You are on page 1of 1

ТРИ ВИДА ЉУБОВ

1. Љубовни чувства
• љубовните чувства се слични во сите свои пројави. Во сите нив постои субјект на
љубовта, вљубениот, кој има разбранети чувства за нешто. Неговите емоции се
насочени кон некој објект надвор од вљубениот
• објектите на љубовта се различни
• кон својот објект вљубениот секогашукажува внимание, посветеност, грижа,
почитување
2. Три вида љубов
 постојат главно три вида љубов: посветеност кон нешто, сеопшта љубов, еротска љубов
 посветеноста претставува заинтересираност и ангажираност на личноста за некои
предмети и дејства. Тука љубовта главно е еднонасочна, од вљубениот кон објектот на
љубовта, но при реализирањето на оваа своја љубов кај личноста се раѓа задоволство од
своите чувстава и дејства. На старогрчки јазик оваа љубов се нарекува филија. Оттука
потекнуваат и имињата за ваквите човекови страсти: филателија – собирање поштенски
марки, филантропија – сакање да се прави добро на луѓето, филозофија – љубов кон
мудроста. На англиски јазик ваквите страственици и посветеници се нарекуваат фанови
 посебна форма на љубовта, многу важна за човештвото и за етиката, е сеопштата љубов,
општочовечката љубов. Таа значи свртеност кон се` што постои, љубов за се` што постои,
за сите луѓе, за сите суштества на земјата. Таа е најшироко разбирање за сите форми на
животот, за целиот свет. Сеопштата љубов е највисока манифестација на човештината. На
старогрчки јазик се нарекува агапе, на латински каритас. Тоа е чувство на сеопфатна
благонаклонетост, на апсолутна преданост кон светот и кон другите. Таква општа љубов
препорачуваа Џајна, Буда, Исус Христос и многу други. Таква љубов спроведуваше Мајка
Тереза.
 Најпознатата форма на љубовта се еротските чувстава. Љубовната страст е особен занес
кон љубовниот партнер. Овој вид љубов на старогрчки јазик се вика ерос, на латински
јазик амор. Во сите три форми, а особено во оваа, личноста се радува на љубовните
чувства кај неа и на нивниот растеж. Но објектот во другите форми на љубовта останува
навидум незасегнат, тој не возвраќа директно на љубовта. Кај еротската љубов се
воспоставува врска. Тоа значи поврзување на две суштества кои најчесто имаат исти
меѓусебни чувстава. Во еротската љубов владее реципрочност – тука љубовта очекува да
биде возвратена.

You might also like