You are on page 1of 2

Стил.

Дефиниција на стилот во областа на јазикот

Стил (појмовно значење)


Зборот стил доаѓа од латинското stilus со значење средство за пишување (стапче чиј еден крај бил наострен
за да може да се пишува на восочни таблички, а на другиот крај бил плоскат за да може напишаното да се
избрише). И во латинскиот јазик доаѓа до преосмислување на значењето на овој збор, па се употеребивал во
три значења: како вежбање во пшувањето состави; како начин на пишување; како начин на зборување и на
пишување.

Денес во секојдневното општење зборувме: стил на облекување, стил на однесување, стил на пеење или
воопшто стил на музицирање, стил во спортовите или воопшто стил на живеење.

Кога зборуваме за стилот во различните сфери на човековото дејствување, најчесто мислиме на начинот на
кој се облекува или однесува некое лице, како и на начинот на кој пее некој пејач или свири некој музичар,
мислиме на начинот на кој учествува во својата дисциплина некој спортист. Што произлегува од ова?

Ако прифатиме на стилот да гледаме како начин на создавање или на изведба, а тој начин е избран меѓу
повеќе начини на создавање или на изведба (што ни стојат на располагање), можеме да пронајдеме стил во сите
манифестации на човековото дејствување: ракопис, раководење, воспитување, возење автомобил и сл., а тоа
уште повеќе важи за креативните дејности воопшто и пред сѐ за оние од областа на уметностите. Стилот е
поврзан со времето во кое се јавува (романтизам, барок, реализам), потоа местото (сфатено пошироко или
потесно), а се врзува и за имињата на одделни творци (на пример: стилот на Балзак, наспроти стилот на
Достоевски) итн.

Покрај ова во секојдневното општење можеме да ги слишнеме речениците: Тој има стил, наспрема. Овој
нема стил. Во вакви случаи, употребата на поимот стил претставува средство со кое даваме позитивна или
негативна оценка за некого.

Стилистката во областа на јазикот


Она што нас нѐ интересира, што е предмет на проучување е јазикот, поточно македонскиот јазик и
литературата. Кога зборуваме за стилот и стилистиката тогаш ќе нѐ интересираат прашањата за стилот во областа
на јазикот и литературната стилистика. Најнапред ќе го дефинираме стилот во областа на јазикот.

Со јазикот настојуваме да соопштиме нешто, да дадеме некаква информација за нешто што се случило, за тоа
како се чувствуваме, за нашите мисли и ставови. Информацијата би можеле да ја наречеме основа за секој исказ.
Се разбира, секој на различен начин раскажува за тоа што се случило, за своите чувства, а на различен начин ги
изложува и своите мисли и ставови.

Свесни сме дека нашиот говор го прилагодуваме во однос на говорната ситуација, дека тој е условен од тоа со
кого комуницираме, каде се одвива комуникацијата. На еден начин зборуваме со родителите, на друг со браќата
и сестрите, на трет со другарите. На сосем поинаков начин зборуваме кога им се обраќаме на професорите, кога
зборуваме со непознати, особено ако се повозрасни. Јасно е дека во официјалната комуникација не би требало
да употребуваме зборови што не се прифатени од нормираниот (стандарден јазик), како: али, пошто, секад и сл.
Од друга страна можеме да забележиме дека на различните часови се употребуваат различни зборови-термини,
со кои е сврзана таа област или наука: математиката, физиката, хемијата, историјата и другите науки си имаат
сопствена терминологија, но и сопствен начин на изложување на материјата за која станува збор. Во вакви случаи
зборуваме за стил на изложување што пак зборува за нашата јазична култура.

Стилот го дефинираме како збир од дополнителни јазични елементи што ја надградуваат основната
информација на исказот или на текстот.
Стилистиката е наука што ги проучува изразните средства и можности на јазикот, како и нивната
реализација во говорот.

→ Изразните средства и можности на јазикот се разгледуваат на сите рамништа:

∙ фонетско-фонолошко

∙ морфолошко

∙ зборообразувачко

∙ лексичко

∙ синтаксичко

∙ на рамништето на врзаниот текст (сфатен како единица на говорот во која можеме најлесно да ги определиме
карактеристиките на основниот предмет на стилистиката-стилот.

→ Реализацијата на изразните можности на јазикот може да се јави во две форми:

∙ говорена

∙ пишувана

→ резултатот од реализацијата - врзаниот текст (говорен или пишуван) зависи од:

∙ јазикот (богатството на неговите изразни средства и можности)

∙ авторот на текстот (од неговото познавање на јазикот)

∙ од ситуацијата на општењето (треба да се има во предвид дека ситуациите во кои доаѓа до општење во голема
мера се типизирани)

∙ од целта што си ја поставил авторот

∙ низа надворешнојазични фактори-условувачи на видот на општењето

Стилистиката е наука што ги проучува можностите за изразување што ни ги дава јазикот и начинот на кој
избираме од тие средства за да се изразиме во определени ситуации. Нема стилистика без избор меѓу повеќе
зборови, меѓу повеќе изрази, меѓу повеќе конструкции, меѓу повеќе наставки.

За стилистиката, сфатена во смисла на горната дефиниција, се употребуваат неколку термини: стилистика на


јазикот, лингвистичка (јазична) стилистика, лингвостилистика, стилолингвистика.

Видови стилистика
Во зависност од пристапот во набљудувањето на стилот зборуваме за:

-објективна или надиндувидуална стилистика (која ќе се занимава т.н. општи стилови)→тргнува од изразните
можности на јазикот

-субејктивна или индивидуална стилистика (нејзин предмет на интересирање ќе биде индивидуалниот


стил)→тргнува од реализацијата на говорот, карактеристична одделно за секоја единка што зборува на некој
јазик.

You might also like