You are on page 1of 18

Изработил: М-р Емилија Велевска

1
СОДРЖИНА

1. Вовед............................................................................................ 3
1.1. Дефиниција и делување на антиоксидантите...................... 4
1.1.1. Извори на антиоксидантите.................................................... 5
1.1.2. Класификација на антиоксидантите..................................... 6
1.1.3. Улога на антиоксидантите....................................................... 7
2. Што претставуваат слободните радикали............................... 10
2.1. Оксидативен стрес..................................................................... 11
3. Приордни оксиданти................................................................... 14
3.1. Синтетички антиоксиданти..................................................... 15
4. Придобивки од антиоксидантите.............................................. 17
5. Прашања......................................................................................... 18
6. Користена литература.................................................................. 19

2
1. ВОВЕД

Антиоксиданtите претставуваат природни или вештачки супстанции кои успешно го


блокираат дејството на слободните радикали во телото. Како што веќе знаеме не постои
енергетски процес без регенерација и веднаш после оксидацијата остануваат неспарени
електрони кои се познати под името слободни радикали. Тие се агресивни и се врзуваат за
сите органски материи и при тоа ја оштетуваат клеточната митохондрија , па дури и
структурата на дезоксирибонуклеинските киселини.

Антиоксиданtите мораат постојано да се регенерираат со цел да се воспостави рамнотежа


помеѓу нив и слободните радикали во телото. Човечкиот антиоксидативен одбрамбен
состав е составен од антиоксидативни ензими и неензимски антиоксиданси. Во нашето
тело секој ден настануваат бројни слободни радикали за нас невидливи, но благодарение
на антиоксидантите кои ги неутрализираат нашиот организам е заштитен.

3
1.1. ДЕФИНИЦИЈА И ДЕЛУВАЊЕ НА АНТИОКСИДАНТИТЕ

Антиоксидантите може да се дефинираат како молекули кои спречуваат оксидација на


други молекули. Притоа како субстарт подложен на оксидација може да биде секоја
молекула од храната или биолошки материјал како што се јаглехидратите , протеините,
липидите, RNK и DNK.

Оксидација претставува реакција при која една субстанција оддава електрони на друга
субстанција што ги прима тие електрони.

Различни антиоксиданси делуваат на различни начини:

 Ја спречуваат верижната реакција која ја започнуваат слободните


радикали;
 Ја спречуваат појавата на слободни радикали;
 Го спречуваат настанувањето на верижна реакција;
 Ја сопираат реакцијата одкако ќе се појави;

Слика 1. Шематски приказ на делување на антиоксиданти

4
1.1.1 ИЗВОРИ НА АНТИОКСИДАНТИ ВО ХРАНА

Овошјето и зеленчукот претставуваат доминантен извор на полифеноли, каретеноиди,


витамини и минерали, меѓутоа со модерниот начин на исхрана не се внесува доволна
количина на антиоксиданти и суплементите се повеќе се користат. Храна која содржи
голема количина на антиоксиданти е: овошје (боровница , брусница, јагода, малина,
капина, грозје, цитрусно овошје (лимон, портокал, мандарина, грејпфрут...) манго, киви,
црвено јаболк), зеленчук (домати, морков, спанаќ, брокула, артичока, карфиол, зелка,
авокадо,тиква, лук бели лук...), зачини (цимет , куркума , оригано, ким, магдонос,
босилек , кари, ѓумбир, пипер, чили, кориандер, мајчина душица, жалфија, нане...).

