You are on page 1of 24

МИТ УНИВЕРЗИТЕТ

АРХИТЕКТОНСКИ ФАКУЛТЕТ

СЕМИНАРСКА РАБОТА ПО ПРЕДМЕТОТ:

ЈАВНИ ОБЈЕКТИ 2
Втор циклус на студии

ПРОЕКТИРАЊЕ НА
ЈАВНИ ОБЈЕКТИ СО
ОСВРТ КОН БАНКИТЕ

Студент: Николиќ Иван


Ментор: Проф.Др. Ванѓел Дуновски

Август, 2020
СОДРЖИНА

1. РАБОТА ВО КАНЦЕЛАРИЈА,
2. ТРЕНДОВИ И КРИТЕРИУМИ,
2.1 Ефектите на информациската технологија и канцелариска автоматизација,
2.2 Промени во организацијата на работните места,
3. ТИПОЛОГИЈА,
3.1 Видови на канцелариски простор,
3.2 Системска организација на просторот,
4. ПРОЕКТИРАЊЕ НА БАНКИ,
5. ОПШТИ БАРАЊА,
5.1 Дизајн на отворен простор,
5.2 Диспензери за пари - Банкомати,
6. СЕФОВИ И СИГУРНОСНИ ПРОСТОРИИ,
6.1 Трезорски врати,
6.2 Заштита на благајната,

Прилог: Внатрешно уредување на банка.


Превземено од Семестрална вежба по предметот Јавни објекти 2.
1.1 РАБОТА ВО КАНЦЕЛАРИЈА

Начинот на кој канцелариското работење е организирано и начинот на кој улогите се дефинирани


од аспект на канцелариската структура, канцелариската технологија, ракувањето со клиентите и
други фактори, влијае на барањата за организација на деловниот простор.
Сведоци сме како разни видови на згради се развиваат и менуваат со текот на времето, а
додадено на тоа се и иновативните прототипи кои резултираат во изградба на објекти кои
претставуваат класичен репрезент на влијанијата во времето кога тие биле изградени.
Организацијата на канцелариска работа се повеќе се фокусира на човечките односи и
комуникациите.
Промените во канцелариска работа со следење на новите нови технологии ја налага потребата од
јасно разбирање на проектната задачата како основна мотивирачка сила. Дизајнерите можат
влијаат врз сите аспекти на работната околина, од причина што добриот дизајн е особено важен и
има големо влијание врз задоволството од работата.
Просторот наменет за некоја личност за извршување на работните задачи се нарекува а
работно место. Овој простор може да биде приватна канцеларија со прегради од целосна висина,
итотака може да биде „кабина“ во отворен плански распоред конфигуриран од системски мебел
или прегради со ниска висина, или пак индивидуално биро во отворен неподелен простор.
Една голема канцелариска зграда се состои од неколку различни типови на простор. Просторот за
канцеларии се состои од поединечни канцеларии за еден до три лица со дополнителни работни
места за практиканти, групни канцеларии за до 20 луѓе, исто така со работни места за практиканти,
и канцеларии за отворен план за до 200 луѓе на едно ниво.

Некои канцеларии може да комбинираат индивидуални работни места со други простори


наменети за групи. Во канцелариите од отворен план сите простори се повеќенаменски
како за индивидуална така и за тимска работа, освен за одредени секретарски департменти.
Просториите за архивирање се за складирање на датотеки, цртежи, електронска медија, опрема
за снимање или репродукција на документи. Централниот простор за службеници наменет е за
услуги кои имаат потреба и содржат опрема за копирање, печатење, фотокопирање и за
сместување персонални компјутери.
Собата за пошта се справува со сите дојдовни и појдовни пратки.
Корпоративните прикажувања на компаниските цели содржат простории за табли со подвижни
панели, изложбени простори, конференциски соби и простори за состаноци. Социјалните установи
од овј тип треба вклучуваат кујни за секој кат, тоалети, просторија за одмор за вработените, соби
за освежување, спортски содржини и сл. Дополнителен простор може да биде потребен за обука
за изработка на аудио-визуелна ефекти и материјали, во зависност од намената на деловниот
простор. Потребно е да се има пристап за влез на возила, како и места за паркирање
(препорачливо под земја), а комуникациската циркулација на вработените низ просторот вклучува
ходници, скалила, лифтови и внатрешни и надворешни излези за итни случаи.
Сервисните служби сe одговорни за за техничка опрема, климатизација, вентилација, греење,
електрична енергија, водоснабдување, обработка на податоци, компјутерски центар,
телекомуникациска мрежа, и чистење и одржување.
Еден детален опис на компанијата и нејзината организациска структура, вклучително и
компаниските специфични функции и врски, можат многу да помогнат во изработката на една на
соодветна анализа на нејзините барања, а од таквата анализа ќе произлезе соодветно
испланиран наменски простор и дизајн.

