You are on page 1of 7

ПОДГОТОВКА НА ПРОИЗВОДСТВО (ЗА ИСПИТ)

1. Подготовка на производство.

* Цел и задача на подготовката на производство е да ги утврди:


- квалитативните својства на производот.
- конструкцијата на производот.
- потребните технолошки постапки.
- потребните средства за работа и работна сила.
- организационите текови на производните процеси.
- колку прачиња или количество треба да се произведат.
- за кое време работникот треба да ја заврши работата.
- да се одреди редоследот на операциите.
* Кај централизираниот начин на организирање, подготовката на
производството е служба во претпријатието која го подготвува
производството за сите производни погони во претпријатието.
* Кај децентрализираниот начин на организирање на подготовката
на производството, постојат служби за подготовка за секоја
производна единица: конструктивна, материјална, технолошка и
оперативна.
2. Конструктивна подготовка.

* Целта и задачата на конструктивната подготовка на производството е врз база на


изработен идеен проект да изработи конструкција на производот, а врз основа на
изработената конструкција на производот да се пристапи кон разработка на
конструкцијата на производот.
* Идеен проект - идејниот проект го прикажува надворешниот изглед на
производот во перспектива и во ортогонална проекција, без разработка на пресеци
и детали. Содржи и технички опис на производот: конструкција, основен и
помошен материјал, брусење, површинска обработка, оков, пакување.
* Конструирање на производот - со решавањето на конструкцијата воедно се врши
и димензионирање на конструктивните елементи и детали, а со тоа и дефинитивно
обликување на производот. Конструкцијата на производот содржи: приказ на
производот во три проекции со назначени пресеци, изработка на пресеци со
назначени детали, изработка на детали и изработка на нацрт за монтажа.
* Конструктивна разработка на производот - целта и задачата на конструктивната
разработка на производот е преку анализа на конструкцијата на производот,
димензионирање и расчленување на конструктивните елементи на детали и
утврдување на врските и врзните елементи, да се подготви конструктивно -
техничка документација, потребна за материјалната и технолошката подготовка.
а) Анализа на конструкцијата: Функција на производот (функционалност).
Предвиден материјал (основен материјал). Предвидените конструктивни решенија
(заштеда на мат. и намлув. на отп.)
б) Димензионирање на конструктивните елементи, врските и врзните елменти
- од изработените пресеци од производот се вадат сите основни димензии на
елементите и деталите.
в) Расчленување на конструктивните елементи на детали - конструктивните
елементи, од кои се составени производите, ги расчленуваме на детали, а после
тоа секој детаљ посебно се разработува.
* Стандардизација - одредување единствени норми на квалитет, облик и димензии
на одделни делови од производите.
а) Унификација - поедноставување (упростување), се состои од унификација на
конструкцијата, обликот, димензиите и квалитетот на мебелот.
б) Типизација - утврдување на типовите на производите.
в) Нормализација - одредување норми на квалитет, облик, димензија и други
показатели на производот и неговите конструктивни ел. за текој типски производ.
3. Материјална подготовка.

* Служи за што порационално користење на средствата (основни и


помошни)во дрвната индустрија. За материјална подготовка потребно е да се
изработи:
- Анализа на предвидениот материјал - се врши од аспект на искористување
на основниот материјал.
- Изработка на техничка документација - за точни мерки на констр. ел. и
деталите: долж, шир, деб.
- Спецификација и норматив на основен материјал.
- Норматив и вредност на основен материјал.
- Збирен преглед на основниот материјал - увид за видот, класата и
димензиите на искроените предмети за обработка, односно деталите со
надмер за доработка.
- Преглед на површините за фурнирање и одлагање.
- Преглед на површините за облагородување.
- Спецификација, норматив и вредност за помошен материјал - вид и
количество на помошен материјал кој се предвидува за вградување во
производот.
- Подготовка и кроење на материјалите.
- Подготовка и хидротермичка обработка на бичената граѓа.
- Кроење на материјалите.
- Кроење на бичената граѓа во предмети за обработка.
- Кроење на плочите во детали со надмер за доработка.
- Пресметка на отпадокот што настанува во процесот на производството.
- Бруто маса - вкупно количество на суровина наменето за преработка.
- Нето маса - зафатнина на преработени полупроизводи или маса на детали,
предмети за обработка или готови производи.
4. Технолошка подготовка.