Антиоксидантите се разликуваат по активноста и афинитетот спрема различни


супстанции: некои се моќни чистачи на слободните радикали, а некои имаат поголемо
дејство. Пример витаминот Е од храната делува така што ја прекинува реакцијта на
слободните радикали и на тој начин ги штити полинезаситените масни киселини и
мастите и липидите од пероксидативно разградување (Bisby i sur., 2007). Природни
антиоксиданти се: феноли (флавоноиди, фенолна киселина и танини), супстанции кои
содржат азот (алкалоиди, деривати на циклопропил, аминокиселини, пептиди),
каротеноиди, токофероли, витамин Ц и негови деривати. (Shahidi, 2000)

Слика 2 . Шематски приказ на антиоксиданти во храна

5
1.1.2. КАЛСИФИКАЦИЈА НА АНТИОКСИДАНТИТЕ

Антиоксидансите спрема составот се делат на : ензими (супероксид дизмутаза, каталаза,


глутатион пероксидаза, глутатион трансфераза, ензими кои ги обновуваат оштетените
молекули на DNA и оштететените протеини од слободните радикали), протеини
(феритин, албумин, лактоферин) и тие мали молекули ( витамин Е, каретеноиди, витамин
Ц, алфа липолична киселина, убикинон , флавоноиди).

Според начинот на делување антиоксидантите можеме да ги поделиме на: примарни,


секундарни и терциерни. Примарни спречуваат настанување на слободни радикали
(албумин, трансферин...). Секундарни ги одстрануваат настанатите слободни радикали
(супеоксид дизмутаза, каталаза, глутатион пероксидаза, глутатион, витамин Ц, витамин Е,
каротеноиди, фалавоноиди). Терциерни ги поправаат настанатите оштетувања или ги
одстрануваат молекулите кои се оштетени од радикалите (фосфолипаза, протеаза,
пептидаза, DNA полимераза).

Според растворливоста антиоксидантите се делат на: антиоксиданти растворливи во вода

( хидрофилни антиоксиданти):

- аскорбинска киселина;

- глутатион;

- липоинска киселина;

- уринска киселина;

Антиоксиданти растворливи во масти и масла (хидрофобни антиоксиданти):

-каретеноидите ( B каротен и ретинолот т.е витаминот А);

- а токоферолот (витамин Е);

- убиконолот (коензим Q) ;

Активноста на антиоксидантите зависи од многу фактори меѓу кои најважни се:


биодстапност, оксидативниот потенцијал, и брзината на реакција со слободните радикали.
(Huang I sur… 2005).

6
1.1.3. УЛОГА НА АНТИОКСИДАНТИТЕ

Функцијата на антиоксидансите е зачувување и обновување на оштетените


клетки предизвикани од влијанието на слободните радикали. Како што кажува и нивното
име, нивна функција е да се борат против оксидацијата, при која настануваат слободни
радикали.

Во храната улогата на антиоксидантите е да го спречат оштетувањето на квалитетот на


храната ( промена на боја, развој на нпријатни мириси, вкус на всаленост, горчлив вкус..)
и да ја задржат нутритивната вредност на храната.

  Во телото антиоксидантите имаат улога да го заштитат од оштетувањата предизвикани


од реактивните оксидативни виови и да го заштитат од дегенеративни заболувања.

7
2. ШТО ПРЕТСТАВУВААТ СЛОБОДНИТЕ РАДИКАЛИ?

Слободни радикали се хемиски видови, кои можат да бидат атоми, јони или молекули
одговорни за токсичниот ефект на кислородот во организамот. Тие имаат слободен
електрон во својата надворешна обвивка кој е нестабилен и кој настојува да ги
дестабилизира хемиските соединенија на тој начин што создава многу нови хемиски
врзувања, кои можат понекогаш да бидат и разурнувачи на клеточната мембрана. Во
настојување да се врати во стабилна состојба слободниот радикал е многу реактивен.

Слободните радикали се продуцираат во организмот за време на биохемиски оксидо-


редуктивни реакции во кои учествува кислородот. Слободните радикали стапуваат во
реакција со несатурираните липиди од клеточната мембрана. Тие во вид на цитотоксичен
ендопероксид ја оштетуваат клеточната мембрана и предизвикуваат силни хемиски
нарушувања. Тие се појавуваат и дејствуваат во разни ткива и органи кога е присутно
некое воспаление, кога се внесуваат некои лекови или сме изложени на јонизирачки
зрачења.

