You are on page 1of 19

МСУ Меѓународен Славјански Универзитет

ФАКУЛТЕТ ЗА ПСИХОЛОГИЈА

Студиска програма Општа психологија

СЕМИНАРСКА РАБОТА ПО ПРЕДМЕТОТ ИСТОРИЈА НА РУСИЈА И


МАКЕДОНИЈА

Историја на Македонија

Ментор Кандидат Ѓулер Ислами


Проф. д-р Јулија Атанасовска број на индекс 1932033

Битола, 2023 година


Содржина
ВОВЕД.......................................................................................................................................................2
1. ПРАИСТОРИСКА МАКЕДОНИЈА.................................................................................................3
2. АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА...............................................................................................................6
3. МАКЕДОНИЈА ВО СТАРИОТ ВЕК................................................................................................8
3.1. Македонската држава до Филип II............................................................................................8
3.2. Македонската држава во времето на Филип II.......................................................................9
3.3. Македонската држава во времето на Александар III Македонски...................................11
4. МОДЕРНА ЕРА.................................................................................................................................13
5. НЕЗАВИСНА САМОСТОЈНА МАКЕДОНСКА ДРЖАВА.......................................................16
ЗАКЛУЧОК............................................................................................................................................17
КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА.............................................................................................................18

1
ВОВЕД

На територијата на Македонија е евидентиран активен живот уште од најраните


етапи на човековата праисторија. Климата, геоморфологијата и другите природни фактори
на целата територија на Македонија предусловиле организирано живеење и создавање
различни култури, чија еволуција се одвивала континуирано од првите земјоделски
заендици до крајот на железното време. Територијата на Македонија се наоѓа во
средиштето на балканските природни сообраќајници и ги поврзува двете големи културни
сфери: егејската и анадолската.

Историјата на Македонија или воопшто на историја на човековото живеење и


присуство на територијата на Македонија, датира со пронаоѓањето на најстариот човечки
скелет на територијата на Македонија стар 160 илјади години. Најстарите пронајдоци од
први организирани човечки населби во Македонија датираат од младото камено време
(неолитот). Прва државна организација на територијата на регионот Македонија е
македонското кралство основано во 808 г.п.н.е. (според некои извори 825 г.п.н.е.) од
страна на првиот македонски крал Каран, кое доживеало најголем подем во времето на
владеењето на македонските кралеви Филип II Македонски (359 - 336 г.п.н.е.) и
Александар III Македонски (336 - 323 г.п.н.е) од династијата Аргеади. Со доаѓањето и
населувањето на словенските племиња во VI век, и нивното мешање со староседелското
население (Тракијци, Илири, Стари Грци, антички Македонци и др.), конечно во X и XI
век се формира ликот на современиот македонски народ, кој сè до денес постои како
мнозински на територијата на Македонија и зазема најзначаен дел од разните економски,
политички, демографски, историски и други процеси во Македонија.

2
1. ПРАИСТОРИСКА МАКЕДОНИЈА

Бронзено време (околу 2100 - 1100 г. пне) Сите обележја на енеолитскиот период ja
следат и бронзеното време, чиј почеток, на просторите од Македонија се поставува на
преминот од третиот кон вториот милениум од старата ера. Големите раздвижувања
започнати во претходниот период, сега донекаде се сталожуваат. Новите културни
обележја на доселениците се претопуваат со оние на автохтоното население - Пеласги од
овој дел на Балканот. Како плод на ваквата симбиоза, повторно се појавуваат некои од
обележјата на староседелците, иако во извесна мера изменети. За ова говори фактот што
некои населби од овој период се наслојуваат над неолитските рамничарски села или над
енеолитските укрепени "градишта". Но и во овој период продолжуваат воените и
демографски напливи од север. Доаѓаат нови популации кои поминуваат низ Македонија,
а дел од нив и се населуваат во неа. Се смета дека во доцното бронзено време (14 - 13 век
пне.) ќе заврши разместувањето на главните групации на старобалканските популации.
Поради отсуството на пишани извори, тие во науката се нарекуваат условно, со следните
називи: Пра-Тракијци, Пра-Грци, Пра-Илири. Тука се и народите кои егзистирале во
Централниот Балкан, а во тие рамки и Македонија: Пра-Бриги, Пра-Пајонци и Пра-Даки.
Но, век или два подоцна, нивните имиња ќе се појават во пишаните документи на
соседните антички цивилизации. Со тоа, подрачјето на Македонија започнува постепено
да навлегува во историската епоха. Сега за првпат имаме непосредни информации
(пишани историски податоци) кои се однесуваат на народите што во тоа време ја
населувале Македонија.

