You are on page 1of 33

МИТ УНИВЕРЗИТЕТ

АРХИТЕКТОНСКИ ФАКУЛТЕТ

СЕМИНАРСКА РАБОТА ПО ПРЕДМЕТОТ:

ЈАВНИ ОБЈЕКТИ 1
Постдипломски студии

БИБЛИОТЕКИ

Студент: Николиќ Иван


Ментор: Проф.Др. Вангел Дуновски

Април, 2015
СОДРЖИНА

1. ВОВЕД

2. ЛОКАЦИЈА

3. ГЛАВНИ ФУНКЦИОНАЛНИ ГРУПИ

4. ПРОСТОР ЗА ЧИТАТЕЛИ

4.1 Просторни карактеристики на просторот за читатели

5. МАГАЦИНИ ЗА КНИГИ

5.1 Просторни карактеристики на магацините за книги

6. КАТАЛОЗИ

7. ПРОСТОРИИ ЗА ПЕРСОНАЛОТ

8. ГЛАВЕН БИБЛИОТЕКАРСКИ ПУЛТ

9. КОНСТРУКЦИЈА И МОДУЛАРНИ СИСТЕМИ

10. ОСВЕТЛЕНИЕ
1. ВОВЕД

Според статистичките податоци На UNESCO, производството на печатен материјал во


светот се зголемило од 300 илјади печатени примероци во 1955 година на 500 илјади
примероци во 1970 година. Ако се претпостави дека овој број и натаму забрзано ќе расте,
проблемот на програмирање, проектирање и градење библиотеечни згради станува се
позначаен, не само за архитектите и блиотекарските стручњаци туку и за поширокото
општество.

Претпоставка е дека со зголемувањето обемот на печатен материјал се зголемува и


бројот на неговите корисници, а тоа и бројот на местата за користење на книгата во
училиштата, универзитетите и научните институции, меѓутоа се повеќе и во
општествените,производните и станбените пунктови на населението.

Брзиот развиток на новите, електронски форми на собирање и ширење информации носи


нови функционални и програмски концепции на библиотечната зграда, сосем различни од
оние во минато. Најсмелите претпоставки за видот на библиотеката во иднинаодат
дотаму што се претпоставува дека наскоро ќе отпадне потребата од собирање книги и
читатели во централизирани библиотеки и дека спомнатата ефикасна електронска форма
на размена на информации, потоа лесното производство на разни видови фотографски
репродукции, ликовни или тонски ленти со голема содржина на податоци на мал простор-
од основа ќе го изменат класинниот, академски начин на научноистражувачка работа што
се потпира на затворениот
фонд на литература во класичната библиотека.

Меѓутоа, ние ќе се задржиме на фактот дека до тогаш,


сегашните згради на библиотеки и оние што ќе ги проектираме и градиме во иднина ке
примаат се повеке читатели, а со тоа и книги,ракописи и разен архивски материјал што ќе
се користи на досегашниот начин и ќе се чува во досегашниот тип библиотечни згради.
2. ЛОКАЦИЈА

Најчестите ограничувања при изборот на локација за нова зграда на библиотека доаѓа од


постојните објекти што во значителна мера можат да ја ограничат слободата во
проектирањето. Други одлучувачки фактори при изборот на локацијата би биле:

- постоење на силни извори на бучава од луѓе или моторни возила, но и од бучни


индустрии,
училишта, спортски терени и слично;
- можности за паркирање на моторни возила за персоналот и за посетителите;
- можности за проширување на објектот во иднина;
- погодни геофизички карактеристики на теренот;
- лесни приклучоци на енергетската инфраструктура (водовод, канализација,
електрика,
градска грејна мрежа, евентуално снабдување со гас).

Само со внимателна анализа на сите горе наведени фактори, односно услови што ги нуди
локацијата, архитектот може да даде успешен одговор на проектантската задача.
Од местото на лоцирањето на библиотеката многу ќе зависи и степенот на нејзината
посета. Библиотеката, со својот надворешен изглед и со позицијата во просторот, треба
да привлекува а не да одбива. На помала реонска или градска библиотека местото и е во
административните или трговските центри на градот или реонот, на места каде што
најинтензивно се вкрстува пешачкиот промет. Се мисли дека библиотеката ќе биде
помалку посетувана ако е оддалечена повеќе од 1000 метри од местата за живеење.

За помала библиотека што ќе биде наменета за станбен реон со 30.000 жители,


оддалеченоста не треба да биде поголема од 1 км од крајните места на живеење.
Најприфатлива локација за библиотека во универзитетски кампус би била на патот од
објектите што служат за настава кон ресторанот

Р - ресторан
Ф - објекти за настава:
СТ - студентски домови
Б - библиотека

Зградата на една нова библиотека потешко ќе добие место во постојните градски центри.
Почесто ќе се лоцира во центрите на новите градски населби. Бидејќи таква библиотека
служи за одреден број корисници и одредена категорија жители, не е така строго
барањето за нејзината флексибилност, ниту за нејзиното ширење или каква и да било
надворешна или внатрешна трансформација во иднина.

Ако се работи за универзитетска библиотека, таа треба автоматски да биде лоцирана во


центарот на универзитетскиот кампус или центар, водејќи притоа сметка да биде поблизу
до објектите што служат за исхрана отколку до оние за живеење на студентите. Идеално
решение би било локацијата да биде во близина на објектите за одржување настава, до
амфитеатрите, на патот кон ресторанот.
3. ГЛАВНИ ФУНКЦИОНАЛНИ ГРУПИ

Отсекогаш библиотеката имала три основни функции - собирање и чување книги; давање
на општествено користење на библиотечната збирка,и ширење на културата.
Во зависност од големината и намената на зградата ќе биде и нејзината функционална
разгранатост. Се уште преовладува класичната поделба на следниве главни групи
простории:

- простории за читатели (читални), информативна служба, просторни за заемање,


дистрибуција и претплата на книги и случно, како и простории за општествено-културни
дејности (предавања изложби и друго)
- простории за складирање на книги, кои во поновите библиотеки им се подостапии на
читателите;
- простории за библиотекарскиот персонал, задолжен со набавка,ракување и одржување
на библиотечниот фонд, па се до грижта за одржување на зградата.