Оксидацијата и созадавањето на слободни радикали е интегрален дел од метаболизмот на


човекот. Слободни радикали се:

 Супер оксид -O.2


 Хидроксил - ON.
 Пероксил - RO·2
 Оксиди на азот - (NO·, NO·2)
 Тиол радикали - RS·

Реакции на слободни радикали може да се индуцираат со реактивни видови молекули кои


содржат кислород (ROS-reactive oxygen species). Типични реактивни видови молекули кои
содржат кислород (ROS) се:

 Синглентен кислород - 1O2


 Водороден пероксид - H2O2
 Хипохлорна киселина - HOCl

ROS (реактивните видови кои содржат кислород ) се создаваат во биолошките системи со:

 Активација на фагоцитите;
 Со оксидација на липидите;
 На патот на создавање на архиодонска киселина;
 Соафтооксидација на кателохоламини;

8
 Со редукција на флавини;
 Со редукција на хемопротеини;
 Во реакции каде посредува железото;

Реактивните видови кои содржат кислород (ROS) во умерени концетрации во телото се


потребни , меѓутоа во поголеми коцетрации се штетни и иницираат непожелни верижни
реакции како:

 Пероксидација на липиди;
 Ги оштетуваат протеините;
 Ги оштетуваат јагленохидратите;
 Ја оштетуваат DNA;

Поради високиот потенцијал да ги оштетуваат виталните биолошки системи ROS


допринесуваат за стареење и развој на хронични болести (канцер, кардиоваскуларни
заболувања).

Живите организми имаат развиен комплексен антиоксидативен систем која ја контролира


продукцијата на радикали и го намалува оштетувањето од радикали. Антиоксидативниот
систем го сучинуваат компоненти од ендогено потекло и компоненти од храната а тоа се:

 Глутатион GSH (присутен во храната);


 Se- глутатион перокидаза
 Fe- каталаза
 NADPH
 Убикинол -10 (редуциран коензим Q)
 Zn- супероксид дизмутаза
 Cu
 Mn
 Мокрачна киселина
 Протеини кои врзуваат метали
 Албумини
Врзувачи на Fe (трансферин)
 Врзувачи на Cu (церулоплазмин)
 Потеини врзувачи на Fe комплекс (хептоглобин,хемопексин)

9
2.1. ОКСИДАТИВЕН СТРЕС

Оксидативен стрес е состојба кога постои зголемена продукција на слободни радикали


односно, смалена состојба на организмот да ги неутрализира и елиминира слободните
радикали. Знаци на оксидативен стрес се:нервоза, малаксаност, брзо замарање, несоница,
губење на мотивација и забрзана работа на срцето.

Оксидативниот стрес е нормална појава и кај здрави лица. Во текот на процесите на


оксидација во организмот се создаваат слободни радикали кои имаат физиолошки
позитивни функции. Но проблемот настанува кога нивото на слободни радикали ќе го
надмине телесниот капацитет и телото влегува во зона на зголемен оксидативен стрес.
Покрај овие (ендогени) извори постојат и егзогени (надворешни) извори и влијанија кои
предизвикуваат зголемена продукција на слободни радикали (консумирање на
преработена храна, животински масти и алкохол, чад од цигари, загадена околина,
адитиви, пестициди, лекови, зрачење, па дури и зголемена физичка активност).

Оксидативниот стрес предизвикува оштетувања на клеточно ниво (липиди, протеини,


ДНК) што е добар почеток за развој на болест на органи или органски системи.
Слободните радикали се одговорни за настанување на акутни и хронични нарушувања кои
се манифестираат како воспалителни процеси, невролошки нарушувања,
кардиоваскуларни нарушувања, малигни заболувања.. Ако се земе предвид комплексноста
на овој систем може да се каже дека имунолошкиот систем е најосетлив на дејството на
оксидативниот стрес (по принцип, сложените системи први се расипуваат). Резултат е
зголемена подложност на инфекции, промена на крвните садови и нарушувања во
циркулација.

