You are on page 1of 2

Беатриче, инспиративен импулс за Дантеовата

„Божествена комедија“

Влијанието на Беатриче е далеку од само една обична инспирација.


Ветувањето е исполнето во епската поема Божествена комедија, која
Данте ја компонирал многу подоцна во својот живот. Во таа поема, тој ја
изразува својата возвишена и духовна љубов кон Беатриче, која е негов
застапник во Пеколот, неговата цел да патува низ Чистилиште и
неговиот водич низ Рајот. Таа се појавила  како лик во неговите две
најголеми дела:Нов живот и Божествената комедија. Беатриче била
вистинската љубов на Данте. Данте открива дека ја видел Беатриче за
прв пат кога татко му го однел во куќата на Беатриче на првомајска
забава. Данте и Беатриче биле соседи и надвор од ѕидовите на Фиренца.
Кога се заљубил во неа, тој имал девет, а таа осум години, иако дете
почувствувал дека „душата му затреперила“.
Беатриче се омажена за друг. Починала три години после венчавката, на 
само дваесет и четири години.  По смртта на Беатриче, Данте се
повлекол интензивно да учи и започнал да компонира песни посветени
на неа и на она што се сеќавал за неа. Беатриче за првпат се обраќа на
Данте, во Пеење 2 од Дантеовиот пекол: таа се спушта во предворјето на
Пеколот и се моли поетот Виргилиј да го спаси Данте. Потоа повторно се
појавува во Пеење 30 од Чистилиште, кога Виргилиј исчезнува. Кога ја
гледа за првпат во Чистилиште, тој е обземен од неа како и на
деветгодишна возраст и е заслепен од нејзиното присуство во текот на
целиот пат додека не се искачи повторно на своето место во рајот,
точката која е најблизу до Бога до која е дозволено да се стигне. Овој
израз на сублимирана и спиритуализирана љубов завршува со целосната
апсорпција на Данте во божествата. Нивната последна средба е
поставена меѓу блажените во Рајот на крајот од нивното патување во
задгробниот живот.
Денес, знаеме дека љубовта на Данте кон Беатриче била вистинска. Таа
претставувала идеал за убавина и грациозност.
Беатриче му се појавила на Данте како жена / ангел што го води низ
Рајот, но исто така остана вистинска жена која го расчукала неговото
срце по улиците на Фиренца.

You might also like