Покрај печатениот материјал, во библиотечннот фонд денеска се повеке навлегува


аудиовизуелниот или на друг начин репродуциран материјал: фотографии, филмови,
грамофонски плочи, магнетофонски ленти и слично. За нивната набавка, чувањето и
користењето се наметнува и потребата од посебни простории во зградата, било да се во
состав на просториите што случат за читателите (дискотека, читање ммкрофилови, тв
кабини), било.да се тоа лаборатории за репродукција на слики, текстови или тонови,
односно простории во кои тој материјал ќе се чува.

Постои мислење дека низата потреби и функции што библиотеката ги содржеше во


минатото постепено ќе се изгубат, дека брзиот развој на електронските форми на
информации наскоро ќе
доведат до елиминација на потребата од колекцнонирање на книги и собирање читатели
во досегашните централизирани библиотечни згради. Развојот на електронските
информации, зголемената размена на книги, лесното производство на секаков вид копии
на книги, слики или тонови на секој начин ќе го трансформираат класичниот начин на
читање во општите библиотеки, со тоа што главниот ефект ќе се пренесе на
библиотеките за научноистражувачка работа.

Функционалната специфичност на библиотеката, а со тоа и нејзиниот физички изглед,


најмногу ќе зависи од односот на трите главни групи простории: за читатели, за книги и за
персоналот.
Тој однос го диктираат: 1) начинот и системот на складирање на книги (дали само во
затворени магацини или и во просгорните за читање), 2) дали книгата се заема или се
користи во самата зграда (или и едно и друго) . Овие разлики ќе се почувствуваат
посилно кај зградите на библиотеките со голем капацитет, било да се општообразозни,
народни или универзитетски библиотеки.
И само една просторија што содржи маси за читање, полици за книги, работно место за
библиотекар ги открива трите главни функционални групи кај библиотеките:

1. за книги
2. за читатели
З. за персонал
4. ПРОСТОР ЗА ЧИТАТЕЛИ

Просториите што служат за читање и работа во една библиотека можат да се поделат:

- според категоријата на читателите - дали служат за возрасни или за деца,


- според видот на читалните, кои можат да бидат од општ карактер или да се со
специјална намена (студиски чнтални),
- според типот и димензиите на користениот материјал (книги,фотографии,
микрофилмови, списанија, мапи, магнетофонскн снимки и слично).

Иако читањето е базична активност во секаков вид библиотеки, постои разлика помеѓу
студиското читање и читањето од разонода. 3а овие две форми се потребни наполно
различни простории кои ќе зависат од видот на библиотеката. Универзитетските
библиотеки ќе содржат повеќе простории за студиска работа, но кај нив, исто така, не
треба да се занемари нудењето на полесна атрактивна литература, која ќе предизвика
поголем интерес за студиската материја. Од аналогни причини и народната библиотека
може да биде снабдена со посериозна литература. површината на просториите за
чување е збир од површината што ја заземаат масите за читање и површината за
движење помеѓу нив на читателите и на персоналот. Просторот што го заземаат масите
или пултовите за читање ќе зависи од материјалот што се користи. На пример, читањето
или гледањето мапи бара поголем простор,читањето ракописи бара одлагање на други
книги. Освен тоа, при некои методи на учење се употребуваат микрочитачи или други
електронски средства за прикажување на студираниот материјал на екран или платно.

Во општите читални обично се предвидуваат посебни маси за читање, издвоени или во


редови, со индивидуални места за седење и работа. Не би требало да постои фиксна
димензија на читателското место нити фиксен број на читатели на една маса.
Одредувањето на димензиите и на бројот на масите во општите читални најдобро е да се
реши во консултација со библиотекарски стручњак, а архитектот треба да предложи таква
просторна концепција на читална во која ќе може да се овозможи што поразличен можен
распоред на маси, како по бројот, така и по димензиите.

Како општо правило за димензиите и распоредот на масите во една општа читална може
да се земе дека бројот на читателите по маса ќе варира во сразмер со времето на
престојот на читателите во читалната, како и во врска со барањата за интимност во
работата и за контрола. Кај отворениот тип библиотеки (со магацини за книги достапни
директно на читателите, без посредство на служба за издавање), кога временски
престојот е кус а со тоа и прометот помеѓу работните места за читање (и полиците за
книги) поинтензивен,должината на прометните линии на читателите треба да е покуса, а
со тоа и бројот на читателите по маса помал. На тој начин се избегнува поголемото
меѓусебно вознемирување на читателите. И обратно, кога читателите престојуваат
подолго време во просториите за читање и кога дистрибуцијата на книги е со посредство
на персоналот, помали се барањата за интимност. Подолгиот престој при студиска работа
ќе бара и посебен индивидуален простор за работа, некој изолиран бокс, клетка, а таму
каде што се користи редок и осетлив материјал, бројот на читателските места ќе се
подреди на потребите на режимот за поефикасна контрола.
Земајќи ги предвид сите горни фактори (во зависност од димензиите и диспозицијата на
масите, како и димензиите на комуникациите помеѓу нив), просечната површина, во
општа или специјална (студиска) читална, по читател може да се движи од 1,7 до 4 метри
квадратни.

