You are on page 1of 2

Обработка со пластична деформација

Обработката на металите со пластична деформација наоѓа примена во металургијата и


металопреработувачката индустрија.Под деформација се подразбира промена на димензиите и
обликот на некое работно парче.

Во обработката со пластична деформација спаѓаат процесите како :


валање,влечење,истиснување и слободното ковање.Овие процеси имаат за цел на производот да
му дадат определена стандарна форма, но и определена структура и механички
особини.Особината на металите при определени температури со пластично деформирање да ја
менуваат големината на кристалните зрна, се користи и за добивање на машински делови со
определени експлоатациони особини.

Обработката со пластична деформација започнала со воведувањето на првите машини за


обработка со деформација.Натамошниот развиток овозможил напредок на технологијата и
производство на машински делови со завршен облик и висока точност, а со високи
ескплоатациони особини.

Современата теорија на обработката со металите ги проучува условите на течењето на


металот при деформирањето и има за цел проучување на полето на напоните и
деформациите.Познавањето на полето на напоните претставува основа за определување на
отпорите на деформацијата како и големината на деформационата работа . Изучувањето на
полето на деформациите има голема важност при анализирањето на процесите, бидејќи
овозможува дефинирање на ограничувачките фактори како и определување на такви услови на
деформација,кај кои може да се добие максимална промена на формата на металот при мал број
на работни операции.Истотака се изучува и влијанието на пластичните деформации врз
механичките и физичките особини на металот.

Процесот на деформирање може да се одвива во топла и во ладна состојба. При


деформирање во топла состојба процесот може да се одвива со високи степени на деформација.
Ако во текот на деформирањето температурата не падне под определена граница, материјалот ќе
се деформира со константни специфични отпори. При обликување во ладна состојба, за да се
постигне пластична состојба, материјалот треба да се деформира над границата на еластичност
што предизвикува високи специфични сили и тоа предизвикува зголемување на специфичниот
отпор на деформација така што е потребно зголемување на надворешната сила. Потребната сила
и енергија за остварување на деформацијата ја создаваат машините за обработка со деформација
како валачки станови, чекани, преси итн. Активната сила на машината се пренесува врз
материјалот во правец на движењето на извршниот орган на машината преку алатот. Бидејќи
машината обезбедува само динамички услови за одвивање на процесот, за обликувањето на
металите е потребен и специјален алат. При поединечно и малосериско производство, се
применуваат алати со поуниверзална намена, бидејќи специјалниот алат го поскапува самиот
технолошки процес.

Изработила: Јасмина Трпевска/1895

You might also like