You are on page 1of 10

УНИВЕРЗИТЕТ “СВ.

КИРИЛ И МЕТОДИЈ’’- СКОПЈЕ

МАШИНСКИ ФАКУЛТЕТ

Студиска програма Мехатроника

СЕМИНАРСКИ ТРУД

Тема: Керамички композити

Ментор Кандидат Лука Миташев

Проф. д-р Зоран број на индекс 2965


Богатиновски

Скопје, јануари 2022 година


Содржина
Вовед.........................................................................................................................................................2
1. Керамика..........................................................................................................................................3
2. Керамички композити.................................................................................................................4
2.1. Материјали за керамичка основа..........................................................................................4
2.2. Особини на керамичките композити...................................................................................4
2.2.1. Механички особини.........................................................................................................5
2.3. Примена на керамички композити.......................................................................................6
Заклучок...................................................................................................................................................8
Користена литература.........................................................................................................................9

1
Вовед

Композитниот материјал има две или повеќ е компоненти, комбинирани заедно за да


постигне подобри механички особини од двата материјали кога се користат
поединечно.Композитите се делат според видот на осовната маса (матрица) па според тоа
имаме метални,керамички и полимерни композити.

Керамичките композити (композити со керамичка матрица) главно се дизајнирани


да ја подобрат конвенционалната керамика во однос на издржливоста. Композити со
керамичка основа се, поново развиени композити кои имаат повисока јакост и жилавост во
однос на незајакнетите керамички материјали. За зајакнување се користат влакна, волна и
агрегат. За зајакнување со непрекинати влакна се користат силициумкарбид и алумина, на
пример со стакло-керамичка матрица. Овој материјал се користи за изработка на цевки, за
термички уреди и за делови кои работат во агресивна средина. За двојно зголемување на
ударната жилавост на керамичката алумина се додава 20% волна од SiC во производен
процес со топло изостатичко пресување. Основниот механизам за зголемување на жилавоста
произлегува од запирање на ширењето на микропрснатините кога наидуваат на влакната.
Керамичките композити исто така претставуваат мали монокристали со дијаметар од 1 до 3
m , со должина до неколку милиметри и со минимални промени во кристалната решетка.

Композитите со кратки влакна се моно / поликристали со должина повеќ е бода на


надолжната оска од 10  m до 10 cm и однос на должината и дијаметарот на кристалите во
границите 1.10 - 1.105. Борид композити посебно може да биде примен и со должина до
неколку метри и дијаметар на монокристалите од околу 12  m врз основа од волфрамово
влакно.

2
1. Керамика

Керамиките се неоргански неметални материјали кои се составени од метални и


неметални елементи кои се поврзани меѓусебе во соединенија со јонски или ковалентни
врски. Хемискиот состав на керамичките материјали варира од едноставни соединенија до
смеси на многу комплексни фази поврзани заедно. Под традиционални керамички
материјали обично се подразбираат производите од технологијата на силикатите. Покрај
овие производи таму се вклучени и порцеланот за електротехника, градежната керамика,
огноотпорните материјали, техничкото стакло и цементите. Општо земено, керамичките
материјали се многу тврди, со ниска жилавост и пластичност, добри електрични и термички
изолатори, со висока точка на топење и огноотпорност и висока хемиска постојаност во
многу агресивни средини.

Современите керамички материјали, всушност настанале како резултат на потребата за


делови кои ќ е издржат високи притисоци и температури, а и големи брзини на движење.
Тие опфаќ аат голем број на конструктивни материјали кои по својата хемиска природа се
многу различни. , а се разликуваат според оксиди, карбиди, нитриди. Според намената тие
може да се класифицираат на: конструктивна керамика, керамика за алати, керамика за
електроника, хемиска индустрија, биоактивна керамика и слично.

За конструктивни цели инженерската керамика има најразновидна примена, како на


пример за автомобилски свеќ ички, лежишта, лопатки за гасни и парни турбини, делови од
мотори, хемиски садови и реактори, нуклеарни рекатори, делови од авиони и хеликоптери и
друго.

Со вградување на керамичките материјали се овозможува зголемување на ефикасноста


на постојните енергетски машини. Со примена на керамички турбини наместо металните
гасни турбини, коефициентот на искористување на горивото силно се зголемува, бидејќ и
керамичките турбини овозможуваат зголемување на работната температура.

Особините на керамиките зависат од составот, фазното присуство и микроструктурата.

3
2. Керамички композити

Примената на керамичките композити главно се должи на нивните одлични физичкии


механички својства. Тие се хетерогени материјали кај кои втората фаза (зајакнувачот) се
додава на керамичката матрица.

Тие ги комбинираат керамичките карактеристики(високата јакост, тврдост и


температурната стабилност, како и во различни средини) соспецифични барани особини
(жилавост, можноста за сами да ги затворат пукнатините, илинекои други фукционални
особини) во зависност од природата на зајакнувачката фаза. Уникатна карактеристика на
керамичките композити е тоа што тие можат самите да ги„поправат“ пукнатините кои може
да се јават.

2.1. Материјали за керамичка основа

Главните керамики кои се користат како матрици за керамичките композити


сесилициум карбид, алумина, силициум нитрид, мулит, и разни цементи. Особините
накерамиките, особено јакоста, се уште повеќ е сензитивни на производните процеси од тие
на металите. Во пракса, многу е тешко да се утврдат својствата на керамичката матрица во
композитот.