Железна доба (1100 - 600 / 500 г. пне.) Во Македонија, железната доба настапува
пред крајот на вториот милениум, по последниот голем бран на етнички поместувања што
од север го заплиснува Балканот. Подрачјето на Р. Македонија е мошне богато со
наоѓалишта од овој период. Ископувањата вршени на нив (особено некрополите)
овојзможија, врз основа на откриените наоди да се издвојат неколку културни групи со
свои етно-културни специфики. Ваквата диференцијација, во содејство со античките
пишани извори, овозможува определување на етничките носители на овие групи и
границите на нивното простирање. Долновардарската група се простирала по долината на
Вардар, јужно од Демир Капија. За носители на оваа култура се сметаат Пајонците, кои

3
според хомеровите стихови во "Илијада" се сојузници на Тројанците и уште во доцното
бронзено време живееле околу долното течение на Аксиј(Вардар). Средно -
горновардарската и Брегалничката група се две, меѓусебе мошне проткаени целини. Во
споредба со претходната, одразуваат повисок степоен на конзервативизам и подоцнежно
прифаќање на традициите од пне. се простирале вдол Повардарието и во Источна
Македонија. Нема сигурен одговор на прашањето кои етноси во овој период го населувале
Скопско - Кумановскиот базен и североисточна Македонија. Пред се, тука се мисли на
древните Дарданци, но и на Агријаните, во чиј посед влегувале и територии на
североисточна Македонија. Некои истражувачи го истакнуваат и присуството на
Пајонците и Трибалите во овие области. Пелагонсиката група се лоцира во истоимената
рамница. Исто така се одликува со висок степен на влијанија од југот. Врз основа на
пишаните извори, се смета дека ја населувале две етнички групи: северниот дел
Пелагонците, а јужниот - Линкестите. Анализите укажуваат и на присуството на мали
заедници на Бригите. Како и претходната, и Охридската група се одликува со прифаќање
обележја на цивилизацијата, особено во последните фази од железното доба. Врз основа
на изворите, таа се поврзува со Енхелејците, Дасаретите и веќе наведените Бриги кои го
населувале овој регион во разни временски фази. Западниот и Северозападниот дел на
Македонија поради недоволна истраженост не може да се определи како засебна група..

Рана антика (600 / 500 - 168 г. пне.) се дели на три етапи: Архајски период (6 - 5 век
пне.), кој разни стражувачи го ставаат во овој или во претходниот период. Класичен
период (5 - 4 век пне.) и Хеленистички период (крај на 4. - 2 век пне.). Преминот на
железното време во рана антика не може строго да се определи. Врз основа на античките
пишани извори може да се заклучи дека етничката слика на Македонија и во овој период
се менува. Во северните и западните подрачја се чувствува силна воена и демографска
експанзија на народите од западната половина на Балканскиот Полуостров (во науката
наречени Илирски етнокултурен комплекс). Се смета дека тоа доведува до одреден степен
на асимилација на некои местни етноси (Дарданци, Пенести, можеби и Дасарети). Оваа
експанзија веројатно е главна причина за исчезнувањето на Бригите од овој дел на
полуостровот. Во Скопско - Кумановскиот базен се чувствува експанзија на Дарданците, а
во јужните делови на Р. Македонија - на античките Македонци. Средината на првиот

4
милениум е време на подемот на двете антички држави од овој дел на Балканот -
Македонија и Пајонија.(сл.1)

Во обете ќе владеат засебни династии на кралеви, за чии имиња дознаваме од


историските извори,натписите и од монетите што ги ковале. Како што е познато,
експанзијата на Македонското кралство низ Балканот ќе земе замав во 4 век. п.н.е. со
Филип II. Во сенката на помоќниот сосед, Пајонија ќе опстојува сè до крајот на 3 век, кога
ќе биде припоена кон него и границата се поместила на север и одела на просторот на
Таорската Клисура и Скопската Котлина, останала под контролата на Дарданците. По
смртта на Александар и разбивањето на големата македонска империја, нејзините
територии се редуцираат во делови од Балканот. Продолжува веќе започнатиот процес на
интеграција на популациите и традициите опфатени во оваа држава и формирањето на
античко - македонската култура и етнос. Во овој процес најсилно ќе бидат вклучени
јужните делови на денешна Р. Македонија (Гевгелиско - Валандовскиот, Струмичкиот,
Пелагонискиот и Охридскиот регион).

