You are on page 1of 3

Дипломска работа МИГ и ТИГ заварување на елементи од високолегиран челик

3.0. ЧЕЛИЦИ

Теоретски челикот е легура со основа на железо и содржина на јаглерод


до 2,06%С. Но, тој практично е повеќе композитна легура, која покрај јаглерод
содржи и придружни елементи: Mn, Si, P, S, O, N, H, во помали или поголеми
количини и легирачки елементи: Cr, Ni, W, Mo, V и други легирачки елементи.
Поделбата и класификацијата на челикот е пропишана со стандардот DIN EN
10020, а карактеристиките на другите стандардизирани челици се дадени во
одделни стандарди. Според хемискиот состав челиците се поделени во две
главни групи:

1. Јаглеродни челици;
2. Легирани челици.

Под јаглеродни челици се подразбираат сите видови на челици, кај кои


одлучувачко влијание на особините на челиците има јаглеродот, а другите
легирачки елементи ги има само во количини кои немаат битно влијание. Во
зависност од содржината на јаглерод, јаглеродните челицимоќе да бидат:

- нискојаглеродни (≤ 0,25%С),
- среднојаглеродни (0,25-0,50%С),
- високојаглеродни (≥0,50%С).

Под легирани челици се подразбираат сите видови челици кај кои


одлучувачко влијание на особините на челикот имаат легирачките елементи.
Како легирани челици се сметаат сите челици кои содржат еден или повеќе
легирачки елементи во количини поголеми од наведените во следната табела.

Табела 3.1.
Легирачки
Si Mn Cr Ni W Mo V Co Ti Cu Al
елементи
Масен % 0,60 0,80 0,20 0,30 0,10 0,06 0,05 0,05 0,05 0,30 0,05

За легирачки елементи се сметаат само оние елементи кои намерно се


додаваат или оставаат во челикот, за постигнивање на одредени особини.
Другите елементи P, S, O, N, H не се сметаат секогаш за нечистотии иако, на
пример, кај некои челици P и S намерно се оставаат. Според степенот на
легирање, легираните челици се делат на:

Машински факултет – Скопје 1


Дипломска работа МИГ и ТИГ заварување на елементи од високолегиран челик

- нисколегирани, со вкупна содржина на легирачки елементи < 5%,


- високолегирани, со вкупна содржина на легирачки елементи > 5%.

Во литературата е вообичаена и следнава поделба:


 нисколегирани (вкупна содржина <5%),
 среднолегирани (вкупна содржина од 5-10%),
 високолегирани (вкупна содржина >10%).

Постои уште еден вид на легирани челици, т.н. микролегирани челици.


Микролегирањето се базира на елемнтите ниобиум (Nb), ванадиум (V), титан
(Ti) и бор (B), кои се додаваат во минимални концентрации.

3.1. Високолегирани челици

Машински факултет – Скопје 1


Дипломска работа МИГ и ТИГ заварување на елементи од високолегиран челик

Машински факултет – Скопје 1

You might also like