2. ТРЕНДОВИ И КРИТЕРИУМИ

2.1 Ефектите на информациската технологија и канцелариската автоматизација врз


дизајнот на јавниот простор

Развојот на информациските и комуникациските технологии многу придонесоа до менување на


работните услови во канцелариите. Повеќенаменски терминали ги менуваат на индивидуалните
терминали со формирање на мрежни системи на интегриран канцелариски комуникациски систем.
Просториите за презентации и видео прикажување, кои исто така, бараат компјутерски терминали
и дополнителна опрема, ја зголемуваат подната површина што е потребна во канцелариите од
приближно 2-3 м2 до приближно 15-18 м2.
Ефектите од канцелариската автоматизација на работните места и на распоредот на просторот
создаде потреби кои постојните деловни згради веќе не можат да ги исполнат. Тие допринесуваат
да се даде поголема важност на квалитетот на индивидуалните работни места, што пак ја
подобрува флексибилноста, ги минимизира трошоците за работа и резултатите во работните
околини се еколошки поприфатливи. Реорганизација на просторот и модернизацијата на мебелот
и распоредот исто така земаат голема важност при проектирање на новите згради.

Рационализирање на процедурите за работа потенцијално може да го намали времето поминато


на административни активности (пополнување, сортирање, копирање, пребарување, средување на
материјал итн.) и комуникации (конференции и состаноци) за приближно 25%. Добриот дизајн
може да ги минимизира прекините на текот на работниот процес. Повеќето телекомуникациски
решенија (пр. работа од дома) може да компензира за зголемената потребна површина на подот,
услов опишан погоре, но некои активности (состаноци, итн.) сè уште мора да се одвиваат во
канцелариите на зградата. Односно, постојат ограничувања на корисноста на телекомуникациите.
Постојат и други сили кои имаат тенденција да работат против потенцијалот на децентрализација
и кои можат да бидат многу важни. Централизираната локација може да има предност со својот
престиж, односно присуството на компанијата во град е симбол на континуитет, и вработените
често претпочитаат комунална работна атмосфера и споделени активности за слободно време.
Како и да е, видео преносот и конференцијата можат да го намалат патувањето поврзано со
работата за приближно 50%.
2.2 Промени во организацијата на работните места

Зголемена ефикасност како резултат на информатичката технологија и промените во барањата за


работа (процеси и организациски обрасци) доведува до менување на канцелариските структури.
Бројот на вработените се намалува и работните групи стануваат сè помали.
Поранешната хиерархиска поделба на трудот меѓу вработените, како што се раководител,
секретар, постар службеник итн., во модерно време честопати се развива во интегрирана работна
група. Ова може да ги промени локациите на просторот.
Поголемата свест за непосредната работна околина е тесно поврзана со тековните општествени
вредности, и истите се рефлектираат во ставовите кон квалитет на работното место (дневна
светлина, употреба на животната средина, еколошки производи, зачувување на енергијата) и
дневни активности (еколошки аспекти, потрошувачка на материјали, депонирање на отпад).
Од гледна точка на вработениот, работното место е клучен форум за социјална интеракција. Ова е
сè поважно заради стресот предизвикан од новата технологија и формализираните нови работни
структури. Зголеменото ниво на физички и психолошки стрес резултираше со посветување на
поголемо внимание на работното опкружување.
Канцеларијата е потребен простор на работниците, со дадена слобода да си го организираат
својот мебел, добра вентилација и осветлување и заштита од надворешни или непотребни
нарушувања. Земајќи во предвид дека околу 65% од работниот ден се троши во затворен работен
простор и 10% во одредена поинаква работна околина, работните контакти и заедничката опрема
стануваат се поважни, што резултира во потреба од индивидуални и заеднички канцеларии.

