You are on page 1of 1

Акцентот во македонскиот стандарден јазик

Македонскиот акцент е динамичен, определен и трисложен. 

Динамичен акцент значи дека се одликува со силата на издишната струја, а определен значи
дека се наоѓа на точно определено место во зборот.

Местото на македонскиот акцент е на третиот слог од крајот на зборот кај трисложните и


повеќесложните зборови.

 Кај едносложните зборови акцентот се наоѓа на единствениот слог.


На пример: с’он, д’ом, б’ол, в’ол.
 Кај двосложните зборови акцентот стои на почетниот слог од зборот, односно на вториот
слог од крајот на зборот.
На пример: с’ело, с’олза, д’ома, б’олва.
 Кај трисложните и повеќесложните зборови акцентот стои на третиот слог од крајот на
зборот.
На пример: слатк’арница, менув’ачница, зб’орови.

Ако зборот се зголемува со додавање на претставки и наставки, акцентот се поместува за да


застане секогаш на третиот слог од крајот на зборот.

На пример:  гр’ад – гр’ади; д´оградба – догр’адбата; зелен – позелен – позеленето.

You might also like