You are on page 1of 26

СТРУКТУРА НА

НУКЛЕИНСКИ КИСЕЛИНИ
Што се нуклеински
киселини? • Молекулите на нуклеинските киселини
претставуваат макромолекули со голема
молекулска маса
• Првпат биле изолирана од клеточното јадро од
каде доаѓа името нуклеински киселини
(nucleus=јадро)
• Претставуваат полимери т.е. полинуклеоти
• Молекулите на RNA содржат од 100 до 100.000 и
повеќе нуклеотиди, а молекулите на DNA можат
да имаат неколку илјади до милиони нуклеотиди
во зависност од организмот
ШТО Е НУКЛЕОТИД ?
Нуклеотидот преставува основна
структурна единица на нуклеинските
киселини, составен од три хемиски
соединенија ковалентно врзани меѓу себе:

1.Еден молекул азотна база


пурински: аденин, гванин
пиримидински: цитозин,
тимин (кај ДНК), урацил (кај РНК)
2.Молекула на пентозен шеќер
деоксирибоза (ДНК)
рибоза (РНК)
3.Фосфорна киселина (фосфатна група)
СТРУКТУРА НА НУКЛЕИНСКИ КИСЕЛИНИ

НУКЛЕОТИД

ШЕЌЕР РО4--- АЗОТНА БАЗА

Деоксирибоза ПУРИНСКИ ПИРИМИДИНСКИ


Рибоза
Цитозин-C
Аденин-А
Тимин-T
Гванин-G
Урацил-U
НУКЛЕОТИД

• Нуклеотидите претставуваат мономерни


единици за синтеза на нуклеинските
киселини, а исто така се и продукти на
хемиската хидролиза на нуклеинските
киселини
• Во однос на структурата на нуклеотидите
и функцијата се разликуваат два типа на
нуклеински киселини:
• Деоксирибонуклеинска киселина ДНК
(DNA)
• Рибонуклеинска киселина РНК (RNA)
ДНК/DNA
• ДНК -деоксирибонуклеинска киселина
Кај сите еукариоти, ДНК се наоѓа во јадрото позната
како јадрена ДНК.
• Таа е главна компонента на хромозомите во облик
на нуклео-хистонски комплекс
• ДНК е присутна и во некои клеточни структури
позната како што се : митохондии
хлоропласти
• Таквата ДНК е позната како екстрацелуларна
(органелна ДНК)
• ДНК во цитоплазмата на бактериите (плазмиди и
епизоми)-плазмидна ДНК
Која е функцијата на
ДНК?

• ДНК е материјален носител на


информацијата за синтеза на протеини.
• Одговорна за пренесување на
наследните својства на организмите
• Го регулира одржувањето на видовите и
нивната менливост
Структурна организација на ДНК
• Според моделот на Ватсон и Крик, молекулата на ДНК е составена од две полинуклеотидини низи поврзани
во двојна спирала преку водородни мостови (врски) . Водородните мостови настануваат помеѓу пуринските
бази од едната полинуклеотидна низа и пиримидинските бази од другата полинуклеотидни низи.
• Поврзувањето на базите е строго прецисно според принципот на комплементарност, при што се градат
комплементарни базни парови: А = Т и C ≡ G.
• Ако е познат редоследот на нуклеотидите (аз.бази) од едната полинуклеотидна низа, другата низа ќе биде
компленетарна на првата
• Специфичноста на водородните врски
помеѓу азотните бази А и Т или G и C ја
објаснува постојаноста на базниот
состав и комплементарноста на двете
полинуклеотидни низи на ДНК.
• Редоследот на азотните бази во состав
на ДНК е специфичен белег за секој
организам
• Бројот на различни секвенци
(последователности на базни парови)
во состав на ДНК е бесконечен со
огромно количество на запишана
(закодирана) информација.
• Физичката структура на моделот на ДНК
(двојниот хеликс) може да биде лесно
изменета, без да се нарушуваат
ковалентните врски во нуклеотидите.
Како?
• Со загревање или титрирање со бази,
водородните врски меѓу азотните бази се
кинат, што доведува до раздвојување на
двете полинуклеотидни низи на ДНК.
СВОЈСТВА НА ДНК

• Репликација-семиконзервативна продукција на две


нови ДНК молекули
• Генетска информација-код на постојаност на
редоследот на азотните бази в долж
полинуклеотидните низи во состав на ДНК од кој зависи
синтезата на протеините својствата на
клетката/индивидуата
• Мутабилност – наследна променливост под дејство на
мутагени фактори
Репликација на ДНК