Просечна површина по читател во просторот на читалните најмногу ке зависи од


големината и видот на масите за читање. Просечната површина знатно се намалува ако
во просторот преовладуват заеднички маси со позиција на читателите "лице в лице".

Димензиите на прометните површини во просториите за читање најмногу ќе зависат од


методот на издавање на книгите. Во еден случај читателот ги прибира книгите сам од
блискиот пулт за издавање или од полиците со книги од отворен тип. Во друг случај,
персоналот ги дели книгите со помош на количка. Во другиов случај прометните
површини треба да бидат прилагодени на димензиите на количките, доколку тие
остануваат до масите за читање. Инаку овие колички најчесто не би требало, поради
нивните димензии, да ги зголемуваат слободните површини помеѓу масите за читање.
Како прифатливи димензии на маса за работа за еден читател се земаат 60/90см.
Индивидуалната маса има психолошки предности, но зазема многу простор, а нејзината
стабилност е ограничена со скапи приклучоци на извори на светло и со нужни приклучоци
во подот.
Распоредот маса наспроти маса има предности во тоа што еденчитател може делумно да
користи простор и од масата наспроти него, доколку соседниот читател не ја користи. За
да се избегне тоа се предвидуваат прегради, а тоа ја зголемува интимноста во работата.
Долгите маси претставуваат економично решение, но пристапните површини треба да се
пошироки. Кога целата маса не е окупирана, читателот може да се прошири на нејзиниот
простор. Приодот и излегувањето предизвикуваат меѓусебно пречење на читателите.
Најчесто се предвидуваат со капацитет од 4 до 12 места за седење, со длабочина не
помала од 120 см. На челото на масата не се предвидуваат места. Масата може да се
подели со прегради по должината, но тогаш треба да се предвидат и индивидуални
светла.

Индивидуални боксови - клетки се предвидуваат за читатели на кои им е потребен мир


при користењето на една книга подолго време. Можат да бидат опремени со машина за
пишување, со микрочитач или со ТВ. Читателите можат да користат сопствена машина за
пишување, радио или магнетотон. Преку стаклена врата, или на сличен начин, читателот
треба да биде надгледуван од персоналот, доколку клетката е наполно издвоена.
Димензиите на индивидуалните читални можат да варираат од 150/120 до 240/360 см.

Клетките - индивидуални читални имаат голема психолошка предност за индивидуална


стусиска работа. Повеќе се барани отколку што можат да бидат дадени на читателите. За
да се постигне тоа,се вршат повеќе обиди:

- со индивидуални маси, издвоени со ниски прегради, лоцирани покрај ѕид или пред
прозорци, се обезбедува приватност, а тие заземаат мал простор и лесни се за
надгледување;
-,со индивидуални маси во ниши за читање што се формираат со полици за книги, во
затворен магацин или во читална, меѓутоа читателот тука може да биде вознемируван од
други читатели кои бараат книги по полиците;
- со други видови ниши формирани во продолжение или помеѓу редовите на полиците, во
складовите за книги или во просториите за читање.
За сите видови индивидуални клетки за работа, сосем изолирани или полуотворени, мора
да се обезбеди простор од минимум 3,0 метри квадратни.
4.1 Просторни карактеристики на просторот за читатели

Просторните карактеристики на читалните главно зависат од режимот книга-читател. Кај


отворениот тип библиотеки, каде што имаме тенденција читателите да се приближат што
поблиску до книгата, материјалот што се дава на читателите на користење нема
исклучителни вредности и поради тоа потребата од надзор не е така изразена. Таквиот
тип читални се претвараат, во некои случаи, и во отворен тип магацини,во кои работат
помал број читатели. Тука просторот за книги е поголем од просторот окупиран од
читатели. Во овие случаи честа е потребата да се менуваат колекциите со книги, нивниот
број, а со тоа и распоредот на полиците со книги и на местата за читање.

Во затворениот тип библиотеки пристапот во магацините со книги е под посебен режим


на контрола и, по правило, недостапен на читателите. Книгите се земаат од полиците
само од персоналот задолжен за тоа и се доставуваат на читателите преку пулт за
издавање или директно до масата за работа. Во овие случаи материјалот што се
употребува за читање е поскапоцен отколку во библиотеките од отворен тип, а со тоа и
надзорот има поголема важност. Читателите се концентрирани во широки заеднички
простори за читање, надгледувани, служени од една или повеќе централни точки на
персоналот. И во овие случаи не се исклучува постоењето во читалните на помал број
полици со книги со слободен пристап за читателите. При режим на најстрог надзор,
точката на надзор и служење е оддалечена најмногу 15 метри. Кај овие библиотеки
односот читател-книга-персонал е многу похиерархиски, а самата организација на
просторот постатична.

Во затворените читални читателот е подолго време на неговата маса. И тука се


предвидуваат изолирани индивидулни места за читатели (боксови, клетки), но од
економски причини и за полесна контрола тоа не може да се обезбеди за поголем број
читатели. Бидејќи бројот на читателите во овие читални е поголем, се јавува потреба да
се предвидат услови за визуелно и акустично одморање. Искуството покажува дека и во
најновите универзитетски читални, каде што има голем број читатели, се јавува умор од
визуелна и акустична природа. Во врска со тоа се јавува потреба од ограничување на
големината на просторот на читалните, доколку тоа инаку не е ограничено и со прописи
за сигурност при опасност од пожар и слично.

