You are on page 1of 15

ОБРАБОТКА СО

ДУПЧЕЊЕ
ОБРАБОТКА СО ДУПЧЕЊЕ
 Обработката со дупчење претставува
една од најзастапените постапки Во
металопреработувачката индустрија. Под
дупчење се подразбира изработка на
отвор во полн материјал и тоа кога
дијаметарот на отворот е мал, па може да
се издупчи одеднаш.
РАЗДУПЧУВАЊЕ
 Раздупчувањето претставува грубо
проширување на претходно издупчениот
отвор со алат кој од алатот за дупчење се
разликува само по големината на
дијаметарот. Соодносот меѓу дијаметрите
на алатот за раздупчување иaлaтoт за
дупчење не смее да биде поголем од 1,6.
 ВИДОВИ ДУПЧАЛКИ
  Дупчалките најчесто се делат според: 

 1) Погонот (дупчалки со рачен погон, дупчалки со


електричен погон, дупчалки со пневматски погон)

 2) положбата на работното вретено (хоризонтални


дупчалки, вертикални дупчалки, дупчалки со коса положба
на работното вретено)

 3) бројот на работните вретена (едновретени дупчалки и


повеќевретени дупчалки) Конструкцијата и начинот на
работа (преносни дупчалки, стабилни дупчалки) 
РАЧНИ (ПРЕНОСНИ) ДУПЧАЛКИ
 Рачните (преносни) дупчалки служат за рачна
изработка на определени отвори.
 Постојат повеќе видови,и тоа:рачна дупчалка на
рачен погон,рачна електрична дупчалка и рачна
воздушна дупчалка. 

 

МАШИНСКИ (СТАБИЛНИ) ДУПЧАЛКИ


 Машинските дупчалки се наменети за
машинска изработка и обработка на
отвори. Кај овие дупчалки работното
движење е механичко, а помошното
праволиниско движење е рачно или
механичко што зависи од видот,
големината и конструкцијата на
дупчалката.
ДУПЧАЛКА ПРИЦВРСТЕНА НА
РАБОТНА МАСА
 Дупчалката прицврстена на работна маса
се вбројува во редот на мали вертикални
дупчалки со едноставна конструкција
(слика 2.3). Се користи за дупчење на
отвори со помал пречник каде не се бара
поголема прецизност. Карактеристика на
оваа дупчалка е што може да се
прицврсти на посебно изработена работна
маса. 

СТОЛБНА ДУПЧАЛКА
  Столбната дупчалка се прицврстува со
фундаменти за подот. Поголема е од
дупчалката прицврстена на работна маса
и значително постабилна, што
ПОЗИТИВНО се одразува на квалитетот и
точноста на обработените отвори. Наоѓа
широка примена и во поединечното и во
сериското производст
 1. основа која е сразмерно
голема заради обезбедување
на поголема стабилност на
машината
 2. носечки столб
 3. Конзола
 4. погонски електромотор
 5. рачка која овозможува рачно
аксијално праволиниско
движење на работното вретено
 6. главно (работно вретено кое
го обезбедува главното кружно
движење на алатот
 7. предмет кој се обработува
 8. работна маса (горниот дел
на основата на дупчалката
служи за поставување на
предметот кој се обработува)

РАДИЈАЛНА ДУПЧАЛКА

 Сите радијални дупчалки


имаат исти составни делови
конструктивно обликувани и
приспособени на својата
функција. 
Главното вртежно движење
го изведува работното
вретено кое заедно со Својот
носач може да се движи во
радијален правец по
конзолата. Можноста
Конзолата да се движи во
вертикален правец и околу
носечкиот столб овозможува
доведување на алатот во
саканите вертикални
Положби во однос на
предметот кој се обработува.
КООРДИНАТНА ДУПЧАЛКА
 Координатните дупчалки се специјални
прецизни машини на кои се врши
обработка на отвори кај кои се бара многу
голема точност. Именувањето
Координатна дупчалка произлегува од
процесот на одредување на центрите на
отворите кој се реализира преку
координатен систем.
 АЛАТИ ЗА ОБРАБОТКА СО
ДУПЧЕЊЕ
 За изработка и обработка на отвори се
применуваат следните резни 
 алати: 

 1) Задупчувачи

 2) Бургии

 3) Проширувачи

 4) Развртувачи

 5) Врезници
ПОМОШЕН ПРИБОР ВО ОБРАБОТКАТА
СО ДУПЧЕЊЕ 
 Помошниот прибор може да се
подели на три групи. Првата
група ја сочинува стандардниот
Помошен прибор (обично тој е
составен дел на дупчалката,
како, на пример, главата за
стегање, втората група ја
сочинува универзалниот стегачки
Помошен прибор (служи за
стегање на обработуваниот
предмет со сличен облик, како,
на пример, менгеме) и во третата
група спаѓа специјалниот
помошен прибор (се користи за
извршување на одредени
операции, на пример за
одредување на положбата,
стегање и водење на алатот). 

 ЗАДУПЧУВАЧИ
 Задупчувачите се специјални бургии кои
се користат за задупчување при
изработка на отвори, како и за
задупчување гнезда за центрирање кои
служат за придржување на деловите при
обработка на алатни машини
 Изработил:
 Никола Игнов

You might also like