You are on page 1of 54

1. Поделба на обработките со симнување на материјал со основни движења?

-конвенционални и не конвенционални,

2. Наброј ги обработките со дефинирана геометрија на резен алат?

-Обработки со дефинирана геометија на резен алат се: стружење, дупчење, глодање,


рендисување

3. Наброј ги обработките со недефинирана геометрија на резен алат.

-Обработки со не дефинирана геометрија на резен алат се завршни обработки,


брусење, полирање, хановање, суперфиниш

4. Основни поими и параметри кај обработката со стружење?

-Се обработуваат само ротациони делови. Основна поделба врз база на траекторијата:
надолжно стружење, попречно стружење и профилно (алатотот не се движи по права линија,
туку по профилот). Според пристапот на алатото кон обработуваната површина: внатрешно и
надворешно.

-Параметри:

1. Бројот на вртежи што ги прави стезната глава (парчето) n (vrt/min) директно мерлива
D∗π∗n
величина. Резна брзина Vc(m/min)- изведена величинаVc=¿ (m/min), Vc= D*π*n
1000
Vc∗1000
(m/min) , n= (vrt/min)- поголемо D поголема брзина.
D∗π

2. Длабочина на режење ар [mm]- директно мерлива големина

3. Помест fn (mm/vrt) за еден вртеж колку алатотот ке се помести

Vc∗ap∗fn∗Kc
4. Моќноста Pc= [KW]
60∗10 3

Kc- специфчна сила на режење (најчесно се зема Ft)


5. Универзален струг-составни делови (органи) и основни движења?

- основни делови на универзалниот струг се: 1.основа, 2.преносник на главно


движење, 3.преносник на помошно движење,4. главно вретено,5. носач на алат,6. напречен
супорт, 7.свртлив супорт,8. коњче,9. влечно вретено,10. завојно вретено, 11.држач на ножот
(алатот),12. држач на обработуваниот дел,13. рачки за вклучување и исклучување на носачот
на алат, 14.корито за собирање на струганица.

-основни движења се кружно работно движење(стругови, глодалки, дупчалки и др.) и


праволиниско работно движње( рендисалки, провлекувачи и др.).

6. Основни технолошки карактеристики кои ја дефинираат можноста за употреба на


универзалните стругови.

На овој струг може да се изведуваат сите стругарски операции вклучивајќи и изработка на


навој. Дел од технолошките карактеристики се: димензиите на парчето што може да се
обработува, работното вретено преку бројот на негови вртежи, морзе конус и отвор,
поместите и бројот на помести што е возможен, навоите, чекорот на навојот за изработк на
милиметриски, модулен или друг навој, коњчето, електромоторите и нивната моќност,
димензиите на самиот струг вклучувајчи растојание меѓу шилци должина, висина, ширина,
тежина
7. Функција на преносник за главно движење.

-За да се постигнат оптимални резни режими потребно е стругот да располага со


одреден дијапазон на различен број на вртежи. Тоа се постигнува со преносникот за главно
работно движење. Од еден број на вртежи кои се остваруваат со електромоторот со помош на
преносникот за главно движење се добива поголем број различни движења на главното
вретено. Можни се повеќе различни поделби на преносниците за главното движење, и тоа
според:

1.Поромената на бројот на вртежи: преносници со степенеста и континуирана промена на


бројот на вртежи.

2.Начин на пренесување на бројот на вртежи: механички, хидрауличен, електирични и


комбинирани.

8. Функција на преносник за помошно движење.

Помошното движење го изведува ножот, алатот. Во зависнот од условите за работа,


потребно е и различно придвижување на ножот, односно помест. Тоа се остварува со
преносникот за помест. Преносникот за помест има две задачи. Кружно движење на погонско
вретено за помест да го претвори во праволиниско и да го пренесе до алатот кој врши
помошно движење. При константен број на вртежи на работното вретено на алатото да му
соопшти различни помести (брзини).

Преносникот за помест кај универзален струг е сместен под преносникот за главно движење
во висина на влечното и завојното вретено. Карактеристично е тоа што поместите кај
универзалниот струг се подредени по аритметичка низа.

