You are on page 1of 12

Технолошки системи и

одржување

Семинарска – Рендисалки и
брусилки

Ментор: Изработил:
Проф. Д-р Глигорче Вртаноски Стефан Ангеловски, 811 ПИ
Рендисување
За изработка на рамни површини, жлебови, канали и други профилни површини, покрај глодањето, во
пракса често се користи и рендисувањето како еден од наједноставните методи на обработка.

Процесот на рендисување се остварува како резултат на сложено движење кое го изведуваат алатот и
обработуваниот предмет. Основните движења се праволиниски, односно главното работно движење е
осцилаторно праволиниско движење, а поместот е праволиниско периодично подвижување кое се
остварува по секој двоен од.

Во споредба со глодањето има помала продуктивност, па се помалку се користи, посебно ако треба да се
симне подлабок слој од обработуваниот материјал. Но и покрај нивната ниска продуктивност, во споредба
со глодалките, рендисалките имаат и одредени предности, како што се:
•Едноставна изработка и острење на резачкиот алат,
•пониска цена на резачкиот алат,
•помало подготвително време на машината.
Но сепак, и покрај одредени предности, рендисалките се помалку се среќаваат во производните погони, а се
наменети пред се за поединечна или малосериска обработка.

Најважни параметри кои влијаат на процесот на рендисување се: длабочината на режење, чекорот, бројот
на двојни одови и брзината на режење.
Рендисалките се машински алатки кои се наменети за обработка на рамни и профилни површини. Според
должината на одот се делат на:
•Кусоодни, главното движење го извршува алатот а поместот обработуваното парче и
•долгоодни, главното движење го извршува обработуваниот предмет а поместот го изведува алатот.

Главното движење може да биде хоризонтално или вертикално, па според тоа и рендисалките можат да бидат:
•Вертикални кај кои главното работно движење се сотварува во вертикална рамнина.
•Хоризонтални кај кои главното работно движење се остварува во хоризонтална рамнина.
Долгоодните рендисалки се секогаш хоризонтални. Рендисалките можат да бидат и за специјална намена, како на
пример за изработка на запченици, запчести летви итн. Кај некои специјални рендисалки алатот го извршува и
работното и помошното движење (рендисалки за обработка на рабови на долги лимови).
Кусоодни рендисалки
При работа на кусоодни рендисалки главното движење го извршува алатот. Ова главно движење е праволиниско –
во правец на брзината на режење V. Се состои од работен од (кога се извршува режењето) и повратен од (кога
алатот се враќа во почетна положба). На крајот од повратниот од, работната маса заедно со предметот се
поместува за големината на чекорот S. Тоа е помошно движење и тоа е периодично и се извршува по завршување
на повратниот од. Со вертикалното поместување на обработуваниот предмет се остварува длабочината на
режење.

Кусоодните рендисалки се употребуваат за изработка на рамни куси површини, хоризонтални и коси жлебови,
вертикални рамни површини и жлебови. Во зависност од правецот на движење на алатот, разликуваме:
хоризонтални и вертикални кусоодни рендисалки.
Долгоодни рендисалки
Во текот на работата на долгоодната рендисалка главното движење го извршува работниот предмет заедно со
работната маса. Движењето се состои од работен и повратен од. При завршување на повратниот од алатот го
извршува помошното праволиниско движење за големината на чекорот S (периодично движење). Со вертикално
поместување на алатот се остварува длабочината на режењето.

Долгоодните рендисалки служат за обработка на долги и тешки предмети. По својата конструкција можат да бидат:
портални и конзолни.

На основата (1) поставен е носачот на обработуваниот предмет (2) (работна маса), на која се прицрстува
работниот предмет. Работната маса надолжно се поместува по водилките и го извршува главното праволиниско
движење. Работната маса се задвижува со хидрауличен погон или со помош на запченици и запчеста летва.
Вертикални рендисалки
При работа на вертикални рендисалки алатот го извршува главното праволиниско движење во
вертикална рамнина, додека обработуваниот предмет изведува помошно движење во правец на
чекорот S (периодично движење).
Брусење

Брусењето е најчеста постапка на завршна обработка со режење, но се користи и како груба обработка. Како
завршна обработка се јавува во случаи кога е потребно да се зголеми квалитетот на обработената површина. Како
груба обработка брусењето се користи за чистење на одливките и отковите (симнување на оксидниот слој).