Слика 1 Централниот Балкан кон 8 век п.н.е


5
Figure 1 The Central Balkans towards the 8th century BC

2. АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА

Според географските карактеристики, античка Македонија го опфаќала


североисточниот дел од Балканскиот Полуостров; античките автори ја опишуваат како
планинска земја со голем број реки, богати полиња, шуми, езера и рудни богатства. Скоро
сите македонски реки (Вардар, Струма) се влеваат во Егејското Море. По долините на
реките има голем број езера: Болбе, Лудија, Костурско Езеро, Мало и Големо Преспанско
Езеро и Лихнидско Езеро. Плодните полиња овозможувале развој на земјоделството,
градинарството и лозарството; надалеку биле познати смоквите, лозјата и маслинките.
Богатството од густи шуми на Македонија £ овозможувало да стане главен извозник на
најквалитетно дрво и смола за изградба на кораби на Медитеранот. Рудните богатства
придонесувале за брзо економско јакнење на државата; наоѓалишта на злато и сребро
имало источно од Аксиос, во близина на Стримон на планината Пангеј (Кушница), кај
езерото Прасијада и кај местото Датон. Сето ова овозможувало Македонија да стекне
стопанска независност. Географската, етничката и јазичната граница помеѓу македонската
и хеленската територија на југ ја исцртувале планината Олимп, реката Пенеј (Пенеијос,
Пенча) и брегот на Егејското Море; на југозапад границата се движела до планината Пинд
– тромеѓа помеѓу Македонија, Епир и Тесалија; западната граница продолжувала по
планините од Шарпланинскиот масив (Јабланица, Кораб, Дешат), се до планината Скард
(Шар Планина) – тромеѓа меѓу Македонија, Илирија и Дарданија; северната граница се
спуштала по падините на планината Јакупица, поминувала меѓу денешните градови
Скопје и Велес и по реката Пчиња излегувала на Осоговските Планини, с¢ до планината
Рила; на исток границата одела од планината Пирин до устието на реката Нест (ден.
Места) во Егејското Море.

Јадрото на македонската држава од каде се ширеле државните граници, според


Херодот, била областа Лудија (помеѓу реките Лудија и Аксиј). Античките автори
приморска Македонија ја нарекуваат Долна Македонија, а внатрешниот планински дел –
Горна Македонија. Долна Македонија го опфаќала централниот дел на Македонија и се

6
простирала меѓу реките Халијакмон (Бистрица) и Аксиј (Вардар), како и по долните
текови на Стримон и Нест, со областите: Пиерија, Ботиаја, Алмопија, Амфакситида,
Мигдонија, Анатемунт, Ботика, Крусида, Бисалтија, Крестонија, Пиерида, Едонида и
Еордаја. Горна Македонија го опфаќала внатрешниот дел, претежно планински предели со
областите: Тимфаја, Параваја, Елимеја, Дасаретида, Орестида, Линкестида, Пелагонија,
Дериоп, Пајонија, Парорбелија, Синтика и Одомантика. Македонските владетели ги
споиле овие области во единствена македонска држава.

Оваа поделба ги претставува географско-етничките и историските содржини на


територијата на античка Македонија, но воедно ја претставува и политичката граница на
античката македонска држава. Кај античките автори, историографи, географи, логографи,
биографи, со векови се посочува на овие географско-топографски и историскоетнич ки
определби, кои стануваат дел од античката држава Македонија.1

Слика 2 Античка Македонија


Figure 2 Antic Macedonia

1
Историја на македонскиот народ. 2008. Скопје: Институт за национална историја.