Kај студиските (специјални) читални целосно се обезбедува интеграција на односот


книга-читател, што може да биде спроведено и во библиотеката во целина. Mестата за
читателите се поставуваат покрај полици со книги во потребна количина, ставени на
располагање на читателите. Oттука почнува вистинскиот просторен концепт на една
библиотека со читална-магацин, каде што читателите и книгите се сместени во ист
амбиент. Притоа може да постојат повеќе варијанти на просторна организација, а
најчесто со полици на големите ѕидови или управно на нив. Во случај на полици
поставени на големи ѕидови, салата е подредена на должината на ѕидовите. Во другиот
случај, растојанието на полиците не може да биде како во класичните магаципн за книги.
Се обезбедува поширок приод кон книгите со оскино растојание на полиците и преку 2 м
(кај затворените магацини тоа растојание оди до само 1,35 м.) Висината на просторот на
делот за читање може да биде поголема од онаа на делот на полиците со книги. Доколку
се има зголемена висина во читалната, можат да се формираат двоетажни простори за
книги: еден на главното ниво, друг на галеријата, која е достапна со интерни скали. И во
студиските читални се можни просторни решенија со дополнителни индивидуални ниши
за читање (клетки) за студиска работа, фто се формираат помеѓу ѕидовите и полиците за
книги, или само меѓу полиците, најчесто со двострано користени маси за работа со повеќе
места.
Ниша за читање во состав на отворен магацин при што се губи границата помеѓу
магацинот и читалната

Индивидуално место за работа во отворен магацин

Индивидуални работни места во затворен магацин со посебен режим на користење


Во катна височина на читална, решени за етажа на отворен магацин

Читална со слободен распоред на маси со различна големина


1. Просторна шема на библиотека каде што салите за читање и магацините за книги
можат наполно да се интегрираат,
2. Библиотека со целосно издвојување на салите за читање од магацините за книги,
3. Библиотеки без сали за читање, решени исклучително како заемни библиотеки.
Во зависност од односот помеѓу салите за читатели и магацините за книги се развиваат
горните шеми на библиотеки. Во последно време скоро преовладува шемата под број 1,
кај која се остварува најголема интеграција на просториите што служат за читатели со
просториите што служат за складнирање книги, при што магацинот ја зазема централната
позиција во основата на објектот. Просторната шема 1 ги има следниве предности

- сите сервисни служби се решени кружно околу магацинот а по потреба развиени и по


вертикала,
- остварена е најкуса врска помеѓу читалната и магацинот,
- постигната е лесна наменска поделба на фондот на книги и на категоријата читатели,
- упростен е транспортот на материјал и прометот на читатели
- добиена е слобода во ориентацијата на читалните,и др.

Меѓутоа, централната позиција на магацинот го спречува неговото проширување во


хоризонтална насока. Останува можноста за негово растење во вертикала, при што е
нужно претходно пресметување на конструкцијата за развивање во повеќе етажи.

Позицијата на магацинот во долната шемата нема предност во однос на вентилацијата и


осветлувањето на магацинските простории бидејќи се претпоставува дека тие ќе бидат
вештачки климатизирани.

Простор за читатели во библиотека од отворен тип,каде што наполно е остварен односот


на читалната со магацинот.
5. МАГАЦИНИ ЗА КНИГИ

Постојат две основни можности за локација на магацини или други простории за


складирање на книги и друг библиотечен материјал:

- во просториите за читање
- во посебни простории, опишани како затворени магацини, каде што пристап има само
персоналот на библиотеката.

Димензиите на просторот за складирање книги зависи од видот на материјалот што се


складира, како и од начинот на неговото користење (издавање и враќање). Основна
мерна единица би била полица со потребна длабочина за складирање г на материјал што
по димензиите и содржината варира од мали 5 микрофилмови, мали или големи книги,
ленти и плочи, па се до големи мапи.

Иако класификацијата на предметите по содржина има предност, повеќето библиотеки


настојуваат да го складираат материјалот според неговата големина, бидејќи се
заштедува во искористувањето на просторот и до 30%.

Основен елемент на мебел прифатен за складирање на книги се полици


стандардизирани на 90 или 100 см должина, под претпоставка дека имаме
конвенционален систем на транспорт и издавање книги. Должината на елементот од 90
см повеќе одговара на видното поле на очите. И двете мерки се во зависност од
прифатениот индустриски стриски стандард во производството на мебел за библиотеки.

Искуството во складирањето на разни видови материјали и книги покажува дека полиците


со длабочина од 20 до 23 см можат да задоволат во 90% од случаите. Најчесто оскино
растојание на полиците по вертикала е 28 см. одземајќи ја дебелината на полицата (2
см), како и празниот простор за прстите од горната страна на вертикална поставените
книги, се добива можност за сместување книги високи (24 см). Бидејќи овие полици
најчесто не се фиксни, по потреба може да се обезбеди и погоголема височина со
едноставно менување на позицијата на полиците по височина.

Височината на највисоката полица е ограничена со најголемиот дофат на човечката рака


(190 см). Таа може да се зголеми доколку се употребуваат лесни подвижни дрвени или
метални скали. Доколку треба да се обезбеди видливост преку полиците кон некои
простории, полиците можат да бидат и пониски.
Најниската хоризонтална полица не смее да биде пониска од 30см. Должината на редот
со полици ќе зависи од потребата за лесен приод до крајната точка на редот. При
должина на елементот од 90 см, во непрекинат ред можат да бидат најмногу девет
елменти. При некои механички системи за транспорт на книгите,при употреба на
тролејски колички или подвижни полици, должината на редот на полиците ќе зависи од
динамичките лимити на системот.
Широчината на приодите помеѓу редовите полици, исто така, ќе зависи од системот на
служење. Самиот избор на услужниот систем ќе зависи во голема мерка од должината на
патот до книгата, од обемот на прометот во библиотеката (односно во магацинот), како и
од просторииот однос помеѓу магацинот и просториите за читање.

