You are on page 1of 6

Независносложени реченици

Исклучни независносложени
реченици
Какво глаголско дејство е искажано во
втората дел-реченица?
1.Внимателно го слушаше предавањето,
единствено што ја прекина
телефонскиот повик.
2.Мене никој не ме побарал, освен што се
јави еден човек.
• Двете глаголски дејства се надоврзуваат,
меѓутоа во втората дел-реченица се
исклучува нешто што е искажано во првата
дел-реченица.
Исклучни независносложени реченици

• Независносложени реченици во кои


дејствата се надоврзуваат и имаат полабава
врска, а во втората дел-реченица се
исклучува нешто што е искажано во првата
дел-реченица, се викаат исклучни
независносложени реченици. Овие
реченици искажуваат делумна спротивност.
• Пр. Сите дојдоа на состанокот, само Марија
не дојде.
Сврзници и правопис
• Сврзници за исклучни независносложени
реченици се: само, само што, освен што,
единствено, единствено што.
• Дел-речениците во состав на исклучните
независносложени реченици се одделуваат со
запирка.
Пример:
Само што стасавме, јас ги оставив другарите.
По патот добро поминавме, освен што врнеше
малку дожд.
Вежби:
1.Проширете ги следниве реченици во
исклучни независносложени реченици!
Уште е темно...
Подготвивме сè...
Јас добро се чувствувам...
Вежби:
2. Пронајдете ги исклучните независносложени
реченици!
Времето беше многу убаво. Сите ученици беа
на излет, само Милан не беше. Знаевме дека е
болен и лекарот не му дозволува да излегува од
дома. Бевме радосни, освен што повремено
размислувавме за Милан.
Точниот одговор гласи: втората и четвртата
реченица се исклучни независносложени
реченици.

You might also like