You are on page 1of 6

Неменливи зборови

Неменливите зборови имаат само една збороформа. Во оваа група спаѓаат:


прилози, предлози, честички, извици, сврзници и модални зборови.
Прилози (адверби)
Прилози се зборови што одат со глаголите и определуваат некоја
карактеристика на дејството (Работи многу/ретко/брзо/често/наутро). Поретко
одат со именки, на пр.: многу добар човек.
Прилозите се на границата меѓу менливи и неменливи зборови затоа што
одредени прилози можат да се степенуваат или членуваат (најдобро, повеќето).
Според значењето се делат на:
- прилози за време: кога, сега, веднаш, утре, после, лани, одамна, никогаш
- прилози за место: каде, таму, овде, дома, далеку, десно, секаде, онаму
- прилози за начин: како, така, добро, некако, полека, споро, храбро, јуначки
- прилози за количество и степен: колку, толку, малку, доволно, двојно, неколку
Предлози (препозиции)

Предлози се неменливи службени зборови со коишто се изразуваат односите


меѓу полнозначните зборови.
Самите немаат определено значење, туку го добиваат во спој со полнозначните
зборови.
Според составот се делат на:
- прости предлози: а, в, во, на, од, до, за, со, низ, пред, по, зад, меѓу, крај
- сложени предлози: заради, поради, откај, докај, покрај, накај, наспроти, помеѓу

Во нашиот јазик предлогот на има најмногу значења и најширока употреба.


Сврзници (конјукции)
Сврзниците се зборови што се употребуваат за поврзување одделни зборови во
рамките на една реченица или за поврзување дел-реченици во рамките на сложена
реченица.
Според составот ги делиме на:
- прости: а, и, но, ама, оти, па, та, да
- сложени: иако, за да, без да, којшто, покрај тоа што, макар што
- сложени сврзнички состави: не само што...туку и
Според односот на зборовите или речениците што ги спојуваат се делат на:
- координациски: поврзуваат членови со иста важност, на пр. дел-реченици во
независносложена реченица (и, па, та, или, а, но, ама, туку, ни-ни)
- субординациски: поврзуваат членови од кои едниот е главен, а другиот зависен,
како зависносложени реченици (кога, додека, штом, за да, ако, кога, така што, што,
иако, макар што, како да, дека, оти)
Сврзувачки зборови се јавуваат во односните реченици и тие покрај сврзници се и
членови на зависната дел-реченица: којшто, каков, што и да, кога
Честички (партикули)
Честички се зборови што служат за:
1. истакнување или определување одредени зборови, и тоа за:
а) засилување: и, барем, дури, пак, просто
б) изделување: само, единствено, уште
в) определување: имено, токму, баш
г) количественост: токму, скоро, одвај, речиси
д) посочување: еве, ене, ете
2. образување граматички форми (формообразувачки честички)
- учествуваат во образување зборови и состави: по-, нај-, -годе, било, ќе, би, да,
нека
Постојат и честички за : потврдување (да), одрекување (не, ниту), заповед (да,
нека), прашување (дали, ли, зар, зарем, нели)
Извици (интерјекции)

Извици се зборови со кои директно се изразуваат одредени чувства, се обрнува


внимание некому, се привлекува внимание на соговорникот или звучно се
претставуваат (имитираат) одредени звуци.
1. За изразување чувства, емоции : оф, ех, ах, ух, леле
2. За обрнување внимание или повикување: еј, бре, псст
3. За имитирање звуци: трас, бум, крц, мјау
Во реченицата немаат улога на реченичен член.
Служба на извици можат да вршат и други зборови кога се изговараат со подигнат
тон: Боже! Помош! Пожар! Срамота!
Модални зборови

Со модалните зборови се изразува личен однос спрема соопштувањето, т.е. се


зазема личен став, впечаток или оцена во однос на она што го кажуваме.
На пр.: Најверојатно/сигурно/можеби/бездруго/секако ќе научите.
Во реченицата се изделени и не претставуваат реченични членови.
Модални изрази: на крајот на краиштата, за големо чудо, без сомнение, за жал,
за несреќа и сл.

You might also like