамид и формаалдехид


во слаба алкална средина и таа е безбојна или бела отпорна е кон горење како и кон дејство на
органски растворувачи и вода се разложува само во присуство на силни киселини ибази.

Во зависност од условите во кои се одвива технолошкиот процес производот е во вид на вискозна


течност (и се употребува како лепило при производство на иверки) или цврста маса(која се
користи во електротехника, изработка на фенови,миксери, копчиња и др.)

11
Синтетички влакна

Со соодветна обработка од линеарните полимери може да се изработуваат вештачки влакна


Формирањето на влакното може да се врши од раствор во погоден растворувач или од растоп По
предењето се врши истегнување при што молекулите се ориентираат во правецот на делување на
надворешните сили. Физичко- хемиските својствана синтетичките влакна се подобри од оние на
природните и тие се поотпорни на делување на хемикалии и примаат помалку влага што е и нивни
недостаток.(сл.6)

сл.6

Полиамидни влакна се добиваат со поликондензација на диамините(H2N-R-NH2) и


дикарбоксилните киселини(HOOC-R-COOH) Тие се термопластични механички стабилни и
отпорни на кинење.

Индустриски значајни се најлонот и перлонот.

За добивање на најлонот како мономери се употребуваат адипинската киселина и


хексаметилендиаминот

n HOOC(CH2)4COOH + n H2N(CH2)6NH2-------- -CO-(CH2)4—CO-NH-(CH2)6-NH- n + H2O


12

Добиениот полимер е со линеарна структура и со високи вредности на релативна молекулска маса


со мала густина , лесно се витка, механички е постојан, безбоен и термопластичен .(сл.7)

сл.7

Полиестерските влакна се одликуваат со многу добри својства и на пазарот се сретнуваат како


тревира терилен дакрон и др а кај нас е познат под името маклен Како сировина се користи
терефталната киселина (или нејзиниот диметил естер) и етилен гликолот и добиениот полимер е со
линеарна градба.

Териленското влакно се користи(само или во комбинација со природни влакна ) за изработка на


ткаенини или предено. Полиестерските влакна се отпорни на висока температура па текстилните
производи може да се пеглаат .

Полиакрилонитрилното влакно(орлонот) се добива со полимеризација на акрилонитрил


CH2=CH-C=N растворен во диметилформамид HC(=O)N(CH 3)2

Предењето на влакното се врши во раствор а потоа влакното се истегнува на топло а исто може да
се врши и по сув пат.

По своите својства е слично на природната свила и перлонот. Постојан е на топлина светлина и на


атмосверско влијание, и наоѓа широка примена а кај нас се произведува во Охис под името малон.
13

ПОЛИЕТИЛЕН

Полиетиленот се добива со полимеризација на етиленот,при што како основни суровини се


јавуваат нафтата и природниот гас.Има два основни вида полимери добиени од етиленски
мономер:полиетилен со ниска густина и полиетилен со висока густина.
Полиетиленот со висока густина се добива во процес при низок притисок и пониска температура
за разлика од оној со ниска густина,кој се добива при високи притисоци и високи температури.

И двата вида полиетилени имаат разгранета верижна структура,при што полиетиленот со висока
густина има пократки гранки на главните вериги така што веригите се сместуваат поблиску еден
до друг, со што се постигнува поголема густина,јакост,тврдост,жилавост и повисока точка на
топење.Полиетиленот е далеку најкорисен пластичен материјал и учествува со околу 30% во
вкупното производство на пластика во светот.Главна причина за тоа е што е ефтин материјал и
има поволни особини,што вклучува жилавост и на собна температура и на собни температури,со
доволна јакост за многу производи,одлична корозивна отпорност,одлични изолаторски
особини,без мирис и без вкус.Полиетиленот е јасно провиден материјал и често се произведува во
вид на тенки провидни филмови.Исто така се произведува и во вид на обоени
полупроизводи.Веројатно најзначајна карактеристика што ја ограничува неговата широка примена
е пониската јакост,а особено ниската топлопостојаност во споредба со инжинерската пластика.

Полиетилените лесно се преработуваат со леење,екструдирање,пресување и термообликување.Се


користат за изработка на разни производи за хемиската и прехрамбената индустрија,како
контењери садови,цефки,шишиња,и за бројни предмети во домаќинството.(сл.8)

сл.8
14

Полистирол (PS). Toj e исто така од групата најрименувани и најевтини


термопласти.Полистеролот се добива со полимеризација на етилбензол.Полстеролот е чист без
мирис и вкус термопластичен материјал со изразена кртост и тврдост.Поради слабата ударна
жилавост неможе да биде конкурентен на инжењерските пластики за изработка на машински
делови.Полистиролот има одлична ливливост, неговата точка на топење е само 115 степени.Од
него се изработуваат цврсти пени (стиропор) кој се користат за термичка и звучна изолација и
бидејќи се отпорни на влага се користат и за пловечки производи.Тој не е корозивно отпорен како
полиетиленот и полипропиленот и е подложен на дејство на растворливи органски
масла.Подложен е и на дејство на ултравиолетови зраци.Полистеролот наоѓа широка примена за
делови и амбалажа за широка потрошувачка,канцелариски прибор,за кабли и т.н. Некој од
недостатоците на полистиролот може да се надминат со додавање пластификатори и со
кополимеризација.Една од поважните модификации на полистиролот е термопластот АВЅ кој се
добива со комбинација на уште два полимера.Поради одличната жилавост,и високата јакост и
крутост тој има широка примена : за автомобилски делови,компјутерски делови,канцелариска
опрема и т.н.

сл.9
15

Полиметил метакрилат (RMMA)- Акрилатите се добиваат со полимеризација


од акрилната или метакрилната киселина.Најпознат акрилат е RMMA чие комплицирано
име малку кој го знае.Овој материјал е далеку повеќе познат како плеиксистакло
(плексиглас).Тој е тврд и крут прозрачен термопласт ко има повисока жилавост од
стаклото.Плексигласот е незапалив и многу отпорен на ниски температури.Тој има добра
хемиска постојаност и постојаност во атмосверски услови.Се користи за стаклени
површини кај авионите,автомобилите и бродовите,кај машините за заштитни прозрачни
облоги,за прозивни цевки и контејнери,за леќи и очила и т.н.(сл.10)

сл
.10
16

Полиутеран (PUR)-Пур е кондензационен продукт од реакција на изоцијанит со


алкохол.Раслични полимери може да се добијат со примена на различни реактивни
материјали.Посебна карактеристика на плиутераните е што може да се јават како еластомери
(гуми) или како крути и тврди термостабилни материјали.

Друга зачајна особина на полиутераните е нивната можност да формираат пени,кој се користат за


изолација во градежништвото.Тоа се крути пени.Ако е потребна мека флексибилна пена таа може
да се добие со друг реагенс.

Овие пени се користат за меки облоги кај мебелот.Полиутераните имаат широка примена и како
премази и превлеки.(сл.11)

сл.11
17

Користена литература

Машински материјали 1-проф.др-Тодор Аџиев

Структура на материјалите- Самуел М. Ален, Едвин Л. Томас

You might also like