You are on page 1of 13

1.

Поим и поделби на електрични постројки (ЕП)


„Електрична постројка“ претставува систем од електроенергетска опрема и
друга електрична опрема, која е така поврзана да врши определена технолошка
функција;

Поделба на електричните постројки

Според функцијата ЕП може да бидат :


 трансформаторски станици и
 разводни постројки.
Во трансформаторските станици се врши трансформација на електричната
енергија од едно напонско ниво во друго и распределба на електричната енергија
по одделни одводи.
Во разводната постројка нема трансформатор и се врши само разведување на
електричната енергија.

Според изведбата разликуваме :


 отворени ЕП
 затворени (оклопни) ЕП
Кај отворените ЕП не постои заштита од допир со деловите од постројката кои
се под напон .
Во затворените ЕП е применет некој од степените на заштита од напон на
допир.

Според местото на монтажата ЕП можат да бидат изведени :


 за внатрешна монтажа (постројки во зграда ) и
 за надворешна монтажа (постројки на отворен простор).

Според начинот на изградбата ЕП може да бидат изведени како:


 конвенционални и
 фабрички .
Конвенционалните ЕП се градат на местото на употребата од одделни апарати
и уреди со нивно поврзување .
Фабричките ЕП се произведуваат , се монтираат и се испитуваат во самите
фабрики како одделни единици се транспортираат до местото на монтажа.

Во однос на вградените апарати и уреди ЕП може да бидат:


 со цврсто вградена опрема и
 со апарати за извлекување.
3. ГЛАВНИ ЕЛЕМЕНТИ ВО ЕЛЕКТРИЧНИТЕ ПОСТРОЈКИ
Oсновните елементи кои се монтираат во електрични постројки се:
- собирници,
- изолатори,
- разделувачи,
- прекинувачи,
- осигурувачи за висок напон ,
- разделувачи на моќност,
- мерни трансформатори,
- придушници и
- елементи за заштита од пренапон.
СОБИРНИЦИ

Собирниците претставуваат проводници на кои преку еден или повеќе


доводи се доведува електричната енергија во постројката и од кои при исто
напонско ниво се врши разведување на електричната енергија со одделните
одводи.

Тоа значи дека на електричните собирници се приклучени сите доводни и


одводни водови , како и водовите за напојување со електрична енергија на самата
постројка.
Собирниците за висок напон се состојат од 3 проводника .
Собирниците за низок напон обично имаат 4 или 5 проводника (нулта
собирница и собирница за заземјување.
Собирниците се изведуваат најчесто од неизолирани бакарни или
алуминиумски проводници.
За ЕП во зграда и за напон до 35kV собирниците најчесто се изведени со
правоаголен пресек .
Кај ЕП на отворен простор тие се изведени најчесто во облик на јажиња.

Поголемите ЕП содржат повеќе системи од собирници.


Со тоа се обезбедува поголема сигурност во непрекинатоста во
напојувањето со електрична енергија на електричните потрошувачи.
Тоа значи при дефект на едниот систем , напојувањето со енергија ќе се
врши од другиот систем на собирници.
Означување на проводниците
Вид струја
со букви со боја
фазен проводник L1 жолта
Трифазна наизменична фазен проводник L2 зелена
струја фазен проводник L3 виолетова
неутрален проводник N светлосина
Позитивен пол L+ црвена
Еднонасочна струја Негативен пол L- сина
Среден проводник M бела
Заштитен проводник PE жолтозелена
Неутрален проводник со жолтозелена
PEN
заштитна функција
ИЗОЛАТОРИ ВО ЕЛЕКТРИЧНИТЕ ПОСТРОЈКИ

Изолаторите во ЕП се употребуваат за носење на неизолираните


проводници , за изолационо спроведување на голите проводници , за носење и
затегнување на собирничките јажиња , како конструктивни делови во разни
високонапонски апарати и др.

Изолаторите според намената може да се поделат на :


-потпорни изолатори,
-проводни изолатори,
-верижни изолатори и др.
Според местото на монтажата изолаторите можат да бидат за :

 внатрешна монтажа и

 за надворешна монтажа

Според видот на материјалот изолаторите можат да бидат направени од :

 Порцелан ,

 Епоксидни смоли - Имаат добри механички и електрични својства .