Превенцијата од оксидативниот стрес е многу важна. А тоа може да го постигнеме со


здрав стил на живеење, урамнотежена исхрана и умерена физичка активност.
Современиот и динамичен живот не секогаш ни остава време за овие активности. Секако
еден од најдобрите начини за да му помогнеме на нашиот организам е дополнителен внес
на антиоксиданси со цел спречување на појава на оксидативен стрес и одржување на
виталноста на нашиот организам.

10
3. ПРИРОДНИ АНТИОКСИДАНТИ

Во прехранбената индустрија, употребата на природни антиоксиданти денес е значително


зголемена во однос на ситентичките антиоксиданти. Покрај достапноста и економичноста
за нивна апликација, друг фактор за нивна поголема употреба се и намалениот број на
штетни споредни ефекти во однос на синтетичките антиоксиданти.

Токоферолот (витамин Е) и аскорбинскакиселина (витамин Ц) се најважните


природни антиоксиданти што се употребуваат во прехранбената индустрија. Покрај тоа,
постојат и голем број на природни фенолни антиоксиданти што може да се користат во
различни апликации на храна (Wanasundara, Shahidi, 2005).

Витамин Е (α токоферол) е природен липофилен антиоксидант што е широко


распространет во природата. Во големи количини го има во млекото, рибиното месо, во
маслото за јадење и сл. Витаминот Е е есенцијален антиоксидант што се внесува преку
исхраната бидејќи човекот не може сам да го синтетизира. Витаминот Е e ефикасен
липофилен антиоксиданс, и неговото присуство ги стабилизира биолошките мембрани.
Антиоксидативните својства на витаминот Е се во функција на превенција и смалување на
компликациите кај голем број на болести. Антиоксидативната активност на овој витамин
силно зависи од температурата. Покажува добри антиокисдативни активности при собна
температура, додека при повисоки температури можна е негова деградација.
Максималната дозволена количина на токоферолите во храната не смее да биде поголема
од 500 ppm. Во поголеми концентрации, токоферолите може интензивно да се
апсорбираат на ѕидовите од крвните садови, при што може да настане нивно запушување.

L–аскорбинска киселина (витамин Ц) е најефикасен природен антиоксидант од групата


на витамини растворливи во вода. Витаминот Ц е есенцијален антиоксидантшто се наоѓа
во растителни ткива или се синтетизира кај растенијата, додека организмот на човекот не
може да го синтетизира. Витаминот Ц има способност лесно да се редуцира. Притоа, неговата
антиоксидативна активност се базира на неговата способност да неутрализира голем број
супстанци од процесите, при кои се формираат слободните радикали. Аскорбинската
киселина се користи за стабилизација во голем број пијалоци и прехранбени продукти,
добиени со преработка на овошје и зеленчук. Антиоксидативни својства на витаминот Ц
зависат од температурата, светлината, pH, присуството на кислород и сл. Витаминот Ц
може да се употребува во граници од 600 до 2000 mg/ден (Wanasundara, Shahidi, 2005).

11
Каротеноидите се липофилни органски молекули што ги даваат жолтите, портокаловите
и црвените пигменти на овошјето и зеленчукот. Каротеноидите по хемиски состав се
јаглеродни изопреноиди со 40-С атоми. Каротеноидите имаат различни структури во
зависност од разгранетоста на нивниот ланец, а она што е карактеристично за нив е
присуството на конјугирани двојни врски во нивната структура. Каротеноидите може да
се класифицираат како каротини и ксантофили. Некои од каротеноидите се познати како
про-витамини на витаминот А, како што се β-каротен и α-каротен (Wanasundara, Shahidi,
2005). Каротеноидите функционираат како секундарни антиоксиданти во храната, при што
имаат способност значително да го редуцираат кислородот. Покрај тоа, каротеноидите
може да ја спречат оксидацијата на храната, при што ги неутрализираат слободните
радикали во отсуство на молекуларен кислород. Кога се присутни во храната,
каротеноидите најчесто стапуваат во синергетско дејство со витамин Е, лутеин, β-каротен,
ликопен и сл. β–каротенот се користи како антиоксидант во мастите и маслата, во
сирењето, во голем број на овошни и во некои млечни производи. Слабо се раствара во
вода и алкохол, претставува високо реактивна суспстанца што е нестабилна при повисоки
температури, а неговата реактивност во голема мера зависи од pH на средината и
присуството на кислород. Поради тоа, неговата употреба како антиоксидант во храната е
ограничена. Треба да се нагласи дека покрај поединечните конвенционални
антиоксиданти, голем број на екстракти од овошја, зеленчук, зачини, билки и маслодајни
растенија, масло од репка, масло од сусам, масло од тиква, потоа екстракти од грозје, лук,
брокула, рузмарин, цимет, зелен чај и сл., може да се употребат во својство на
антиоксиданти, бидејќи содржат изобилство на супстанци со висок антиоксидативен
потенцијал.