3. ТИПОЛОГИЈА

3.1 Видови на канцелариски простор

Распоредот на канцеларискиот простор драматично се промени од 1950-тите. Методите за работа


секогаш се тесно поврзани со достапните технологии, а се развива и работната структура од
претходните години проширена со современа информатичка технологија и канцелариска
автоматизација. Како резултат, се појавуваат нови форми и идеи за организација на просторот. По
прекинувањето на примената на одделните канцеларии во 1950-тите, и преминувањето во
отворени плански концепти по средината на 1960-тите, како и концептите на групните канцеларии
во 1970-ти и 1980-тите, доаѓа на ред комбинираниот дизајн на канцеларии кој се формира и
практикува во 90-тите години. Првите примери на ваквиот комбинирано организиран простор се
појавуваат во Данска во 1976 година, кога се практикува нова поделба на просторот и се
употребувааат комбинации од сите дотогашни основни форми на поделба на
просторот.Ориентаците на новите згради во најголема мера ќе зависат од локацијата. Односно
каде што е можно, зградата треба да биде ориентирана така да може што повеќе да ја користи
дневната светлина, а притоа да избегнува одблесок и прекумерно загревање од сончева енергија.
Во САД, главната оска на 90% од службените служби е во правец исток-запад, бидејќи длабоката
пенетрацијата на сонцето наутро и навечер е непријатна. Доколку пак прозорците на зградите се
насочени кон југ, заштитата од сонцето е лесно решливо на повеќе начини: подвижни тенди,
ролетни и други конструктивни решенија.
3.2 Системска организација на просторот

Организација на просторот со канцеларии поставени во еден ред, генерално e неекономичен и е


непогоден. Ваквото решение единствено се смета за оправдано само за длабоки канцелариски
простори каде што дневната светлина е проблем (сл.1). Двојниот ред на поединечни мали
простории, сите снабдени со дневна светлина, порано беа користени во најголемиот дел на
деловните згради (сл.2), а аранжманот пак со три реда на работни простори е типичен генерално
за високите деловни згради (сл.3).
Во градските центри во САД, еволуираа дизајни на просторот без ходници. Во некои објекти, сите
соби (со природно или вештачко осветлување) се групирани околу циркулационото јадро што
содржи лифтови, скалила, канали за вентилација итн, за разлика од други случаи каде овие
услугите се наоѓаат на периферијата (сл.4).

Слика 1.
Единечен ред на канцеларии

Слика 2.
Двоен ред на канцеларии
Слика 3.
Троен ред на канцеларии

Слика 4.
Дизајн без коридори

Надвор од градските центри, се појавува и друг американски систем кој се карактеризира со голем
простор во центарот, со звучна изолација, вентилација и осветлување од таванот, а на работ беа
поставени мали канцеларии со дневна светлина.
Овие комбинирани канцеларии се користени во Скандинавија по средината на 1970-тите, и како и
во американскиот систем, димензиите на основите беа во рангот од 16-18м во должина, најчесто
во форма на голема канцеларија со отворен план или како посебни канцеларии поделени во три
реда (5).
Дневната светлина обично може да се користи на растојание од 7,00м од прозорец, но понекогаш
можно е и користење на алтернативни системи за дневна светлина со технологија кои ја
пренесуваат и менуваат насоката на светлината со помош на призми и рефлектори, и кои можат
да резултираат во поефикасно користење на дневната светлина.
Слика 5: Комбинирана организација на просторот

Големите деловни згради се обично повеќекатни структури со преместливи внатрешни sидови.


Сервисни јадра, како водовод, скалила, лифтови и др, генерално се сместени на позиции и
растојанија утврдени со државните и интернационалните градежни прописи и стандарди.
Сервисните јадра може да се постават до предната страна на зградата: (сл.1), (сл.2), во една
од страните во рамките на зградата: (сл.3), (сл.5), на внатрешните агли: (сл.6), (сл.10), (сл.12),
(сл.15), (сл.16), на премините на пат: (сл.8), (сл.9), (сл.11), (12), (сл.14) или меѓу ходниците покрај
осветлените премини (сл.17), (сл.21), се со цел за да се искористи должината и континуитетот во
работните простори.
Единствен централно поставен ред на столбови (сл.1), (сл.2) овозможуваат формирање на
коридори за движење на едната или на другата страна од истите, во зависност од барањата за
просторот. Во случаи со двоен ред на столбови како на сликата (сл.3), (сл.5) се користи
осветлување на коридорите за движење со плафонски прозорци, или пак со стаклени врати од
ходникот кон канцелариите кои би биле поставени до светлата страна на објектот.
Ваквото решавање за обезбедување на дневна светлина во ходниците може да се користи и во
следните слулчаи: згради со крилја (сл.10), (сл.11), кратки згради (сл.13), аголни (сл.12), згради со
Т-форма (сл.15), со У облик (сл.16), итн.
Кај големите објекти коридорите за движење, сервисните простории, архивите и тоалетите на
најдобро е да се постават на внатрешните страни на објектите кои граничат со отворените пасажи
или атриуми (сл.17), (сл.20). Лифтовите и тоалетите можат да бидат лоцирани на внатрешните
агли на скалилата. Темните простории, безбедните, сигурните соби, како и простории за
складирање треба да биде во темните области (сл.10), (сл.11), (сл.19), бидејки реално овие
простори немаат потреба од дневна светлина.
Површината потребна за поврзување на функционални простори во канцелариските згради е
таканаречен циркулациски простор.
На еден затворен план, овој простор фигурира како ходник меѓу просториите, а пак во еден
отворен плански распоред, тоа се патеки помеѓу поединечните работните места. Широчината на
ваквите патеки треба да биде соодветно димензионирана, особено ако истата е дел од
евакуационите патеки.
Пристапите за лица со отежнато движење кои користат помагала, мораат да бидат добро
пресметани и согледани сите аспекти вклучувајки широчина на врати, циркулациони патеки,
можност за вртење на инвалидска количка, наклон и должина на рампи итн.