* Задача и цел на технолошката подготовка е детално разгледување и


разработка на технолошкиот процес на производството, и се постигнува со:
- Технолошка анализа и контрола на конструкцијата на производот.
- Изработка на технолпшка шема за составување/монтажа на производот.
- Разработка на технолошкиот процес на производството.
- Одредување на бројот и редоследот на технолошките операции.
- Одредување на бројот на работните места.
- Одредување на постапките и режимот на работа.
- Одредување на алатите, направите, мерилата, инструментите и начинот на
контрола.
- Одредување на времето за изработка.
- Изработка на технолошка документација.
- Аналитичка разработка на технолошкиот процес.
- Разработка на технолошкиот процес со технолошки карти.
- Графичка разработка на технолошкиот процес.
- Шема на технолошкото формирање на производот.
5. Оперативна подготовка.

* Има задача врз основа на годишните производни планови/ по обем и


асортиман, подготвени во службата за план и анализа/, да изврши
подготовка на производните капацитети, подготовка и лансирање на
производна документација и следење и регулирање на производството.

*Оперативно планирање - конкретизација на основните годишни планови за


производството по месеци, недели или денови.
- Оперативно планирање на производството - го утврдува планираното
количество на производите и роковите за започнување и завршување на
работните налози.
- Оперативно планирање на средствата за работа и работна сила - се
обезбедува континуитет во производството и се запазуваат закажаните
рокови за изработка.
- Оперативно планирање на материјалот:
а) Карта за состојба на материјалот - резервирање на материјалите во
магацинот, поради непречено одвивање на производниот процес.
б) Требовница за материјал - се ограничува неконтролираната потрошувачка
на материјал.
в) Испратница за материјал - документ врз основа на кој се врши
подигнување на материјалот од магацинот.
г) Повратница за материјал - документ врз основа на кој погонот или
одделението го враќа материјалот кој во производството се појавил како
вишок.
д) Извештај за шкартот - после извршената контрола, а пред предавањето на
предметите за обработка, односно деталите или составите од едно во друго
одделение, како и при извршена контрола на готовите конструктивни
елементи или готовите производи, контролорот составува извештај за
настанатиот шкарт со соодвето образложение.
* Терминирање - претставува календарска разработка на оперативните
планови, одредување на роковите за изработка на производите, односно
одведување на роковите за изработка на сериите.
- Производен циклус - време од првата до последната операција на
производот.
- Вид, начин на движење на предметите за обработката, деталите, составите
и елементите во производниот процес:
а) Постепено движење - предавањето на деталите на следното работно
место, почнува тогаш кога целата серија на детали е обработена на
претходната технолошка операција.
б) Паралелно - постепено движење - предавањето на деталите на следното
работно место може да се изврши и пред за заврши претходната операција
за сите детали.
в) Паралелно движење - ова движење се разликува од претходните два во
тоа што се дозволуваат прекини во обработката на една серија на детали на
кратките операции.
- Термиски план - временски период за извршување на операциите.
- Пробна серија.

* Лансирање (пуштање во работа) - за лансирање треба да се има целосна


техничко - технолошка документација.
- Работен налог - го следи процесот на изработка на производите од почеток
до предавањето на производите во магацинот за готови производи.
(нарачател, количество, време за изработка, под. за требуван и подигнат
материјал) -
Пропратен лист - намената е да ги следи предметите за обработка, деталите,
составите и склоповите во текот на целиот производен процес, односно од
грубото кроење на предметите за обработка, па се до завршување на сите
технолошки операции и вградување на деталите, составите и сколоповите
како конструктивни елементи во готов производ. - Контролна
карта - за терминско следење на извршување на оперативните планови.
(планирано кол., дата, смена и број на изр. парч.)
- Доставница за полупроизводи - полупроизводите од други производни
единици се доставуваат за доработка или кога деталите се предаваат од
едно на друго одделение или погон.
- Доставница на готови производи - е документ за доставени производи
(количество, единечна цена и вк. во денари.)
- Наод за контрола - дека производот е спремен за контрола, и доколку нема
грешки се става печат.
- Анализа на завршениот работен налог:
а) Анализа на материјалот за изработка - планираното количество на
материјал се споредува со вистински потрошеното количество на материјал.
б) Анализа на работното време - планираното време за потрошување во
споредба со вистински потрошеното време.

You might also like