Керамиките се многу сензитивни на пропусти, што резултира со намалување најакоста


со зголемување на волуменот на материјалот, феномен кој се нарекува ефект наголемина.
Како резултат, нема вредност што ја дава жилавоста на керамиката. Покрај жилавоста,
тешко е да се измери и модулот на кинење, заради крутата природа на материјалот.

2.2. Особини на керамичките композити

Генерално, може да се каже дека керамичките композити се најмалку развиени и


кајкомплексната класа на композити. Но, имаат добар потенцијал за примена во високо
температурни и корозивни средини, особено каде што е важна масата (тежината).

Керамиките, главно, се карактеризираат со висока кртост и тврдост; отпорност наабење,


корозија и оксидација; издржливост на високи температури. Исто така имаат и
големинедостатоци што ја лимитира нивната примена доколку тие треба да подлегнат
наоптоварувања од затегање. Немаат граница на развлекување и се кршат.

4
2.2.1. Механички особини

Континуирани влакна, мрежи, ламели, делчиња, на зајакнувачката компонента


седодаваат на керамичката матрица за да ја намалат кртоста, со што се подобруваат
отпоритена термички и механички шок. Најдобро намалување на кртоста се добива кога се
користат континуирани влакна како зајакнувачка компонента. (Во прилог табела за
споредба нажилавоста)

Табела 1 Жилавост на легури, монолитски керамики и керамички композити

Извор: Materials and  Engineering Mechanics – M. Kutz

Со додавање на континуирани влакна, се менува дијаграмот на напрегање-деформација.


За типичните монолитски материјали, кривата е всушност линеарна права, а кај
керамичките композити по линеарната права има дел на формирање микро пукнатини во
материјалот, кој на прв поглед изгледа како крива на еластичен материјал. 

Има голем број на керамички композити кои се на различни фази од развој. Еден
однајразвиените видови е силициум карбидната матрица која се зајакнува со
материјалнаправен врз база на силициум карбидни влакна. Овие композити често се
нарекуваат SiC/SiC. На следната табела се дадени особините на овој вид композит.

5
Табела 2 Механички карактеристики на силициум карбид зајакнат со силициум
карбид

Извор: Materials and  Engineering Mechanics – M. Kutz

2.3. Примена на керамички композити

Зајакнувањето на керамиката со континуирани влакна, кога ќ е се направи


соодветно,може да ја направи корисен конструктивен материјал. Неконтинуираните влакна
илиделчиња, исто така ја подобруваат керамиката, но на многу помало ниво
отколкуконтинуираните.

Силицуим карбидна матрица зајакната со карбонски влакна и со силициум


карбиднивлакна (SiC/SiC и C/SiC) се користат кај залистоци на моторот кај воени авиони,
каде нудатголемо намалување на тежината во споредба со супер легурите базирани на
никел.Наредните генерации на авионски мотори се планирани да направат значајно
искористувањена керамичките композити. Тежината на компонентите ја намалуваат и до
60%, а со тоа сепроектира и 15% заштеда на гориво.

C/SiC композити се’ повеќ е се применуваат кај оптичките системи на вселенските


летала.

Лимитирана е комерцијалната примена на керамички композити. Алумина (алуминиум


оксид) зајканат со силициум карбидни влакна се користи исклучително во алатиза сечење.
Предноста е подобрената жилавост во однос на монолитската алумина.

6
Други примени вклучуваат разменувачи на топлина за корозивни и високо-
температурни средини.

C/SiC кочници се користат кај висококласните автомобили.

Стакло – керамики зајакнати со карбонски влакна и SiC влакна се истражуваат заразни


примени во авионската и вселенската индустрија, како и комерцијална примена.(сл.1)

Слика 1 Примена на керамички композити во авионска индустрија

Извор: Materials and Engineering Mechanics – M. Kutz

7
Заклучок

Керамичките композити сеуште се инстражуваат и се повеќ е имплементираат


воразни индустрии, како и за комерцијална примена. Забележителна е разликата на
керамиките и керамичките композити.

Нивниот развој ветува постојаност на повисокитемператури и поголема ударна


издржливост. Наредната генерација на керамичкикомпозити е дизајнирана за пошироки
примени како лопатки за турбини, кои достигнуваатпостојаност и на 1700⁰С, мала густина,
нано влакна вградени во силициум карбид и сл.

Нивната примена се повеќ е расте и ги заменува односно надминува досега


користените супер легури со само 1/3 од нивната тежина. Со високата
температурнапостојаност на моторите им дозволува поголема брзина и/или поголема
ефикасност, ипритоа намалувајќ и го трошокот на гориво и неговата емисија.

8
Користена литература

1. Edited by M. Kutz , Mechanical Engineers’ Handbook – Volume 1: Materials and Engineering


Mechanics (fourth edition), Wiley 2015

2. S. Kalpakjian & S. R. Schmid , Manufacturing Engineering and Technology (sixth edition in


SIunits), Prentice Hall 2009

3. Edited by I. M. Low , Advances in Ceramic Matrix Composites, Woodhead Publishing Limited 2014

4. Vasilev V.V. Механика на структури изработени од композитни материјали. - М. Машински


инженеринг, 1988. - 272 стр.

You might also like