Слика 6.1. Големи канцелариски згради


Слика 6.2. Големи канцелариски згради

Безбедноста од пожар е примарна при планирањето на циркулациските патеки и треба


да се разгледува уште во рана фаза на проектирањето. Главните размислувања се насочуваат кон
широчината на евакуационите патеки, должината на патеките, обезбедување на алтернативни
патишта за евакуација и избегнување на слепи коридори (ќорсокак). Планот мора да биде во
во согласност со државните безбедносни прописи и стандарди (21)
4. ОПШТИ БАРАЊА ПРИ ПРОЕКТИРАЊЕ НА БАНКИ

Барањата за изградба на една банка можат да се разликуваат, и истите да зависат од природата


на банката, поточно од нејзината намена или специјалност за одредена деловна активност (на пр.
банка со голем број клиенти претставува установа која што се справува со големи инвестиции и
корпоративна работа). Општо, функцијата на ваков тип на банка е да дозволи влез и излез на
пари, без разлика дали се во готовина или друга форма, што е можно побрзо, побезбедно и
поедноставно.
Клиентите влегуваат од надворешниот простор, и најпрвин пристапуваат или минуваат преку лоби
простор или банкарски сали, кои често се опремени со седишта, столчиња за чекање и маси за
пишување, каде што клиентите можат да преседат додека дојде нивниот ред, или пак да
припремат документација согласно нивните потреби.

Слика 7. Движење на клиенти низ големи банки

Службите за сметководство и книговодство, вообичаено се сместени позади шалтерите за услуги,


каде трансакциите се верификуваат, контролираат и соодветно се обработуваат.
Благајните (шалтерите) во банките вообичаено се сместени на индивидуални терминали, каде што
можат да ги прикажуваат деталите за сметката на нивните клиентите, и со тоа да се задржи
правото за заштита на лични податоци .
Слика 8. Патека до сигурна соба - трезор

Други служби наменети за корист на клиентите, како менаџерски канцеларии, оддели за


кредитирање и ревизија, обично се сместени во простории што излегуваат од главната банкарска
сала, честопати со посебни соби, кои можат да бидат лоцирани и на горниот кат.
Доколку банката има трезорски оддел за сигурносни кутии за депозит, односно сефови, пристапот
од банкарската сала до нив треба да биде преку одредена партитативна поделба, обично преку
службата за безбедност, или пак честопати преку заштитна решетка која од лобито води кон
трезорот.

Слика 9. Распоред и релации помеѓу просториите во една високоразвиена банка


Во помалите банки трезорската просторија може да се подели со една или две врати, при што
едниот дел ќе биде наменет за банкарска употреба, другиот за клиенти. Поголемите банки обично
имаат посебна трезорска просторија покрај таа за клиентите. Канцелариите на одделите за
безбедност се лоцирани пред трезорот и вообичаено тие имаат посебна скалила до банкарската
сала или пак тн безбедни лифтови.
Други простории до кои треба да се пристапува преку посебни скалила се подрумите, просториите
за складирање, топлотните подстаници, телекомуникациска опрема и така натаму.