Овие смоли се отпорни на електричен лак , добро се залеваат така што
се добиваат изолатори со мали димензии.
Наоѓаат се поголема примена за изработка на потпорни и проводни
изолатори .

 Стакло - како материјал за изработка на изолатори има примена за


проводни и верижни изолатори за највисоки напони.

РАЗДЕЛУВАЧИ

Разделувачите служат видливо да ги разделат деловите од ЕП кои се под


напон од деловите кои не се под напон.

Со тоа се обезбедува сигурност за луѓето кои треба да работат на исклучениот


дел од постројката .

Изборот на разделувачите се врши според :


 номиналниот напон и
 номиналната струја.
Номиналниот напон на разделувачот е еднаков со најголемиот погонски напон
кој во нормални услови може да се појави на разделувачот.
Номиналната струја нема да предизвика загревање на проводните делови од
разделувачот над дозволената температура.
Разделувачите не се употребуваат за прекинување на струја (немаат медиум за
гасење на електричен лак).
Вклучување и исклучување на разделувачи се врши кога низ нив не тече струја.
Можат трајно да спроведуваат номинална струја, а краткотрајно и струја на куса
врска.
Во исклучителни случаи можат да се користат за прекинување на мали погонски
струи:
 Струи на празен од на трансформатор со номинална моќност до неколу
стотини kVA.
 Номинални струи на трансформатор со номинална моќност до неколу
десетини kVA.
 Капацитивни струи на воздушни водови во празен од (должина до 20 km и
номинален напон до 10 kV).

ПРЕКИНУВАЧИ

Прекинувачите претставуваат такви склопни апарати со кои може да се


вклучуваат и исклучуваат електрични кола низ кои течат погонски струи , а можат
да вршат вклучување и исклучување дури и на струите при куса врска.

Бидејќи при вклучување или при исклучувањето на електричните кола се појавува


електричен лак , тоа значи дека прекинувачите се така конструирани да може да
се гаси електричниот лак.
Основни карактеристични големини според кои се врши изборот на
прекинувачите се: номиналниот напон , номиналната струја , исклучната струја
или исклучната моќност , номиналната фреквенција , време на исклучување ,
време на вклучување и др.

Прекинувачите можат да се поделат во две групи според тоа дали за


гасење на електричниот лак употребуваат посебно средство (масло, хидрин,
воздух под притисок и др.) или немаат посебно средство за гасење.
Средството кое се користи за гасење на електричниот лак може да дејствува на
два начина , со што се добиени и различни групи прекинувачи:
-прекинувачи со зависна карактеристика и
-прекинувачи со независна карактеристика.
Во прекинувачите со зависна карактеристика поради развиената топлина
испарува течноста (масло, хидрини др.) со што се создаваат гасови и пара кои се
искористуваат за гасење на електричниот лак.
Интензитетот на гасење ќе зависи од големината на струјата која се прекинува.
Во оваа група спаѓаат:
-прекинувач со масло,
-прекинувач со малку масло,
-хидро,матски прекинувачи и
-гасни прекинувачи.
Кај прекинувачите со независна карактеристика интензитетот на гасењето на
лакот не зависи од големината на електричната струја која се прекинува.
Тука спаѓаат:
-пневматски прекинувачи,
-прекинувачи со сулфурен хексафлуорид SF 6 и
-вакумски прекинувачи.

РАЗДЕЛУВАЧИ НА МОЌНОСТ

Разделувачите на моќност се такви апарати со кои може да се врши


вклучување , проведување и прекинување на погонските струи , струите на
неоптоварени трансформатори , кабли и воздушни водови , а во случај на дефект
може да извршат и исклучување на струјата на куса врска.