7
3. МАКЕДОНИЈА ВО СТАРИОТ ВЕК

3.1. Македонската држава до Филип II

Македонија се наоѓала во централниот дел на Балканскиот Полуостров, северно од


Хелада. Земјата била претежно планинска, богата со пасишта, со многу реки и езера, со
речни долини и котлини. Само поширокото крајбрежје на Егејското Море било низинско.
Планинските предели во внатрешноста биле познати како Горна Македонија, а
приморскиот, низински дел како Долна Македонија.

Според митологијата, Македонците воделе потекло од митскиот херој Македон.


Територијата на Македонија ја населувале повеќе македонски племиња. Најголеми и
најпознати племиња биле Бригите, Пајонците, Пелагонците, Линкестите, Орестите и
Едонците.

Населението се занимавало со земјоделство, сточарство, лов и риболов. Со


користењето на шумите и на рудните богатства, се развиле занаетчиството и трговијата.

Обединувањето на самостојните македонски племиња во единствена држава


започнало во осмиот век пред н.е. За основач на македонската држава се смета кралот
Пердика I, кој владеел кон крајот на осмиот и почетокот на седмиот век пред н.е.

Јадрото на македонската држава се наоѓало во Долна Македонија. Престолнина на


државата бил градот Ајга, на падините на Пиериските Планини (Шапка). Кралското
семејство водело потекло од градот Аргос во областа Орестида, па затоа првата
македонска династија е позната како династија на Аргеадите.

Во македонското кралство имало и Народно собрание. Собранието го поставувало


кралот на престолот и решавало за сите важни државни прашања. Собранието го
сочинувале сите Македонци што биле способни да носат оружје. Важна улога во
македонската држава имале хетајрите, верни придружници на кралот. Тие насекаде го

8
придружувале својот владетел: во мир, во војна, на лов. Во војската служеле како
коњаници.

Наследниците на кралот Пердика настојувале да ја зацврстат и да ја прошират


својата држава. Позначајни меѓу нив биле кралевите Александар I, Пердика II и Архелај I.
Kралот Александар I владеел во првата половина на петтиот век пред н.е. Во негово
време, македонската држава значително се зацврстила и се проширила. Тој учествувал во
Грчко-персиските војни. Херодот пишува дека Александар I им помагал на Хелените во
војната против Персија. Поради тоа, многу подоцна, бил наречен Филхелен – пријател на
Хелените. Тој е првиот македонски крал што имал богати сребрени рудници, па затоа и
ковал свои монети.

Негов наследник бил кралот Пердика II, кој владеел во петтиот век пред н.е.
Пердика владеел за време на Пелопонеската војна меѓу Атина и Спарта, и учествувал во
воените непријателства. Во времето на кралот Архелај I, кон крајот на петтиот век пред
н.е., македонската држава уште повеќе се издигнала и зајакнала. Архелај е особено познат
по својата градежна дејност. Изградил многу патишта и тврдини. Тој ја пренел
престолнината од Ајга во Пела, која била поблиску до средиштето на кралството. Имал
добри односи со Хелените. На неговиот дворец во Пела престојувале и работеле познати
хеленски уметници, писатели и архитекти, меѓу кои бил и атињанецот Еврипид. Од
времето на Архелај започнале да се одржуваат македонските олимписки игри.2

3.2. Македонската држава во времето на Филип II

Во средината на четвртиот век пред н.е., Македонија станала најмоќна држава на


Балканскиот Полуостров. За тоа бил заслужен кралот Филип II(359-336 година пред н.е.).
Тој бил способен владетел, голем војсководец, но и мудар дипломат и политичар. Филип
направил повеќе реформи за да ја зајакне македонската држава.

2
Киселиновски, С. 1990. Егејскиот дел на Македонија (1913-1989). Скопје: Култура

9
Најзначајна реформа била спроведена во војската. Посебно внимание кралот
посветил на познатата македонска фаланга. Фалангата се состоела од 16 реда војници,
вооружени со долги копја, наречени сариси. Првите пет реда ги носеле копјата издадени
напред, а другите ги носеле исправени нагоре.

Војската се состоела од пешадија и коњаница. Била формирана и посебна кралска


чета. Освен тоа, Филип во битките употребил и воени справи – катапулти и овни, кои се
користеле при опсада на градови.

