You are on page 1of 1

Акцент

1. Акцентот е нагласено, посилно, продолжено изговарање на еден слог во зборот. Ова


изделување (истакнување) на слогот се постигнува со зголемена сила на издишната
воздушна струја.
Акцентот ги засега, главно, самогласките како гласови со најголема звучност и како основа
на слогот.
Нагласувањето на определен слог во зборот се вика акцентирање.
Слогот се нарекува акцентиран слог.
Акцентот се бележи со знакот ( ´ ) пред вокалот врз кој паѓа акцентот во зборот и се
вика акцентен знак (д´ете).

Слогот, односно вокалот, со повисока издишна струја од другите вокали во зборот, се


вика акцент.

2. Видови акцент:

А. зборовен – се изделува еден слог во зборот - На пр.: д’ом, б’олка, м’ајка, уч’илиште,
лет’уваат.

Б. Реченичен – се истакнува еден збор во реченицата

На пример:

● Марија, отиде на излет, а не Симона.

● Марија, те молам, донеси ми чаша вода. (Една чаша, а не шише.)

● Марија, те молам, донеси ми чаша вода. (Вода, а не сок.)

Марија, те молам, донеси ми чаша вода. (Молам, не наредувам.)

**Секој збор има акцент. Тие зборови се акцентогени зборови.

** Реченичниот акцент може да биде: логички и емоционален.

You might also like