Репликацијата е семиконзервативна продукција на две


нови ДНК молекули
Ако двете низи се раздвојат, поради нивната
комплементарност, секоја низа може да послужи како
калап (матрица) за синтеза на нова комплементарна ДНК
низа
Новоформираните ДНК молекули содржат една ,,стара,, и
една ,,нова,, ДНК низа
Овој процес е катализиран од низа ензими од кои
најзначајни се ДНК-хеликаза и ДНК-полимераза
Репликацијата на ДНК овозможува секоја
клетка да добие еднакво количество
идентична ДНК (наследен материјал).
Процесот на репликација се одвива во
текот на интерфазата (S-период) на
клеточниот циклус.
Репликацијата на ДНК има животно
значење во предавањето на наследната
информација од родителската соматска
клетка на ќеркините соматски клетки,
односно од родителите на потомството
РНК/RNA

Единечна полинуклеотидна низа


Нуклеотидот содржи:
Пентоза – рибоза
Фосфатна група
Азотна база:
пурински: аденин и гванин
Пиримидински: цитозин и урацил
Азотна база
Фосфатна група

Пентозен шеќер
Разлики меѓу ДНК и РНК

• ДНК е двоверижна спирална молекула • РНК е едноверижна спирална молекула


изградена од две полинуклеотидни низи изградена од една полинуклеотидна низа
• Во состав на нуклеотидот на ДНК влегува • Во состав на нуклеотидот на РНК влегува
пентозниот шеќер ДЕОКСИРИБОЗА пентозниот шеќер РИБОЗА
• Во состав на нуклеотидите на ДНК, • Во состав на нуклеотидите на РНК,
велегуваат две пурински аотни бази: влегуваат две пурински аотни бази:
АДЕНИН АДЕНИН
ГВАНИН ГВАНИН
• Во состав на нуклетидите на ДНК • Во состав на нуклетидите на РНК влегуваат
влекуваат две пиримидински азотни бази: две пиримидински азотни бази:
ЦИТОЗИН ЦИТОЗИН
ТИМИН УРАЦИЛ
Разлики меѓу ДНК и РНК
Сличности помеѓу ДНК и РНК

• Сличноста во градбата на ДНК и РНК се должи


на тоа што РНК молекулата се синтетизира на
калапот на една полинуклеотидна низа на
ДНК, во процесот транскрипција
• Според тоа, РНК има комплементарен
распоред на нуклеотидите со матричната ДНК
низа
• ДНК е иста во сите клетки на еден организам,
додека РНК молекулите се доста различни. Во
различни клетки, па дури и во една клетка
има различни видови на РНК молекули
Видови на РНК/RNA

• Рибозомална RNA (rRNA)


• Информациона RNA (iRNA или mRNA )
• Транспортна RNA (tRNA)
Рибозомална RNA
Ризмозомална RNA или скратено rRNA има
топчеста форма на молекулата и е главната
маса на клеточната RNA бидејќи е застапена
со над 50% од вкупната RNA во клетката
Влегува во состав на рибозомите во кои се
одвива процесот на синтеза на протеините
Информациона RNA или iRNA/mRNA
Иградена од една линеарна полинуклеотидна низа.
Ги прима и пренесува генетските информации од
јадрото, односно DNA до цитоплазмата
(рибозомите) во текот на синтеза на протеини
Генетската информација преставува низа од
триплети на нуклеотиди т.е. азотни бази наречени
КОДОНИ
Низите на кодони во iRNA, претставуваат упатство за
одредување на редоследот на аминокиселините во
состав на протеинските молекули при синтеза на
протеини
Информациона RNA или iRNA/mRNA
• За синтеза на секој протеин, постои посебна
iRNA
• Оттука, бројот на iRNA молекули е
приближно еднаков со бројот на
протеинските молекули што ги синтетизира
клетката
• Но бројот и составот на iRNA молекулите е
различен во различни клетки и зависи од
типот на клетката, бидејќи не сите клетки во
организмот синтетизираат исти протеини
Транспортна tRNA
Има улога да ги транспортира (пренесува)
аминокиселините од цитоплазмата до
рибозомите каде се одвива синтезата на
протеините
За секоја аминокиселина има по една
транспортна RNA молекула (tRNA)
Секоја tRNA молекула пренесува само еден
вид на аминокиселина, што значи дека
секоја аминокиселина си има своја трна
молекула
Транспортна tRNA
• Молекулата на tRNA има специфична форма
• Со транспортната RNA се обезбедува не само
пренесување на аминокиселините, туку и нивно
правилно вградување на строго определено
место во полипептидната низа
Вирусна (vRNA)
Понекогаш RNA од вирусите се издвојува како посебна вирусна
RNA или vRNA

vRNA

You might also like