Филип II е првиот македонски крал кој почнал да кова златни монети. Со тоа,
државата уште повеќе економски зајакнала. Се проширила трговијата со соседните земји,
а македонската златна монета била многу барана.(сл.3)

Кралот Филип II водел успешни војни со соседите. На запад извојувал победа над
Илирите на север го победил самостојното македонско племе Пајонци, а на исток
Тракијците. Сите тие ја признале неговата власт. Потоа ги потчинил хеленските колонии
на северното крајбрежје на Егејското Море, како и богатата житница Тесалија. Со овие
победи, територијата на македонската држава многу се проширила.

Слика 3 Филип II Македонски

Figure 3 Filip II Macedon

10
Кралот Филип II многу вешто ја користел неслогата меѓу хеленските градови-
држави, кои постојано војувале меѓу себе. Помагајќи ги едните против другите, успеал да
го прошири своето влијание до средна Хелада. Тоа претставувало сериозна закана за
Атина. Поради тоа, населението во Атина се поделило на приврзаници и на противници на
македонскиот крал. Првите го сметале Филип за спасител и обединител на Хелените, кој
ќе ги поведе во војна против Персија.

По победата кај Хајронеја, кралот Филип II се сретнал со претставници на


најпознатите хеленски полиси. Притоа, било договорено тој да ги предводи Хелените во
војна против Персија. Но, смртта го спречила Филип II да го заврши планираниот поход.
Во времето кога походот почнувал, тој бил убиен од заговорници во Пела.

3.3. Македонската држава во времето на Александар III Македонски

По смртта на кралот Филип II, на престолот на македонското кралство дошол


неговиот дваесетгодишен син Александар III Македонски (336-323 г. пред н.е.). Иако бил
млад, Александар бил многу надарен и способен владетел и голем војсководец. Кога
разбрале дека Македонија има млад крал, некои хеленски градови, а и некои од
покорените народи на Балканот, се обиделе да ја отфрлат македонската власт. Но,
Александар успеал да ги победи и ги принудил да ја признаат неговата власт. Во походот
кон север, Александар ја поминал и реката Дунав. Откако ја средил состојбата на
Балканот, почнал да се подготвува да ја оствари намислата на неговиот татко: да тргне кон
исток, против Персија.

Александар го започнал походот на Исток против Персија во 334 година пред н.е.
Персија била многу поголема држава од Македонија, а имала и побројна војска.
Александар тргнал во походот со добро организирана и дисциплинирана војска од околу
40.000 луѓе. Персиската војска била побројна, но била слабо организирана. Првата битка
со Персијците се одиграла кај реката Граник во Мала Азија. Македонците извојувале
голема победа. Персискиот владетел Дареј III се обидел да го спречи натамошното
македонско напредување. Но, во Битката кај Исос, персиската војска доживеала нов пораз.

11
По првите победи, Александар се упатил кон Египет, кој бил под персиска власт.
Таму бил пречекан како ослободител од персиската зависност и бил прогласен за фараон и
син на богот на сонцето Амон Ра. На брегот на Средоземното Море го основал градот
Александрија. Освен овој, Александар во освоените земји подигнал повеќе градови што го
носеле неговото име.(сл.4)

Слика 4 Александар III Македонски

Figure 4 Alexander III of Macedon

Од Египет, Александар се упатил кон центарот на Персиското Кралство.


Решавачката битка се одиграла во 331 година пред н.е. кај местото Гавгамела. Персиската
војска доживеала тежок пораз. Потоа биле освоени и останатите персиски територии.
Тогаш Александар се прогласил за крал на Азија, а за престолнина го одбрал градот
Бабилон. Во понатамошните освојувања на Исток, Александар стигнал до Индија, каде се
судрил со владетелот на западна Индија, кралот Пор. Државата на Александар III
Македонски станала држава на три континенти и светска сила.

Среќното пристигнување во Суза било прославено со масовна свечена свадба, во


која околу десет илјади Македонци се ожениле со Персијки. Кралот Александар се оженил
со две персиски принцези. Свадбата била направена според персиските обичаи, а сите

12
младоженци добиле богати подароци од кралот. Плановите на Александар III за нови
походи не се оствариле поради неговата ненадејна смрт. Тој умрел во 323 година пред н.е.,
кога имал само 33 години. Бил погребан во Александрија во Египет.