Слични на банкарските згради се и објектите на Градежните друштвени фондови, кои во Велика


Британија постојат од крајот на 18 век. Тие се друштва на инвеститори кои прифаќаат инвестиции,
плаќаат камата на депозитите и изнајмуваат или продаваат недвижнини и имоти на луѓе што
градат или купуваат. Инвеститорите се или акционери-членки или едноставно депоненти. Тие ги
обезбедуваат средствата од кои се направени заемите за куќа. Бидејќи генерално ваквите објекти
функцинираат на ист начин како и банките, барањата за нивната градба се многу слични со
градбата на банкарските згради.

4.1 Дизајирање на отворен плански простор

Постои тренд кон распоред со отворен план во современите банки и градежните друштва, со цел
да се обезбеди повеќе простор за клиентите, правејќи ги да се чувствуваат удобно и
добредојдено. Бидејќи габаритните заштитни стакла во денешни услови се речиси непотребни, се
отвораат можности да може да се отворат дополнителни простори за употреба на клиентите.

Во текот на последните години, дизајнот на банката се развива согласно неколку начела :

- Банките се повеќе да добиваат изглед на продавници за малопродажба.


- Применување на целосно застаклен или отворен преден дел со цел создавање на попривлечна
слика за клиентите.
- Продавање на услуги, односно одредени финансиски производи што треба да се „продадат“ од
страна на банкарски персонал обучен за итеракција со клиенти во една пријателска, привлечна
околина.
- Повеќе простор наменет за клиентите, дизајн на банките со подобра употреба на светлина и боја,
истакната малопродажба и продажба на финансиски производи, удобни простории за чекање и
приватни простории за разговор и косултации помеѓу банкарскиот персонал и клиентите.

Идејата за усвојување на еден отворен плански простор во банките, е со цел за приближување на


персоналот до потребите на клиентите, тежнеење кон градење на поголема лојалност од страна
на клиентите и создавање на средина со подобра услуга, што би резултирало во достигнување на
поголема деловна активност за банката како финален резултат.
Пуг Мартин, архитект кој работи со Берклис банка, ги наведува следниве водечки принципи
организирање на просторот на една висико развиена банка со отворен плански распоред.
- Максимизирајте го просторот што му е даден на клиентот, а од друга страна преместете ги
банкарските сервисни услуги поблиску до периметарските ѕидови, односно намалете го просторот
за персоналот и опремата за поддршка колку што е можно повеќе.
- Минимизирајте го просторот за споредни процеси и безбедносни функции, а вработените во
позадина “back office”се повеќе се да се префрлаат од гранките и да се централизираат.
- Максимизирајте го потенцијалот за „продажба“ на финансиски производи, односно со
релоцирање на просторот за непродажните банкарски услуги, ѕидовите и подниот простор да се
ослободи за прикажување на литература и каталози на производи и рекламни материјали. Со ова
се овозможува да се испорачуваат координирани маркетинг кампањи лесно видливи од страна на
клиентите.
- Создадете интимен простор за контактирање со клиентите во врска со справување со
финансиските производи.
- Постигнете отворена, гостопримлива и пријатна околина за потрошувачите што лесно го внесува
клиентот внатре, ја прави секоја услуга лесна за наоѓање и му овозможува на клиентот комфорно
движење низ целата банка.

Слика 10. Основа на приземје на една банка, вклучувајќи ги нејзините основни функции
4.2 Диспензери за пари - Банкомати

Диспензери за готовина или банкомати сега се веќе универзална опрема на современите високо
опремени банки и градежни друштва. Тие можат да бидат лоцирани во самата банка или да
гледаат кон улицата. Второто решение им овозможува на клиентите пристап до сметките и
фондовите 24 часа на ден.

Банкоматите обично се вградуваат во фасадата на банката и тие треба: (1) да бидат на или близу
до нивото на земјата за да овозможат лесен пристап од јавноста, (2) да овозможат пристап од
задниот дел за вработените во банката за дотур и контрола на парите, (3) да не ги нарушуваат
прозорските рамки. прагови или хоризонталните декорации, и (4) одговараат на ритамот на
зградата. Понекогаш, банкоматите се поставени на страната на зградата, што помага да се решат
проблемите со пристапот лица со инвалидитет и во случај на пречки на торотоарот. Во поголемите
банки, голем број на банкомати за пари можат да бидат поставени и во лоби просториите кои
треба да бидат отворени за клиентите во секое време.

5. СЕФОВИ И БЕЗБЕДНИ ТРЕЗОРСКИ ПРОСТОРИИ

Генерално ѕидните сефови се метални кутии вградени во sидовите сокриени зад некоја
конструкција или слика. Тие се користат за заштита на скапоцености како во домашни имоти, така
и во деловни простории.