МЕРКИ НА СИГУРНОСТ И ЗАШТИТА ВО ЕЛЕКТРИЧНИТЕ


ПОСТРОЈКИ

Мерки за сигурност при работа во ЕП може да се поделат на :


- општи,
- организациони
- технички.
Општите мерки на сигурност се определени со правилниците за заштита при
работа , а се однесуваат на:
- правата и обврските на работниците ,
- стручноста
- посебните услови за работа.
Организационите мерки претставуваат збир од прописи со кои се определува:
- влегувањето и движењето во ЕП ,
- обврските и одговорноста на одделните работници во фаза на подготовката
на работа и во фаза на изведување ,
- мерките на сигурност кои треба да се обезбедат.
Техничките мерки на сигурност ја дефинираат:
- примената на определени технички средства ,
- ракувањето со уредите и апаратите со цел , максимално да се обезбеди
сигурноста при работа.

Со посебни прописи се определува влегувањето , движењето и работата во ЕП


за висок напон.
Пристапот во овие постројки е дозволен само на стручни лица кои се опфатени со
погонска служба или учествуваат во одржување или ремонт на постројката.
Сите други лица можат да влезат во постројката со посебно одобрување и со
дополнителни мерки за сигурност.
Степенот на опасност при работа не е еднаков во сите делови на ЕП .
Пред да се почне со работа треба да се утврди безнапонската состојба.
Проверка на безнапонската состојба во постројките за висок напон се изведува со
покажувач на напонот.Тоа е изолирана прачка со тлеачка чија изолација е
определена според напонското ниво.
Откако ќе се утврди безнапонската состојба , се врши заземјување и кратко
спојување на проводниците.Со тоа се обезбедува сигурност од појава на опасни
напони на местото каде што се работи.
Во зависност од степенот на опасност високонапонската ЕП се дели на зони
I зона - зона на слободно движење,
II зона - зона на контрола и
III зона - зона на опасност, во која престојот и работата се одредени со посебни
упатства.
Во зона I спаѓаат : административните простории, работилниците, магацините ,
сообраќајниците кои ги поврзуваат назначените објекти и др.
Во зоната I слободно е движењето на сите работници вработени во ЕП .
Во зоната II спаѓаат : простории од каде се врши електрично командување ,
генераторските и турбинските простории во ЕЦ , простории во кои се сместени
заштитните и релејни уреди, акумулаторските и компресорски простории ,
столбовите од далноводите на висок напон до височината која е оддалечена 2
метри од најнискиот проводник под напон и др.
Во зоната II е дозволено движење само на стручни работници.
Во зоната III спаѓаат : ќелиите за висок напон во ЕП во затворен простор ,
оградениот простор во ЕП со ниска изведба,просторот над 2.5 метри во
постројката за висок напон при висока изведба , столбовите за висок напон на
растојание помало од 2 метри од проводникот под напон и др.
Во зоната III е дозволено влегување на стручни работници со налог за
работа , со претходно исклучување на напонот од сите делови во
постројката и со спроведени сите сигурносни мерки за заштита при
работата.
За зголемување сигурноста при работа во ЕП се употребуваат основни и
дополнителни заштитни средства.
Основните заштитни средства се тие кои што со правилна примена
обезбедуваат доволна сигурност за извршување на одредена работна
задача.Основните заштитни средства се димензионирани според номиналниот
напон на постројката.
Основните заштитни средства се :
- изолациона клешта за замена на високонапонски осигурувачи ,
- изолациона прачка со тлеалка за испитување на безнапонската состојба
- изолациона прачка за погонски манипулации
Дополнителните заштитни средства обезбедуваат зголемување на
техничката сигурност при работа во носконапонски и високонапонски постројки.
Во дополнителни заштитни средства спаѓаат:
- изолирани заштитни ракавици,
- изолирани заштитни обувки ,
- заштитен шлем,
- заштитни очила ,
- заштитен појас,
- изолациони простирки ,
- заштитни прегради ,
- заштитно оградување на просторот каде што се работи ,
- поставување на плочи за предупредување и др.

