You are on page 1of 8

АКЦЕНТ

Изработил:Матеј Кипровски
ОПШТИ КАРАКТЕРИСТИКИ НА АКЦЕНТОТ
• При изговорот на еден збор се забележува дека сите слогови во него не се изговараат со
еднаква сила.Еден слог во зборот обично се изговара со поголема сила на гласот,
поизделено, со повисок тон. Таквото изделување на еден слог се определува со помош на
одредени фонетски средства (сила на издишната воздушна струја, висина на тонот и
квалитетот на гласот) од другите слогови во зборот се нарекува акцент.Акцентот, главно,
ги засега самогласките како гласови со најголема звучност и како основа на слогот.Во
зависност од тоа што претставува изделената единица (слог или збор), како и од тоа каде
се изделува таа единица (во зборот или во реченицата), се разликуваат два вида. Зборовен
и реченичен.

Пример:
ЗБОРОВЕН (СЛОГОВЕН, СИЛАБИЧЕН)
АКЦЕНТ
• Зборовен е оној акцент со кој се изделува еден слог во зборот.
• На пример: Јáна óтиде на учúличите.
• Секој збор, изговорен сам за себе, главно има акцент. Таквите зборови се наречени
акцентогени зборови. Но, има и зборови кои немаат акцент. Таквите зборови обично се
наречени клитики или неакцентогени форми.
РЕЧЕНИЧЕН (ФРАЗЕОЛОШКИ,
СИНТАГМАТСКИ) АКЦЕНТ
• Со реченичниот акцент се истакнува еден збор во реченицата наспроти другите зборови во
неа, со цел да се даде некаква нијанса во значењето.
• На пример: Јана отиде на учúлишите (а не на лизгалишие)
• Во тесна врска со реченичниот акцент стојат логичкиот (смисловниот) и емоционалниот
(афективен, емфатичен) акцент.
ЛОГИЧКИ (СМИСЛОВЕН) АКЦЕНТ

• Логичкиот условен од субјективното сфаќање и од желбата на зборувачот да го подвлече


значењето на тој збор.
• На пример: Мене ме казниа, а не тебе.
• Учениците полагаат приемен испит, а не професорите.
ЕМОЦИОНАЛНЕН (АФЕКТИВЕН,
ЕМФАТИЧЕН) АКЦЕНТ
• Емоционалинот акцент подразбира промена во височина на тонот, а тоа се случува
најчесто кога зборувачот е во посебно емоционално расположение.
• Во зависност од силата на воздушната струја, како и од подигнувавето на тонот, акцентот
може да биде:
• а) динамичен (издишен, експираторен) – му дава ритмичност на јазикот
• б) музикален (тонски, мелодичен) – промена на височината на тонот при зборување
КАКО СЕ ОПРЕДЕЛУВА АКЦЕНТОТ?

• Постојат јазици во кои акцентот има точно определено место во зборот, и јазици во кои
акцентот не се врзува за определен слог во зборот.
• Акцентот врзан за еден определен слог во различни форми на зборот се вика определен
(фиксиран, врзан, постозан) акцент.
• Ваков акцент има во македонскиот стандарден зазик (на третиот слог од кразот на зборот).
КАКО СЕ ОПРЕДЕЛУВА АКЦЕНТОТ ВО
НЕОПРЕДЕЛЕНИТЕ ЈАЗИЦИ?
• Ако не е врзан акцентот за определен слог во формите на зборовите, т.е. може на биде
акцентиран кој било слог (првиот, вториот, третиот, четвртиот), станува збор за
неопределен (разносложен, слободен) акцент
• Каков што е акцентот во англискиот, во бугарскиот, во италијанскиот, во рускиот, во
српскиот, во хрватскиот и во друите јазици.

You might also like