9. Функција на држач (носач) на резен алат.

Носачот на алатото служи за поставување и стегање на резниот алат. При различни стругарски
зафати, ја обезбедува соодветната положба на алатот, како и помошните движења. Ножот се
поставува во држач кој е вграден во носачот на алатот и стегнат со завртка и навртка. Носачот
овозможува надолжно, напречно и движење под агол на резниот алат во однос на
обработуваниот предмет.

10.Функција на надолжен, напречен и свртлив супорт?

Надолжниот супорт е поставен на водилките на основата на стругот и овозможува


надолжен помест паралелен со оската на обработуваниот предмет. Погон добива од завојното
вретено или од влечното вретено или рачно со завртување на рачката.
На надолжниот супорт се наоѓа напречниот супорт. Тој се движи под прав агол во
однос на обработуваниот предмет по должината на водилките. Ова движење може да се
оствари по механички пат надолжно или со рачно со рачка.

На напречниот супорт е поставен вртлив супорт. Вртливиот супорт се завртува под агол
во хоризонтална рамнина, околу својата веритикална оска. Помест вртши по водилникте.
Погон добива со вртење на рачката

11. Функција на водилките.

Основата ги поврзува сите органи на стругот. Најважниот дел од основата се водилките.


По нив се движат подвижните делови на стругот. Водилките треба да бидат точно изработени
и да се одлилуваат со голема отпорност од абење. Отпорноста на абење се постигнува со
површинско калење. Можат да бидат изработени заедно со основата или одделно.

12. Функција на коњче.

Служи за потпирање и поточно водење на обработуваните предмети со поголема


должина поставени помеѓу шилци. Служи и за поставување на футерот при дупчење на отвори
со спирална бургија. Телото на коњчето е поставено на плоча кој лежи на водилките на стругот.
Телото на коњчето може напречно да се поместува по плочата. Тоа поместување се врши при
обработка на конусни површини. Коњчето надолжно се поместува по должината на
водилките, што зависи од должината на обработуваниот предмет.

13. Функција на стегачка (стезна) глава.

Стегањето на парчето во стезната глава овозможува брзо стегање на обработуваното


парче со мала должина. Стегачката глава може да има три или четири вилици. Стезната глава
со три вилици е погодена за стегање на кратки, тркалезни, триаголни, шестострани,
дванаестоострани парчиња. Се поставува на работното вретено на стругот. Со помош на клуч
на стегачката глава се врши придвижување на вилиците. При стегање парчето се поставува
помеѓу велиците кои истовремено се приближуваат до него. Со тоа се обезбеува центрично
стегање на парчето. Принципот на работа на стегачката глава со четири вилици е исто.

Во сериското производство се користат: пневматски, хидраулични и електрични стезни


глави.

14. Начини на стегање на работното парче при обработка со стружење.

Стегањето во стегачка плоча се користи кога обработуваното парче не може да се


стегни во стегачката глава, тоа се обично парчиња со по голем дијаметар и премети со сложен
изглед и не правилен облик. Во жлебовите на плочата има вилици кои може да се нагодуваат
независно една од друга, а по потреба може и да се вадат.

Стегањето помеѓу шилци се применува при обработка на долги предмети. На челни


површини во правец на оската потребно е претхоно да се задупчат средишни гнезда кои
служат за потпирање на предметот.
15.Функција на стругарското срце, центрите за потпирање и линетите.

Вртиливото движење на парчето му се пренесува преку стругарското срце.


Стругарското срце го опфаќа предметот кој е поставен помеѓу шилецот на главнотот вртено и
шилецот на коњчето. При обработка на олги предмети доаѓа до деформација на парчето под
дејство на силите на режењето и сопствената тежина на парчето. Затоа се користат
дополнителни делови кои служат за потпирање на обработуваното парче – линети. Линетите
се поставуваат или на водилките на стругот или на носачот на алат. Линетите поставени на
водилките на стругот се викаат стабилни линети. Линетите поставени на носачот на алатотот се
викаат подвижни линети. Обработуваното парче се потпира на пипките на линетата која е
изработена од помек материјал.

