You are on page 1of 2

Sagrinska koza за есеј

Пловејки со бродот на судбината, по немирните води на животот, близу зелен остров, ме


опфати чувство дека треба да го фрлам сидрото во неговиот залив. Воден од песната со
славејот, што оддалеку долетуваше до мене и ме обвиткуваше со невидлив превез,
стигнав до волшебниот извор. Во него како на филмско платно се редеа слики пред
моите очи. „животот се покажуваше со своите раскоши и беди, во сета своја јарост и
неполност, но жилав и налиничав како некое скриалиште во кое грабачот собрал се што
му причинува задоволство“. На преден план исплива човекот, со своето постојано лутање
и барање на вистината , со сознанијата до кои доаѓаше и ги претвораше во дело, сакаше
да го промени светот, да го претвори во подобар. Но, големите тајни се уште стоеја преде
него, се што направи беше само трупање на знаење, без да ја открие суштината. Иако нем
посматрач, сакав да викнам и да го опоменам дека „треба да се чува од ѓаволот, дека
човековата желба за дознавање на се е бунт против Бога“...

Но, нема илузија на светот чиј сликар е човекот. Тој свет е сочинет од егоизам,
лицемерство, интриги, подлости, измами, предавства... Во тој свет човекот е „клопче
нагони, каприци и способности“, за кого златникот е единствената мера. Постојата само
парите кои ги замениле и боговите и фаталната страст, едноставно ја раководат
човековата судбина. Кој има пари ги има сите права, привилегии, има слава, углед и
почит-парите се единственото мерило за вредноста на луѓето. Под нивно дејство и
морално се деградира човекот. Од сенката излегува Рафаел кој по силата на фактот што
го поседува волшебниот талисман (Шагринската кожа) станува богат, стекнува огромна
куќа, но секое уживање, секое барање, предизвикуваат намалување на кожата,
скратување на животот. Тој не смее да ужива во она што го има, не смее да се ползува со
неа за да ја усреки својата љубена Полина. Сите уживања и лесниот живот ги плати со
најскапата цена-својот живот.

Само што ја допрев водата го снема изворот, ја снема песната, се вратив во светот на
реалноста. Се разбудив во зората на крилестите срца и се заблагодарив за уште еден ден
со љубов, а таа е манифестација на нај вечното во човекот, нај човечното што некои
никогаш не го поседувале или го заборавиле и изгубиле низ лавиринтот на животот.

Фатална ноќ на незадоволство, револт и ретроспекција... млад, надежен интелект носи


одлука да изврши самоубиство.

Непосредно по одлуката, едно магично парче кожа станува негова амајлија, му носи низа
бенифиции низ животот, но крие една страшна компензација...

Живот на лукс ниво, благородни случувања, богат културен живот, но и полноќни посети од
една бездушна жена, за сметка на наивната афекција од страна на Полина...

Будење. Со секоја желба, шагринската кожа се крати, што е метафорички симбол на животот
на Рафаел... умирање, на рацете на Полина.
Балзак, преку шагринот (франц. chagrine - тага) ги третира предностите од доброто до злото,
од хармонијата до моќта, од рајот до пеколот - сервирајќи универзална поента...
несомнено, животот е најскапоценото нешто што го поседуваме.

You might also like