You are on page 1of 2

Азотот како биоген елемент

Азот (лат.: Nitrogenium) е хемиски елемент. Тој е гас без боjа, мирис и вкус,
една од главните состоjки на воздухот. атомскиот број му е 7, додека
атомската маса изнесува 14.00674. Служи основно за производство на
вештачки ѓубрива и експлозиви.

Елементот на почетокот се чинел толку инертен што Лавоазје му го дал


името azote, што значи "без живот". Подоцна се покажало спротивното. Кога
е загреан, се врзува дирктно со магнезиумот, литиумот и калциумот. Кога е
помешан со кислород и подложен на електрични искри, формира нитричен
оксид (NO). Кога е загреан под притисок во присуство на водород и пригоден
катализатор се формира амонијак.

Азот-оксид е суштински важен хемиски гласник кој се произведува во


крвотокот, а со самото производство тој ги шири и опушта крвните садови.
Тоа го зголемува приливот на крв во сите органи и клетки, обновувајќи го
здравјето и моќта на ткивата на кардиоваскуларниот систем. Природно,
околу 40-тите години од нашиот живот, производството на азот оксид во
телото почнува да се намалува и тоа е општа појава кај сите луѓе. Но сепак,
кардиоваскуларниот систем никогаш не ја губи способноста да се опушти
односно да ги проширува крвните садови.

Недостатокот на азот-оксид води кон тоа да во 50-тите и 60-тите години кај


луѓето потенцијалот за циркулација на крвта отприлика паѓа на половина од
тоа како што бил во 20-тите години. Доколку би можеле да го поттикнеме
производството на азот-оксид во телото,би можеле да го забавиме процесот
на стареење.
Како што стојат работите, очигледно многу намирници и лековити билки кои
традиционално се користеле за ублажување на кардиоваскуларните
проблеми, сами по себе претставуваат многу ефикасни фактори за
производство на азот-оксид. Со помош на свесно поттикнување на
производство на азот-оксид во самото тело, и можеле превентивно да
влијаеме, за во иднина да не дојде до кардиоваскуларни заболување.

Азотот често се нарекува „мотор” за растење на растенијата и има посебно


значење во групата на потребни елементи. Потекнува од атмосферата и се
користи во минерален облик. Влегува во составот на многу значајни
соединенија за животот на растенијата (протеини, нуклеински киселини,
амини, амиди и др.). Значењето на азотот е уште поголемо бидејќи само мал
број на организми можат да го користат од атмосферата во гасна форма.

на растенијата
Азотот влијае на: растот на растенијата, создавањето лисна маса, отпорноста
на неповолни услови од околината и др. Снабденоста на растенијата со
потребното количество на азот има многу големо влијание на квалитетот и
квантитетот на приносот.

Недостигот на пристапен азот во почвата има големи последици врз


формирањето на растенијата, лисјата се кратки, тесни и бледозелени поради
малата содржина на хлорофил што предизвикува помал интензитет на
фотосинтеза, растението побрзо старее и на крајот приносот е намален.

Изработил: Елена Арменска . I5

You might also like