You are on page 1of 10

Приватна непрофитна високообразовна установа

самостојна висока стручна школа


Бизнис академија Смилевски – БАС
Скопје
- прв циклус на студии-

Проектен извештај по предметот


Стартирање на нов бизнис
на тема
Подготовка на бизнис план
Отварање на Book-store кафе
-Hogwart’s coffee and book shop

Ментор: Студент:
Проф. д-р. Лидија Стефановска Ѓоргиевска Јулијана
Досие број: 2191

Битола, 2023
Вовед

Компанијата Hogwart’s coffee and book shop како идеја постои од не така далечната
2018 година. Таа би била еден мал бизнис креиран од и со многу љубов. Начелно, оваа
компанија би се создала се со цел да се покрене свеста кај човекот/луѓето за што
поголема заинтересираност за книгите и читањето. Првичната идеја е компанијата да
ги задоволи потребите на страсните читатели, обожавателите на пиење кафе додека се
чита омилената книга, но и да ги привлече и оние кои се помалку заинтересирани со
уникатниот начин на функционирање. Компанијата би се занимавала со продажба и
изнајмување на книги, продажба на услуги поврзани со угостителство (кафиња,
безалкохолни пијалоци и закуски).
Структурата на компанијата би била ДОО, би се водела како фамилијарен бизнис.
Во неа би биле вработени најпрво страсни љубители на книги, се со цел да знаат да го
презентираат и продадат понуденото на потрошувачите. Целите на овој бизнис би
биле да се создаде препознатлив простор за релаксација и “активен” одмор со книга,
да се создадат пријатни катчиња за поединечни (индивидуални) кафе пиења или
најмногу во двојки. Ваков концепт со простор за изнајмување на книги, тука да се
читаат, да се одмара, да се работи online, не постои на територијата на Република
Северна Македонија, па и од тука е самата уникатност на идејата за бизнисот и
големото вложување на надеж дека баш заради сето тоа, ова би било една успешна
бизнис приказна.

2
1. ТЕК НА ПЛАНОТ
Анализа на окружувањето

Оваа идеја начелно е пројавена кога пред долги години ја посетив


книжарницата “Плато” која се наоѓа во Белград на главната улица Кнез Михаилова. Тоа
е една прекрасна и просторна книжара кој опфаќа три ката каде ги има сите овие
услуги и производи кои би ги нудел и овој наш мал бизнис Hogwart’s coffee and book.
Во однос на идејата и уникатноста, овој мал бизнис би се издвојувал како
уникатен во регионот на Битола и пошироката околина. Во околните места во близина
на градот Битола, а и на ниво на целата територија на државата не постои
простор/место/бизнис од овој тип. Во градот Скопје има само неколку места каде
покрај книжарите се отворени кафичи каде луѓето можат да го испијат своето кафе и
да одморат.

Производ/услуга

Продажба книги од различни жанрови, меѓутоа би имало и дел каде што


одредени книги можат да се изнајмат и да се читаат во делот за одмор и релаксација,
односно во делот каде што може да се конзумираат секаков тип на кафиња, чаеви и
безалкохолни пијалоци и закуски кои би ги нудела Hogwart’s coffee and book shop.

Демографија на клиентите

Клиент на овој бизнис би бил секој оној кој што е љубител на убавиот збор,
читатели, страствени купувачи на книги и уживатели на добро кафе во пријатна
атмосфера. Ограничувања во однос на старосни групи, пол, социјална или класна
поделба не би имало, овде би бил услужен секој кој би влегол со добра намера за
уживање во книгата и релаксирањето.

3
Конкуренција и конкурентна предност

Во однос на конкуренцијата, во пелагонискиот регион, но и пошироко нема


ваков концепт на бизнис организација. Најблиски до овој концепт се неколку
книжарници од територијата на градот Скопје, но тие функционираат по принципот на
класични книжарници и во самиот концепт имаат отворено кафулиња кои се од
класичен тип на кафетерии. Нашиот концепт би бил првенствено насочен кон
продажбата на книги, изнајмувањето (библиотечен оддел) и простор каде тие
изнајмени книги би можеле да се читаат, или одделот ќе се користи за работа преку
компјутер, мини состаноци, пропратено со кафе, безалкохолни пиајлоци или малите
закуски кои би се нуделе во нашиот простор Hogwart’s coffee and book shop.
Заради уникатноста на идејата, самото место кое би имало тивка и мирна
атмосфера, просторот за релаксација и уживање во книгите, сметаме дека ќе
привлечеме голем број на клиенти/потрошувачи кои би го искористиле овој простор за
да ги реализираат своите деловни обврски овде или едноставно би дошле за парче
мир и уживање во омиленото катче за читање. Со сето ова горенаведено сметаме дека
ќе имаме конкурентна предност пред останатите слични бизниси во околината.