4. МОДЕРНА ЕРА

На 18 октомври 1912 година започнала Првата балканска војна. Балканските


држави (нивниот сојуз) гледале добра можност со војна да освојат делови од Европска
Турција, а истовремено да ги реализираат своите национални планови. Во предвечерието
на војната, Македонската револуционерна организација, македонското револуционерно
движење и македонската емиграција се наоѓале во криза и внатрешни поделби.

Непосредното организирање на македонската емиграција и нејзиното активирање


во подготовките за војна на Бугарија против Турција, започнало во септември 1912
година. На чело на овие сили бил Александар Протогеров и Централниот комитет
на ВМРО - Тодор Александров и други нивни соидејници и соработници. Истовремено со
објавувањето и текот на општата мобилизација во Бутарија во втората половина на
септември 1912 година, раководителите на ЦК т.е. десните претставници на ВМРО: Тодор
Александров, Александар Протогеров, Тодор Лазаров, потоа, полковник Николов, Петар
Д'рвингов, Христо Матов и други, биле повикани кај началникот на Штабот на бугарската
армија, генералот Иван Фичев, од кого добиле заповед веднаш да пристапат кон
организирање на доброволечки - македонски оружени чети.(сл.5)

13
Слика 5 Воjници од Македонско-одринското ополчение

Figure 5 Soldiers from the Macedonian-Odrina militia

Штабот на Македоно-одринските доброволечки чети во состав: Протогеров,


Д'рвингов, Николов, Атанасов и Величков, ја започнал работата околу прифаќањето и
организирањето, обуката и испраќањето на доброволечките чети преку граница, во
Македонија.

Пријавувањето на македонските емигранти било масовно. Во текот на октомври, до


почетокот на воените дејствија против Османската држава, до Штабот или лично до
Протогеров, или до другите членови на Штабот, пристигнувале бројни телеграми во кои
илјадници Македонци се јавувале како доброволци во четите или доброволечките одреди
за да учествуваат во војната против Османската држава.

Четите подготвени од Штабот, упатени во Македонија преку одредените пунктови,


ја минале границата меѓу 8 и 11 октомври 1912 година и се нашле во заднината на
османските војски и власти, по точно означени реони низ Македонија. Овие чети
пристигнати од Бугарија, на теренот наишле на други, од порано постојни чети кои биле
под раководството на т.н. Централен комитет на ВМРО, на чело со Тодор
Александров, Христо Чернопеев, Петар Чаулев и други војводи. Некои од овие чето
дејствувале и самостојно, а имало и такви што биле под раководството на Серските
револуционери на чело со Јане Сандански.

Од 1913 година, сите последователни грчки влади спроведувале


денационализаторска политика на територијата на Македонија окупирана од Грција за да
искоренат сè што е македонско, вклучувајќи имиња на македонските села, градови, реки и
езера. На пример, малата рекичка која се појавила на мапите пред 1913 година како Црна
Река на планината Олимп, а која се влева во Егејското Море, била преименувана во
Мавронери (црна вода) на грчките карти од страна на грчките картографи по 1913 година.

14
Кутлеш бил преименувана во Вергина, а Кукуш станал Килкис. Со текот на годините, ова
било правено за секој топоним и хидроними што постоеле. Македонските семејства, исто
така, биле принудени да се откажат од своите родени презимиња и да ги користат само
новите имиња што „звучат грчки“. За време на диктатурата на Метаксас, Македонците
биле изложувани на брутално угнетување. На луѓето не им било дозволено да зборуваат
на јазикот што единствено го знаеле, им биле пишувани високи парични казни доколку
говорат на мајчинот јазик. Македонскиот јазик бил забранет и прогласен за нелегален и
покрај фактот дека во 1924 година, под надзор на Лигата на народите, Грција го признала
неговото постоење како посебен јазик кога го објавила „Абецедарот“, буквар на
македонски јазик, за потребите на македонски деца. Периодот меѓу двете светски војни
исто така бил исполнет со постојани напори да се смени ситуацијата во Македонија и да
се најде начин да се поништи нејзината поделба. Во 1925 година, ВМРО (Обединета) била
формирана во Виена под раководство на Димитар Влахов, Павел Шатев, Георги Занков,
Ризо Ризов, Владимир Поп Тимов и Христо Јанков. Нивната цел била да се ослободи
Македонија во нејзините географски и економски граници и да се создаде самостојна
политичка единица што ќе стане рамноправна членка во идната балканска федерација. Во
1935 година, едно македонско национално движење било основано во српскиот окупиран
дел на Македонија, а во 1938 година првата збирка песни од Венко Марковски, насловена
„Оган“, била објавен на македонски јазик. Во 1939 година, збирка песни од страна на
првиот современ македонски поет, Кочо Рацин, со наслов „Бели мугри“, била објавена на
македонскиот јазик. Во 1940 година, демократската група Македонци предложиле
политичка програма за национално и социјално ослободување на Македонија.(сл.6)3