Глутатионот е важен водорастворлив антиоксидант што се синтетизира од


аминокиселините глицин, глумат и цистеин. Глутатионот има својство директно да ги
редуцира слободните радикали како што се липидните пероксиди, а има важни функции и
во т.н. ксенобиотичнен метаболизам. Изложеноста на црниот дроб на ксенобиотичните
супстанции најчесто резултира со оксидативни реакции, при што се зголемува броjот на
детоксикациони ензими. Кога човекот е изложен на високи нивоа на ксенобиотици,
глутатионотреагира со овие супстанци и влегува во состав на ново формираните продукти
на реакциите помеѓу него и ксенобиотиците. Притоа, неговата концентрација во телото се
намалува и се лимитираат неговите антиоксидативни супстанци. Глутатионот најчесто
дејствува во синергизам со витаминот Ц, при што во синергетската активност доаѓа до
редукција на слободните радикали што влијаат и врз двата антиоксиданти.

Липоинската киселина е уште еден важен природен антиоксидант, најчесто се


категоризира во групата на "тиолни" или "биотиолни" антиоксиданти (тиолите се
соединенија што содржат сулфур т.е. S-H тиолна група). Липоинската киселина активно
учествува во Кребсовиот циклус, при што ја катализира оксидативната декарбоксилација

12
на алфа-кето киселините, како што се пируватот и алфакртоглутаратот, во процесите на
оксидативна фосфорилација.

Полифенолни антиоксиданти. Голем број на други диететски антиоксидантни


супстанции постојат надвор од традиционалните витамини, што се дискутирани погоре во
оваа магистерска работа. Многу растителни супстанции (најчесто секундарни
метаболити), со едно име се нарекуваат "фитонутриенти," или "фитохемикалии," што се
познати по своите антиоксидативни активности. Полифенолите претставуваат група од
околу 8000 соединенија што покажуваат високо антиоксидативно дејство. Групата на
полифенолите е поделена на флавоноиди и нефлавоноиди. Флавоноидите се поделени на
повеќе групи: флавони, флавоноли, изофлавони, флаван-3-оли, антоцијани и флавонони.
Во нефлавоноиди спаѓаат: фенолните киселини и стилбени. Фенолните киселини, пак,
може да се поделат на две подгрупи: деривати на бензоевата киселина и деривати на
хидроксициметната киселина.

Флавоноидите покажуваат антиалергенски, антиинфламаторни, антивирусни и


антиканцерогени својства (Powis, 1989). Терапевтските ефекти на флавоноидите се тесно
поврзани со нивните антиоксидантивни својства. Така на пример, флавоноидните
соединенија имаат способност да го штитат срцето од болести преку инхибиција на
циклооксигеназата и липоксигеназата во тромбоцитите и макрофагите (Powis,1989).
Денес, најдобар начин за да се обезбеди соодветна доза на фитонутриенти е да се јаде
храна во широк спектар, богата со свежо овошје и зеленчук.