Рекламна и промотивна стратегија

- Најпрво и најважно во денешни услови се рекламирањата на социјалните


мрежи (Facebook, Instagram) и платени спонзорства за самото рекламирање.
- Во почетокот на работењето, радио и тв рекламирања по можност во ударните
термини ( пред и после главните термини за вести на истите).
- Делење на флаери, со што би се привлекло вниманието на жителите на местото
каде ќе биде отворен бизнисот.
- Пакети и промоции со кои ќе им се приуштат на клиентите ефтини производи,
прифатливи за нивниот буџет, но секако со тоа да не биди занемарен квалитетот на
понудите.

4
S.W.OT. анализа

Силни страни (ПОП-ови) Можности (ПЕМ-ови)


-Уникатност во идејата -Во одреден дел од годината
-Единствен бизнис од овој тип во просторот да се користи за промоции
градот и поширокиот регион. на книги, литературни читања,
-Интимен простор за квалкитетно изложби и друг тип на културни
поминување на времето, каде ќе се случувања.
надоградуваат знаења и ќе се -Можност за јакнење на свеста за
стекнуваат пријателства, а мост ќе значењето на литературата и
биде љубовта кон убавиот збор и книжевноста кај младата популација,
литературата. преку проекти и анимирани настани
организирани во самиот простор.
Слаби страни (ПИП-ови) Закани (ПЕЗ-ови)
-Ризик од слаба посетеност во одделот -Недостиг на нови, интересни
за изнајмување на книги и користење содржини на пазарот на литература и
на истите во просторот книжевност.
-Ограничен, мал простор, кој по однос -Недостиг на работна сила (кадар)
на концепцијата задоволува барања на компетентен за работа во дејности од
помала популација. овој тип.
-Мала посетеност во одредени
периоди од денот или седмицата.

5
Истражување на пазарот

Бидејќи станува збор за мал бизнис/организација заклучоци од истражувања


можат да се изведат со набљудување на околината во местото каде се отвара
бизнисот, односно во случајот регионот на градот Битола.
По направените истражувања, заклучено е дека ваков тип на бизнис
организација не постои во битолскиот регион, ниту на територијата на целата држава.
Со самиот факт мора да се вложи труд, максимални напори и средства за да се
привлечат што поголем број на потрошувачи. Тоа е во однос на конкуренцијата.
Во однос на целните групи, односно сегментирањето на пазарот, би се извеле
неколку анкети од мали размери или фокус групи на ниво на град Битола, се со цел да
се види како би бил прифатен бизнис од овој тип на ова подрачје. Целни групи најпрво
би биле деца и луѓе на возраст од 16-70 години, а подоцна кога би се видел текот на
работата би се промениле и начините на истражување, а и би се користеле различни
концепти на маркетинг.

2. ПЛАН НА ОПЕРАЦИИ
Деловна структура

Структурата на бизнис организацијата би била ДОО. Замислено е да


функционира како мал семеен бизнис. Членови и основачи се сите 4 членови на мојата
фамилија. По долго размислување и направени пресметки, сфативме дека најдобар
начин за нас е да ја реализираме оваа бизнис идеја како семеен бизнис, без да делиме
сопствеништво со надворешни членови. Бизнисот би го носел името Hogwart's coffee
and book shop и по започнувањето со работа, ќе се испита дали ќе биде потребно да се
изврши негова заштита.

Опсег на операциите

Бизнисот е со намера да започне како мал бизнис, со 8 вработени. 4


вработени/основачи и 4 останати вработени. Во однос на тоа како понатаму би се
развивал постои можност за негово проширување.

6
Регулаторни прашања

Доколку има потреба ќе треба да се изваде лиценца за работа со книги, тип на


книжарници, во комбинација со кафетерија. Во зависност од законите, ќе бидат
извршени сите потребни лиценцирања и вадења на дозволи за просторот и бизнисот
согласно законите на Република Северна Македонија. Некои од институциите низ кои
треба да помине целиот процес на регистрација на фирмата и пуштање во оптек на
работа на самиот бизнис се следниве: Централен регистар, УЈП, ПИОМ, Агенција за
вработување, Здравствено осигурување за вработени, и секако задолжително
отварање на сметка во банка.

Осигурување

Самиот простор би имал приватно осигурување во однос на кражби и


оштетување на физичкиот простор. Додека за внатрешноста, самиот инвентар и
производите (книгите) кои ќе се продаваат ќе се склучи договор со Осигурителна
компанија за заштита на се она што ќе се користи во внатрешноста на
книжарата/кафетеријата.

