You are on page 1of 1

Мојата идеја за подобар свет

Живееме во бурно време кога светот станува место на омраза и насилство.


Говорот на омраза стана една од најчестите форми на нетолеранција. Семејното
насилство, расизмот и дискриминацијата се секојдневие. Светот станува место
каде злото е посилно од доброто.
Мојата идеја за подобар свет е злото да го претвориме во добро. Да го
претвориме егоизмот во алтруизам, затоа што не постојам само јас, туку постоиме
сите ние. Нашето најсилното оружје против злото е љубовта - исконското во нас.
Треба само да ги отвориме нашите срца кон секој човек, кон секое дете, кон секое
живо битие. Преку насмевка, убав збор и прегратка можеме да покажеме емпатија
и разбирање кон другите. Со ширење на добрина и хуманост можеме да го
победиме секое насилство и зло во овој свет. Љубовта простува, љубовта дава
сила и храброст кон подобар живот. Несебичната љубов е мостот кон мир,
толеранција и соживот.
Целиот свет е едно семејство на сите нас. Секој од нас е одговорен за светот во
кој живееме. Должни сме да подадеме рака за помош, да покажеме разбирање
кон секого. Секој од нас е должен да го направи светот подобро место за
живеење!
Со разни активности треба да покажеме дека ние се залагаме за подобар свет.
Тоа може да биде чистење на околината или засадување нови дрвца. Акции во
кои ќе изразиме хуманост и разбирања кон старите лица и деца со посебни
потреби. Истотака треба да покажеме грижа кон животните.
Ние немаме друга планета, затоа треба да ја чуваме оваа на која живееме. Со
зголемување на свеста на луѓето, можеме да направиме животот да ни биде
полесен и подобар. Подобар свет е кога сите луѓе се со насмевки на лицата и
радости во срцата

You might also like