3
Цветковска, Н. 1996. Граѓанските партии во вардарскиот дел на Македонија во периодот (1935-1941).
Скопје.

15
Слика 6 Етничка Македонија

Figure 6 Ethnic Macedonia

5. НЕЗАВИСНА САМОСТОЈНА МАКЕДОНСКА ДРЖАВА

Први парламентарни, повеќепартиски избори беа одржани на 11 ноември 1990


година. На 11 ноември 1991 година, Собранието го изгласа и Уставот на државата. Се
конституира првото повеќепартиско Собрание на Република Македонија, на 20 март 1991
годинабеше избрана Влада на Република Македонија - експертска, на чело со Никола
Кљусев како претседател на Влада (за неа гласаа 83 пратеници, 17 беа против, а тројца
воздржани), а Собранието го избра за претседател на Република Македонија го избра Киро
Глигоров, а за потпретседател на претседателот е избран Љубчо Георгиевски.

16
ЗАКЛУЧОК

Македонија има богата историја која потекнува од древните времиња. Оваа област
била дом на многу различни култури и цивилизации преку вековите.

Во древноста, територијата на денешна Македонија била дом на племињата на


Илириите и Фригите. Од 4 век пр.н.е., царството на Македонија, под водство на Филип II
и неговиот син Александар Велики, добило значајно влијание во регионот. Александар
Велики извршил воен поход и ги завзел голем дел од современото македонско територија,
како и дели од Грција, Египет, Персија и Индија, креирајќи една од најголемите империи
во светската историја.

По распадот на Александровата империја, Македонија станала дел од Римската


империја, која го контролирала регионот до 4 век н.е. Во 6 век, на оваа област владееле
Византијците, а потоа таа пала под влијанието на различни османлиски султани.

Во 20 век, Македонија била дел од Отоманската империја сè до 1912 година, кога


Ослободителната војна на Балканот започнала. По војната, Македонија била поделена
помеѓу Грција, Бугарија и Србија. По Првата светска војна, Македонија станала дел од
новоформираната Кралевина Југославија, која постојала сè до 1991 година.

Во 1991 година, Македонија се отстрани од Југославија и објави независност како


Република Македонија. Во текот на неговата независност, Македонија се среќала со некои
предизвици, вклучувајќи политички и етнички проблеми. Преземањето на името на
државата беше објект на спор со Грција, што предизвикало долги преговори. Во 2019
година, Македонијата ја промени својата званична името во Северна Македонија по
потпишувањето на Договорот од Преспа со Грција.
17
Денес, Северна Македонија е независна држава со развиена култура и идентитет.
Таа има важна улога во регионалната политика и економија на Балканот.

КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА

1. Историја на македонскиот народ. Кн.4. 2003. Скопје: Институт за национална историја.

2. Историски атлас на Македонија. 2009. Скопје: Селектор

3. Катарџиев, И. 2006. Македонија во XX век. Кн.2 и 3. Скопје: Култура.

4. Киселиновски, С. 1990. Егејскиот дел на Македонија (1913-1989). Скопје: Култура

5. Киселиновски, С. 2000. Етничките промени во Македонија (1913–1995). Скопје.

6. Кушевски, Војо. 1968. Македонија пред друштвото на народите. Скопје: Радио-


телевизија.

7. Цветковска, Н. 1988/1989. Локалната управа во Вардарскиот дел на Македонија меѓу


двете светски војни (1919–1941). Историја, бр. 1-4, Скопје: ИНИ.

8. Документи за борбата на македонскиот народ за самостојност и за национална држава,


том први. 1981. Скопје: УКИМ, Факултет за филозофско-историски науки.

18

You might also like