16. Основни операции на обработка на универзален струг.

Со помош на стргу главно се обработуваат ротациони делови кои се формираат со


вртежно движење на обработуваниот предмет и праволиниско подвижување на
алатот, кое може да биде паралелно или нормално со оската на вртење на предметот.
Според правецот на движење на алатот разликуваме: надолжно и напречно стружење.

17. Шема со објаснување за надолжно (надворешно и внатрешно) стружење

главно надолжно стружење – парчето, помошното движење – алатот


18. Шема со објаснување за напречно (надворешно и внатрешно) стружење и
изработка на жлебови

Напречното стружење се остварува со помош на подвижување на напречен супорт кој е


поставен на надолжниот супорт во таква положба што може да постигне праволиниско
придвижување на алатот. Главното вртежно движење го изведува обработуванот предмет, а
праволиниското движење (поместот) го изведува алатот во правец нормален на оската на
вртењето на предметот.

19. Шема со објаснување за изработка на конусни површини.

Изработка на конусни површини на стругот може да се врши според повеќе методи,


20. Шема со објаснување за изработка на навој.
21. Алати за обработка со стружење (стругарски ножеви)
22. Шематски приказ на алати за надворешно (надолжно и напречно) стружење.

Алатите генерално може да се поделат на стугарски ножеви за наворешно стружење и тоа


може да биде надолжно и попречно и внатрешно стружење кое може да биде надолжно и
попречно.

Алатите за внатрешно стружење се поставуваат држачот и телото се паралелни со оската на


ротација, кај надворешното стружење се нормални на оската на ротација

Алати за надворешно стружење можат да бидат леви и десни


23. Шематски приказ на алати за внатрешно (надолжно и напречно) стружење.

Алатите за внатрешно стружење имаат облик на држач во вид на цилиндар и има две рамни
паралелни површини заради стегање

алат за внатрешно попречно

изработка на жлеб

Алатите генерално може да се поделат на стугарски ножеви за наворешно стружење и тоа


може да биде надолжно и попречно и внатрешно стружење кое може да биде надолжно и
попречно.

Алатите за внатрешно стружење се поставуваат држачот и телото се паралелни со оската на


ротација, кај надворешното стружење се нормални на оската на ротација
24. Означување на алат за стружење, согласно ISO, за надворешно стружење

25. Статичка геометрија на алат за стружење.


.

27. Универзална глодалка-составни делови (органи) и основни движења.

За остварување на основните подвижувања, кај овие машини најчесто постои посебен


погон за остварување на гл. работно движење и посебен погон за обезбедувањето на
поместите.
За образување на разни рамни површини, а исто така и за разни површини во вид на канали,
жлебови, профилни површини и сл се користи-глодањето.

Движења- главно движење – кружно - Алатот – (врт/мин)

помошно движење – праволиниско – парчето-(мм/мин)


Независно од типот на машината главното движ. го изведува работното вретено (1) на кое се
поставува резачки алат (2), а поместот се острварува праволиниски со поестување на
работната маса на која се наоѓа обр. парче (3).
Поместот се отварува во разни правци-хоризонтален, надолжен и попречен. Помест се
остварува со работната маса (4) а вертикалниот помест со поместување на конзолата (5).

Составни делови (органи)

Сите глодалки се составени од


основа, погонски дел,
преносник за главно движење,
преносник за помест, работна
маса, механизам за управување
со машината, уреди за стегање
на алатот и работното парче и
уреди за ладење и
подмачкување.
13-рачки за управување

28. Основни технолошки карактеристики кои ја дефинираат можноста за употреба на


универзалните глодалки.

Кај хоризнонталните, вертикалните и универзалните главни технични-технолошки карак. се

 работниот простор кој се дефинира со димензиите на работната маса и максималните


подвижувања што можат да се остварат на масата
 расположливиот број и дијапазон на вртежи на главното вретено
 конусот на отворот на гл.вретено
 бројот и дијапазонот на помести
 моќноста
 основните габарити
 тежината на машината

29. Начини на поставување на алат кај хоризонтална и вертикална глодалка


Алатите кај хоризонталните глодалки најчесто се нанижуваат на еден трн кој поминува низ
главното вретено, а од слободната страна се прикрепува на држачи.

