You are on page 1of 2

Финансирање на малиот бизнис

Во време кога за човек кој придонесува во општеството се смета оној кој седи дома,
може сите да бидеме наклонети кон тоа, но што после се ова, која е суштината на успешен
човек кој придонесува во општеството и заработува парче леб? Морам да го споменам
делото „Печалбари“ на Антон Панов каде се прикажани сите „Црнила“ на македонскиот
народ. И доаѓаме до еден безвременски судир на парите како фундаментални средства за
егзистенција наспроти особините кои го прават човекот –човек. Секако, ваквата појава е
карактеристика само во тоа капиталистичко време, затоа што сите луѓе се израснати со
една единствена мисла во главата – парите можат да купат сè. И како што не можеме да ја
разбереме природата на универзумот, не можеме ни да ја доловиме смислата на
неговото постоење. Така, иако пораснати во свет на матријални идеали, сепак нашите
генерации се издвојуваат по тоа што можеме пиедесталот на вредности да му го
одземеме на матријалните добра и да му го дадеме на чуството на ценетост.
Како дете кое е дел од новите генерации сметам дека имам амбиција за да
направам нешто свое кое ќе биде мој личен приход и со кое ќе остварам многу. Секако
како главна алка тука се финансиските средства без кои несомнено не се може. Да
тргнеме од фактот дека најпрвин тие се потребни за нормално одвивање на работата и
развивање на бизнисот. Секако, финансирањето е и напор на сопственикот на секое
претпријатие за да најпрво обезбеди финансиски средства, а потоа и правилно да ги
искористи за остварување на зацртаните цели. Кога бизнисот користи туѓи финансиски
средства , треба да се испланира како истите ќе се вратат. За се да биде стабилно,
односно производството да биде непречено, за да ликвидно се исплаќаат сите обврски
кои се имаат кон сите странки, но и да се води сметка за економичноста и трошоците за
обезбедување на финансиски средства да не се поголеми од вкупните приходи, а
најважно со што помали финансиски средства да се оствари што поголем кредит,
сопственикот на претпријатието ја води политиката на финансирање. За изворот на
финансирање сопственикот одлучува сам. Доколку има сопствени средства тие треба да
ги искористи. Па, нели сите ако добиеме од некаде „џек пот“ би го искористиле паметно?
Без разлика дали тоа е од некоја продажба,заштеда, подарок, игри на среќа и слично. Но,
тука секогаш е и алтернативата, односно да се превземе чекор и бизнисот да го
финансираме со туѓи финансиски средства. Во зависност од потребите, дали кредитот ни
е потребен за набавка на некои „поситни“ работи може да се подигне краткорочен
кредит и во рок од една година да успееме да го вратиме, или пак ако станува збор за
набавка на постојани средства, обнова на истите и сл, ќе земеме долгорочен кредит за кој
ќе имаме подолго време за исплата која ќе е над 5 години. Како подобра алтернатива од
кредитите се субвенциите кои најчесто ги дава државата, но секако тука е прашање дали
видот на нашиот мал бизнис ќе се поклопи со наменетата субвенција. Станува збор за
повеќе видови субвенции и тоа: премии, регреси и компензација. Ако сопственикот не се
одлучи за некој извор на финансирање од горенаведените, тука се и грантовите од
меѓународни и домашни фондации, како и државата кои секогаш се спремни да помогнат
во остварување на целите. Да се навратиме повторно на кредитите за кои многу е важно
да се разбере договорот кој се потпишува и да се биде свесен за последичните обврски
кои произлегуваат од него. Убаво е користењето на туѓите финансиски средства, но тогаш
освен земената сума, ќе треба да се плати и пресметана камата на истите.
И што е заклучокот? Заклучокот е дека сето ова ќе помине, а ние ќе одлучиме дали ќе
продолжиме да живееме во делото на Панов, или ќе пробиеме нова теорија каде парите
не можат да купат сѐ, но можат да бидат најважен дел во остварување на нашите цели со
чие остварување ние ќе бидеме исполнети и посреќни луѓе. Ние ќе одлучиме за својата
иднина, ќе работиме со финансии, ќе се задолжуваме, ќе заработуваме, но ќе бидеме
луѓе. Луѓе кои одговорно учеле кога било време, а тогаш ќе раководат со свои сопствени
бизниси и ќе знаат да го финансираат својот бизнис. Поради една причина: Ги научиле
лекциите по Бизнис во средно. Времето на „Ковид-19“ ги натерало да седат дома за да
придонесат тогаш, а сега придонесуваат во своја корист. Ајде тоа да биде нашата
приказна.

Тамара Марковска 2-14

You might also like