Посебна карактеристика на брусењето е тоа што со него можат да се обработуваат сите материјали без оглед на
нивната тврдост. Освен тоа, со брусење можат да се обработуваат надворешни и внатрешни површини
(цилиндрични и конусни), рамни и профилни (сложени) површини, а се користи и за острење на алат при негова
изработка и експлоатација.

Брусењето се врши со алати кои се викаат брусни плочи или точила. Тие претставуваат повеќесечен алат без
дефинирана геометрија на сечилата. Брусните плочи се составени од голем број на абразивни зрна кои меѓусебе
се поврзани со сврзувачки материјал во една целина со одреден облик и димензии. Абразивните зрна имаат по
својот обем поголем број на остри сечила кои во допир со материјалот симнуваат струганица од обработуваниот
предмет. Притоа во режењето истовремено учествуваат голем број на абразивни зрна и со нивна помош се
симнуваат голем број ситни струготини.
На сликата се уочува дека при брусење поголем број на абразивни зрна зафаќаат дел од обработуваниот
материјал и симнуваат струготина. Притоа, брусната плоча го изведува главното кружно движење, додека
помошното движење е сложено движење од кружно и праволиниско, а може да го изведува или алатот или
обработуваниот предмет.

Финото брусење е најфина постапка на завршна обработка која се изведува со помош на абразиви. Обработката
се врши со многу ситни зрнца во вид на прав или паста. Постапката на обработка со паста се вика лепување, а
постапката на обработка со прав се вика хонување.

Важна карактеристика на процесот на брусење е тоа што абразивните зрна имаат многу голема тврдост, два и
повеќе пати поголема од тврдоста на материјалот кој се обработува, со што се постигнува ефикасна обработка.

Во зависност од формата на брусната површина и видот на брусење, брусилките за општа намена можат да се
поделат на: брусилки за надворешно кружно брусење, брусилки за внатрешно кружно брусење, брусилки за кружно
брусење без шилци, брусилки за рамно брусење и специјални брусилки.
Градба на алатот за брусење
Алатот за брусење (брусна плоча) е составен од абразивен материјал (средства за брусење) и сврзувачки
материјал кој ги поврзува абразивните зрна во една целина. Овие две компоненти меѓусебе се мешаат. Потоа се
печат на висока температура за да ја добијат неопходната црвстина.

Карактеристично за алатите за брусење – точилата, е тоа што немаат дефинирана геометрија на резачкиот дел, за
разлика од алатите кај сите досега разгледани начини за обработка.

Како главни карактеристики на точилата, покрај нивната конфигурација, се јавуваат видот на абразивните
средства, големината на зрнцата, видот и густината на сврзувачкото средство, со што се дефинира и нивната
тврдост. Изборот на обликот на точилото зависи најмногу од постапката што се користи и од конфигурацијата на
површината што се бруси.

Се разликуваат следниве видови брусилки:


•Брусилки за брусење на надворешни кружни површини
•Брусилки за брусење на надворешни кружни површини без шилци
•Брусилки за рамно брусење
•Брусилки за острење алати
•Специјални брусилки (за брусење навој, за брусење на запченици, профилни брусилки и др.)
Брусилки за надворешно
тркалезно брусење со шилци
На брусалките за надворешно тркалезно брусење се обработуваат надворешни цилиндрични и конусни површини.
Цилиндричните и конусните површини со поголема должина се обработуваат со надолжно поместување на
работната маса на машината заедно со обработуваниот предмет, а предметите со помала должина се
обработуваат со напречен помест на брусната плоча (напречно брусење). Во сите случаи брусната плоча го
изведува главното кружно движење и помошното напречно движење, а обработуваниот предмет помошните
(кружни и аксијални движења).
Брусилки за внатрешно
брусење
Брусилките за внатрешно брусење се применуваат за обработка на цилиндрични, конусни и профилни внатрешни
површини. Внатрешното брусење може да биде со надолжно помошно движење на обработуваниот предмет
(надолжно брусење) или со напречно помошно движње на брусната плоча (напречно брусење). Притоа,
обработуваниот предмет се поставува во соодветен стегачки прибор (стегачка глава, стегачка чаура). Брусната
плоча е поставена на главното вретено. Брусењето може да се извршува со повеќе премини при малда длабочина
на режење или со еден премин при длабоко брусење.

Внатрешното брусење се врши на брусилки за внатрешно брусење кои се користат во сериското производство.
Ви благодарам на вниманието

You might also like