30. Начини на стегање на работното парче кај универзалните глодалки.

Со цилиндрична или конусна дршка ………

31. Основни операции на обработка на универзална глодалка.

Глодалките за општа намена се користат за обработка на рамни површини. Обработката се


врши со вртежно движење на алатот и праволиниско подвижување на предметот. Во
зависност од положбата на оската на вртењето на алатот, што зависи од положбата на
гл.вретено разликуваме

 обемно глодање
 челно глодање

Исто така со глодањето може да се избработат жлебови, да се врши профилно глодање и др.

32. Шема со објаснување за обемно (овално) и челно глодање.


33. Шема со објаснување за истонасочно и спротинасочно обемно глодање.

Спротинасочното обемно годање најмногу распространето , а се карактеризира со


тоа што оптоварувањето на екој забец од глодалото се зголемува постепено со навлегувањето
на забецот во материјалот поради зголемување на дебелината на слојот што се симнува и тоа
од нула при влез на забецот до максимум пред излез на забецот. Отпорот на режење е
масимален при самиот излез на секој забец после што доаѓа до нагло растоварување. Поради
тоа се јавуваа вибрации цо текот наобработката. При ова глодање е карактеристично и тоа што
поради радиусот на врвот од сечилото, симнувањето на материјал не почнува со самиот допир
на алатот со предметот туку во почеток секој од забците пролизгува, па откако ќе наиде на
реална дебелина на материјалот почнува со режење. Обработената површина е брановидна.

Истонасочно обемно глодање движењето на работната маса е во иста насока со


вртежното движење на глодалото. При ваквиот начин на глодање дебелината на симнуваниот
материјал од секој забец се менува од неговата максимална вредност до нула. Режењето
отпочнува со удар, а секој забец мирно излегува од зафат со материјалот. Ударите
предизвикуваат значителни осцилации. Обработената површина е рамна и мазна.

34. Шема со објаснување за истонасочно и спротинасочно челно глодање.


При челното глодање исто така се јавува истонасочно и спротинасочно глодање. Во случај
ширината на глодање да е B да е помало од ½ Dg, едновремено се јавува зна на истонасочно и
спротинасочно глодање.

Во зоната на обработка каде насоката на вртење на глодалото се совпаѓа со насоката на


движењето на обработуваниот предмет се појавува истонасочно глодање и обратно за
спротинасочно глодање.

35. Универзален делителен апарат

Делителните апарати служат за обезбедување на соодветна положба на оската на


обработуваниот предмет во однос на главното вретено на машината, за периодично
завртување на обработуваниот предмет околу својата оска за определен агол и за
континуирано завртување на обработуваниот предмет при изработка на навојни жлебови. Со
универзалните делителни апарати може да се оствари просто и диференцијално делење, а
исто така да се искористат и при изработка на навојни жлебови.
36. Алати за обработка со глодање (глодала).

Алатите за глодање се разликуваат од другите видови на алати по тоа што тие се повеќесечни,
односно создадени од повеќе работни селила наречени запци на глодалото.

За да може да се разликуваат, глодалата се класираат по разни основи во одредени групи како


на пример по

 начинот на изработка
 формата на запците
 според нивната конструкција
 според основната форма
 резачкиот материјал

Според основната форма глодалата можат да бидат – цилиндрични, плочести, пилести, челни,
вретенести и профилни.

Според мтеријалот на резачкиот дел од глодалата, тиа можат да бидат од алатен челик, од
брзорезалки челик и со сечила од тврд метал.

Според начинот на изработка- глодала со глодани заби, застружени заби и всадени заби

Според формата на забите- со прави заби, со навојни заби деснонавојни и левонавојни, со


вкрстени заби.

37. Глодала за обемно глодање.

38. Глодала за челно глодање.

39. Вретенести глодала.