30 книги во полица х 2 х 8 реда полици / раст. меѓу редовите на полици =240 кн/м2
5.1 Просторни карактеристики во магацините за книги

Затворениот магацин се исклучува од другите простории.


Границата на неговите димензии ќе бидат одредени со капацитетот на збирката на книги
или со противпожарните прописи.
Височината на магацинот ќе зависи од типот на полиците и од видот на осветлението, од
системот на кондиционирање на воздухот, а во последно време и од системот на
противпожар заштита. На пример: ако полиците се нормално високи и не се потребни
помошни скали до книгите, ако осветлението паѓа вертикално на редовите со полици,
минималната чиста височина на просторот може да биде и 2,60м, што е во зависност од
применетиот систем на осветление, вентилирање и противпожарна заштита. Кај Некои
системи за противпожарна заштита: каде што по таваните се применуваат распрскувачи
на вода или друга течност, над полиците се бара слободен простор од минимум 50 см.
Овие системи најмногу се оспорувани од библиотекарите, кои се уште се под влијание на
традиционалниот страв од воведување инсталации за вода во магацините. Од друга
страна, само системите со распрскувачи можат ефикасно да спречат или локализираат
пожар во магацините со книги.

Висината на таванот во магацините за книги може да биде диктирана и од објектите за


осветление или за противпожарна зашитита, ако тие пречат за слободно разместување
на полиците со книги.
Можни просторни интеграции на главните функционални групи во библиотеките.

Просторна искористеност на магацин за книги со нето широчина од 21,60 м за четири


различни оскини растојанија на полиците
Максимални дофати на раката (за возрасни, младинци и деца), висина на столовите и на
работната површина во библиотеките.
Во големите библиотеки просторот за каталози може да заземе голема површина. Заедно
со масите за консултации се предвидуваат 15.000 картички на м2
6. КАТАЛОЗИ

Современата библиотека е утилитарна зграда која треба да овозможи брз контакт меѓу
читателите и книгите. Но таа не претставува еден простор за читатели и друг простор за
книги. Книгите треба да бидат избирани, раководени, купени и точно класифицирани.
Читателот има потреба од консултации, да биде услужен со книгата што ја бара.
Каталогот е простор кој има функција на посредување помеѓу читателите и
библиотечниот фонд на книги и другиот складиран материјал.

На читателите, по правило, им се даваат на користење најмалку два вида каталози:

- каталог по аналфабетски распоред на авторите


- каталог среден по предмети, според содржината и карактерот на книгата

И за едниот и за другиот каталог постојат утврдени правила и кодекси. Во некои


библиотеки двата вида каталози можат да бидат фузионирани во еден каталог - речник,
каде што авторите, предметите и насловите се ставени во еден единствен алфабетски
ред. За ракописите, ретките книги, музичките материјали и слично, се даваат на
располагање каталози сведеии на посебни норми. Основниот каталог на книжниот фонд
на библиотеката нормално не е на располагање на читателите. Среден е на
енциклопедиски начин, наречен децимален. Модерната класификација на еден каталог
содржи таква диспозиција на книги, при која иста кратенка одговара на предметот во
каталогот и на неговата позиција во магацинот.
Картичките во каталогот можат да бидат собрани во свески или во касети. За публиката
се позгодни свеските додека касетите се поконцентрирани и позгодни за дополнување.

Класичниот каталог се сместува во двојни ормани кои содржат фиоки со картички. Покрај
орманите, во просторот се предвидуваат и посебни маси за разгледување и пополнување
формулари таблите што се извлекуваат од орманот, а служат за таа цел, можат да го
попречат прометот. Што се однесува до орманите и до просторот што го ангажираат, се
зема во обѕир дека една фиока (касета), длабока 35 см, може да собере 500 картички.
Најдобри се оние фиоки во кои картичките се нанижани на дршка за да не можат да се
вадат. За да се избегне наведнувањето, првиот ред фиоки почнува на 70 см од подот.
Еден метар квадратен вертикална површна на орманот со каталогни картички може да
собере околу 25 илјади картички со димензии 75/125, собрани во 50 фиоки.

И во случај на воведување на некој електронски систем во службата на каталогот, тоа


засега не ќе ја измени просторната концепција која инаку се предвидува за класичен
каталог. Останува правило, просторот со каталози да биде пристапен лесно на
читателите и ориентиран кон контролниот библиотекарски пулт.
Во зависност од капацитетот на библиотечниот фонд, каталогот може да заземе значаен
простор во библиотеката, сместен во нејзината бучна функционална зона на простории.
7. ПРОСТОРИИ ЗА ПЕРСОНАЛОТ

Модерната библиотека треба да обезбеди доволно простор за стручниот и


административниот персонал. Овие простории тешко можат прецизно да се дефинираат.
Не би било доволно да се каже дека за нив важат прописите за проектирање
канцелариски згради. Нивното димензионирање повеќе зависи од посебните задачи што
библиотеката треба да ги исполнува на поширок општествен план.
Постојат, сепак, јасни барања за 1) простории за стручниот библиотекарски персонал во
службите за каталози и обработка на книги и за 2) простории за административната
управа на библиотеката.
Во првата група работни простории претежно се врши високостручна работа која бара
интензивна концентрација за стручно водење на обемниот библиографски материјал и
друга документација.

Димензиите на работните површини за персоналот зависат од типот и количината на


материјалот со кој се ракува. На пример, ако голем број примероци на книги треба да
биде обработен во еден ист момент, ќе биде потребна голема работна површина, како и
дополнително фиксно или мобилно складирање на книги во работниот простор. Ако е
предвиден некој механички систем за транспортирање книги, ќе биде потребен и
дополнителен простор за колички или други механички средства. Освен во случаи кога
обработката на материјалот треба да тече брзо, просториите за обработка и за
службениот каталог не бараат посебна инсталација за транспорт бидејќи персоналот што
работи во овие простории обично не сака да биде вознемируван од механички средства.

