You are on page 1of 8

Независносложени реченици

Спротивни независносложени
реченици
Какви се глаголските дејства во дел-
речениците?
• Горјан читаше книга, а помалиот брат
играше надвор.
• Тој се обидуваше да чита гласно, а не
успеваше.
• Глаголските дејства се спротивни едно на
друго, но во првата сложена реченица
имаат различни вршители а во втората
сложена реченица ист вршител.
Спротивни независносложени реченици

Независносложени реченици во кои се


искажува спротивен однос во содржините
на дел-речениците се викаат спротивни
независносложени реченици.
Сврзници за овој вид реченици: а, но, ама,
ами, меѓутоа, туку, пак, а пак.
Не се смеам, туку се радувам.
Правопис на спротивни
независносложени реченици
Пред сите сврзници за овој вид реченици се
пишува запирка.
• Посакуваше велосипед, меѓутоа желбата не
му се исполни.
• Ги чекавме долго време, ама тие не дојдоа.
• Прерано научив за страдањата, а радоста сè
уште ја барам.
Неправилна употреба
Не треба да ги употребуваме али и него
место сврзниците туку и ами.
Неправилно!!!
• Имаше боици, али ги заборави дома.
• Не отидов за игра, него да учиме.
Правилно!
• Имаше боици, ами ги заборави дома.
• Не отидов за игра, туку да учиме.
Послаба спротивност
Со сврзникот „а” понекогаш се искажува
послаба спротивност.
• Тој го видел, а не го познал. (може да се
каже: и не го познал)
Понекогаш може и да се изостави
сврзникот.
• Пари нема, автомобил купува.
Вежби:
• На стр. 45 во учебникот имате вежби кои треба да ги
сработите.
1.Пронајдете ги спротивните независносложени
реченици во извадокот!
„Снег немаше одамна, но пролетта беше рана. Тие
трчаа по угорницата и од целата тишина ја
слушаа само својата задишаност. Дрвото не беше
далеку, но земјата беше мека и ги смалуваше
чекорите, а наоколу стоеше тишината на ридот
со замреноста на градот долу...”
Вежби:
Трансформирајте ги составните
независносложени реченици во спротивни
независносложени реченици!
1.Гледам низ прозорецот и не чекам никого.
2.Гласот не му затрепери ниту имаше трема.
3.Не ме повикаа, па и не отидов на забавата.
4.Наставникот не нè виде, та и не нè опомена.
5.Не ја слушна критиката ни го интересираше
таа.

You might also like