Од цилиндричние и плочестите глодала овие глодала се разликуваат по тоа што за глодалката


се прицвртуваат со помош на цилиндрична или конуска дршка. Резачките елементи се
расределени како по цилиндричната така и по челната површина. Овие глодала се
употребуваат за изработка на жлебови и профилни површини со копирање.

Вретенестите глодала се изработуваат со 4-6 запци како нормални и со 3-4 како крупни.
Запците по валчестата страна имаат завојна форма со агол ε-0-45 степени.
За да се намалат вибрациите во работата, запците се изработуваат со нерамномерен чекор.
42. Столна/столбна дупчалка-составни делови (органи) и основни движења.

Столните дупчалки се маштини со релативно мали димензии, најчесто се поставуваат на


маса. Наменети за се за обработка на отвори во предмети со мали димензии, а максималниот
дијаметар на обработка најчесто се движи до 16мм.

Основата (1) е во вид на плоча, која наедно е и работна маса, и заедно со столбот (2) ја
сочинуваат носечлата структура. На столбот е поставено вретениште (3) во кое е сметено
главното времетено (4). Како погон се користи електромотор (5) кој е сместен на самото
вретениште. Карактеристично кај овие машини е тоа што најчесто имаат само преносник за
главно движење кој располага со релативно мал број вртежи. Поради отсуството на преносник
за помест поместот се изведува рачно со рачка (6).
Столбни

За изработка на отвори во предмети со поголеми габарити се користат столбните дупчалки.


Овде носечката структура ја сочинува – столб (1) поставен на плоча (11). На столбот (1) е
поставено вртениште (3) во кое се сместени преносниците за глано движење и за помест,
заедно со главното вретено (7). Изборот на вртежите и автоматскиот помест се вршат со рачки
(4), а рачно подвижување на главното вретено може да се оствари со поебна рачка (5).
Електромоторот (2) за погон на оваа машина е сместен на вретеништето. Предметот кој се
обработува се поставува на работна маса (9), која има можност да се подвижува со рачка (10)
по водилните на столбот. И овде постои систем за ладење во зоната на обработка , а
средството за ладење се доведува преку водот на сликата означен со 8.

43. Основни технолошки карактеристики кои ја дефинираат можноста за употреба на


дупчалките.

Основни технолошки карактеристики се

 работниот простор на машината


 максималниот дијаметар за дупчење
 конусот на главното вретено
 можностите на преносникот за главно движење
 моќноста
 габаритите на машината
44. Начини на поставување на алат кај дупчалките.

Не е потребно посебен механизам, зашто слата на отпорот на режење автоматски го


прикрепува алатот за главното вретено. Затоа отворот на главното вретено во кој се поставува
алатот е во вид на конус. Алатите можат директно да се постават во вретеното ако имаат
дршка со соодветен конус, или преку дополнителни држачи.

45. Основни разлики помеѓу столна, столбна и радијална дупчалка.

Столните дупчалки се машини со релативно мали димензии кои најчесто се


поставуваат на маса.Наменети се за обработка на отвори во предмети со мали
димензии, а макс дијаметар на обтаботка се движи до 16мм.Конструкцијата се состои
од основа која е во вид на плоча која е на работна маса и заедно со столнот ја
сочинуваат носечката структура. На столбот е поставено вретениште во кое е сместено
главното вретено. Како погон се користи електромотор. Овие мажини имаат
преносник за главно движење кое расолага со мал број на вртежи. Нема автоматски
помест.

Столбните дупчалки се користат за изработка на отвори во предмети со поголеми


габарити. Носечката структура се состои од столб поставен на плоча. На стоблот е
поставено вретениште во кое се сместени преносниците за главно движење и
помест.Изборот на вртежите и автоматскиот помрст се вршат со рачки,а рачното
подвижување на главното вретено се остваува со посебна рачка. Имаат систем за
ладење.

Радијалните дупчалки за разлика од другите две, местото на обработка се бира со


подвижување на главното вретено. Кај овие дупчалки вретеништето е постваено на
една конзола чија должина може да се подвижува. Кнзолата има можност фа се
завртува околу столбот со што се овозможува главното вретено да зазема различни
положби . Во зависност од габаритите на предметите конзолата има можност и
вертикално да се поместува по столбот.

