You are on page 1of 5

Зависно сложени реченици

Зависно сложени реченици се оние реченици кои што зависат една од друга и неможат да стојат
самостојно.Главната реченица секогаш е надополнета од зависниот дел реченица значи
реченицата што дополнува или објаснува друга реченица или некој нејзин збор е зависна
реченица.Во македонскиот јазик зависно сложени реченици се:

 односни
 причински
 последични
 условни
 допусни
 исказни
 временски
 намерни (целни)

Односни зависно сложени реченици

Односните зависно сложени реченици се однесуваат на еден член од главната реченица (најчесто
на подметот или предметот) или на целата реченица.Пример:Стоеа таму и оние деца кои не беа
повикани;Го видов ученикот што свири на виолина.

Односната зависно сложена реченица може да се однесува и на други членови или да стои како
атрибут.Многу често атрибутот од главниот дел реченица може да биде искажан со основна
реченица.Пример: Работливиот човек не страда-Човекот што работи никогаш не страда.

Односните зависно сложени реченици се образуваат со сврзниците:кој;што;којшто;чиј;чијшто;


каков што;колкав што;

Oдносните зависно сложени реченици не се оделуваат со запирка освен кога се вметнати или во
инверзија (кога зависниата реченица се наоѓа пред главната).Пример:Човекот кој дојде,е мој
пријател:Што ќе посееш,тоа ќе жнееш; Ученикот Тони,кој е благајник,ќе даде објаснување за
потрошените средства. (инверзија).

Причински зависно сложени реченици

Со причинските зависно сложени реченици се искажува причината поради која се врши или не се
врши дејството во главната реченица.Тие го даваат одговорот на прашањето зошто? Пример:Тој
не дојде на училиште бидејќи беше болен;Јас така изгледав оти бев многу уморна.

Кога причинските зависно сложени реченици се во нормален ред не ги оделуваме со запирка а


ако се во инверзија токаш ги оделуваме со запирка.Пример:Затоа што беше многу стар,не можеше
долго да стои на нозе (инверзија).
Причинските зависно сложени реченици се поврзуваат со следниве сврзници:
бидејќи;оти;затоашто;зашто; Пример:Таа стоеше пред станицата зашто ме чекаше мене.

Последични зависно сложени реченици

Последичните зависно сложени реченици ја искажуваат последицата што произлегува од


дејството во главната реченица. Пример:Времето беше лошо така што останав дома;Толку лошо
паднав што си го повредив прстот.

Последичните зависно сложени реченици се поврзуваат со сврзниците: така што и што.

Последичните зависно слочежени реченици се препознатливи и од тоа што во главната реченица


се јавуваат показни заменски зборови:толку;такa;такви.Пример:Тој толку силно тропаше што се
слушаше далеку.

Последичните зависно сложени реченици редовно стојат во нормален ред,значи никогаш


неможат да стојат во инврезија.Запирка пишуваме пред сврзникот “така што”,а пред “што” не е
задолжително.

Условни зависно сложени реченици

Условните зависно сложени реченици го покажуваат условот под кој се врши или би се извршило
делото во главната реченица.Пример:Ако купиш леб,ќе јадеш.

Условните зависно сложени реченици одат со сврзниците:ако;да;кога би;доколку.Пример:Да


учеше,ќе го положеше испитот;Кога би можел,јас би дошол.

Условните зависно сложени реченици кога се во нормален ред може но и немора да се оделат со
запирка а во инверзија се оделуваат со запирка.Пример:Ќе играме фудбал,ако излезеш;Ако
дојдеше ќе одевме на кино

Допусни зависно сложени реченици

Со допусните зависно сложени реченици се искажува допуштање да се врши или да се изврши


дејството во главната реченица.Пример:Тој седна покрај масата иако не беше гладен.;Човекот
беше уште јак,макар што имаше повеќе од 60 години.Од примериве се гледа дека она што се
искажува со зависната реченица всушност представува пречка за извршување на дејството во
главната реченица но тоа сепак се извршува.
Допусните зависно сложени реченици се поврзуваат со сврзниците:иако;макаршто;ипокрај тоа
што;дури;да;

Кога допусните зависно сложени реченици се во нормален ред може но и немора да се оделат со
запирка,а кога се во инверзоја се оделуваат.Пример:Тој одеше пешки и покрај тоа што му беше
повредена ногата;Иако беше лут,тој ми се јави.