Коензим Q10 (Coenzyme Q10 или CoQ10). Молекулата на редуцираната форма на


соединението коензим Q10 (CoQ10) има антиоксидативно својство и претставува витамин
растворлив во масти. Оваа форма на коензим Q10 е присутна во повеќето еукариотски
клетки, а главно е застапена во митохондриите. Коензим Q10 е една од главните
компоненти што учествува во аеробното клеточни дишење во синџирот на трансфер на
електрони, каде се генерира енергија за организмите во форма на ATP (аденозин
трифосфат). Околу 95% од енергијата на човечкото тело се генерира во процесите на
оксидативна фосфорилација во синџирот на електронски трансфер (Кребсовиот Циклус).

13
3.1. СИНТЕТИЧКИ АНТИОКСИДАНТИ

Од синтетичките соединенија, најважни се четири антиоксиданси што интензивно се


користат во прехранбената индустријаи тоа: (BHA)- butylatedhydroxyanisole,
butylatedhydroxytoluene (BHT), propil gallate (PG), и tertbutylhydroquinone (TBHQ).
Синтетичките антиоксиданти што се користат во прехранбената индустрија се додаваат во
производите како адитиви, директно или индиректно преку дифузија од материјалот за
пакување.

BHA (Butylated Hydroxyanisole) е еден од најупотребуваните антиоксиданти во


прехранбената индустрија. Според структурата, BHA претставува ароматично фенолно
соединение. Овој синтетички антиоксидант е добро растворлив во масти и масла, и е
термички стабилен при високи температури. BHA најчесто се употребува како
антиоксидант за намалување на оксидативните процеси во растителните масла и маслата
за пржење, какои во голем број на козметички препарати.

BHT (Butylated Hydroxytoluene) е синтетички антиоксидант (фенолно соединение) што е


аналог на витаминот Е. Овој антиоксидант има потенцијал за ловење на голем број
кислородни радикали, а учествува и во терминацијата на голем број оксиТреба да се
потенцира дека BHT e нестабилен на повисоки температуридациони процеси.

TBHQ (tert-Butylhydroquinone) е дифенолен антиоксидант (содржи две ОН групи во


бензенското јадро). TBHQ е поефективен антиоксидант во растителни масла отколку
антиоксидантите BHА и BHT. TBHQ е термички стабилен и истиот е високоефикасен во
спречување на оксидациските процеси што се јавуваат при пржење со масла. TBHQ има
поголем антиоксидативен потенцијал кај супстратите што имаат поголем степен на
незаситеност (повеќе двојни врски во структурата), што овозможува да се аплицира како
антиоксидант во различни видови на растителни масла. TBHQ може да се аплицира и во
маргарин, во храна што е пржена, во рибино масло, како и во различни видови на
етерични масла.

Пропил галат (РG) е антиоксидант што може да се синтетизира при реакција на


естерификација на пропанол со гална киселина. Пропил галатот покажува многу добра
антиоксидативна активност кога е аплициран во разни видови на храна од растително
потекло и во растителни масла. Многу често се аплицира во комбинација со аскорбил
палмитат (дериват на витамин С и палмитинската киселина). Пропил галатот е помалку
растворлив во масла во споредба со BHА и BHT. РG комерцијално доаѓа во форма на бел
кристален прав што е умерено малку растворлив во вода и во липиди (Wanasundara,
Shahidi, 2005).

14
4. ПРИДОБИВКИ ОД АНТИОКСИДАНТИТЕ

Постојат многу дискусии за антиоксидантите. Тоа се моќни материи кои најчесто се


наоѓаат во овошјето и зеленчукот. Придобивките од антиоксидантите се многу важни за
здравјето на човекот, бидејки тие го спречуваат дејството на слободните радикали кои
може да предизвикаат голем број на болести и хронични заболувања.

Човечкото тело природно произведува слободни радикали и антиоксиданти за да се

спротивстави на нивните штетни ефекти. Сепак, во повеќето случаи, слободните радикали

се далеку поголеми од природните антиоксиданти кои се јавуваат. За да се одржи

рамнотежата, неопходно е континуирано снабдување со антиоксиданти со цел да се

добијат максимални придобивки од антиоксиданти. Антиоксидантите во телото ги

неутрализираат и отстрануваат слободните радикали од крвотокот.