46,47,48,49,50. Основни операции на обработка со дупчалки.

Дупчалките се наменети за изработка на отвори во полн материјал, за зголемување на


дијаметарот на отворот со цел постигнување одр мерка или поголема точност и
квалитет на отворот и др. Според тоа на дупчалките се изведуваат следните операции:
дупчење,раздупчување, проширување и развртување.

Кај сите операции основните движења ги изведува алатот, односно и главното


вртежно движење и поместот се остваруваат од главното вретено, а предметот
мирува.

Дупчењето е изработка на отвор во полн материјал, а како алат се користи сврдло. Ако
е потребно само да се зголеми отвор, пришто се користи истотака сврдло обработката
се нарекува раздупчување. Зголемувањето на дијаметор на отворот може да биде и со
цел за постигнување поголема точност и квалитет. Во тој случај се користи алат
наречен проширувач и се изведува операцијата проширување, а ако се сака уште
подобар квалитњт на отворот се применува операцијата развртување пришто се
користи алат наречен развртувач.
51. Изработка на навој со нарезница и врезница.

Внатрешните навои се изработуваат со т.н. врезници кои можат да бидат во гарнитура


од два или три алати, а во одредени случаи врежувањето на навојот може да биде и
само со еден врезник. Изработката на надворешни навои се остварува со специјални
алати наречени нарезници. Нарезниците истотака се изработуваат како еден алат или
гарнитура од два или повеќе. Секоја гарнитура било од нарезници или врезници,
наменета е за изработка само на одреден навој чија ознака е втисната на гарнитурата,
а истотака има и посебни ознаки за редослеод на алатите при спроведувањето на
обработката.

52. Алати за изработка на отвори.

Големиот број на различни операции кои можат да се изведуваат на дупчалките е


овозможен со големиот број различни алати. Овие алати се со повеќе работни сечила
а најмалце две кај сврдлата.

Според намената алтите се делат на: сврдла, проширувачи, развртувачи и специјални


алати.

Според материјалот на резачкиот дел од алатот се разликуваат: алати од алатен челик,


алати од брзорезачки алат и алати со сечило од тврд метал.

Секој алат се состои од тело и резачки дел и дршка. Според обликот на дршката се
среќаваат алати со цилиндрична и конусна дршка.

Алатите за изработка на отвори се изработени од брзорезачки челик HSS, а


најзастапени се задупчувачи, сврдла, развртувачи, впуштачи итн.

За изработка на отвори чија должина е значително поголема од дијаметарот (D>5) се


користат специјални алати за длабоко дупчење. Овие алатати се изработени со сечило
од тврд метал, а можат да бидат ви вид на сврдло или во вид на глави за длабоко
дупчење со фиксни или заменливи плочки од тврд метал.
53. Глодало-дупчачки центри, најчеста употреба.

-операции за дупчење и операции за глодање

-вретеното е во хоризонтална поставеност

- се корисит за големи капитални делови кои не дозволуваат повеќе од едно стегање


(при изработка на куќишта каде имаат оски,вратила )

- наменети се за обработка на делови со сложена конфигурација кај кои е потебен


поголем број различни операции

54. Краткоодна рендосалка (рендисалка)-составни делови (органи) и основни


движења.

За изработка на рамни површини, жлебови, канали и други профилни површини се


користи и рендосувањето.

Краткоодните рендосалки се наменети за изработка на рамни површини со мали


димензии, жлебови , прорези и сл. Основна нивна карактеристика е релативно малиот
работен од.
55. Основни разлики помеѓу краткоодна, долгоодна и вертикална рендосалка.

56. Коленест механизам со нишало кај карткоодна рендосалка.

За претворање на вртежното во осцилаторно праволиниско подвижувањ најчесто се


користи коленест механизам со нишало
57. Прескакален механизам кај карткоодна рендосалка.
58. Основни технолошки карактеристики кои ја дефинираат можноста за употреба на
краткодна рендисалка

59. Видови обработки со рендисување и карактеристични површини добиени со

рендисување.

