You are on page 1of 9

Правопис на одделни форми

Дали правите разлика помеѓу


правоговор и правопис?
• Правопис подразбира правила употреба на графички и
интерпункциски знаци, кои треба да се применуваат во писмено
изразување. Потекнува од грчки збор ortografia што значи
запишување на зборот како што се изговара.

• Правоговор подразбира правилно изговарање на гласовите.


Потекнува од грчките orthos – правилен и epos – говор.
• Но во современиот јазик често се јавуваат разлики меѓу
изговорено и напишаното. Пр. Охрид, Париз, ориз.

Изработил: Елена Арсовска


(наставник по македонски јазик)
ООУ „Кочо Рацин” Куманово
Наставката „ја”- Минато определено
време
• Во минато определено несвршено и свршено време, глаголите од
и-група и е-група, чиј општ дел завршува на самогласка имаат
наставка „ја”.
Пр. тој стои тие стоеја
тој крои тие кроеја
тој сее тие сееја
тој оди тие одеа
• Внимавајте согласката ј се пишува кога во зборот ќе се најдат три
самогласки.
Пр. жнееја, ткаеја, знаеја.

Изработил: Елена Арсовска


(наставник по македонски јазик)
ООУ „Кочо Рацин” Куманово
Наставката „те”- Заповеден начин
• При образување на заповеден начин, во второ лице
множина, наставката „те” се додава на основната
самогласка кај глаголи од и-група и е-група.
Пр. плети, плетете
вези, везете
оди, одете
• Глаголи од а-група прават заповед со ј / јте (читај,
читајте).

Изработил: Елена Арсовска


(наставник по македонски јазик)
ООУ „Кочо Рацин” Куманово
Согласката „Љ”
• Согласката „љ” не се пишува пред ј.
Пр. клуч, билка, крилја, зелје, релјеф, фотелја.
• Согласката „љ” се пишува пред самогласките а,
у, о во зборовите: беља, виљушка, пљачка.
Согласката „љ” се пишува пред согласка и на
крајот од зборовите: фељтон, биљбиљ, детаљ.
Изработил: Елена Арсовска
(наставник по македонски јазик)
ООУ „Кочо Рацин” Куманово
Согласката „Њ”
• Согласката „њ се пишува во наставките:
ње, ња, њак, иња.
Пр. бања, диња, движења, имењак,
мориња, времиња.

Изработил: Елена Арсовска


(наставник по македонски јазик)
ООУ „Кочо Рацин” Куманово
Согласките „Ѓ” и „Џ”
• Согласката „ѓ” се пишува на почеток на
зборовите: ѓавол, ѓеврек, ѓезве, ѓон, ѓубре.

• Согласката „џ” се употребува во ограничен


број зборови: џвака, вџашен, џагор, џган.
Во зборови од турско потекло: џеб, џаде,
џумбуш, меанџија, самарџија.
Изработил: Елена Арсовска
(наставник по македонски јазик)
ООУ „Кочо Рацин” Куманово
Согласката „Х”
• Согласката „х” се употребува во зборови од
туѓо потекло: хала, химна, хор, хигиена,
хотел, хектар.
• Во зборови од словенско потекло: воздух,
успех, доход, поход, дух, Христос.

Изработил: Елена Арсовска


(наставник по македонски јазик)
ООУ „Кочо Рацин” Куманово
Вежби:
1. Кои зборови се погрешно напишани?
носија броам идеа собује
познаам географиа беф глуфче
2. Како гласат множински форми од зборовите?
судија, хартија, гимназија, кутија.
Точен одговор:
судии, хартии, гимназии, кутии.
Изработил: Елена Арсовска
(наставник по македонски јазик)
ООУ „Кочо Рацин” Куманово

You might also like