Општо земено, работните простории за библиотекарскиот стручен и административен


персонал треба да бидат просечно поголеми од просториите во кои работи персонал од
еквивалентен ранг во обична административна зграда, бидејќи не можат да се дадат
цврсти стандарди за големината и бројот на овие простории за различни видови
библиотеки. Сепак, веднаш можат да се согледаат извесни специфичности:

- видот на опремата, претежно со полици за книги, ја отежнува можноста за големи


пејзажни канцелариски простори,
- употребата на механички средства не дава можност за строго преградување,
- скапоценоста на некои материјали што се чуваат бара прегради за поголема
сигурност.

Од друга страна, додека во обични канцеларии општото ниво на бучавата е слабо


константно и високо, просториите за обработка на книги во библиотеките се
карактеристични по употребата на полумануелни операции,(кои, исто така, можат да
бидат бучни), но и по вршењето професионална работа која бара повеќе концентрација и
мир.
Просторот за обработка на книгите треба да има лесна врска со службениот каталог,
директно или преку лифт, со употреба на колички или слични механички средства. Главен
мебел во овие простории се работните маси и полиците за книги.
Во просторот за службен каталог и класификација на материјалот треба да постојат лесни
меѓусебни врски на персоналот. Главен мебел се орманите за каталози. Потребно е да се
предвидат 14 м2 по службеник, а во зависност од опремата со која се располага: апарати
за копирање и друга репродукција на материјалот што бара голема флексибилност на
просторот.
Заштитата на книгите со обвивки (тврдо или меко укоричување) може да бара некоја
потешка статичка машина. Во поголемите библиотеки, посебно организираната
книговрзница може да добие функција и димензии на помала работилница.

Се повеке се јавува потреба од посебен простор за сместување книги и материјали кои


служат за размена со други библиотеки. Во помалите библиотеки тоа може да го врши
архивската служба. За овие и за другите потребни простории, како што се
Фотолабораторија, печатница, работилници за одржување на механичката опрема и на
самата зграда, архитектот може да донесува решение само во консултација со
библиотекарските стручни лица.

Функционална просторна шема на голема библиотека со потребните површини на


примерот на Универзитетската библиотека во Франкфурт на Чајна (според Нојферт)
8. ГЛАВЕН БИБЛИОТЕКАРСКИ ПУЛТ

Библиотекарскиот пулт е место каде што се остваруваат директните контакти на


читателите со персоналот на библиотеката, било да се работи за помош или за надзор и
контрола.
Пултот може да обединува повеќе функции. Колку е библиотеката помала, толку е
поширока функцијата на пултот: издавање книги, примање издадени книги назад,
регистрирање нови читатели, давање разни видови информации за користење на
каталозите, новодојдени книги и слично. Во големите библиотеки на услуга на читателите
можат да бидат и повеќе пултови, односно повеќе работни места на еден пулт.
Локацијата и обликот на пултот ќе зависат од општиот план на библиотеката, нејзината
намена и големина. Тој треба да обезбеди максимум контрола на влезовите, излезите и
добри визури кон просториите за читање. Во малите библиотеки е пожелно да има
можност од главниот (најчесто-единствен) пулт да се надгледуваат отворените читални -
магацини и да се има врска со главниот магацин. Дополнителен пулт најчесто е потре-
бен во референцијалната читална, каде што книгите не се издаваат надвор, потоа во
детската читална или во други специјални читални. Добрата функционална организација
на просториите ќе содржи и помал број потребни пултови што ќе биде предност и во
помалиот број персонал за нивно работење.
Се претпоставува дека книгите вратени на пултот во извесни часови на денот ќе бидат во
таков број што ќе бидат потребни посебни полици за нивно сместување, како и за нивно
брзо транспортирање до местата во магацинот. Книгите, по правило. се заведуваат, се
сортираат и се ставаат на колички и
со некои механички помошни средства се транспортираат до нивните места за
складирање. Може да се јави потреба и од посебни работни места зад библиотекарскиот
пулт, како што се полици за архива на делот за регистрација и слично. Мали работни
места се предвидуваат често и во посебните пултови во читалните.

Сите работни пултови, посебно главниот библиотекарски пулт доколку ги има повеќе,
треба да се добро осветлени со природна или вештачка светлина. Библиотекарските
стручњаци мислат дека пултот не треба да е директно ориентиран кон влезовите во
зградата, ниту да е посебно нагласен во просторот, за контролата да не биде посебно
нагласена.
1. За мали библиотеки правоаголен елемент може да биде најдобро решение за
библиотекарски пулт

2. Скршената форма на библиотетекарски пулт дава дополнителни површини со лесен


дофат но има ограничена контрола и заштита на содржината на пултот од страна на
билиотекарот.

3. Формата U дава поголема приватност на библиотекарскиот пулт, но ја зголемува


потребната површина околу него.

