You are on page 1of 2

Љубов-движечка сила во

Животот

Љубовта е најубавото и најсилно чувство, кое многу ѝ значи на


личноста. Сериозно влијае на разбирањето на светот и врз нејзиното
однесување. Со љубовта чувствуваме нешто многу важно – дека постои
друго суштество или друго нешто што го сакаме.

Љубовта може да биде изразена на разлиечен начин и кон


различни суштества или предмети.Љубов постоин помеѓу две живи
суштества, љубов кон природата, љубов кон спорт, љубов кон наука...Од
ова може да забележиме дека љубовта е движечка сила во животот на
секое суштество.Таа дава смисла на животот и секогаш не води кон
остварување на замислените цели.

Со љубовта чувствуваме нешто многу важно – дека постои друго


суштество или друго нешто што го сакаме.Животот е различен со љубов и
без љубов.Кога сме заљубени значи дека сме свртени кон друга личност
од спротивниот пол која што не привлекува и ние сакаме да бидеме во
нејзино присуство.Љубовта за да биде вистинска треба да биде и
возвратена.Личноста што ја посакуваме со нејзиното присуство прави
да сме подобро расположени.Човекот живее за својата љубов. Во
животот има многу нешта кон кои тој се насочува, за кои прави планови
и ним им ги подредува своите дејствувања. Љубовта е мотив и цел за тие
планови да се остварат.Во некои случаи дури е можно и жртвување за
неа.
Љубовта има три форми. Во секоја од нив чувствата се силни, но
различни се предметот на сакање и желбите во однос на нив, па се
разликуваат и постапките на луѓето во тие чувствувања. Во форма на
посветеност, љубовта претставува заинтересираност на личноста за
некои нешта, за некои предмети, дејства или идеи. Таква е љубовта кон
мудроста, која се вика филозофија, или љубовта за собирање поштенски
марки, која се нарекува филателија и слично.Во форма на општа љубов,
тоа е свртеност кон сѐ што постои, едно најшироко разбирање за
сенешто, за сите облици на животот, за целиот свет. Најважен предмет
на ваквата љубов е човештвото, во сета негова историја, минатото,
сегашност и иднина. И со сите човечки чувства што постоеле, постојат и
ќе постојат.
Во форма на страст, занес, љубовта ги изразува чувствата кон другиот
како љубовен партнер. Оваа љубов се нарекува ерос.
Во сите форми, а особено во оваа, љубовта е целосно давање. Но во оваа
форма на љубовта посебно се очекува возврат.
Љубовта ѝ го разубавува животот на личноста, ја води по неговите
цветни страни и ја охрабрува да истрае и во најтешките мигови.
Вљубените се најблиски суштества, најдобри пријатели, сврзани во
доброто и во тешкото, меѓусебно се крепат во уживањето и во градењето
на животот.
Затоа љубовта е најубавото чувство.

You might also like