Исказни зависно сложени реченици

Исказни зависно сложени реченици се оние реченици со кои се појаснува односно се искажува
она што го содржи прирокот од главната реченица.
Исказните зависно сложени реченици се поврзуваат со сврзниците: оти;дека;да;(што;дали;
каде;кога).

Исказните зависно сложени реченици најчесто одат со глаголи,со непотполно


значење,употребени во главната реченица односно глаголи кои искажуваат некакво
зборување,мислење,чуство.(рече,вели,зборува,чуствува,гледа, мисли,верува).Пример:Тој кажа
оти ќе закасне;Тој чуствува дека нешто не е во ред;Ана мисли да оди во Скопје;Тој ме праша дали
сум ја прочитал книгата.

Исказните зависно сложени реченици не се оделуваат со запирка,а се губи смислата ако се во


инверзија.

Временски зависно сложени реченици

Временските зависно сложени реченици го означуваат времето кога се врши дејството во главната
реченица.Пример:Тргнавме на пат кога се раздени;Штом звона сите влегоаа внатре.

Временските зависно сложени реченици се поврзуваат со сврзниците:кога;штом;од


како;дури;пред да;додека;од кога;

Кога временските зависно сложени реченици се во нормален ред не ги оделуваме со запирка,но


кога се во инверзија се оделуваат со запирка.Дават одговор на прашањето кога?.Најчест сврзник
е “кога” и поврзува истовремени дејства,дејства што се повторуваат и слично.Пример:Кога ќе се
вратам,ќе ве прошетам;Пред да си легнам,ги мијам забите;Ги извади гнигите од како влезе во
училницата.
Намерни (целни) зависно сложени реченици

Со намермите зависно сложени реченици се искажува целта односно намерата поради која се
врши дејството во главната реченица.Се добиваат на прашањето со каква цел?.Пример:Тој
патува со авион за да стигне побрзо;Таа не му дозволи да ја премине реката.

Намерните зависно сложени реченици се поврзуваат со сврзниците:за да и да.

Кога намерните зависно сложени реченици се во нормален ред не се употребува запирка,а кога се
во инверзија се делат со запирка.Пример:Отишле на кино да гледаат филм;За да најде злато ја
прекопа целата нива.

Начински зависно сложени реченици

Со начинските зависно сложени реченици се искажува на кој начин се врши дејството во главната
реченица или со нив се искажува некаква споредба со дејството во главната реченица. Пример:
Учениците ја завршија задачата онака како им беше поставена;Тој не беше болен како што беа и
другите мајстори.

Начинските зависно сложени реченици се поврзуваат со сврзниците:како;како што;како


да;колку што;одколку што.Кога во споредуваме се кажува нешто што е еднакво или не е
еднакво со она што се кажува во главната реченица.Пример:Тие подобро поминаа одколку што
очекуваа;Акробатот оди така сигурно по јажето како да оди поземи.

Начинските зависно сложени реченици не се оделуваат со запирка,а се губи смислата ако се во


инверзија.
Директен и индиректен говор

Директен говор е оној говор што се предава со точно наведуање на туѓите зборови.Пример:

1. Девојчето рече “Сите месеци се убави”.


2. Професорот рече “Утре ќе повторуваме”.
3. “Колку часови имаш денес?” праша мајка ми.

Од горенаведените примери се гледа дека кога се служиме со директен говор,туѓите зборови


секогаш ги ставаме во наводници.Кога туѓите зборови доаѓаат по зборовите на раскажувачот пред
нив ставаме две точки.Често на местото на наводниците пред директниот говор ставаме црта и го
пишуваме секогаш во нов ред со почетна голема буква,а наводници не пишуваме.

Индиректен говор е оној говор што се предава со наши зборови,односно индиректно со


прераскажување на туѓите зборови.Кога туѓите зборови ги прераскажуваме со свои
зборови,односно кога директниот говор го претвораме во индиректен.често ги употребувавме
збороите:да,дека,и,оти.Пример:

1. Девојчето рекло сите месеци се убави.


2. Професорот рекол оти утре ќе повторуваат.
3. Мајката прашала колку часови има денес.

Пример:Тој ја праша “Која ја заврши задачата?”.

Тој ја праша која завршила задачата.

NUK KA SEND ME TE BETSHEM SE SA TE DESHIFROSH MSIM MK!!! D.E

You might also like