Во сите три случаи се обезбедува врска на библиотекарот со магацинските и


другите работни просторни
9. КОНСТРУКЦИЈА И МОДУЛАРНИ СИСТЕМИ

Претпоставка е дека зградата на библиотеката во најчест случај ќе биде во конструкција


од бетон или челик, при што носечките столбови ќе бидат распоредени во правилни
интервали, во мрежа на правилен модуларен систем. Теоретски земено, кај секоја зграда
само столбовите остануваат фиксни.Исто така, тешко можеме да менуваме позиции на
скали, лифтови, санитарни јазли или инсталации за греење, додека се друго останува
мобилно, флексибилно.
Најголемиот квалитет на модуларниот систем е флексибилноста во користењето на
архитектонската основа на зградата со можност за нејзино прилагодување кон
изменетите потреби што ќе се наложат во иднина.
Меѓутоа, и модуларниот систем на конструкција има свои скриени недостатоци. Основна
мана би била што едно прифатено модуларно конструктивно поле не може да биде
идеално употребливо за секаква намена. Модул што е згодно употреблив за една
функција (како што на пример, кај библиотеките е магацинот за складирање книги) не
може да биде еднакво погоден за друга функција, за читална, на пример. Затоа некои
теоретичари препорачуваат една третина од модуларните полиња во зградата на
библиотеката да биде погодна за простории за магацини, друга третина за простории за
читални, а остатокот за други намени. Таква препорака денеска не би била прифатлива,
бидејќи се повеќе расте тенденцијата за интегрирање на просторите за читални со
просториите за складирање на книги. Примената на различни модуларни полиња би била
неоправдана и од гледна точка на рационалната градба, при што повторувањето на
елементите на конструкцијата во себе носи и економичност во градбата.

Каков конструктивен модул тогаш да се избере? Претпоставка е дека барањето за


флексибилност во основата ќе дозводи извесна толеранција во решавањето на
организацијата на основата, при што е доволно да се обезбеди потребната површина, а
корекции можат да се извршат подоцна. Изгледа дека обезбедувањето флексибилност не
може да се постигне без значителни жртвувања и во изборот на конструктивниот модул.
И при најдобриот избор секакви дополнителни адаптации ќе бараат измена на видот на
подовите, светлосните извори, поместување на постојните прегради, што ќе претставува
значаен дополнителен трошок.
Флексибилноста на основата на една библиотека може да предизвика и значителни
акустични проблеми што не е работа што треба да се занемари дури и при идеално
добиена флексибилност на просторот. Подвижните прегради, полиците за книги или друг
мебел не можат секојпат да бидат адекватна звучна бариера.

Во секој случај вистинскиот избор на растојанијата на столбовите е една од првите и


најважни грижи при проектирањето библиотека. добриот избор ќе обезбеди подобра
искористеност на просторот и поефикасна градба. Ќе можат да се применат
префабрикувани елементи, ќе се добие и поквалитетна изведба. Тешко е да се даде
одговор за најприфатлива модуларна мера за библиотеки, особено не за секаков вид
библиотеки, ни за разни делови на една иста зграда. За библиотека со голем број места
за читатели и мал фонд на книги ќе одговара еден модул, кај библиотека со мал
капацитет на читални и голема колекција на книги ќе одговара друга модуларна мера на
конструктивниот систем.

Крајно флексибилно но и крајно нерациснално конструктивно решење: наполно


ослободен простор за библиотека со периферно исфрлени помошни простори и
комуникации.

Столбовите со својата позиција не треба да ги блокираат прометните површини во


магацинот или читалната.

Внимателната анализа на модуларните системи кај библиотеките изградени во последно


време покажува голем број варијации, при што распоните се движат од 4,0 до 10,0 метри.
Ако модуларното поле е квадратно или приближно такво при стандардна конструкција во
бетон, распоните обично варираат од 4,8 до 8,4 метри и повеќе. Најчесто крајниот избор
ќе зависи од потребите на складот за книги, каде што многу често модул е 6,75 м во двете
насоки, со димензии на столбовите во финалната обработка 45/45 см. Овој модул
обезбедува пет реда двојни полици со оскино растојание од 135 см во една насока, како и
седум елементи на полици по 90 см помеѓу столбовите. И модулот од 7.65 м. во двете
насоки се приближува до најрацноналниот модул на конструкцијата кај библиотеките,
тргнуваќи пред се од потребата од магацин. Во овие случаи немаме голем број столбови
во просторо. Конструкцијата е во границите на статичката рационалност, а столбовите по
димензија се мали. Бидејќи модуларното поле е мало, редењето на полиците со книги
може да биде во две насоки.
Во магацините за книги изборот на распоредот и распоните на столбовите има директен
ефект во искористување на површината. Распоредот треба да биде пред се резултат на
оскините растојанија на полиците со книги за столбовите да не се јавуваат во премините
помеѓу полиците, освен ако не сакаме да имаме непотребно големи премини. На пример,
ако е дадено минимално оскино растојание 2,0 м, распон од 8 м овозможува сместување
на 4 реда со минимален простор, а пак 7 м распон ќе прими само три реда при растојание
од 2.33 м, што дава зголемување на површината за 16% при сместување на ист број
книги.

Квадратен конструктивен модул со распони од 6.75 м со толерантни оскини растојанија на


редови полици (5) при должина на полица од 90 см дава оптимално искористување на
магацин за книги.

Димензиите кои се паралелни на полиците помалку се важни. Идеално гледано тие треба
да произлезат од прифатениот стандард за должината на полиците (90 или 100 см.).
Одлуката во поглед на големината на модуларните проектански, односно конструктивни
полиња за складови на книги се чини дека е полесна отколку онаа за читални, бидејќи
еден дел од складиштето помалку се разликува од друг отколку што е тоа случај кај
читалните. Изборот тука е посебно важен поради потребата, а некојпат и желбата, за
сместување полици во различна длабочина, а со тоа и поради потребата од поголеми
премини покрај нив во различни делови на магацинот.
Притоа се земаат повеќе фактори во обѕир:

- големината и формата на носечките столбови,


- распоредот на електричните и вентилационите канали,
- должината на редот на полиците со книги,
- длабочината на полиците,
- широчината на премините покрај полиците,
- широчината на главните премини помеѓу магацинските сектори,
- насоките на редовите полици, сега и во иднина,
- светлата височина на магацинот,
- типот на осветлението,
- типот на противпожарната инсталација, и слично