Слика 11. Големини на типичен ѕиден сеф


За чување на вредни и доверливи документи на безбедно, во бизнисот се користат метални
кабинети, тн сефови кои истотака треба да бидат и противпожарни, а можно е користење и на
подни сефови за безбедно складирање.
Вредностите што ретко се користат, најдобро е да се чуваат во изнајмени сефови сместени во
банкарските трезори.

Слика 12. Кабинет за документи со внатрешен сеф


Слика 13. Поден сеф за чување на документи и пари

Трезорските простории, каде што се сместени сефовите или кабинетите за чување на вредности
треба да бидат дизајнирани така да овозможат спречување од насилно пробивање од страна на
криминалците, а структурата на вратите кон овие простории мора да бидат во состојба да
обезбедат доволно време за спречување на влегувањето на потенцијалните натрапници.
Затоа, просториите во кои се сместени сефовите не смеат да бидат оградени со ѕидови кои во
исто време се и преградни ѕидови со други соседи, ниту пак да се вградуваат во ретко користени
простории на банката или пак да граничат со земја.
Искуството покажало дека во друг случај, натрапниците ќе имаат доволно време за работа на
незаштитена локација и може да дојде до намалување на ѕидот до тенок слој што потоа може брзо
да се скрши.
Затоа, просторијата мора да биде една независна структура, која треба да е опкружена со сите
страни, вклучително и горе и подолу, со делови од банката кои се во постојана употреба, и врз
кои се овозможува целосен надзор.
Слика 14. Банкарски метални кутии за изнајмување

Тестовите покажале дека мешавина од бетон 1: 3 со специфични минерални адитиви нудат


подобра заштита од ѕидарија. На умешен sидар опремен со остри длета ќе му бидат потребни над
12 часа за да пробие 40 см дебел ѕид од овој тип, споредено со само 9 часа за да се пробие ѕид
од печени тврди тули со малтер од 1: 3 однос. Употребата на железната арматура во ѕидовите
незначително ги забавува натрапниците, од причина што армираните шипки може да се исечат со
арматурни ножици, така што додадената цена не е баш оправдана..

Слика 15. Сигурна соба за помали банки


Најекономичен начин да се затвори трезорска просторија е со 50cm бетонски ѕид 1:4, за што ќе
бидат потребни 20 часа истиот да се пробие.
Претпоставувајќи 8 часовен работен ден, натрапниците би имале нарасполагање само 16 часа.
Сепак, во најлош случај, во недела и празници, крадците би можеле да имаат дури 88 часа и
земајќи впредвид дека современите електрични и пневматски машини се се повеќе моќни, ваквите
простории се секогаш ранливи.
Затоа, тие треба да бидат често прегледувани и надвор од службено работно време, и ова може
да се направи со употреба електронски уреди и безбедносни системи за мониторинг кои можат да
го известат чуварот преку алармниот систем во банката, или најблиска полициска станица,

Слика 16. Сигурна соба опколена со соседни ѕидови


Трезорски врати.

За да издржат било каков напад, трезорските врати треба да бидат со дебелина од 27-30см и
направени се од засилени огноотпорни и нетопливи челични плочи. Ваквите оклопни врати треба
непречено да можат да се вртат на челични шарки, а рабовите се обработуваат така да истите се
вклопат точно во армираната врата која ги опкружува. Тие немаат клуч за отворање, туку наместо
тоа да користат елаборирани уреди за заклучување со далечинско управување и се обично се
заштитени со електрично управувани алармни системи кои се активираат на најмала вибрација на
вратата.

Слика 17. Сигурносна трезорска врата со внатрешна врата за преку ден.


Заштита на благајната

Шалтерот на благајната е обезбеден со алармен систем управуван со нога или колено за да се


заштити банкарскиот персонал од потенцијален напад. Парите се чуваат на безбедно во
стандардни челични ормани, обично сместени под пултот.

Слика 18. Типични големини на помали сефови

Слика 29. Типични големини на огноотпорни сефови.


Прилог:

Внатрешно уредување на банка.


Превземено од Семестрална вежба на студент Иван Николиќ,
изработена за предметот Јавни ојекти 2.
Слика 30. Основа на сутерен на банка

Слика 31. Основа на приземје на банка


Слика 32. Основа на прв кат на банка

Слика 33. Основа на втори кат на банка

You might also like