Краткоодните рендосалки се наменети за изработка на рамни површини кои се


образуваат со осцилаторно праволиниско движење на алатот и повремено
праволиниско поместување на предметот. ПОкрај едноставните рамни површини се
изработуваат и посложени површини. За таа цел се користат алати со сложена
конфигурација.
Површините со посложена конфигурација се изработуваат на различни начини:
користејќи ги можностите на супортот за поставување на алатите во различна
положба, можноста за завртување на работната маса во различни насоки за одреден
агол и др.

Наклонети површини можат да се изработуваат со завртување на работната маса на


која се поставува предметот а на која има и нониус со кој може да се отчита точно за
кој агол е завртена масата а со тоа и кој наклон се остварува на површината.Во овој
случај работното движење и поместот се остваруваат автоматски.

Кратките закосени површини се изработуваат и со завртување на алатот што го


овозможува супортот на кој се поставува резачкиот алат. Во тој случај поместот се
извршува рачно.На следната слика се покажани некои обработки на површини кои се
изработуваат со користење на посебни алати кои се поставуваатт во соодветна
положба во однос на обработуваната површина со завртување на супортот по жлебот
во вид на лак.
60. Алати за обработка со рендисување.

На следната слика се прикажани стандарни алати за обработка со редносување кои


можат да служат за груба обработка под а, за завршна под б, за изработка на жлебови
под в, за вертикално рендосување под г.
61. Хоризонтална брусилка за рамно брусење -составни делови (органи) и основни

движења.

Рамното брусење може да се врши со периферната или челната површина на


точилото. Во овој случај точилото го изведува главното работно вртежно движење,а
поместот е праволиниско движење и го врши обработуваниот предмет.
62. Основни разлики помеѓу хоризонтална и вертикална брусилка за рамно брусење.

Вертикалната брусилка за рамно брусење го користи челната страна од точилото. За


разлика од хоризонталните брусилки, кај овие работното вретено на кое е поставено
точилото е вргадено во преносникот за главно работно движење во вертикална
положба. Кај вертикалните брусилки оската на работното вретено на точилото заедно
со преносникот може да се наклони во однос на вертикалната под агол алфа.

63. Основни операции на брусилките за рамно брусење.

64. Шема со објаснување за операцијата брусење на хоризонтална брусикла.


65. Шема со објаснување за операцијата брусење на вертикална брусикла.
66. Брусилка за надворешно кружно брусење -составни делови (органи) и
основни движења.
67. Основни разлики помеѓу брусилка за надворешно кружно брусење, брусилка
за внатрешно кружно брусење и брусилка за надворешно кружно брусење без
шилци.

68. Основни операции на брусилките за кружно брусење.


69. Шема со објаснување за операцијата надворешно кружно брусење на
цилиндрични површини
70. Шема со објаснување за операцијата надворешно кружно брусење на
конусни површини.

71. Шема со објаснување за операцијата внатрешно кружно брусење на


цилиндрични површини.
72. Шема со објаснување за операцијата надворешно кружно брусење без
шилци.
73. Карактеристична примена на специјалните брусилки.
74. Алати за обработка со брусење
75. Шема со објаснување за обработката со провлекување.

Во однос на остварувањето на главното движење се разликуваат хоризонтални и


вертикални провлекувачи.

*
77. Шеми со објаснување за назабување на запчаници по методот на Pfauter.
78. Шеми со објаснување за назабување на запчаници по методот на Fellows.
79. Шеми со објаснување за назабување на запчаници по методот на Mar
80. Шема с о објаснување за обработка со воден/ абразивен млаз.
81. Шема со објаснување за обработка со ултразвук.
82. Шема со објаснување за обработка со електроерозија (со полна електрода).
83. Шема со објаснување за обработка со електроерозија (со жица).
84. Шеми со објаснување за обработка со ласер.

Стрелке: Нитроген и топол воздух


85. Шеми со објаснување за хемиска обработка.
појасна слика од презентацие

86. Шеми со објаснување за електрохемиска обработка.

You might also like