ПРАШАЊА:

1. Во трансформаторските станици нема трансформатор Т–Н


2. Трансформација на електричната енергија од едно напонско ниво во друго
и распределба на електричната енергија по одделни одводи се врши во
разводна постројка Т–Н
3. Проводниците на кои преку еден или повеќе доводи се доведува
електричната енергија во постројката и од кои при исто напонско ниво се
врши разведување на електричната енергија со одделните одводи се :
А) изолатори Б) Разделувачи В) собирници Г)прекинувачи
4. Електричната постројка на сликата според изведбата е ,
(отворена/затворена)
5. Кај овај тип на електрични постројки(слика) не постои заштита од допир со
деловите од постројката кои се под напон . Т-Н
6. Собирниците на сликата се изведени во облик на јажиња . Т-Н

7. Собирниците се изведуваат најчесто од изолирани бакарни или


алуминиумски проводници. Т–Н
8. За носење на неизолираните проводници во електрична постројка се
употребуваат .
9. Вклучување и исклучување на електрични кола низ кои течат погонски
струи , дури и на струите при куса врска се врши со .
10. За видливо разделување на деловите од ЕП кои се под напон од деловите
кои не се под напон служат .
11. Поделбата на високонапонската електрична постројка на зони се врши во
зависност од степенот на опасност Т-Н
12. Во зависност од степенот на опасност, I (првата) зона е:

13. Во која зона од постројката престојот и работата се одредени со посебни


упатства?
14.Проверка на безнапонската состојба во постројка за висок напон се изведува
со: .
15.Во зависност од степенот на опасност, II (втората) зона е: .
ПРАШАЊА:

1.Во зависност од степенот на опасност, I (првата) зона е:


зона на слободно движење
2. Во која зона од постројката престојот и работата се одредени со посебни
упатства?
III зона
3. Проверка на безнапонската состојба во постројка за висок напон се изведува
со: покажувач на напонот
4. Изолационите простирки се употребуваат како дополнително заштитно
средство во електрични постројки:во затворен простор
5. Во зависност од степенот на опасност, II (втората) зона е: зона на контрола

13. 1. ОСНОВНИ ПРИНЦИПИ ЗА УПРАВУВАЊЕ ВО


ЕЛЕКТРИЧНИТЕ ПОСТРОЈКИ
Основните елементи со кои се врши вклучување или исклучување на
енергетските електрични кола во постројката се :
- прекинувачите ,
- разделувачките прекинувачи
- разделувачите.
Погонот на овие склопни апарати може да биде:
-рачен ,
-пневматски
-моторен
Кај рачниот погон со помош на вртливи рачки и лостови се остварува
вклучување на склопните апарати.
Кај пневматски погон за задвижување на подвижните контакти се употребува
воздух под притисок.
Кај моторниот погон енергијата за управување се обезбедува со вклучување
електричен мотор со кој се врши затегање на пружините за вклучување и
исклучување.
Кога се применува пневматски или моторен погон може да се врши и далечинско
управување со склопните апарати.
Улогата на разделувачот во електричната постројка е видливо да се
одвојуваат деловите кои се под напон и деловите кои не се под напон.
Со прекинувачите и разделувачките прекинувачи се врши исклучување на
електричните кола под оптоварување.
Рачен погон ќе се примени за разделувачи со напон до 38kv за внатрешна
монтажа.За повисоки напони , поради поголемите димензии и поради потребата
од далечинско управување се применува пневматски или моторен погон.
Сигналната склопка ја сигнализира положбата на разделувачот .
Со погонската оска е поврзана преку систем од лостови (сл. 13.1).На неа има
поголем број отворени и затворени контакти кои може да се вклучат во
електричните кола и со сигнални светилки да се прикаже положбата на
разделувачот.Ако има ножеви за заземјување тогаш и за нив се поставува
сигнална склопка.
За да се оневозможи неправилна манипулација со разделувачите се врши
нивно блокирање.
Под блокирање се подразбира спречување на вклучување или исклучување на
разделувачот.Во постројките во кои не се изведуваат чести манипулации доволна
е и механичка блокада на разделувачите (сл.13.2).
Прекинувачите мора да имаат уред за автоматско исклучување , кога ќе
дејствува заштитата.
Вклучувањето се врши:
- механички
- електрично
Исклучувањето се врши:
-со акумулираната енергија во пружините или
-со употреба на компримиран воздух.
Вклучувањето на прекинувачите може да се изврши рачно само кај
прекинувачите со помали моќности.

You might also like