Деловни простории

За локација посакуван простор е дел во битолската чаршија, во близина на


Сабина, кај дрвениот мост. Просторот е голем и просторен со надворешен отворен дел
за отварање на летна тераса. Доколку би имало пречки во изнајмувањето на тој
простор, ќе се бара простор за локација во близина на центарот на градското подрачје.
Почетните трошоци за просторот и првичните издатоци за целосното отворање
и функционирањето на бизнис идејата се следниве:
-Отварање на компанија ДОО 5000 €
-Купување на инвентар и опремување на простор 5000-7000 €
-Купувањена книги за продажба и книги за изнајмување – почетно 3000 €
-Рекламен материјал за маркетинг – 1000 €
-Минимална бруто плата за првиот месец на ниво на државата -1300€
-Првична набавка на производи потребни да се опреми кафе просторот–1500€

Локација

Посакувана локацијата би била во старата битолска чаршија. Бидејќи се работи


за бизнис кој опфаќа дел од културата, овој локациски дел се чини како најсоодветен,

7
заради тоа што старата чаршија е место каде сеуште се почитуваат културните и
традиционални вредности.

Производство

Книгите најпрво би се набавувале од македонски добавувачи и издавачки куќи,


а секако ќе има и странска литература чии канали за набавка се доста развиени во
регионот, Србија, Словенија, Хрватска. Ако постои можност, со понатамошно
истражување на пазарот за добавувачи ќе се прошири соработката и со некои други
претставништва и организации надвор од Балканот. За бизнисот и одделот каде што ќе
биде просторот за релаксација (кафич) ќе биде потребен компјутер и систем за влез и
излез на производи и наплата. За делот со книгите ќе биде потребна каталошка
организација најпрво за потребите на сопствениците, а секако и за подобро снаоѓање
на самите клиенти. Сето тоа би се реализирало со организација преку комјутерски
програми. Ќе бидат потребни апарати и опрема (фрижидери и сл.), инвентар за самото
опремување на угостителскиот дел од просторот. Полици и органајзери за делот каде
што би имало продажба на книги. Сето ова ќе биде потребно за започнување со
работа на Hogwart's coffee and book shop.

Дистрибуција

Концептот за дистрибуција на производите е замислен да биде со директна


продажба, односно се ќе биде изложено во просторот, a потрошувачите би имале
директен контакт со сите производи, за да можат добро да ги разгледаат и да си го
одберат посакуваниот производ.

Кредитни услови

За започнувањето на овој бизнис планирано е да биде подигнат кредит во


износ од 15.000 евра. Во почетниот период се смета дека ќе се работи најмногу за
месечните примања на вработените како и за враќање на овој кредит. Откако тоа би се
изреализирало, ќе се размислува за новитети и реновирања во бизнисот. Со
добавувачите ќе се работи регулирано, по закон, со редовни плаќања, почитувајќи ги

8
принципите и начелата на нивните организации, се со цел да се има добра соработка.
На потрошувачите/клиентите ќе се понудат пристапни цени, најпрво соодветни за
македонските стандарди.

Контрола на квалитетот

Во првите два квартали од отварањето би се започнало да се реализира


првичната идеја како што е погоре објаснето, за да може да се изгради имиџ кој ќе се
прочуе и во пошироката околина. Целта е да се стекнат задоволни клиенти кои би се
навраќале “ритмички” зачестено и кои би станале препознатливи за брендот.
Четворицата основачи ќе имаат подеднаков ангажиран удел во функционирањето и
контролата на квалитетот на работа, од нив еден ќе биде задолжен за комуникацијата
со дистрибутери и правните аспекти за фирмата, потоа друг член ќе биде задолжен за
персоналот и набавките за одделот со кафетеријата, ќе се прават континуирани
набавки на книги и ќе се следи напредокот и трендот на пазарот на книги.
На самиот старт ќе има зацртана стратегија, четири пати годишно да се врши
целосна контрола на направениот профит и на трошоците кои се вложени, со тоа би се
имало реална слика за сработеното на сите вклучени во процесот.

Комуникации

Комуникацијата со потрошувачите би се одвивала преку сите познати


социјални мрежи Facebook, Instagram и сл. Секако ќе има и фиксни и мобилни
телефонски броеви и факс кои ќе служат за комуникација со самите потрошувачи, но и
со дистрибутерите и соработниците.

Работно време

Hogwart's coffee and book shop би бил со работно време:

Понеделник-Сабота 08-23h.
Недела 9-21h.

Датум на отворање

9
20.07.2025 

10

You might also like