Различни антиоксиданти различно делуваат на различни делови на телото. Постојат

широк спектар на антиоксиданти се наоѓаат во природата, и затоа што тие се толку

разновидни, различни антиоксиданти им даваат придобивки на различни делови од

телото. На пример, бета-каротин (и други каротеноиди) е многу корисен за здравјето на

очите; ликопен е корисен за помагање во одржување на здравјето на простатата;

флавоноидите се особено корисни за здравјето на срцето; и проантоцијанидините се

корисни за здравјето на уринарниот тракт.

Антиоксидантите имаат големо влијание на кожата . Кога кожата е изложена на високи

концентрации на ултравиолетова светлина, фото-оксидативното оштетување е

предизвикано од формирање на различни видови реактивни видови кислород,

вклучително и единечен кислород, радикали на супероксид и радикали на пероксид. Овие

форми на реактивен кислород ги оштетуваат клеточните липиди, протеини и ДНК и тие се

15
сметаат за примарни придонесувачи на еритема (сончање), предвремено стареење на

кожата, фотоодерматози и карциноми на кожата.

Исто така големо е влијанието на антиоксидантите за зајакнување на имунолошкиот

систем. Синглентниот кислород може да го загрози имунитетниот систем, затоа што има

можност да го катализира производството на слободни радикали. Астаксантин и

Спирулина се покажа дека го подобрува неспецифичниот и специфичниот имунолошки

систем и ги штити клеточните мембрани и клеточната ДНК од мутација. Астаксантин е

единствениот најмоќен гас на сингленетен кислород, и е до десет пати посилен од другите

каротеноиди (вклучувајќи бета-каротин), и до 500 пати посилен од алфа токоферол

(Витамин Е), додека Спирулината има најразлични антиоксиданти и други супстанции кои

се корисни за зајакнување на имунитетот.

Зголеменото внесување на антиоксиданти е неопходно за оптимално здравје, особено во

денешниот загаден свет. Бидејќи телото едноставно не може да остане во чекор со

антиоксидансното производство, добра количина на овие витамини, минерали,

фитохемикалии и ензими мора да потекнуваат од секојдневната исхрана.

Внесувањето на антиоксиданти може да помогне да се обезбеди дополнителна заштита на

организмот од:

• Проблеми со срцето;

• Проблеми со очите;

• Проблеми со меморијата;

• Нарушувања во расположението;

• Проблеми со имунолошкиот систем;

16
5. ПРАШАЊА

1. Што претставуваат антиоксидантите?


2. Според растворливоста како можеме да ги поделиме антиоксидантите?
3. Наброј некои извори на антиоксиданти!
4. Што претставува оксидативен стрес?
5. Што претставуваат слободните радикали?

17
6. КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА

1. Halliwell B, Gutteridge JM. The definition and mesaurment of antioxidants in biological


systems. Free Radic Biol Med 1995;18:125-6.
2. Andy Wai Kan Yeung , Nikolay T. Tzvetkov, Osama S. El-Tawil, Simona G. Bungǎu ,
Mohamed M. Abdel-Daim , and Atanas G. Atanasov. Antioxidants: Scientific Literature
Landscape Analysis. Oxidative Medicine and Cellular Longevity Volume 2019, Article
ID 8278454, 11 page.
3. P. Anbudhasan* , A. Surendraraj , S.Karkuzhali and S. Sathishkumaran. NATURAL
ANTIOXIDANTS AND ITS BENEFITSINTERNATIONAL JOURNAL OF FOOD
AND NUTRITIONAL SCIENCES. Vol.3, Iss.6, Oct-Dec 2014.
4. McCord JM. The evolution of free radicals and oxidative Stress. Am J Med
2000;108(8):652-9.
5. Welch KD, Davis TZ, Aust SD. Iron autoxidation and free radical generation: effects
of buffers, ligands, and chelators. Arch Biochem Biophys 2002;397(2):360-9.

18

You might also like