Решение на магацин каде столбовите се вклопени во редови полици со книги

Димензиите на столбовите треба да се подредат на димензиите на двојна полица


Во една голема библиотека нема изгледи еден усвоен распоред на столбови да биде
идеален за комплексно складирање на материјал од секаков вид, па ќе биде потребно да
се проучи најекономичниот распон за општата ефикасна искористеност на површините за
различни случаи на складирање.
Анализата на примената на различни конструктивни модули покажува дека не секојпат со
зголемувањето на модулот(поголемото растојание на столбовите) се зголемува и
искористеноста на магацинот за книги. Најнерационален распон, од конструктивна гледна
точка и од гледна точка на искористеноста на површината на магацинот е распонот под
6,00 м, додека најрационален е оној од околу 8,00 м.
Иако квадратните модуларни полиња се погодни за распоред на полици и во двете
насоки, светлечките тела ќе наложат фиксен распоред на полици со книги. И самите
столбови ќе треба да бидат доволно мали и во двете насоки за да можат помеѓу нив да се
сместат најмалку двојни полици по длабочина, без столбовите да пречат во полето на
минување. Тоа не е возможно секојпат, особено кога имаме правоаголни конструктивни
полиња. Во тој случај, редовите со полици ќе можат да се водат само во една насока, и
тоа така правоаголниот пресек на столбовите со поголемата димензија да влезе во
длабочината на полнцата.
Самата големина на столбот ќе зависи од: а) техничките барања базирани на товарот,
б) типот на конструкцијата, в) дали во себе содржи некоја инсталација, г) неговиот облик.
Во складовите со книги столбовите треба да бидат втопени во редовите со полици, без
да ги блокираат премините помеѓу нив. Столб поширок од профилот на полиците
може делумно да го спречува прометот на читателите, персоналот или на количките за
транспорт на книги. Сето тоа налага решение, при кое столбовите не би требало да се
пошироки од полиците за книги кога се вертикални на нив.
Минималната оптовареност на конструкцијата кај библиотеките треба да биде 600 кг/м2.
Условот просторот да биде флексибилен (ист простор да биде користен и како читална и
како магацин за книги - како општо барање) наметнува конструкција што треба да се
димензионира за најголема оптовареност по м2 во сите простории, било да се за
читатели или за книги. Од таа гледна точка, флексибилните, широко отворени основи на
библиотеките не можат да бидат рационални и по конструкција, особено не тогаш кога во
интерес на флексибилноста се применуваат големи конструктивни распони.
Аналогно на тоа, библиотеките со затворени магацини-солитери, што се развиваат во
височина, претставуваат порационално решение од решението со читална-магацин, кое,
од друга страна, ќе биде конструктивно "неискористено" ако во иднина се користи
само како читална.
10. ОСВЕТЛЕНИЕ

Осветлението има три основни функции во една библиотека:

- да се прилагоди со интензитетот кон видните можности на очите на читателот


- да го збогати ентериерот
- да го привлече вниманието однадвор.

Горните барања очигледно полесно ќе се задоволат со вештачка отколку со природна


светлина. Денеска, кога сме во ера на рационално користење на сите извори на енергија,
решението при кое се занемарува природната светлина во една библиотека не може да
биде прифатено без сериозна критика, исто како што не можат да не се земат во обѕир и
главните недостатоци на "бесплатната" природна светлина:

- ограничени можности за флексибилно и економично користење на ѕидови од каде што


доаѓа природниот светлосен извор (прозорци, стаклени површини на фасада),
- потреба од заштита против топлина, студ, рефлексија на светлината што може
значително да го поскапи објектот, бидејќи прозорските стакла не емитуваат само
светлина туку и топлина и студ,
- големи разлики во интензитетот на природната светлина преку разни периоди на
годината. Еден мрачен зимски ден може да има и дваесет пати помал интензитет на
светлина од еден ведар летен ден. Знатни разлики во интензитетот се јавуваат и во текот
на еден ист ден, кога истите читални се користат интензивно и континуирано преку
целиот ден. Бидејќи и човечките очи и книгата се осетливи и на интензитетот и на
промената на светлината, заклучок би бил дека е подобро да се применува само
вештачка светлина, која е попогодна за контролирање.

Во светот се изградени бројни библиотеки со читални без природна светлина и тие


физички се сосем прифатливи. Меѓутоа, се јавуваат проблеми од психолошка и естетска
природа, од една страна, психолошка потреба од природна светлина, а од друга страна,
поради архитектонскиот изглед на просторот без прозорци (без интеграција со
надворешната околина).

Изборот на светлосни извори станува една од најрискантните задачи на архитектот при


проектирањето библиотеки. Покрај грижата за погодно избрана светлина за очите на
читателот, на преден план е и грижата за дејството на светлината(природна или
вештачка) врз разновидниот библиотечен фонд на книги и другиот материјал осетлив на
светлина. Ултравиолетовите зраци можат да имаат штетно влијание врз хартијата при
долга или интензивна изложеност на сончева или вештачка бела светлина, било кога
книгата се користи од читателот или кога е во магацинот. Некои осетливи материјали, на
кои книгата е печатена, не издржуваат ни 50 лукса интензитет. Дневната природна
светлина би била многу слаба при овој интензитет. Доколку такви материјали треба и да
се излагаат, треба да се користи поголема вештачка светлина, како што е случај при
излагањето стари ракописи, акварели и слично. Доколку природната светлина е
неопходна, денес се во примена специјални стакла што не ги пропуштаат
ултравиолетните зраци за забава.

You might also like